1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Храната - лек за сите болести

Дискусија во 'Алтернативна медицина' започната од femina333, 27 ноември 2010.

  1. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    http://sky.mk/index.php/zdravje/18138-soja-ne-ubeduvaa-deka-e-zdrava-sega-deka-e-opasna-po-zhivot

    И сеа ? :^) :^)
    Ова не чини , она не чини , што да јаде човек :sweat:
    Млечните производи не биле здрави , ма јас од јогурт не се откажувам :D
    Јас како вегатаријанец , сојата ми беше одлична замена и многу рецепти си правев со неа , човек да не знае на што да верува веќе :^)
     
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Ами, ништо да не јадеме, што ќе ни е храна, од воздух да живееме :wasntme: Ќе правиме трошоци за џабе само :D
    Тоа фино што вака дознаваме дека не е здрава, само уште ја имат по продавници.Уште колку ли производи би требало да тргнат од продажба, кои се ваков случај.Ама, кога се работи за пари, не се гледа дали тоа што се продава е здраво или не, секако ќе подлажат малку дека она кое го продаваат е здраво.Јас не јадам соја, ниту пак купувам од оние продавници за здрава храна.Којзнае и колку е здраво она кое го продаваат, како што е примеров со сојата.
     
  3. trendafilka2

    trendafilka2 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2012
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    20
    ve молам некој домашен лек за појачување на имунитет итно ми е
    жената е на цело исцрпена ја напаѓаат секакви вируси инфекциии,херпес на ногата
    ве молам дајте некој домашен лек за појачување на имунитет ве молам
     
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.553
    Допаѓања:
    80.605
    Пол:
    Женски
    ^ Многу црвени овошја и зеленчуци, меѓу кои аронија, брусница, цвекло - цвеклото најдобро е да се конзумира свежо, а аронија и брусница имаш сушени на мерење низ поголемите маркети. :)
    Десетина зрнца на ден ќе бидат повеќе од доволна доза.
     
  5. trendafilka2

    trendafilka2 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2012
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    20
    да да ке почнам да и даадам ама за проблем има пак и чир и полип на желудникот се е соберанооо??дали ке и поднесси желудникот сок од цвекло јас и дадов малце вика малку киселини имала ?
     
  6. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Нема да трошиме пари ем фит ќе си бидеме цело време :D
    И јас не сум некој фан на овие продавници , ама сојата ја користев како замена за месо , и не сум знаела дека е штетна , баш за тоа соино млеко колку фама се дигаше дека е многу здраво а сега види :worried:
    А ќе си има по продавниците не ме чуди , и цигарите не се здрави па ете се продаваат :D
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.553
    Допаѓања:
    80.605
    Пол:
    Женски
    Епа тогаш давај по десетина зрнца од аронијата и брусницата - аронијата е малку киселкаста, но брусницата има преубав благ вкус и мислам дека нема да прават проблеми со киселини.
    Но во главно тоа е тоа - за подобрување на имунитетот потребни се асални порции овошје и зеленчук, во комбинација со природни сокови. Ако ептен ништо не бидува вака, пробајте со Центрум таблетите, добри се и тие и би требало да ги поднесе.
     
  8. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    И јас сум на вегетаријанска прехрана и иако последните 2 недели соја не сум в уста ставила,ја конзумирам понекогаш.Вчера морав да јадам месо,а и денес :@ :@ :@ поради татко ми....Но,што е тука е.Сепак неверувам,и нема да се откажам од сојата,млекото итн...
     
  9. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    http://sky.mk/index.php/zdravje/20232-o ... kuvaat-rak
    Сеуште јадете виршли?!
    Што би избрале соја или виршли?
    Јас,сепак соја и вегетаријанска прехрана.
    Порано многу ги јадев виршлите,скоро секој ден,сега неможам да замислам в уста да ги ставам...А дури сега откако го читам ова...Уште повеќе....
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. trendafilka2

    trendafilka2 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2012
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    20
    http://sezahrana.tumblr.com/post/37277923854
    go citam ovoj slajd najdov susena kopriva mi donesoa nemozam da najdam sveza ja nema sega dali mozam da stavam susena kopriva sto si ima vrska ako ne e sveza
    i da ja prelija so vrela voda ?
     
  11. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.557
    Диета - здрава измама на организмот
    - Диетата се состои од циклус од 20 дена во кои се јадат точно два определени оброка



    Успешноста на оваа диета се состои од механизмот-се’ што му е потребно на организмот да го зема од оброците.
    Практично, ова е еден вид здрава измама на метаболизмот кој ќе се навикне да согорува повеќе и ќе ги топи мастите кои се вишок во телото.

    Диетата се состои од циклус од 20 дена во кои се јадат точно два определени оброка. Нивното количество е неограничено.

    Она што треба задолжително да го запазите по завршувањето на еден диетален циклус, е да направите пауза од еден месец. По завршувањето на паузата, можете да ја повторите диетата уште еднаш.

    Оброците консумирајте ги на растојание од 6 часа (пр.првиот во 10 или 11 часот наутро, а вториот во 17-18 часот попладне.

    ДИЕТАЛЕН ЦИКЛУС

    1 ден: макарони со сирење и јогурт (по ваш вкус, варени или потпечени)

    2 ден: тава ориз, потпечен или пилав. Во комбинација со сирење и јогурт.

    3,4,5 ден: пилешко месо варено, печено без маснотија на сол во комбинација со салата по ваш избор.

    6,7,8 ден: јунешко месо подготвено по ваш вкус во комбинација со салата.

    9,10,11 ден: риба со салата. Рибата може да е печена во фолија или туна конзерва во вода.

    12,13,14 ден: мешунки: грав, грашок, боранија, леќа

    15 и 16 ден: компири во сите можни варијанти: варен, печен па дури и пржен(помалку)



    17 ден: само овошје, па дури и банани

    18 ден: макарони со сирење и јогурт (по ваш избор, варени или потпечени)

    19 ден: ориз подготвен по ваш вкус со јогурт

    20 ден: јадете се’ што е слатко: торти, колачи, чоколади

    Во текот на диетата течностите се неограничени. Може да пиете кафе и чај без шеќер. Може да пиете природно цедени сокови, но не газирани и густи (купечки).

    За време паузата од еден месец, мора да ги отфрлите лебот, шеќерот и слатките
     
  12. zdravje28

    zdravje28 Нов член

    Се зачлени на:
    24 септември 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Здраво на сите.Само да ви кажам ако некој сака органска аронија нека ме контактира во пораки.200ден кило.Поздрав.Не продавам јас лично но го познавам човекот и со сигурност знам дека само со природно губриво ги одгледува.поздрав.
     
  13. mirandaa

    mirandaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    24.750
    Пол:
    Женски
    Потполно се сложувам дека храната е лек за сите болести ! Порано тука и таму дома знаевме да се храниме и здраво но и не.Но откако сестра ми се разболе(од лимфом) исхраната дома ја сведовме на целосно здрава.Најголем дел таа и помогна на сестра ми да дојде до тука ,скоро при крај со болеста и усчешно да излезе на крај со неа.
    Пржењето,зејтинот ,црвеното месо,белиот леб, вештачки работи со триста емулгатори ги исфрливме од дома.
    Свежо цедени сокови(разни комбинации на овошја) ,шејкови , разни салати ,бело месо (стек,мисиркино) ,разни видови на свежи риби(незамрзнати!).. и што е најбитно треба точно да се знае што со што треба да се меша а шо нетреба.Јаткасти плодови кои се многу здрави(лешници,бадеми,ореви,фстаци..).
    Бел шеќер никако!Има кафеав или пак Стевиа која е органски засладувач.
    И сакако покрај храната тука и помогнаа и разни препарати на природна база за имунитет .А тоа беа Варуминот ,коцките Зелен сок од жито (кој дома сите го пиеме затоа што е многу добар за имунитетот на секој човек ), Зеолид,Матичен млеч,Варова вода...
    Иако одеше на хемотерапија а сега уште и на зрачење ,токму правилната исхрана и додатоците за имунитет не и дозволија ниту еднаш да легне или да не се осеќа добро.Кој и да ја видел не се ни посомневал дека е болна од малце поозбилна болест.
    ЗАТОА многу е битно што ставаме во уста бидејќи токму храната најмногу прави да се осеќаме лошо или пак сосема добро и здраво ! :!: :)
     
    На jelly888, sinorinJa и mynameislove им се допаѓа ова.
  14. lana666

    lana666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    55
    Како се употребува Желатинот како лек и за што е добар?
     
  15. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Желатинот се добива од животинското сврзно ткиво,тетивите,коските и ’рскавиците односно колаген.Како што знам е без вкус и без мирис,а има жолтеникава боја.
    Служи за:зајакнување на зглобовите и срцевиот мускул и им дава еластичноста и цврстината на тетивите и лигаментите.Исто така спречува развој на остеопороза и остеоартритис а и го подобрува растот и структурата на косата и ноктите.
    Се продава во прав.
    Имам прочитано дека 2 лажици желатин се ставаат во четврт чаша ладна вода и се остава да набабри до следниот ден.Се пие секое сабајле на празен стомак.Ако не ти е убав вкусот,можеш да додадеш некој цеден сок,јогурт или пак мед.
     
  16. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Лековити препарати подготвени од ореви

    1. Против анемија

    Со помош на оваа смеса победете ја анемијата и исцрпноста.
    Начин на подготовка:
    Подгответе смеса од пола килограм ливадски мед, пола килограм мелени ореви и еден лимон. Измешајте добро и јадете по една лажичка секои 3-4 часа.
    2.Млеко од ореви против чир на желудник
    Млекото од ореви ќе ви помогне при зараснување на чировите во желудникот.
    Начин на подготовка:
    Со млекото прелијте 20 гр. смелени ореви и додајте 2 дл. зовриена вода. Добро промешајте ја течноста, исцедете ја и додајте една супена лажица мед. Пред секој оброк јадете 5 до 6 кафени лажици од млекото од ореви.
    3.Зелени ореви за тироидна жлезда
    Маслото во зелените ореви значајно го зголемува нивото на тироксинот.
    Начин на подготовка:
    Во еднаков однос помешајте мелени зелени ореви (со големина на лешник) со мед.
    Смесата оставете ја на темно место 30 дена, а потоа консумирајте по 1 кафена лажичка дневно.
    4.Традиционална руска тинктура против сите врсти на тумор
    Начин на подготовка:

    Исечкајте на ситно 150 гр. корен од валеријан, 50 гр. ореви и 50 гр.пупка од бреза. Потоа прелијте ја смесата со половина литар вотка или ракија, а потоа додајте цели лушпи од зелени ореви. Смесата треба да постои 10 дена, а потоа земајте 15 капки на тинктура во 1дл. вода, три пати дневно, половина час пред секој оброк.
    5.Чај од млади листови на ореви за чистење на крвта
    Овој чај се применува како средство за чистење на крвта, но и одлично функционира против кожни заболувања, хемороиди, паразити, болки во коските...
    Начин на подготовка:
    После берењето, исушете ги лисјата.
    Во 2 дл. ладна вода ставете 2 лажички од сушените лисја, а потоа гответе ги 5 минути.Оставете го тенџерето поклопено 15 минути, а потоа процедете го и дневно консумирајте 2 до 3 чаши од овој чај.
    6. Облози од ресите на оревот против крвавење
    Ресите од оревот ќе ви помогнат да го запрете крвавењето.
    Начин на подготовка:
    2 раце реси прелијте ги со литар зовриена вода и оставете ги 10 минути. Од оваа течност можете да правите облози против крвавење, хемороиди или течноста да ја користите за вагинално измивање.
    7. Сируп за здрава кожа
    Сирупот од свежите млади листови ќе ви овозможи да имате здрава кожа.
    Начин на подготовка:
    Потопете еднаква тежина на листови и алкохол и оставете ги да постојат 48 часа. Додајте мед за да се направи густ сируп. Пред секој оброк земајте по 1 кафена лажичка.
     
  17. Fitteen

    Fitteen Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2015
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    За мене храната претставува најголемиот лек, лек за се, па дури и за ракот. Правилната исхрана ни овозможува здрав живот без настинки и одличен имунитет. Не верувам во доктори и апчиња а најмалку во хемотерапии. На сите ви препорачувам алое вера, сок од 100% цвекло, маџун, користете ленено семе во пијалоците, во млеко, чај...јадете непреработени семки од сончоглед и суво овошје. Секое утро пиете млака вода со половина исцеден лимон и лажичка мед или сода бикарбона. Здравјето ќе ви биде благодарно, нема да знаете што е тоа доктор, а и ракот никогаш нема да се осмели да пушти "корени" во вашето тело :)
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Vegegirl

    Vegegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Во лимонот ставаш сода бикарбона?
    Јас се хранам 80% здраво, многу овошје зеленчук (вегетаријанец сум) но во последно време осеќам дека ми е паднат имунитетот па што би ми предложиле како суплементи?