1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Билките на Баба Рада

Дискусија во 'Алтернативна медицина' започната од EMA2, 16 ноември 2013.

  1. EMA2

    EMA2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2013
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    33
    Izvinete mnogu mnogu nemam kirilica.
    Na ovaa tema sakam da ostavate recepti koi ste gi zapisale,i koi ste gi probale??
     
    На zok965 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. zok965

    zok965 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Bilkite na baba Rada

    Дали некоја има рецепти на Баба Рада.
     
    На bilkite му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ivoni4ka

    Ivoni4ka Нов член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    za krvna slika ;20 suvi smokvi meleni ped to da otstojat vo voda da odmeknat topla voda i se melat 100 grama meleni orasi 2 do 3 cedeni protokali maklu ciment ama i ne mora i malku vanila na vrvot na lazickata se pravi od ovaa smesa bombici ima i nesto povrzano so ova za krvna slika
     
  4. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Нејкам да ја критикувам жената но тие билни рецепти што таа ги дава како погодни за некои медицински проблеми, дел од нив воопшто не се проверени ,а ни точни.
    Може да приметите, јас имам гледано само 2 епизоди, но пример имаат билка што таа ја промовира како добра за проблеми со дишни патишта, и ќе се јави гледач и ќе праша која билка е погодна за чир на желудник, таа ќе каже оваа е, ќе се јави гледач ќе праша која билка е погодна за артритис, баба Рада ќе каже оваа билка и за артритис е погодна, ќе се јави гледач ќе каже која билка е погодна за надворешни повреди и таа пак ќе укаже на истата билка.

    И на крај испага секоја билка е погодна за се.
    Постојат билки и други природни/народни лекови што стварно помагаат и верувајте јас сум голем привразаник на алтернативната медицина, но баба Рада ми е малку сомнителна.
     
    На Heartbeat и sofijanoka им се допаѓа ова.
  5. merchy

    merchy Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    18
    Реално, од билки неможе нишо да ви се случи, единствено што треба да припазите да не сте алергични на нив. Еве некои што ги запишав. :)
    За бронхит.
    Тегавец, широколисна коприва, ореви, мед, шекер и едно литро вода.
    1 литар вода
    50 гр тегавец
    20 гр коприва
    5 ореви(оревите откако кје се скршат се ставаат со се лушпа).
    Сите заедно се варат 30 минути. Потоа се процедува се става 500 гр мед и 200 гр шекер, повторно се става на оган и се преврива. Ова се пие 3 пати на ден по една супена лажица пред јадење.
    За плодност
    40 смокви(суви) се ставаат во пола литро ладно цедено масло и стои 40 дена. После 40 дена секое сабајле се јаде по една смоква, ако можете може и да пиете од маслото.
    Вртоглавица
    1 лажичка босилок, 1 мала лажичка рузмарин се попарува со 250 мл вриена вода и стои 20 до 30 минути. Се пие 2-3 пати дневно.
    Циркулација
    1 лажичка босилок, 1 лажичка рузмарин и 1 лажичка глог се прелива со 250 мл вода и стои 15 минути.
    За сува и оштетена коса
    Коприва, 1 жолчка од јајце и 1 мајонез се става на косата и стои 30 минути.
    За лице
    Коприва, лимон и мед. Се мачка лицето и стои 10 до 15 мин се измива со вода.
    Па кажете резултати :P
     
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Каков бе цимент од Цементарница Скопје или може и оној албански.
    Има, има повржаност некоја, едноставно да ти ја цементира крвта.

    :!: Рецептот нема врска
     
  7. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    Луѓе не си играјте ,има огромен број отровни билки,понатаму билки што во заедничка комбинација би направиле проблем и сл. Се` што доаѓа од природата не е здраво и безбедно за јадење.

    Кокаинот е од кока што е билка и не е безбеден,марихуаната исто е билка,опиум од афион се добива и тоа е билка.
     
  8. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    20.715
    Многу луѓе се палат (така да се изразам) на производи на природна база. Се е тоа во ред, но освен за јадење, јас не би ризикувала многу многу со секакви билки.Конкретно еден пример
    Синко мој се попари од врело кафе. Имаше изгореница на лицето, вратот и клучната коска. Добро беше што не зафати голема површина. Отидовме на лекар и ни доадоа убава медицинска маст. Но место не ме држеше и мене и бабите (кои вообичаено и не ги слушам за вакви работи ама пустото белег да не остане)отидовме да земем маст на природна база со билки, правена од прочуена жена во градот, која има милиони такви направено до тогаш. Докторката изречно ни забрани, но ние не ја послушавме. И што се случи- се појави кожна реакција дотолку + кај малиот. Од милиони тревки и билки, кој знае на каков начин измешани, сооднос, и сл. на нешто ќе се најдеше алергично, да не му прима снагата и слично. Сета среќа што дополнително не му ја воспаливме изгореницата. Навреме ја приметив реакцијата и ја фрлив маста.
    Затоа не си играјте играчка со секакви тревки. Арно рече феминката погоре за коката, а и милиони слични на неа.
     
  9. EMA2

    EMA2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2013
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    33
    Билките на баба Рада

    Тоник за лице: (наводно помагал и за акни)

    Една китка магдонос се полева со вода и се става да врие 3 минути и се додава 3 лажици домашен јаболков оцет. Се остава 1-2 часа да отстои, а потоа се мачка лицето и се остава природно да се исуши, а потоа се мие со чај од жалфија, камилица или мајчина душица. Може да се повтори неколку пати дневно.

    Вака направениот тоник може да се чува во фрижидер и до еден месец.
    Баба Рада вика лицето после 15 дена ќе сјаело :D
    Па кој има волја нека проба :)
     
  10. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Не знам, имам измешани чувства за емисијава. Знам дека е направена само за да има една емисија каде што целно ќе таргетираат луѓе за да им ги пуштаат рекламите за овие Ге132 и за вендоксин. Се промовираат некои третмани и некако се сугерира дека овие рецепти со сигурност ќе ја излечат болеста, не знам колку се стручни гостите што ги има најчесто да даваат дијагноза на симптоми кажани по телефон, тоа треба да се испита на лекар, а вака само ќе им кажат некој чај и ако можеби се работи за некоја сериозна болест да се превиди затоа што не бил посетен лекар.

    Билните чаеви немаат таква силна моќ на излекување и затоа во согласност со лекар може да се користат како придружна терапија, за разлика од тоа како се претставуваат во емисијата.
    Не верувам дека Баба Рада ги знае вака од памет рецептите, и мислам дека така импромпту ги смислува на самото место и затоа интересно ќе биде ако ги запишувате и по неколку дена да ја прашате за истите, дали ќе каже ист рецепт.

    Најважно во подготовката на чаевите е како се става водата, дали се зоврива, дали се попарува, не знам колку жената знае и колку внимава на тоа во кажувањето, оти џабе ако некое растение кое било само да стои во млака вода, ти ако го попариш тоа ќе ги изгуби сите ефекти.

    Исто мислам дека нема некоја харизма, на што се резултат овие релативно негативни мислења за емисијата. Но добро е што промовираат некои растенија и чаеви, па макар и само за пиење од задоволство.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Мижи Митро-топлумби паѓаат.
    Ја емисијава ја гледав првпат пред недела дена,баба ми и дедо ми се одушевено до баба Рада,а ја ги гледам и се смејам.Уствари,незнам дали да се смејам или да плачам?? :?: ;( :D
    И ја можам вака емисија да правам бе,еее,таман работа.
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Случајно ја фатив емисијата во која гостин беше Илчо Захариев чинам, градоначалникот на Штип и додека он зборуваше за билки и лековити дејства некако ми имаше смисла, сепак човекот се разбира во тоа, ама кога баба Рада ќе отвори уста, што знам...

    Мене ми се допаѓа концептот на емисијата, јас сум за такви проекти, со годините некако повеќе се вртам накај поприродни и алтернативни начини на лечење, а порано беше поинаку, освен апче и инјекција друго не признавав. Полезна е емисијата, само доколку рецептите за чаеви и лекови се точни и проверени, а на некои бабини деветини истресени од ракав.

    Зашто билките колку може да ти направат добро, толку може и да наштетат несоодветно комбинирани. :?:
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Divajn

    Divajn Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    225
    Поштувам сечиј труд и знаење, но најјаково во емисијава ми е тоа што не постои медицински проблем за кој немаат решение :)
    Зашто е медицинава по 6 години студирање минимум, кога можело да биде едноставно :D
     
    На Heartbeat и sofijanoka им се допаѓа ова.
  14. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Многу ми се допаѓа идејата на емисијата, ама реализација и е 0.

    Прво, баба Рада сама по себе, без навреди не е за на телевизија. Го тргам изгледот на страна, понекогаш многу и се контрадикторни работите што ги кажува. Не може една билка да се користи за 350 болести, апсурдно е. Плус не знае да зборува жената (од тој аспект таман е за телевизија, немаме некои посмени водители/презентери) |(

    Македонија има многу потенцијал за одгледување на најразлични билки и растенија кои можат да се искористат за се и сешто, ама луѓето не се запознаени со нив, не знаат како изгледаат а не па ли како да ги користат. Според мене емисијава им е ради реда направена, супер е идејата, ја почнале и сега ја прават најлесно што може. Не иде тоа така.
     
    На Hipster и sofijanoka им се допаѓа ова.
  15. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Точно, наместо да зборуваат еден час глупости и по сто пати да повторува едно те исто, нека има некоја едукативна природа, нека покажуваат слики од растенијата, како изгледаат, кој дел може да се употреби, како се прави чај, кога и каде може да се наберат.
    Гостите кои ги повикуваат нека бидат фармацевти кои се запознати со ова, наместо самоуки билкари. На пример денес имаше гостинка Слаѓана која се претставува како лекар, прашање е дали и е, ама нејзината филозофија која ја кажува е спротивна од самата тема на емисијата, таа вели дека не требало да се прават чаеви, така да се јаделе тревите, и сега зошто нејзе ја повикале во емисијата.
     
  16. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.523
    Допаѓања:
    7.727
    Пол:
    Женски
    Не знам за вчера ама ја гледавте ли денешната емисија?
    Гостинката кога кажа дека магдоносот бил богат со бета каротен- занемев :tmi:
    Смешно и трагично во исто време
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. QueenB

    QueenB Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    49
    Билките на баба Рада?????? Доктор Оз ???? Јанко јади бурек и неговиот магнезиум хлорид. Па дефинитивно влијаат на брза продажба на производи кои ги рекламираат, но дали влијаат и на нашето здравје???? Или само на нашиот мозок, кој пробал знае :D
     
    На Hipster, sofijanoka, tessie и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Касно слушнав.. дали некој ја следеше денешната емисија?
    Баба Рада кажуваше некој лек за исфрлање вода од белите дробови..
    ако некој знае нека пише :)
     
  19. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.106
    Допаѓања:
    88.094
    Пол:
    Женски
    Моиве кога слушнаа дека ќе има ваква емисија едвај чекаа да почне. Потоа намерно почнаа да ги следат емисиите за да видат каде се они грешка со рецептите. Мајка ми има дома неколку книги кои се за лековитоста на билките во кои има и точно напишано за што се и за што не се. Има и кој дел од билките се користи, кој не. Небитно...

    Баба Рада не е воошто за на телевизија. Не дека очекував баба да биде не знам колку средена, но луѓе каде со онаа штипка? Можеби марама подобро би одела со она "баба". Начинот на кој им се обраќа на гостите е лош, а и не ми се допаѓа како ги објаснува рецептите. Понекогаш имам впечаток дека воопшто не ги ни слуша јавувачите, па и гостите.

    Не ми се допаѓа емисијата, идејата е одлична, но реализацијава не.
    Па очекував мило бабиче бе :wasntme:
     
    На sofijanoka, Abeja, tigerlady и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Емисијата ја имам видено, ми се допаѓа, не ја следам баш.Убаво е и добро е што има таков тип на емисии и баба Рада, баш и ја дава смислата на самата емисија.Сметам дека треба да е поважно она за што се зборува во самата емисија, без разлика дали е точно или не, да се прифати како алтернатива, токму заради тоа што за здравјето се работи, а човек ко ќе има проблем со здравјето, секако дека ќе го бара лекот секаде.Она на што треба да се стави акцент е токму на ваквите емисии, не само друг тип на емисии да има, туку повеќе да се обрати внимание за она што е корисно за здравјето на човекот.