ТЕМА: Екстракт од комбуха

Мислење 02 Авг 2010, 19:44

Милиони до сега сум потрошила на ``сенаменски чуда`` што лечат од све, али од ова сум најзадоволна. Некако најбрзо ми покажа резултати, и ми го урамнотежи организмот. Какви се вашите искуства?
Аватар на корисникот
HeidiDiWalt

Зелено цветче
 
965516
Мислења: 734
Зачленет: 29 Мај 2010, 02:36
Локација: ..::Somewhere Over The Rainbow::..
СликаСликаСлика

Мислење 02 Авг 2010, 20:59

Можда глупаво прашање, ама што е комбуха? :^)
Стварно не знам.
Аватар на корисникот
Hipica

Виолетово цветче
 
60739561
Мислења: 11394
Зачленет: 31 Дек 2009, 01:34
Локација: Се дувам на врв на Ајфелова
You can still gain me with love and have me for a while, you know? But you're not fighting for us.
Therefore, my love for you will grow low day by day and all the memories will consequently die.

Мислење 02 Авг 2010, 21:17

Hipica напиша:Можда глупаво прашање, ама што е комбуха? :^)
Стварно не знам.

Историја на комбухата

Потеклото на комбухата се загубило во маглите на времето. Се претпоставува дека оригинално потекнува од Далечниот Исток, најверојатно од Кина каде се консумирала приближно 2000 години. Првиот запис за користење на комбухата доаѓа од Кина од 221 год. пне, за време на Династијата Tsin. Била позната како “Чај на Бесмртноста“.
Се користела во Источна Европа, Русија и Јапонија неколку столетија. Самото име комбуха потекнува од Јапонија од 415 година. Кореанскиот доктор наречен Комбу или Камбу го лечел јапонскиот Император Inyko со чајот и со комбинација на неговото име “Kombu “ и “cha“ што значи чај, се добила кованицата комбуча или комбуха.[1] Од Русија , напитокот се раширил во Прусија, Полска, Германија и Данска но се чини дека исчезнал за време на Втората Светска Војна. По војната Др. Рудолф Скелнар (Rudolph Skelnar) го обновил интересот за комбухата во Германија кога почнал да ја користи во својата практика при лекување на канцер-рак (болест), метаболички нарушувања, висок крвен притисок и дијабетес.
Состав

Комбухата е габа составена од желатиноидна и жилава габна мембрана во облик на плоснат диск. Живее во хранлив раствор од чај и од шеќер, во кој постојано се размножува. Габниот диск прво се проширува по целата површина на чајот, а потоа се задебелува. Кога се одгледува на правилен начин, таа расте, 'рти и му служи на својот сопственик цел живот.
За време на процесот на ферментација и оксидација, габата во чајот делува со различни комплексни хемиски реакции. Се храни со шеќерот во чајот и во замена произведува други вредни супстанции, кои се составен дел на комбуха течноста: гликоронска киселина и млечна, витамин, аминокиселини, антибиотски состојки... Токму од тие причини оваа чајна габа претставува вистинска мала биохемиска фабрика.
Глукоронската киселина е еден од најважните продукти на Комбуха течноста, L-млечната киселина исто така е многу важна компонента. Комбухата е богата со витамини: посебно Б комплекс и Ц витамин.[2]Во својот состав комбуха течноста, содржи и големо количество оцетна киселина. Позитивното дејство на комбухата е несомнено (позната е и во нашиот народ). Екстрактот од комбуха е препарат добиен од правилно ферментирана комбуха течност. Се добива со посебна опрема и под посебни физичко-хемиски услови. Се екстрахираат нај важните продукти на ферментација на комбуха течноста, а се отстранува водата, оцетната киселина и сите живи микроорганизми. Така добиваме стабилизиран препарат со долг рок на употреба и константен пријатен вкус. Во својот состав екстратот од комбуха има вистинско богатствона глукоронска киселина, L-млечна киселина, витамини од Б-комплексот, преработени шеќери, како и остатоци на екстракти од чајната мешавина, што се употребуваат при подго-товка на чајот за комбуха течноста. Екстрактот од комбухата е вистински концентрат на здравје, сила и енергија, бидејќи од 20 литри комбуха течност се добива 250 до 300г густ екстракт.[3] Затоа екстрактот од комбуха дејствува 10 пати посилно и побрзо од комбуха течноста.
Комбухата не претставува еден единствен биолошки вид,тику симбиотска заедница од повеќе различни квасни и други видови микроорганизми. Видовиот и бројниот состав не е постојан,туку е подложен на промени во зависност од географските и климатските услови,односно од присуството на различните видови микроорганизми,кои можат да се придружат кон постоечката симбиоза.На тој начин постои веројатноста да дојде до квалитетна промена во негативна смисла. Слична промена може да се случи ако локалните услови повеќе одговараат за една група на микроорганизми кои ќе бидат исфорсирани,за сметка на другите. Нестручноста и невнимателното ракување можат да повлијаат врз влошувањето на внатрешниот однос помеѓу компонентите внатре во самата комбуха а покасно и на идните генерации.
Дејство на комбухата врз организмот

Најважната компонента, која е во големо количество во екстрактот од комбухата е глукуронската киселина. Модерната наука сѐ уште не успеала да ја синтетизира оваа киселина. Здравиот црн дроб ја создава за да ја прочисти крвта. Отпадните соединенија, кои ги врзува глукоронската киселина прочистувајќи ја крвта се викаат глукороноиди. Eкстрактот од комбуха, поради големото количество на глукоронска киселина, е одличен реге-нератор на црниот дроб. Ја прочистува крвта, а со тоа го релаксира и црниот дроб. Овој додаток во секојдневната исхрана ја поттикнува функцијата на дигестивниот и на имунолошкиот систем. [5]Со редовна употреба на екстрактот од комбуха човекот се чувствува полн со енергија, свежина и виталност. L-млечната киселина е позната како силна антиканцерогена супстанца и затоа концентратот од комбуха е одличен препарат како превенција против ракот. Комплексот од Б витамини исклучително добро дејствува на нервниот систем, како на план на смирување, така и на план на отстранување на хемиските последици произведени како резултат на стрeсни состојби. Умереното консумирање на напитокот кој го произведува чајната габа пружа заштита од разните видови загадување кои доспеваат преку респираторните органи или на друг начин и во нашиот организам и можат да предизвикаат појави на канцерогени заболувања. Русите докажале дека комбухата исклучително им помогнала на рударите на Урал во чистење на организмот и спречување на прерана смрт од вдишувањето на јаглената прашина.
Освен тоа, комбухата врши превенција кај некои видови канцер, зголемувајќи го имунитетот на организмот, а за време на менопаузата ги намалува “валунзите“, иако по непосредното пиење на напитокот може да се почувствува топлина, но тоа е знак дека се забрзува крвотокот што ќе помогне во прочистувањето на организмот од токсични материи и течности. Им помага и на астматичарите и на заболените од бронхитис, како и од кашлица, ја чисти жолчната кеса, помага при колитис, ја запира заразната дијареја, помага при несоница, а се тврди дека повторно воспоставува раст на косата.
Аватар на корисникот
HeidiDiWalt

Зелено цветче
 
965516
Мислења: 734
Зачленет: 29 Мај 2010, 02:36
Локација: ..::Somewhere Over The Rainbow::..
СликаСликаСлика

Мислење 02 Авг 2010, 21:22

е сега, на времето мајка ми чуваше дома комбуха и самата ја правеше, но така е мноогу послаба течноста и треба долготрајно пиење за да се појават првите резултати...
потоа почнавме да нарачуваме од надвор екстракт од комбуха, тоа е концентрат, во вид на мед, темно црвена боја.
Пред некоја година почнаа да го произведуваат кај нас, на почетокот цената беше мноогу висока (околу 2400 тегличка ако се сеќавам) но почнаа да го произведуваат неколку произведители па сега се наоѓа и за многу ниска цена :clap: (фала богу :))..
Аватар на корисникот
HeidiDiWalt

Зелено цветче
 
965516
Мислења: 734
Зачленет: 29 Мај 2010, 02:36
Локација: ..::Somewhere Over The Rainbow::..
СликаСликаСлика

Мислење 02 Авг 2010, 21:27

И јас не знаев како изгледа па ја прогуглав... еве и сликичка. Само Алисе можеш да кажеш за што конкретно ја пиеше ти и како ти помогна?
Прикачени фајлови
kombu61.jpg
kombu61.jpg (13.22 KiB) Разгледано 741 пати
Аватар на корисникот
Lolipop23

Жолто цветче
 
681599
Мислења: 1272
Зачленет: 21 Мар 2010, 15:11
Слика


Far away there in the sunshine are my highest aspirations. I may not reach them, but I can look up and see their beauty, believe in them, and try to follow where they lead.

Мислење 02 Авг 2010, 21:32

Ај, па вакво имавме и ние на времето :D во садот каде што стоеше алгата менувавме зелен или руски чај (сварен секако) секоја недела. Го цедевме и после кој сакаше пиеше. Општо за подобрување на здравјето и за имунитет но и за забрзување на метаболизмот. Само беше многу кисело, а јас пробав само една голка и ми беше и гроза да го пијам, бидејќи знаев дека стоеше во тој сад со алгата. ббббббббббббррррр грозно.
Истата се размножуваше, ама ја исфрливме или дадовме некому. :?:
Аватар на корисникот
zvezdakoska

Зелено цветче
 
2953
Мислења: 767
Зачленет: 14 Апр 2010, 19:44
Локација: here, there, somewhere ...
СликаСакам барем еден ден да имам волшебно стапче

Мислење 02 Авг 2010, 22:22

Мене ми дијагностицираа анемија, ниско ниво на хемоглобин во крвта и за тоа почнав да ја пијам. Мислам дека во тој период ги пробав сите `чуда`, алое гелови, саравити, сребрени води, и единствено од ова почувствував многу брзо видливи резултати. Пропратно и неочекувано ми среди други проблеми кои ги имав со полицистичните јајници и акни! И ми дава енергија како 10 ред була дневно :D (+ 2 јајца од препелица наутро и сум топ)
Но интересно беше кога на најдобрата другарка и дијагностицираа CIN2. Уште истиот ден нарачав пакет и го поделивме. Пиеше по пола тегличка дневно и кога отиде на преглед докторот не можел да се изначуди.
Ја цитирам: Сите лекари стоеа пред резултатите како пред слика од пикасо :D :D :D
Аватар на корисникот
HeidiDiWalt

Зелено цветче
 
965516
Мислења: 734
Зачленет: 29 Мај 2010, 02:36
Локација: ..::Somewhere Over The Rainbow::..
СликаСликаСлика

Мислење 03 Авг 2010, 18:42

Da stvarno pomaga, jas fala bogu sega za sega nemam nisto ama si pijam pogotovo preku zima kako dodatok za zgolemuvanje na imunitetot i kako prevencija od nastinki
Аватар на корисникот
Iva-Mici

Жолто цветче
 
18958
Мислења: 1130
Зачленет: 01 Авг 2010, 01:55
Локација: во нечии мисли :D
Правилата не можат да донесат слобода,тие имаат моќ само да обвинат

Мислење 03 Авг 2010, 20:00

А колку пари е ова и од каде може да се набави?
Аватар на корисникот
Victorya

Жолто цветче
 
367698
Мислења: 1358
Зачленет: 05 Јан 2010, 03:20
Не барај совршенство за да сакаш, бидејќи ќе умриш без љубов. Најди нешто несовршено, љуби го и направи го совршено!

Слика

Скриен текст: покажи
Слика

Мислење 03 Авг 2010, 21:17

Victorya напиша:А колку пари е ова и од каде може да се набави?

уф има неколку произведители, ПХД се мислам најскапи 2400ден беше на времето тегличка сеа незнам колку се, виталиа исто ги произведуваат тие ги немам пиено, а моментално ги користам на Еликсир 1 е 50 0денари, но јас земам пакет 2500 (6 внатре) па си ги делиме со другарките.
Аватар на корисникот
HeidiDiWalt

Зелено цветче
 
965516
Мислења: 734
Зачленет: 29 Мај 2010, 02:36
Локација: ..::Somewhere Over The Rainbow::..
СликаСликаСлика

Врати се на Алтернативна медицина

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 4 гости

Site Meter