1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Има ли лек за ракот?

Дискусија во 'Алтернативна медицина' започната од RainBow, 10 април 2011.

  1. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Барав по аптеките, немаат витамин Б17, го имаат само ова - некој да го користел?
     

    Прикачени фајлови:

    • B17.jpg
      B17.jpg
      Големина на фајлот:
      9,6 KB
      Прегледи:
      675
  2. vesnaplazma

    vesnaplazma Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    110
    MIA-SK.nema ni da najdes b 17 .samo ako imas nekoj od Amerika da ti go prati
     
  3. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Со оглед на тоа што во борбата со ракот е многу важно подигање на имунитетот, читам дека за подигање на имунитетот е одлично маслото од црниот дроб на ајкулите. Но има голем број на капсули што го содржат ова масло: Ecomer, Olisalvin, Алкакапс и многу други. Не знам кој е најдобар?
    Некакво искуство?? :worried:
     
  4. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Рокфелер всушност богатството го должи на продажба на нафтени деривати, меѓу кои и петролејот. Ама не го продавал како лек, туку за она и за што е наменет, за горење на газиени ламби.
    И никогаш не се откажал од продажбата, тоа е неточно.

    Всушност газиените ламби, односно нивните испарувања биле вистински ризици по здравјето затоа што се канцерогени, предизвикуваат рак. И затоа овие нафтени компании биле обвинувани дека намерно го трујат населението.
    Значи газијата во минатото била душман, а сега лек?

    Во ред, можеби во некои минимални дози, во капки или една лажичка е само минимално отровна, ама нема никаков доказ дека навистина ќе помогне во ракот и нема причина да се ризикува да се внесува ова отровно соединение.

    Навистина, има лекови кои исто се отровни во поголеми количини, ама тој ризик се прифаќа затоа што во мали дози има бенефит, односно навистина помага во лекувањето на некоја болест.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
  6. DiaCor

    DiaCor Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2013
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    27
  7. Olga.fem

    Olga.fem Нов член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Татко ми има рак на простата кој е раширен на лимфните јазли и не смее да се оперира. Сакаме да пробаме да го излечиме со помош на алтернативната медицина. Бидејќи е во лоша состојба, а на интернет можат да се најдат многу спротиставени совети од разни искуства, па ако некој знае да ни препорача начин на исхрана, лек или пак познава некој човек кој може да му помогне Ве молам нека ми пише.
     
  8. DiaCor

    DiaCor Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2013
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    27
    А колки му е ПСА?
    Немора само хируршки; ја има и другата врста на кастрација а тиа се хемијски. Малку е поскапа но 100% успешна. Ињекциите се примаат еднаш во 3 месеци и се викаат Zoladex. Не даваат никви лоши нуспојави освен тоа за што се наменети. Доколку тој редовно иде кај уролог/онкологот, татко ти можно е функционално да живее уште 10-15 години бидејки ракот на простатата спаѓа во „најспор“ од сите.

    Проблем се метастази, мада со правилна исхрана и редовни контроли од страна на лекарите, можно е проблемот да се повлече и биде само на простатата.

    Советот: консултирајте и уролог и онколог и информотерапевт.
     
  9. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.432
    Допаѓања:
    8.444
    Пред некоја година на кабловска тв. одеше една емисија „Неизлечиви“(Incurables). Кога можев ја следев, имаше најразлични искуства на луѓе заболени од тешки болести, најчесто од рак, а кои успеале да ја победат болеста. Учествуваа самите личности кои заболеле, како и членовите на нивните семејста, и имаше форма на документарен филм.
    Ми остана во сеќавање сторијата на една 40 - годишна жена (Американка), заболе од меланом кој бргу метастазираше, и кај која класична терапија (операција, хемотерапија) беше бесцелна. Лекарите ја пуштија дома, за буквално да си умре меѓу своите (беше мажена со три дечиња). Арно ама сопругот не крена раце од неа, и ја натера да започне терапија со храна, посебен режим на исхрана, пропишана од еден Јапонец, основач на еден познат институт во САД (не се сеќавам на името), каде се лечеа пациенти со најтешки болести со храна пропишана од јапонскиов доктор.
    Почна со тој строг режим на исхрана, кажано по наше се стави на „строг пост“, ангажираа жена која беше задолжена само за подготовка на храната бидејќи болнава жена беше немоќна да стане од кревет. По некој месец се поткрена, живна, и веднаш се сврте и кон духовната страна на лечењето, редовно одеше во црква (беше римокатолик), молитвите и биле секојдневни, и да скратам - по некоја година ракот сосема се повлекол. На свои 43 години, само една година по излекувањето, женава родила уште едно, четврто детенце,(бидејќи така се зарекла ако ја победи болеста) иако фамилијава не баш радо ја поддржале во таа идеја.
    Целава сторија госпоѓава ја раскажуваше како 60 годишна жена, значи по скоро 20 години поминати од нејзиното премрежие. Но она што навистина ми остави впечаток беа зборовите на нејзиниот сопруг кој кажа: „Ако сте болни од ваква тешка болест а спасот го чекате само од други (алудираше на изборот што го нудат докторите и класичната медицина) а не од себеси, тогаш сте готови“.
    И мислам дека беше во право.
     
    На spacegirl92, Orthophill, elisabeta и 2 други им се допаѓа ова.
  10. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
  11. DiaCor

    DiaCor Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2013
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    27
  12. DiaCor

    DiaCor Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2013
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    27
    Попис на 1000 билки кои лечат рак. Книгата „Илјада билки против ракот, без хемотерапија“ на Др. Џузеле (со дозволата од авторот) е бесплатна.

    http://babinlek.com/ova-e-popis-na-1000 ... tna-kniga/
     
  13. Florenca

    Florenca Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Извини ама и најнапредната хемотерапија , не е ништо друго освен отров. Ги умртвува канцерогените , но и здравите клетки , па затоа им паѓа косата на оние што ја примаат. Јас до сега немам слушнато ниту еден пример дека некој се излечил од хемотерапија. Освен ако претходно хируршки не му бил отстранет , па одпосле како превентива да не случајно останала уште некоја канцерогена клетка демек му се дава хемотерапија. Значи не сум чула ниту еден да се излечи само со хемотерапија. А за тоа дека ке му се продолжи животот , може некој месец додека ја прима терапијата, ама каков е тој живот и во какви маки се оние што се под хемотерапија .
     
    На Ivy89 и Abeja им се допаѓа ова.
  14. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Не знам колку си имала контакт со луѓе кои ја имаат оваа проблематика. Напротив, има многу луѓе на кои им помогнува хемотерапијата и како палијативна варијанта само за олеснување на болеста и како куративна варијанта за целосно излекување. Овие лекови имаат многу тесен спектар на болести кои може да ги победат, и тоа е причината за таквата слика која се создава, токму заради големото очекување од овие лекови. На пример пациенти кои се дијагностицирани во краен стадиум се уште имаат очекување од хемотерапијата, иако се дава во најголемиот број од случаите само палијативно.

    Едноставно за многу видови рак на лимфната лоза, леукемии е прв избор на терапија, освен пресадувањето и има огромен придонес во излекувањето.
    Ако до само пред неколку децении било незамисливо да се излечи еден Хочкин лимфон, денес има 95% излекување со помош на хемотерапија.
    Ако ракот на дојка кој е откриен доцна и има големи димензии, се дава хемотерапија како неоадјувантна терапија пред да се направи хируршкиот зафат со цел да се намали туморот и полесно да може да биде изваден, истиот случај е и кога се дава после операцијата. Се разбира дека не е замена за хируршкото отстранување, ама хемотерапијата има огромен придонес кај таквите случаи, не знам како кажуваш дека имало само улога по некоја клетка да исчисти која останала, па тоа е и целта.

    За тоа продолжување на животот кога се дава само како палијативна варијанта и не се очекува целосно излекување, е пошироко прашање и е особено резултат на лична одлука. Некој можеби сака да поживее уште, месец, месец и тоа е време кое ќе може да го искористи. Некој не гледа на себе си како мачење. Затоа и секој може да се откаже од терапијата. Тоа што го кажуваш да не се користи терапија кај така крајно болни е прашање на еутаназија, или во случајов пасивна еутаназија и е прашање со голема морална дилема.

    Сепак ми е мило што се вративме на лековите на ракот, а не на некои алтернативни варијанти. Ако јас би имала потреба, не дај боже, се разбира дека не би избрала газија или гасена вар, ако има препорачана терапија кај нас или некаде во странство. Значи дали се согласуваш дека ако има избор дали хемотерапија, дали газија, нормално и рационално е да се избере хемотерапијата, а не газијата?
     
  15. Florenca

    Florenca Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Еве два примера зошто сум против хемотерапијата.
    Првиот е за релативно млада жена 40-50 год. Имаше рак на дојка . Некои и рекоа да се оперира одма , да се отстрани . Но во Систина и препорачале прво да прима хемотерапија , а потоа да го отсранат. Првата терапија , ја помина доста тешко , со гадење , повраќање 3-4 дена во кревет . На втората терапија , крена висока температура , ја однесоа во болница , имаше компликации мислам дека и се појави вода во белите дробови , температурата не и се намалуваше , и жената со втората хемотерапија си умре. Најблиските и ден денес се прашуваат дали не ќе беше попаметно да се отсранеше градата , па потоа , ако има потреба да се оди со хемотерапија.
    Вториот случај се работи за возрасен маж на 60 години. Со дијагноза карцином на белите дробови. Докторите му рекоа дека не е оперативно . Да се обиде само со хемотерапија и со зрачење. Човекот ја прими најјаката хемотерапија што може да се прими. Стана прав мртовец , слаб исушен , без коса и бледожолт тен. Одеше на зрачење во Солун два месеца , затоа што таму имале подобра опрема . И зрачењата ги заврши . Не би сакала да знаеш колку човекот се изнамачи. Сепак почина за неполна година од дијагностицирањето.
    Погрешно си ме разбрала за оние неколку клетки ако останале да се уништат со хемотерапијата. Сакав да кажам дека иако е ракот отстранет , како превентива ја даваат хемотерапијата ако случајно останала некоја клетка . Но никој незнае дали останала или не и дали е уништена или не. Може и не останало ништо , а може останало па после извесно време и покрај примената хемотерапија пак се активира болеста. Најискрено , ама стварно најискрено . Не дај боже да се разболам од рак , а да тоа е неоперативно , односно не може да се отстрани ракот во целост , јас не би примала хемотерапија. Би се обидела ако е можно со промена на исхрана , место на живеење, комплетен начин на живот.
     
    На LittlePinky и Abeja им се допаѓа ова.
  16. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Не можеме да знаеме зошто било така препорачано, иако кај сериозни случаи каде ракот е широко распространет не се прави операција, туку прво се пробува да се редуцира со хемотерапија. Дали било така кај оваа пациентка јас или ти не можеме да шпекулираме, сигурно онколозите и хирурзите кои ја лекувале и кои имале одговорност знаат повеќе од нас.
    Ако веќе си дозволам да кажам нешто, така било затоа што изгледа било сериозно проширено, најверојатно не само во лимфни јазли туку и во бели дробови, или пак жената не била кандидат за операција заради неисполнување на анестезиолошки параметри и можеби и операцијата би била ризична и можеби самиот хирург или анестезиолог не се нафаќал да преземе одговорност.
    Гледаш овие ситуации не се едноставни, напротив многу се сложени, и затоа не треба да се генерализира, кај сите е индивидуално и различно.

    За тоа што би избрала, промена на животот и местото на живеење, е буквално кревање раце, не гледаат сите така на животот. Тоа е буквално преземање пасивен став и чекање да умрат. Тоа се вика пасивна еутаназија и како што кажав е огромна морална дилема. Треба да отвориме тема за тоа во психологија ако нема отворено.
    Промената на животот нема да направи ама баш ништо за излекување на ракот и тоа е целата поента на ова што го зборуваме. И во таква ситуација јас не би сакала непотребно да ме мачат со третмани кои на тој начин би ми го намалиле квалитетот на животот во последните денови, ама ако има надеж дека може да се поправи ситуацијата, тоа нема да зависи само од мене, имам семејство, утре ќе имаш деца, како може пасивно да се препуштиш на непознатото, тоа би ми изгледало неодговорно.

    Пред некое време прочитав една морбидна приказна, беше навистина освестувачка за овие работи.
    Се работеше за случај на еден рак на кожа кој бил дијагностициран од лекар и било закажано операција. Ама девојката од неколку причини не отишла на операцијата, туку се обидела сама да ја реши ситуацијата.
    Била исплашена, мислела дека операцијата ќе остави лузна, изгледа осигурувањето не ја покривало цела операција и требало да плати неколку стотини долари и затоа се одлучила за еден хербален лек кој ја гори кожата.

    Има слики, не ги отворајте ако сте чувствителни:
    Тоа црното не е ракот, ракот е една точка на носот во првата слика. Црното е горењето на кожата од „лекот“ со кој се мачкала.

    http://imgur.com/a/RQlkp
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Значи се плашела дека една операција ќе остави лузна како што оставила претходна операција, од десната страна на усната, а видете со што завшила.
    Наместо да верува на лекарите кои ќе направеле контролирана безболна операција и ќе провереле на крајот и ќе се увереле дали е отстранет цел рак, таа им верувала на лажни надрилекари и останала со таква лузна и можеби не бил отстранет цел рак, а меѓувреме неколку недели трпела огромни болки додека оваа маст и ја горела кожата и носот и правела такви големи лузни. Инаку тоа на челото го ставила само за проба.

    Ова е „лек“ за рак кој ја гори кожата и органите, замислете има некои кои дури и го пијат. Имам слушнато и кај нас разни надрилекари употребуваат таква маст за разни кожни проблеми и прават уште поголеми бељи. Имам слушнато за случај на меланом кој бил третиран на ваков начин, од еден тревар кај нас во Македонија, ама со триење. Исчезнала бемката на кожата, и мислеле дека е излечен ракот, ама не бил целиот отстранет и тој си се ширел, кога по неколку месеци отишла на лекар откриле метастази од меланом секаде во телото.
    И зошто, затоа што наместо хируршко отстранување и терапија кои се исклучиво ефективни за меланом и најверојато немало да има проблеми понатаму, тие верувале на надрилекар.

    Исто и во минатото или дури и денес во рурални подрачја жените од средовечна возраст не се обраќаат на лекар кога ќе откријат грутка на градата. Вообичаено знаат за што се работи, дека е рак, го игнорираат. Пасивно се препуштаат, тоа е како пасивно самоубиство, мислат дека ќе си умрат мирно во сон.
    Ама не, таа грутка секојдневно си расте, се шири во околното место, достига енормни димензии, ја раскинува кожата и отвора огромна дупка од каде крвари и истекува. Ако тоа се дисфункционални семејства каде што не се зборува и споделува ништо меѓусебе, членовите на семејството се чудат зошто мајката смрди, ама ништо не прашуваат. Жената трпи, ставаат крпи во дупката за да го спречат истекувањето на гној и крв. И така со мачење ќе завршат по месеци или години откако ја откриле грутката или во краен стадиум по инсистирање на домашните откако ќе откријат ќе се обратат на лекар.
    Ова е аналогија на твоето пасивно препуштање со промена на исхраната и местото на живеење.

    Такви случаи има и кај нас за жал, кои не сакаат да го реметат „мирот“ во фамилијата и ги игнорираат раните знаци. Или пак најпрво се обраќаат кај бајачи или надрилекари заради непознавање. За среќа не верувам дека тоа се во голем број и затоа сум свесна каков ефект може да имаат вакви приказни кои се шират по интернетот за газијата или за варот кои може да изгледаат како подостапна варијанта за таквите очајни случаи.
     
  17. Florenca

    Florenca Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Јас сум веќе мајка на две деца . А сум ќерка на родители кои и двајцата починале токму од рак. Сите патешествија од рано откривање па до нивото умирање го поминав деноноќно со нив. Таткоми е оној случај погоре опишаниот со рак на бели дробови. А мајками имаше рак на дојка пред 15 години. Ја оперираше Др. Арсовси , многу успешно. По операцијата прими хемотерапија , и редовно одеше на контроли . Цели 15 години немаше никакви проблеми. Пред една година и дијагностицираа рек на панкреас и јетра. Сите доктори и рекоа дека не е оперативно . Панкреас никој не пипа. Прашавме дали било кој во светов некој оперира рак на панкреас. Сите ни рекоа не. Мајками знаејки како изгледа хемотерапијата , бидејки и самата ја примаше пред 15 години за дојката , одби да прима сега кога знаеше дека неможе хируршки да се отстрани. Мнооогу беше свесна , знаеше што ја чека. Само ми рече. " Несакам да го одложувам она што ме чека. Сакам барем овие неколку месеци да си ги поминам без дополнителни маки. Си умре за 4 месеци. Единствено што примаше беа лекови против болка , кога последниот месец почна да ги има. Ниту еден доктор не ја убедуваше да прима хемотерапија , дека ке оздрави. Не немаше да оздрави и да ја примеше најјаката хемотерапија што постои. Секако дека не би го правела на своја рака со надрилекари како во случајот. Само сакам да кажам дека ако неможе да се отстрани по хируршки пат , со хемотерапија нема да се уништи. Може само да стагнира додека се прима терапијата , но не и да се излечи. Не би сакала моите деца да го поминуваат со мене она што јас го поминав со моите родители. Не ми се верува за што пишувам. Колку е морбидно. Не дај боже вакво нешто. Повеке несакам ни да мислам на оваа тема. На крајот на краиштата во тие моменти може и јас би се фаќала за сламка па би се сложила и со хемотерапија , иако сега вака размислувам. Несакам да знам . Фала и пријатно. ;( :x
     
    На orevokrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    За се си во право, само за ова не си:
    „Само сакам да кажам дека ако неможе да се отстрани по хируршки пат , со хемотерапија нема да се уништи. Може само да стагнира додека се прима терапијата , но не и да се излечи.“
    И хемотерапијата си има своја улога во случаите кои се излекувале. И сама по себе има голема улога кај многу леукемии и рак на крвта. Користењето во крајните стадиуми само како проба е сосема друга работа и не е во ред да се генерализира.
    Одлуката ете гледаш дека не е лесна и затоа сум против такво генерализирање на работите кое има само една цел свртување кон некои недрилекари кои овие тврдења си ги користат за своја корист за да привлечат пациенти.
     
  19. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    Kada nekome kazemo da ima rak ili sidu, vec posle nekoliko sati ce celije imunog sistema prestati sa radom. Zasto? Zato sto su upornim dugogodisnjim ponavljanjem da su sida i rak smrtonosne bolesti, vlasnici tih bolesti programirali ljude da umiru. Nas zadatak je da razbijemo taj program. Svi koji misle da ce umreti od raka ili side trebaju se deprogramirati, pustiti celije da ponovo uspostave svoj metabolizam. Dok smo u stresu i u programu smrti, celija zatvara svoju membranu i ne prima hranljive materije niti otpusta toksine pa tako lagano celija po celija izumiru. Svi koji misle da su tesko bolesni neka izbace taj program iz glave i pocnu normalno da zive. Prepustite se radostima zivota, izadjite na svetlost dana, UGASITE TELEVIZOR, ne citajte novine, budite sto vise u prirodi, ne skidajte OSMEH sa lica, jedite samo sirovu hranu, bacite sve otrove iz kuce i sve ce biti u redu. Bolesti ne postoje, postoji samo intoksikacija tela i uma. DR. Sladjana Velkov
     
    На Anxe му/ѝ се допаѓа ова.
  20. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.557
    ЗОШТО СЕ МОЛЧИ ЗА ОВА: ПОЗНАТИ СЕ ПРИЧИНИТЕ ЗА ПОЈАВА НА РАК И НАЧИНОТ НА КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ЗАШТИТИМЕ УШТЕ ПРЕД 90 ГОДИНИ!


    Научете како да се заштитите или да си помогнете себе си ако сепак се соочувате со една ваква болест.
    Хипотезата има се' повеќе следбеници, а дури и оние кои не се сложуваат во потполност со ова тврдење, признаваат дека може да помогне при процесот на лечење.

    Основниот причинител за појавата на ракот е откриен уште пред 1923-тата година, а пронаоѓачот во 1931-вата година добил и Нобелова награда за медицина токму поради ова откритие. Но, за жал, малкумина во светот знаат за ова, бидејќи за жал, таа вистина е скриена од јавноста.


    Во 1931-вата година германскиот научник Ото Хајнрих Варбург (1883 – 1970) прими и Нобелова награда за пронаоѓање на основниот причинител за појава на рак. Др. Варбург открива дека ракот е всушност резултат на анти-физиолошкиот начин и стил на живеење.

    Анти-физиолошкиот начин на исхрана, кој претежно опфаќа консумирање на нездрава храна која го закиселува човечкиот организам, како и физичката неактивност на телото кое исто така формира кисела средина која не е доволно обезбедена со кислород.


    Клеточната киселост го истиснува кислородот, а недостатокот на кислород во клетките формира токму кисела средина.

    - Недостатокот на кислород и киселост се две страни од ист медалјон: ако некој има едно, го има и другото, изјавил Др. Варбург. Ако имате превисока киселост, автоматски ќе ви недостига кислород во организмот, а ако ви недостига кислород ќе имате и закиселен организам. Киселата средина е всушност средина без кислород.

    - Ако и одземете на здравата клетка 35 отсто од нејзиниот кислород, тогаш може да ја претворите во станица за рак за само два дена, тврдел Др. Варбург.

    Сите нормални клетки имаат апсолутна потреба за кислород, но клетките на туморот можат да живеат без него. Тоа правило е без исклучок.

    Ткивата на туморот се кисели, а здравите ткива се алкални

    Во својот труд "Метаболизмот на туморот", Др. Варбург покажал дека сите канцерогени облици исполнуваат два темелни услови: крвна киселост и хипоксија (недостаток на кислород).

    Тој открил дека клетките на ракот се анаеробни (не вдишуваат кислород), и тие не можат да преживеат во присуство на високи концентрации на кислород.

    Клетките на ракот може да опстанат само со помош на гликоза во средина без кислород. Така, ракот е ништо повеќе од еден одбранбен механизам, кој нашите клетки ги користи за да преживее во кисела средина во отсуство на кислород. Здравите клетки пак живеат во алкална средина полна со кислород, што овозможува негово нормално функционирање. Клетките на ракот пак живеат во кисела средина сиромашна со кислород.

    Киселоста и алкалноста на организмот зависи од храната која ја внесуваме

    По завршувањето на дигестивниот процес, храната, во зависност од својот нутритивен профил, создава услови на киселост или алкалност во телото. Едноставно кажано, алкалноста на телото зависи од она што го јадеме.

    Киселата или алкалната состојба се мери со pH скала од 0 до 14, каде што 7 е неутрална зона. Од 0 до 7 е кисела и од 7 до 14 е алкална. Нашите клетки, со цел да бидат во можност успешно да работат, треба да имаат благо алкална pH вредност, за нијанса над 7. pH вредноста на крвта кај една здрава индивидуа се наоѓа помеѓу 7,40 и 7,45. Крвта постојано се регулира самостојно со цел да се спречи метаболичка киселост. Сепак, некои видови на храна ја закиселуваат крвта и на тој начин го "загадуваат" телото.

    Која храна го закиселува организмот?


    ● Рафинираниот шеќер и сите негови деривати. Тој е најлош случај од сите, бидејќи не содржи протеини, масти, витамини и минерали, туку само рафинирани јаглехидрати, кои предизвикуваат оштетување на панкреасот. Неговата pH вредност е 2,1 (Многу кисела).
    ● Месо (сите видови).
    ● Производи од животинско потекло - млеко, сирење, павлака, јогурт, јајца и сл.
    ● Рафинирана сол.
    ● Рафинирано брашно и сите негови деривати, како што се тестенините, колачите, бисквитите и сите слични производи.
    ● Леб, маргарин, кофеин, алкохол, тутун.
    ● Сите индустриски обработени производи и конзервираната храна која содржи конзерванси, вештачки бои, ароми, стабилизатори, и тн.
    ● Синтетички антибиотици и, генерално, сите фармацевтски лекови.

    Храна и навики кои алкализираат


    ● Било кој свеж зеленчук. И покрај тоа што некои имаат кисел вкус, во телото се менуваат и стануваат алкални.
    ● Свежо овошје. На пример, лимонот во внатрешноста на телото има многу висок степен на алкалност, па не треба да ве измами неговиот навистина кисел вкус.
    ● Бадеми. Тие се исклучително алкална.
    ● Од интегралните житарки, единствена алкална е само просото. Сите други се благо кисели, но кај "идеалната" исхрана треба да биде биде присутен и одреден процент на киселост (20 oтсто).
    ● Мед. Тој има многу висока алкалност.
    ● Хлорофил. Зелените растенија содржат хлорофил, кој е многу алкален.
    ● Вода. Тоа исклучително важна за производството на кислород. Затоа секогаш останете хидрирани и пијте мали голтки вода во текот на целиот ден.
    ● Вежбање. Вежбањето ќе ви помогне во одржување на алкалноста на телото, бидејќи ќе ви помогне за обезбедување на кислород низ целото тело. "Седечкиот" начин на живот го уништува здравјето.

    Хемотерапијата ја зголемува киселостана организмот

    Хемотерапија го закиселува телото до степен до кој тоа треба да прибегне кон алкалните резерви на телото, со цел да се неутрализира киселоста жртвувајќи ги минералите (калциум, магнезиум, калиум) вградени во коските, забите, екстремитетите, ноктите и косата. Поради оваа причина, ние гледаме промени кај лицата кои примаат хемотерапија, вклучувајќи го и губењето на косата. Другите лекови исто така, може да ја влошат киселоста на телото, и треба да се избегнат колку што е можно повеќе.

    Исправна рН вредност

    Како што е наведено, сосема е невозможно да се случи рак кај некој кој се храни со здрава храна, пие многу чиста вода и редовно вежба.

    За да се исхранувате правилно, обезбедете си 80 отсто алкална исхрана и избегнувајте ги производите кои најчесто се кисели, како што безалкохолните пијалоци, бонбоните, слатките, месото, млекото, јајцата и грицките. Не злоупотребувајте ја солта и користете ја колку што е можно помалку - најмногу половина грам на ден нерафинирана сол.

    Ако веќе се борите со канцер, совет е да го алкализирате телото што е можно повеќе. Тоа може да се постигне со голема брзина со помош на природни свежо исцедени сокови од овошје и зеленчук, елиминирање на користењето на сите форми на отрови, практикувајте топло-ладен туш и редовна физичка активност.
     
    На Mese4ka92, KidA и MIA-SK им се допаѓа ова.