1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Има ли лек за ракот?

Дискусија во 'Алтернативна медицина' започната од RainBow, 10 април 2011.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.097
    Голем дел од парите донирани за истражување на ракот се трошат за истражувања на животните, кои од самиот почеток се осудени како трошење на време и на ресурсите.
    Како илустрација може да послужи Конгресното сведочење на Др.Ирвин Брос во 1981, поранешен директор на Слоан-Кетеринг, најголмиот институт за истражување на рак во светот, и директор на Биостатистика на Розвел Парк Меморијал Институтот за Истражување на Рак,Бафало Њу Јорк:”Бескорисноста на голем број студии со животните е помалку позната.На пример, откритието на хемотераписките дејствувачи за лечење на човековиот рак е прогласено како триумф поради испитувањето врз животните.Сепак, повторно овие преувеличени тврдења доаѓаат или се потпишани од истите луѓе кои ги добиваат федералните долари за животинските истражувања.Има мал, ако воопшто го има, доказ кои би ги подржал овие тврдења. Навистина, додека резултатите од животните се често задоцнети или попречени успеси во војната со ракот, тие никогаш немале ниту еден значаен успех било во превенцијата или пак во лечењето на ракот. За илустрација, практично сите хемотераписки дејствувачи кои се од некоја вредност во лекувањето на човековиот рак се откриени во клинички контекст а не во студиите со животните.”
    Всушност, многу супстанци кои предизвикуваат рак се означени како “безопасни” врс основа на тестовите врз животните.Како што има изјавено Др.Вернер Хартингер од Германија во врска со продуктите кои предизвикуваат рак од фармацевската-петро-хемиска индустрија,”Нивната постојана потрошувачка е легализирана врз основа на лажливите експерименти врз животните...што го намамува потрошувачот на лажно чувство на сигурност.”




    Превенција против рак-Промена во нашата исхрана

    Од времето кога за прв пат е дијагностициран ракот(пред околу 300-500 год.) па се до денес,најголемиот број претставници на медицинската професија ја третираат оваа болест користејќи ја теоријата дека туморот е самата болест. Според оваа теорија,ако се отстрани или уништи туморот,ќе се излечи болеста. Одредена група на биохемичари и медеицински доктори открија дека операцијата, хемотерапијата и радиотерапијата не се делотворни-се повеќе и повеќе луѓе умираат од рак секоја година.Беше очигледно за нив дека отстранувањето и уништувањето на туморот не ја излечи болеста, што значи дека туморот не е болест, туку симптом на болеста. Овие научници повторно испитувале и откриле дека телото има природна одбрана против ракот.

    Природна одбрана на телото
    Тие откриле дека клетките на ракот се обвиткани со протеин кој ја спречува природната одбрана на телото да допре до клетките на ракот.
    Било откриено дека ако може да се раскине протеинот од клетката,природната одбрана на телото-белите крвни клетки ќе ги уништат клетките на ракот.Тие откриле дека ензимите што ги лачи панкреасот го разложуваат протеинот и овие ензими во дејство со имунолошкиот систем на телото се првиот степен на одбрана на телото.
    Тие исто така го откриле и вториот степен на одбрана, кој е формиран од група на супстанци познати како нитрилосиди.Клетката на ракот има еден ензим бета-глукозоид, кој, кога ќе дојде во контакт со нитрилосидите, ги претвора во два молекули на глукоза, еден молекул бензалдехид и еден молекул водород цијанид.И бензалдехидот и водород цијанидот се отровни за клетките на ракот.(Во Септември 2000год. Истражувачите од Империјал Колеџот,Лондон изјавија на Британската Асоцијација за Напредок на Науката дека имаат развиено третман користејќи цијанид од жетвен принос за уништување на клетките на ракот.)

    Лекот за рак е најден

    Во раните 1950ти Ернест Т. Кребс,биохемичар од САД, изолирал соединение нитрилосид од јатка на кајсија.Тој го идентификувал како витамин Б17 и ја именувал неговата чиста и концентрирана форма како Лаетрил.Имаше голема возбуда во САД, кога обидите почнаа да покажуваат дека Лаетрилот делува.Но Лаетрилот или витаминот Б17 кои се откриени во храната и кога би се докажало дека ракот не ништо друго туку недостаток на витамин, целата индустрија за рак би се срушила, и повеќе не би се заработувало од лековите за рак.


    Два аргумента постојано беа употребувани против Лаетрилот од страна на медицинскиот естаблишмент.Прво- дека не е делотворен-овој поглед во главно се базира на Калифорнискиот Извештај од 1953 година чијшто заклучок беше
    “Никакви цитотоксични промени не беа забележани од страна на советниците.” Како и да е, ако деталите од извештајот на истражувачите се проучат, оваа изјава би била “огромна лага “.
    Дури и ако пронајдоците на овие истражувачи не се погрешно сумирани, Калифорнискиот Извештај од 1953 година сеуште ќе биде бескорисен како научен факт против Лаетрилот затоа што дозите употребени на пациентите болни од рак беа премногу слаби за да докажат нешто. Всушност, беше околу 1/50 од она што генерално се употребува за да се постигнат оптимални резултати. На почетокот од истра-жувањето, болничарите претпазливо давале само 50-100мг одеднаш.
    Здобивајќи доверба со искуството, овие нивоа постепено беа зголемувани се до 1974 год. кога ЛАЕТРИЛОТ беше употрбуван интравенозно на ниво од 6000-9000 мг дневно. Генерално потребно е акумулација од 50,000-70,000 мг во период од една недела до десет дена пред пациентот да има допирливи знаци на подобрување.

    За време од пет години, помеѓу 1972 и 1977 год. Лаетрилот беше прецизно тестиран во Слоан-Кетеринг Центарот во Менхетен под водство на Др.Сугира.
    Како заклучок од неговиот експеримент тој ги доби следниве резултати:

    1. Лаетрилот го стопира метастазирањето (ширењето на ракот) кај глувци
    2. Ја подобри нивната општа здравствена состојба
    3. Го забави растењето на малите тумори
    4. Обезбеди олеснување на болките
    5. Делува како превенција од рак

    Овие пронајдоци не го задоволија бордот на Слоан-Кетеринг чиј интерес беше да се најде медикамент - лек за рак. Тие нарачаа повторно истражување по истражување изменувајќи ги параметрите се додека не изјавија “лаетрилот не е делотворен.”

    Вториот аргумент употребен против Лаетрилот од страна на медицинскиот естаблишмент е дека содржи цијанид и дека е токсичен. Едно од трите соединенија во Лаетрилот е хидроген цијанид, но тој е токсичен единствено кога е ослободен од комбинираните три соединенија кои го сочинуваат Лаетрилот.
    Трите соединенија споени заедно познати се исто така и како амигдалин чија нетоксичност беше добро познат, потполно прифатен и неконтроверзен факт преку сто години. Преку сто години прирачниците за Фармакологијата ја опишуваа оваа супстанца како нетоксична. Една аналогија дадена од Грифин (Њорлд Њитхоут Цанцер) е за хлорот кој како цијанидот е познат како смртоносен.
    Но кога хлорот хемиски е врзан со натриум формирајќи натриум хлорид, тогаш е релативно безопасно соединение познато како сол. Од друга страна пак, лековите употребувани во хемотерапијата се високо токсични.


    Трите соединенија споени заедно во Витамин Б 17 се безопасни. Што се случува кога овие индивидуални соединенија ќе се ослободат? Карциномната клетка има ензим бета-глукозоид, кој, кога ќе дојде во контакт со Витамнин Б 17, се преобразува во два молекула на глукоза, еден молекул бензалдехид и еден молекул хидроген цијанид. Нормалните клетки го содржат ензимот рходанесе и тој го преобразува Витаминот Б 17 во храна.Овој ензим не се наоѓа во карциномната клетка.Оттука ензимот бета-глукозоид кој се наоѓа во карциномните клетки го преобразува Витаминот Б 17 во отров кој го убива ракот, додека во нормалните клетки ензимот рходанесе го преобразува Витаминот Б 17 во состојки кои ги хранат нормалните клетки.

    Дали Витаминот Б 17 е одговорот?

    Др. Кребс и други истражувачи остануваат на ставот дека ракот е хронична метаболична болест. Хронична болест е онаа која обично не поминува сама од себе. Метаболична болест е онаа која се случува внатре во телото и не се пренесува на друго лице.Други примери се дијабетес, скорбут, пелагра, пернициозна анемија, рахитис, бери-бери. Во историјата на медицинската наука, не постои ниедна хронична, метаболична болест која е лечена или спр-ечена со лекови. операција или со механичка манипулација со телото.Во сите случаеви крајното решение е најдено во факторите поврзани со соодветна исхрана.




    Што всушност претставува ракот (канцер)?

    Покажано е дека карциномните клетки се потполно исти како пред-ембрионалните клетки за време на бременоста.Овие се нормални клетки во текот на бременоста и се наречени трофобласти. За трофобластните клетки се смета дека се вклучени во процесот на лекување.
    Тие се формираат како резултат на верижна реакција почнувајќи со друга клетка идентификувана како диплоид тотипотент, која во себе ги содржи сите одделни карактеристики на целиот организам и ја има способноста да еволуира во било кој орган или ткиво, или навистина, во ембрион.
    Околу 80% од овие трофобластни клетки се лоцирани во овариумите и тестисите, служејќи како генетски резервоар за идното поколение.Останатите од нив се дистрибуирани насекаде во телото, за цел која-што сеуште не е целосно позната, но може да се вклучени во регеренативниот процес на оштетените и остарените ткива.
    Кога телото е оштетено, било да е од физичка траума, хемиска акција или од болест, естрогенот и другите стероидни хормони секогаш се појавуваат во го-ема концентрација, веројатно служејќи како стимулатори или катализатори за клеточно растење и поправање на телото. Диплоид тотипотент клетките се активи-рани во продуцирање на трофобластни клетки кога доаѓаат во контакт со овие стероидни хормони.
    Кога ова се случува со оние диплоид тотипотент клетки кои еволуирале од оплодено јајце, резултатот е плацента и папочна врвца, средства за исхрана на ембрионот.

    Но кога се случува не-полово како дел од процесот на лекување, тогаш се појавува рак, ако процесот на лекување не е стопиран по завршувањето на неговата задача.Кога ракот почнува да се формира, телото реагира обидувајќи се да го запечати и го опкружува со клетки кои се слични на оние на локацијата каде се случува. Израсток е почетниот резултат.
    Обично напорите на телото да го контролира центарот на трофобластите се успешни, трофобластот умира, и бениген полип или друг бениген тумор остануваат како споменик за победата на телото над ракот.
    Под микроскоп, многу тумори личат на мешавина од двата вида клетки- трофобластните и тие што ги опкружуваат; факт кои ги водеше некои истра-жувачи кон предвремен заклучок дека има многу различни видови на рак.
    Но степенот до кој туморите се различни е истиот степен до кој се бенигни; што значи дека тоа е степен до кој има не-канцерогени клетки во него.
    Колку што е поголема малигноста, до толку овие тумори се повеќе почнуваат да личат еден на друг, и се повеќе почнуваат да ги земаат класичните карактеристики на трофобластите за време на бременоста.
    Сите животни имаат милијарди бели крвни клетки, чија функција е да напаѓа-ат и уништуваат се што е туѓо и штетно за нашите тела- луѓето кои имаат нам-ален број на бели крвни клетки, стануваат чувствителни на секакви видови инфекции.
    Оттука се чини логично, дека белите крвни клетки ќе ги нападнат клетките на ракот. Но, клетките на ракот не се туѓи за телото, тие се суштински дел од животниот циклус во бременоста и лекувањето.Како последица на тоа природата ги обезбедила со ефективни средства за избегнување на белите крвни клетки.
    Една од карактеристиките на трофобластната клетка е дека е обвиткана со тенка протеинска обвивка која носи негативен електростатички полнеж.И белите крвни клетки исто така носат негативен полнеж. И бидејќи поларностите се одбиваат , трофобластите добро се добро заштитени. Блокирачкиот фактор не е ништо друго туку клеточното електростатичко поле.
    Дел од природното решение за овој проблем, како што потенцираше професо-рот Биард во 1905, е најдено во десетте и повеќе панкреасни ензими, од кои
    трипсин и кимотрипсин се посебно значајни во уништувањето на трофобласти-те. Овие ензими постојат во нивната неактивна форма (како зимогени) во панкреасот.Само откога ке стигнат во тенкото црево се преобразуваат во нивната активна форма.
    Таму се абсорбирани во крвотекот и стигнуваат до трофо-бластите и ја раскинуваат негативно наелектризираната протеинска обвивка.
    Ракот тогаш е изложен на нападот на белите крвни клетки и тој умира.
    Во бременоста, трофобластните клетки кај ембрионот продолжуваат да растат и да се шират се до осмата недела. Тогаш одеднаш, престануваат да растат и се уништени.Тоа е така затоа што во осмата недела панкресот на бебето почнува да функционира.
    Затоа првата линија на напад против ракот е присуството на доволни количества на панкреасни ензими кои ја уништуваат заштитната протеинска обвивка на канцерогените клетки и ги изложуваат трофобластите на уништувачката сила на белите крвни клетки.
    Ако првата линија не успее, тогаш природата обезбедила резервен механиз-ам.Втората линија на одбрана е витаминот Б 17.

    Операција, зрачење и хемотерапија

    Да видиме што операцијата, зрачењето и хемотерапијата му прават на пациентот.

    Операцијата е најмалку опасна од сите три.Степенот до кој операцијата е ко-рисна е истиот степен до кој туморот не е малиген. Колку поголем е размерот на карциномни клетки во туморот, до толку е помала веројатноста операцијата да помогне. Најмалигните тумори генерално се сметани за оперативно не-изводливи.
    Нема доказ, дека пациентите кои добиваат радикални оперативни опции, живеат подолго од оние кои добиваатт најконзервативни опции или пак од оние кои не добиваат никакви опции воопшто.Се верува дека ја зголемува ве-ројатноста на распространување на ракот на други локации. Кога се работи за внатрешни тумори кои ги зафаќаат репродуктивните или внатрешните органи, статистичката стапка за долготајно преживување е, во просек, 10-15%.После метестазирањето, статистичките шанси за долготрајно преживување се близу до нула.

    Принципот на терапијата со зрачење е ист како со операцијата. Целта е да се отстрани туморот, со изогорување на истиот, наместо со отсекување.Овде ис-то така, првенствено се уништуваат не-карциномните клетки.Колку повеќе е малиген туморот, толку повеќе е отпорен на зрачењето (радиотерапија). Ако не беше така, тогаш зрачењето ќе имаше висок степан на успех- кој, се разбира го нема.Исто така ја зголемува веројатноста на појавување на ракот во др-угите делови од телото.Зрачењето го поттикнува ракот од најмалку 2 фактора.Прво, физички го оштетува телото, кое го активира производството на трофобластни клетки како дел од процесот на лекување.Второ, го ослабува или уништува производството на бели крвни клетки кои го сочинуваат имунолошкиот одбранбен механизам, првата линија на одбрана против ракот.Како и со операцијата, нема солиден доказ дека зрачњето всушност ги подобрува шан-сите за преживување кај пациентот.
    Ги видовме на кратко мизерните резултати добиени од конвенционалната оп-ерација и зрачење.Како и да е, записот од таканаречените антиканцер лекови е уште полош.Примарната причина за тоа е што најголемиот дел од нив,
    кои сеуште се во употреба, се високо отровни, не само за ракот туку и за це-лото тело.Генерално, тие се повеќе смртоносни за здравите ткива отколку за карциномната клетка.Сите супстанции можат да бидат отровни ако се земе-ни во доволни количества.Тоа е вистина за аспиринот, шеќерот, Лаетрилот, па дури и водата.Но, за разлика од нив, антиканцер лековите се отровни, не како резултат од преголема доза или како несакан ефект, туку како примарен ефект.Или со други зборови, анти-канцер лековите се намерно отровни.Тоа е посакуваниот ефект.Овие хемикалии се одбрани затоа што се способни за разликување на одредени видови клетки и, како последица од тоа
    труење на некои видови клетки повеќе од другите.Но, немојте да помислите дека тие прават разлика помеѓу карциномните и некарциномните клетки, убивајќи ги само карциномните клетки, затоа што не прават.
    Клеточните отрови користени во конвенционалната терапија против ракот, денес, не можат да прават разлика помеѓу карциномните и некарциномните клетки.Наместо тоа, тие ги разликуваат клетките што брзо растат од тие што растат бавно или не растат воопшто.Целта се клетките коишто активно се де-лат.Како последица на тоа, тие ги убиваат, не само канцерните клетки кои се делат туку и множество нормални клетки насекаде по телото, кои се фатени во актот на делење.Во случајот на ракот, којшто се дели со иста брзина или дури и побавно од нормалните клетки, не постои дури ни теоретска шанса на успех во убивањето на карцинмоните клетки пред отровот да го убие пациентот.Труење на системот е целта на овие лекови.Токсините ги фаќаат крвните клетки во акт на делење и предизвикуваат труење на крвта.Гастроинтестиналниот систем е ставен во грч предизвикувајќи мачнина, дијареа, губење на апетитот, болки и прогресивна слабост.Клетките на косата брзо растат, па косата опаѓа за време на терапијата.Зафатени се и репродуктивните органи предизвикувајќи стерилност.Мозокот станува уморен. Видот и слушањето се ослабени.Секоја функција е пореметена со таква агонија за пациентот што многу од нив избираат да умрат отколку да продолжат со терапијата.
    Хемотерапијата исто така го поттикнува ширењето на ракот преку слабеење на имунолошкиот одбранбен механизам плус општата токсичност.Го прави пациентот чувствителен на други болести и инфекции, често водејќи го во смрт од овие причини.Екстремно сериозни несакани ефекти.Нема доказ дека третираните пациенти живеат подолго, во просек, од нетретираните пациенти.
    Статистичката стапка на долготрајно преживување по метастазирањето е близу нула.


    Овие луѓе не заболуваат од рак

    Најдобар начин да се докаже или побие теоријата за Витаминот Б 17, е да се земат неколку илјади луѓе, на период од многу години да се изложат на постојана исхрана богата со Б 17 и тогаш да се проверат резултатите. За среќа
    ова веќе се има случено со проучување на следниве култури: Хунза, домород-ните Ескими, Хопи и Навахо Индијанците, Абказианите и членовите на црква-та на седмиот ден - Адвентистите.

    Хунза
    Во далечно место кај Хималаите, помеѓу Западен Пакистен, Индија и Кина постои малечко кралство наречено Хунза.Овие луѓе се познати насекаде
    во светот по нивната неверојатна долговечност и здравје.Тие живеат над 100 години и често се случува татковците да добиваат деца и на 110 години.
    Интересно е да се забележи дека тредиционалната исхрана на Хунзите содр-жи 200 пати повеќе нитрилосиди (храна богата со Б 17) од просечната Амери-канска и Австралиска исхрана.Богатството на луѓето се мери по бројот на дрва со кајсии што ги поседуваат.И најценета од сите храни се смета семето од кајсија.Вообичаено е за Хунзите да изедат помеѓу 30-50 семки од кајсии како ужина после ручек.Илјадниците семки што не ги јадат, тие ги складира-ат или ги мелат многу ситно и ги цедат под притисок за да произведат масло
    кое го користат за готвење или го ставаат на кожата.Кајсијата е главна храна во Хунза.Како додаток на секогаш присутната кајсија, Хунзите во главно јадат жито и свеж зеленчук.
    Важно е да се знае дека кога Хунзите ја напуштаат нивната одвоена земја и ги прифаќаат менијата на другите земји, тие наскоро се подложни на истите бол-ести и слабости вклучувајќи го и ракот, како и остатокот од човештвото.


    Ескими
    Ескимите се друга група на луѓе кои биле набљудувани од медицинските тим-ови многу декади и е најдено дека се потполно ослободени од рак.
    Традиционалната исхрана на Ескимите е неверојатно богата со Б 17 нитрилосиди кои доаѓаат од остатокот од месото на северниот елен и другите животни што пасат, и исто така од икрите на лососот.
    Друг деликатес на Ескимите е зелената салата направена од содржината во желудникот на северниот елен, која е полна со свежа тундра трева.Докажано е дека тундра тревата содржи највисока концентрација на Б 17 во однос на другите треви.
    Интересно е да се забележи дека кога Ескимите го напуштаат нивниот традиционален начин на живот и почнуваат со западната/ модерната исхрана тие стануваат и повеќе подложни на рак од просечниот Американец.

    Хопи и Навахо Индијанците
    Индијанците од Северна Америка се уште една група на луѓе кои не заболува-ат од рак. На 5 февруари 1949 журналот на Американската Медицинска Асо-цијација објави дека тие пронашле 36 случаеви на малиген рак на популација од 30,000 кај Индијанците.На истата популација кај белите луѓе имало околу 1800 случаеви.Истражувачот Д-р Кребс подоцна утврдил дека типичната исхрана кај Хопи и Навахо Индијанците се состои од храна богата со нитрило-сиди како што е касавата.Тој пресметал дека некои од племињата земаат еквивалент на 8000мг Витамин Б 17 на ден во нивната исхрана!!!

    Абказиани
    Абказианите се наоѓаат длабоко во планината Кавказ на северозападниот дел од Црното Море.Тие се луѓе со речиси исто здравје и долговечност како Хунзите.Нивната храна и начин на живот -живеејќи во сурови, нерамни терени
    се скоро идентични.Тие имаат исхрана сиромашна со јагленохидрати, а богата со протеини од зеленчук, минерали и витамини, а посебно со витамин Б 17.

    Адвентистите на Седмиот Ден
    Многу тврдат дека горенаведените раси и култури се резултат на примитивни групи кои не се изложени на истите канцерогени како што е модерниот човек. Многумина велат:”нека го дишат истиот загаден воздух, ги пушат истите цигари, ги голтат истите хемикалии додадени во нивната храна и вода или ги користат истите сапуни и дезодоранси и тогаш да видиме како стојат работите?”

    Тоа е валиден аргумент.За среќа, благодарение на Адвентистичката Црква на Седмиот Ден, горенаведеното прашање е одговорено.Адвентистите на Седмиот Ден живеат околу нас и во сите делови на светот.Студиите спроведени на членовите на Адвентистичката Црква покажаа дека Адвентистите имаат 50%
    помалку шанса да заболат од рак.Тое е добро познат факт во денешно вре-ме.Само пребарајте на интернет и ќе добиете различни извори кои го потврдуваат тоа. Адвентистите имаат ист пол, години, социоекономски, образовен, професионален, етнички и културен профил како и модерниот човек, па сепак имаат 50% помалку шанси да заболат од рак затоа што ги следат Библиските Принципи за Изобилен Живот со применување на вегетаријанската исхрана и применување на среќен здрав начин на живот. Како резултат на тоа, тие просечно живеат 12 години подолго од просечниот модерен човек.

    Причината зошто Адвентистите не се 100% ослободени од рак, како што се Хунзите, е поради следново: 1) Многу членови кои се придружуваат на црквата имаат модерен начин на живот и ја јадат западната храна и откога ќе стан-ат Адвентисти продолжуваат да ја јадат таа храна 2) Зеленчукот и овошјето не се посебно бирани за да содржат Б 17 3) Не сите Адвентисти се придржуа-ат на вегетаријанската исхрана.


    Храна која содржи Б 17 (Нитрилосиди)

    Витаминот Б 17 го има во изобилство во дивата природа. Б 17 има горчлив вкус и затоа со човековиот напор да го подобри вкусот и мирисот за негово задоволство, ги елиминирал горките супстанции како Б 17 со селекција и вкрстување. Голем дел од припитомената храна, сеуште содржи Витамин Б 17
    затоа што не се користи во исхраната на модерниот човек како што се семките од кајсија.Листата подолу е процена на најчесто користената храна.Имајте на ум дека тие се само просек и дека овие примероци многу варираат во зави-сност од разновидноста, местото, почвата и климата.

    Ранк
    Висок-над 500мг нитрилосиди на 100г храна
    Среден-над 100мг на 100г храна
    Низок-под 100мг на 100г храна

    Овошје Ранк Семки Ранк

    Капини-диви................висок Јаболкови семки...........висок
    Капини-домашни.........низок Семки од кајсија............висок
    Рибизли........................висок Семки од цреша............висок
    Брусница......................низок Ленено семе................среден
    Шведска Просо...........................среден
    брусница......................висок Нектаринки.(семки)......висок
    Бозгел........среден до висок Праски (семки).............висок
    Црничка.....................среден Круша(семки)...............висок
    Дуња..........................среден Слива (семки)...............висок
    Малина......................среден Тиква (семки).............среден


    Легуминози Ранк Јаткасто овошје Ранк
    (сурово)
    Црн грав...................низок Горчлив бадем................висок
    Папуда......................низок Индиски орев..................низок
    Леблеблија.....низок до ср.
    Грашок.....................низок
    Црвен грав......низок до ср.
    Леќа........................среден

    Листови Ранк

    Алфалфа................висок
    Листови од репа
    цвекло.....................низок
    Еукалиптус.............висок
    Спанаќ....................низок
    Поточарка..............низок

    Според Др.Кребс, нам ни е потребно минимум 100мг од Витаминот Б17 дневно(тоа е еквивалент на седум семки од кајсија) приближно, за да имаме живот без рак.
     
    На anste, Feminkaa, LivingGlam и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    За витаминов ми имаат кажано, за неговото влијание, сепак уште нешто што е на дофат на рака, а сосем сигурно за заштита од рак.Многу значи здравата исхрана која е всушност лек за се, на која треба да и се посвети големо влијание.Колку и да го кријат лекот, пак ќе излезе на виделина, така да џабе им е се што и да прават.Колку човек се грижи за себе си, толку подобро.
     
    На tra му/ѝ се допаѓа ова.
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Има лек, ама за жал на Куба. Тоа се плус природни лекови кои ефикасно лечат. Но, сега за сега дистрибуција низ светот нема ... знаеме политиката каква е кога се работи за ова. Затоа кој има финансии најдобро да оди таму, без проблем добива лек.
    Има пример од наши роднини блиска роднина е со тежок стадиум и тоа на панкреасот, била пред неколку месеци на Куба, примала терапија и рекла дека навистина се осетила многу подобро. Меѓутоа да можела со време да оди може и би се излечила. И од др луѓе имам слушнато дека навистина многу заболени од рак бараат спас таму.
     
    На tessie и Divajn им се допаѓа ова.
  4. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cocoa

    Cocoa Активен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Здраво девојки! Видов дека барате алтернативни решенија, па зашто немам многу време, решив накратко нешто да додам. (Во наредниот период ќе се потрудам да пишам подолго, зашто веќе една година го проучувам овој проблем.)

    Всушност, се разбира дека постои природен лек за ракот, со чија помош се излечиле многу пациенти. Некако, не е многу распространето како информација, зашто сме сведоци дека медиумите не се заинтересирани за вистината, туку ги заблудуваат луѓето и ги затупуваат уште повеќе...

    Најефективниот лек за рак е наречен Герсон терапија, кој се состои од посебна диета, практикување на клизми со кафе и пиење на цедени сокови. Сите болести, вклучително и ракот, доаѓаат од загаденоста на дебелото црево, па така токсините кои се наоѓаат таму преку крвотокот одат до органите.

    Ова е линк од еден МНОГУ добар филм за Герсон терапијата и таму ќе дознаете СЕ!
    http://www.youtube.com/watch?v=QZMsYP38Whk

    Во наредната прилика, ќе пишам нешто подолго. Се надевам дека ова ќе му биде од помош на некого... :angel: :angel:
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    За човеков прв пат слушам сега.
    Ама малку сомнително е тоа што одма бил прогласен за лудак (наместо да му се даде време да се докаже) и тоа што имало неколку обиди за атентат врз него (такви атентати имало и врз други луѓе кои покажале огромни откритија, светски заговори, со кои се прават огромни профити на штета на здравјето на луѓето).
    Сето тоа ми кажува дека има нешто.

    Ама едно ми е јасно, дека досега лек за ракот или е најден или можеше да да се најди.
    Но, колкави профити се прават од ракот? Огромни, зошто за целокупното лечење, терапии, лежење в болница, испитувања, се трошат ненормално многу финансиски средства.
    А, некому профитот му е побитен од страдањето, болката и животот на другите...
     
  7. vesnaplazma

    vesnaplazma Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    110
    Ma kakov b17,imav roditel sto 7 god.se borese so ovaa bolest.piese i biocil,varumin,ge132,i od amerika poracavme i b17.i i sto uste ne ,se sto slusnavme.mozebi nesto od seto ova mu gi prodolzuvase denovite ,no ne go izlecija.a lekot mozebi e na dofat,no se e biznis.pari se pravat od bolnite,za stramota i za grevota. ;(
     
  8. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.747
    Ја видов темава и ми текна да ставам еден текст што го прочитав пред некое време. :)

    ПОЛОВИНА ВЕК СТАР ГЕРМАНСКИ РЕЦЕПТ ПРОТИВ РАКОТ

    Германската биохемичарка д-р Јохана Бадвиг уште во педесеттите години од минатиот век, кога била вработена во германската агенција за одобрување начини на лекување, во текот на своите истражувања забележала дека, без исклучок, кај канцерогените клетки и воопшто во крвта на заболениот човек од канцер има недостиг од некои есенцијални елементи, како фосфатиди и липопротеини. Без овие состојки, клетката на ракот се однесува диво, расте и се размножува без контрола. Сторијата ја пренесува Нова Македонија - ви пренесуваме и ние дел од неа.

    д-р Бадвиг пронашла чудна зеленикаво-жолта супстанција во крвта на болниот од рак. Овие сознанија ја одвеле биохемичарката кон натамошни истражувања. Кога во организмот ќе се внесат фосфатидите и липопротеините, чудната жолто-зеленикава течност во крвта постепено станувала здраво црвена, слабоста и анемијата исчезнувале, а животната енергија се враќала. Уште повеќе, д-р Бадвиг утврдила дека се враќа во нормала и дисфункцијата на црниот дроб и дека се ублажуваат и проблемите со дијабетесот.

    Според неа, проблемот се решава со помош на масни киселини што се сметаат за есенцијални, а имаат најмалку 18 јаглеродни атоми во јаглероводородниот синџир. Такви масни киселини содржи маслото од лен, кое не смее да биде загревано или обработувано на начин што ќе доведе до нарушување на синџирот. Токму тука, според д-р Бадвиг, лежи и еден од проблемите на современиот човек: неговата исхрана често е составена од материи што за да имаат поголем рок на траење се обработуваат на начин што не само што ги елиминира од групата здрави продукти, туку од нив создава штетни продукти.

    „Во индустриското производство на масти и масла ништо се нема изменето, бидејќи тие носат милијарди долари, а на индустријата никој не ѝ дава ништо за да воведе нешто ново. Тоа е и разбирливо.

    Таа смета дека рекламирањето на маслиновото масло не е сосема во ред. Според неа, во тоа масло најголем удел има олеинската киселина со синџир од 18 јаглеродни атоми, но организмот на човекот на кој му недостигаат есенцијални масни киселини не може да ја аспорбира олеинската киселина, па маслиновото масло не помага. Најкорисна, вели д-р Бадвиг, е линолната киселина, а неа ја има во ленот. За да функционира како материја што може да ги елиминира болните клетки од организмот, на споменатата киселина ѝ е потребна набиена сулфхидрилна група од протеини.

    Нивниот спој создава липопротеини што можат да го спасат организмот од туморите. Тоа значи дека ленот и маслото од лен, иако и сами по себе имаат антиканцерогени својства, а можат да помогнат и за спасување на крвните садови што станале тврди и лесно кршливи, не се во состојба самостојно да му помогнат на пациент што веќе е заболен од рак. За да се случи тоа, потребно е маслото од лен да се измеша со младо кравјо сирење, така што би се добила единствена маса. Нивниот спој ги создава потребните елементи и истовремено овозможува нешто што исто така е клучно – пренос на тие елементи до болните клетки.

    Основниот рецепт е доста едноставен:

    125 грама младо кравјо сирење се мешаат со миксер со три супени лажици ленено масло, сѐ додека не се добие маса во која нема да се препознава маслото. Тоа се консумира двапати дневно. Кај голем број пациенти е потребно време на приспособување, бидејќи можно е маслото да предизвика одредени стомачни непријатности. Најдобро е ако се почне со една супена лажица, па како што организмот ќе се привикнува така да се зголемува дозата додека се стигне до три лажици.

    Овој рецепт може да се користи како превентива и евентуално кај болните во ран стадиум. Д-р Бадвиг не го претпочита паралелното користење на традиционалната терапија, но постојат сведоштва на луѓе што се излечиле истовремено користејќи хемотерапија и основниот Бадвигов рецепт.

    Сепак, само по себе, ова не е доволно. Ова не е „сребрен куршум“што ќе го убие ракот, иако и тоа се случувало. Нејзината програма е многу посложена и опфаќа комплетна диета, особено за болните во подоцнежни стадиуми. Сето тоа таа детално го објаснува во својата книга „Рак, проблем и решение“ и „Маслено-протеински готвач“.

    Двете книги лесно можат да се најдат на Интернет. Според готвачот, на пример, за појадок може да се ползува следната рецептура: сезонско овошје се меша со две супени лажици мелено ленено семе и со една супена лажица мед, а потоа врз таа смеса се прелива масата добиена со мешање на младото кравјо сирење и лененото масло. Нејзината исхрана се смета и како вистинска помош за зачувување на крвните садови, нешто за што современата медицина навистина нема лек, освен оперативен третман.


    Овие редови коишто се однесуваат на добивање масни киселини од младо кравјо сирење и ленено масло немаат за цел никому да му дадат лажна надеж, ниту да му препорачаат начин на лекување. Најмалку се совет некој да се откаже од лекувањето на класичната медицина. Ова се редови што можат да послужат само како информација, а одлуката за евентуална примена на рецептот секој може да си ја донесе врз база на сопствен заклучок, одговорност и консултација со лекар.

    http://mkd-news.com/polovina-vek-star-g ... tiv-rakot/
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. orhidea242

    orhidea242 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    178
    Дали некој слушнал за хомеопатско лечење на ракот со петролеј.Ако некој знае нешто ве молам пишете и ако некој знае каде може да се набави чист петролеј,
     
  10. enamorena

    enamorena Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    mojata majka bese na zracenje zaradi toa sto ja lazea 4 godini deka nema potreba od operacija i koga vidio posle tolku vreme sto se sluci ja pratija na hemoterapija i posle nekolku zracenja celo telo i bese so plikovi kako izgorenici i imase uzasni bolki pa morase narkotici za bolki da pie i oslabe moze edno 50kg i ostana samo skelet od nea..potoa izleze deka zracenjata ne pomognale,i kako sto se vide i se vlosi sostojbata premnogu..jas ja izgubiv majka mi posle godina ipol paralizirana vo krevet sto lezese so vlosenite rani od zracenjeto... znam kolku ti e tesko samo bi ti preporacala da gi cita knigite na Djozef Marfi Mokta na isceluvanjeto i Mokte na potsvesta veruvaj ke ja potkrepat mnogu psihicki i ke i bide podobro..veruvaj ovie knigi cuda pravat..odi vo crkva moli se i veruvaj vo nejzinoto zdravje samo taka ke i pomognes. pozd:)
     
  11. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Петролеј или газија е отровно ако се пие или вдишува. А и самата е канцерогена супстанца, порано кога користеле газиени ламби имало ризик во исчадувањата кои се испуштаат од ламбата.
    Што значи нема резон да се употребува како лек за рак.
    Ако е хомеопатско, односно ако е разредена во вода, и тоа нема резон.

    Тешки се овие ситуации, ама не се лажете по бабини деветини. Чарето барајте го во лекарите, немојте да се ограничувате на едно мислење. Ако не сте задоволни побарајте мислење од друг лекар, ама пазете се од нестручност.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. orhidea242

    orhidea242 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    178
    http://zelenenovine.wordpress.com/zelen ... je-jeftin/
    Има многу статии на интернет и искуства од луге што го користеле.а и побарав совет од некој сто го користел или има слшнато некој да го користи.Ако може да ми помогне некој со искуство фала.
     
  13. marionka--lek

    marionka--lek Активен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    zdravo lekot za varova voda e sledniot :
    5l (pet litra ) voda se stava prvo , potoa se stava pola kilo var i taka se mesa , otkoga ke se izmesa t.e izgase varta stoe bez mesanje edna nok , utreto samo vodata nad varta se cade preku gaza bez da se mesa i stoe vo frizider izleguva okolu tri litra moze i pomalku i se koristi na sledniot nacin se pie samo nautro na gladno srce 2oo ml edna casa od 200ml i tri casa nisto netreba da se jade ,,taka se piat 4(cetiri) dozi ,,dokolku nemozete odma da go prifatete vkusot moze da se pie 100ml varova voda mesano so 100ml jogurt ete toa e lekot pijte i bidete uporni lekot ne e vkusen isto kako i bolesta no e ispitan i od se srce sakam da vi pomogne duri ova e dobro i za zdravi luge vo mali dozi pozzzzz :) :) :)
     
  14. belomorka

    belomorka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    23
    и јас баш вчера слушнав за лекот со варова вода и за лекот со газјето.
    и за двете бев зачудена. Што се однесува за газјето, нетреба да се пие она од продавница за бои и лакови, постои гаје прочистено од мирис кое се продава во аптека, за кај нас незнам знам дека го има во нови сад. А најдобро е од Албанија директно откаде сто се ресурсите, го заборавив местот како се вика и се пијат по 15 капки мислам на коцка шеќер.
    а што се однесува до водата, вчера една блиска пријателка која е многу голем скептик за вакви работи, ми кажа дека нејзина познаничка која била отпишана од онколозите, ја пиела варовата вода и сега е супер.
    инаку варовата вода не е штетна тоа е калциум колку што се разбирам јас.
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.097
    Причината за заболување од рак е одамна откриена, но е скриена од јавноста!


    Основната причина за ракот и официјално била откриена пред 1923-та година, а пронаоѓачот во 1931 година за ова свое откритие добил Нобелова награда за медицина. Сепак, сосема мал број на луѓе во светот знаат за тоа затоа што вистината била скриена од јавноста.

    Во 1931 година, германскиот научник Ото Хенрих Варбург (1883-1970) добил Нобелова награда за мир за пронаоѓање на основната причина за ракот, па така, тој открил дека оваа болест е резултат на анти-физиолошкиот начин на живот, односно исхраната богата со намерници кои скиселуваат и недостатокот од физичка активност, што на крајот во телото создава кисела средина недоволно снабдена со кислород.


    Надворешната киселост го истиснува кислородот од клетките, па токму тоа и ја создава киселата средина. Др.Варбург рекол: "Недостатокот на кислород и киселоста се две страни на ист медал, па ако некој го има едното, тогаш го има и другото! Така, доколку на здрава клетка одземете 35% од нејзиниот кислород, истата можете да ја претворите во клетка на рак за само два дена. Единствено клетките на туморот можат да живеат без кислород. Тоа е правило без исклучок!", тврдел Варбург.


    Ракот е одбранбен механизам на организмот против киселоста

    Во своето дело Метаболизам на туморот, др.Варбург покажал дека сите канцерогени облици исполнуваат два основни услови: крвна киселост и недостаток на кислород. Така, тој открил дека туморските клетки се анаеробни, односно не апсорбираат кислород и истите не можат да преживеат во високи концентрации на кислородот, туку можат да постојат само со помош на глукозата и во средина без кислород.

    Всушност, карциномот не е ништо друго освен одбранбен механизам кој што нашите клетки го користат за да преживеат во кисела средина без присуство на кислород.


    Киселоста и алкалноста на организмот зависи од храната!

    По завршувањето на процесот на варење, храната, зависно од својот нутритивен профил, создава услови за киселост или алкалност во телото, па поедноставно кажано, алкалноста на организмот зависи од она што го јадеме, а степенот на оваа состојба се мери преку pH вредноста на скала од 0 до 14, каде што 7 изнесува неутралната зона, а од 0 до 7 се смета за кисела средина.


    Се со цел нашите клетки да можат успешно да функционираат тие би требало да имаат pH вредност сосема малку повисока од неутралната 7, па така, кај здрав поединец оваа вредност изнесува помеѓу 7,40 и 7,45. Нашата крв постојано самата се регулира се со цел да не дојде до метаболична киселост, меѓутоа, многу често храната која што ја консумираме ја закиселува крвта и го загадува нашето тело.

    Храна која го закиселува организмот:

    ● Рафиниран шеќер и сите негови деривати! Шеќерот е најштетен затоа што нема белковини, масти, витамини или минерали, туку само рафинирани јаглехидрати, а неговата pH вредност изнесува 2,1 - многу кисело!
    ● Сите видови на месо
    ● Производи од животинско потекло: млеко и сирење, павлака, јогурт и слично...
    ● Рафинирана сол
    ● Рафинирано брашно и сите негови деривати, како што се тестенините, бисквитите, тестото и слично...
    ● Леб
    ● Маргарин
    ● Кофеин
    ● Алкохол
    ● Чад
    ● Сета индустриски преработена и конзервирана храна со конзерванси, вештачки бои, арома, стабилизатори и слично...
    ● Антибиотиците и воопшто, сите лекови


    Храна која го алкализира организмот:

    ● Сировиот зеленчук - иако дел од зеленчукот по вкус е кисел, во телото се менува и станува алкално
    ● Овошје - Лимонот во внатрешноста на телото има висок степен на алкалност, па токму затоа и не треба да се избегнува поради неговиот исклучително кисел вкус
    ● Бадеми
    ● Интегрални житарици - единствено просото е алкализирачка житарица, додека сите останати се по малку кисели, но сепак, идеалната исхрана треба да има и одреден процент на киселост, па токму затоа се препорачува и консумацијата на житарици
    ● Мед
    ● Хлорофил - Зелените билки содржат хлорофил кој што е исклучително корисен за постигнување на алкалност во организмот
    ● Вода... Едноставно, без вода не може да се функционира, а истата е задолжена со создавањето на кислород во организмот, па се препорачува пациентите секогаш да се добро хидрирани, пиејќи по мали голтки вода во текот на целиот ден
    ● Физичка активност - Вежбањето помага при одржувањето на алкалноста на организмот затоа што на тој начин истиот се снабдува со кислород


    Хемотерапијата не ја подобрува, туку ја зголемува киселоста на организмот!

    Хемотерапијата го закиселува организмот до таа мера што тоа мора да посегне по алкалните резерви на организмот, се со цел да се неутрализира киселоста жртвувајќи ги минералите, калциумот, магнезиумот и калиумот, кои се дел од коските и забите, ноктите и косата.


    Токму од таа причина се забележува и појавата на опаѓање на косата кај пациентите кои што подлегнуваат на третман за хемотерапија. Останатите лекови исто така ја зголемуваат киселоста на организмот и токму затоа истите треба да се избегнуваат колку што е можно повеќе.

    Правилен сооднос во pH вредноста

    Како што постојано се нагласува, речиси и невозможно е ракот да се појави кај личност која што се храни здраво, пие многу чиста вода и редовно вежба. Токму затоа, експертите советуваат дека за да се храните правилно, треба да сте сигурни дека 60% од вашата исхрана е алкална и треба да ги избегнувате производите кои што влијаат на киселоста, како што се газираните пијалаци, слатките и брзата храна.


    Се нагласува и дека не треба да се злоупотребува солта, односно дека истата треба да се користи колку што е можно помалку, а во случаи кога се соочувате со некоја болест, исхраната треба да ви биде алкална во 80% од оброците.

    Доколку станува збор за пациент кој се бори со карцином, главниот совет е тоа дека треба телото да се алкализира колку што е можно повеќе, што може да се направи со помош на исхраната, вежбањето, избегнувањето на стресот и дополнителното внесување на хлорофил.


    Мислење на експертите

    ● "Секоја т.н. природна смрт не е ништо друго освен терминална точка на заситеност на телото од киселината", изјавил Џорџ Крили од Кливленд, еден од најпознатите хирурзи во светот.

    ● "Не се важни безбројните имиња на болестите, туку фактот дека сите тие произлегуваат од основната причина - преголемата киселост во телото", вели докторот Теодор Броди во своето дело "Alkalize or Die".

    ● "Зголеменото ниво на киселост во организмот е причина за сите дегенеративни болести. Доколку дојде до нарушување на рамнотежата и организмот започне да ја складира киселоста и токсините во поголема мера отколку што може да лачи, тогаш се јавуваат болестите", вели доктор Роберт Јанг.

    Извор, http://tocka.com.mk/3/102582/pricinata- ... d-javnosta
     
    На mimiiiii, Sexybaby86, tinan и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Мислам дека колку човек и да внимава на себе си, во однос на исхраната, пак нешто нема да е како што треба.Баш вчера прочитав за тоа дека причината за ракот е во киселоста на организмот.Штета, што имало такви луѓе кои внимавале на исхраната, а ракот си го направил своето.Пример, велат јогуртот е здрав, а од една страна се вели дека го закиселува организмот.За месото од одамна е веќе познато дека е главен причинител на ракот....Веќе не е сигурно што се јадеме, секакви констатации ќе се слушне за појавата на ракот, а конкретно се вели дека киселоста на организмот е всушност како одбранбен механизам кој му овозможува на истиот, да функционира во простории каде нема доволно струење на воздухот и др.Ама...ете луѓето умреле, страшно што и млади луѓе, болеста ги коси.Незнам, како не ја снема веќе, нема шанси а да не слушне човек, како млади луѓе ја имаат болеста или некои починале.И да се рече, да се десило еден да страда од таа болест, пример, ама ова на секој чекор.Па барем ако веќе толку им стало до тоа да помогнат некому кажувајки ја причината, да се погрижеле за квалитетот на храната, предвреме, не кога веќе е доцна, па после џабе е се.И таа храна што се јаде, не е сигурно колку е здрава, па сега работава, човек да живее од воздух.Така да, не е до тоа само да се внимава на исхраната, туку до тоа колку истата е здрава.Само изгледа никој не се грижи за тоа, туку важно да се каже причината, откако заминал возот.
     
  17. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.907
    Секако дека има. Мислам апсурдно е на 21 век и се што е постигнато, да викаме дека нема. Што, не можат да го измислат? Како па да не. Лек има, ама мислам тука се гледа и од др. аспект, бројот на населението. Станува се поголемо и мора да смислат начин да држат некоја граница.
     
  18. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Има лек еве јас ќе ви го кажам една моја комшика ни го кажа на нас која се излечи од ракот за само четир месеци пиејќи го ова 500г негасена вар се гаси во 5л вода и пота се меша едно 15 мин одкако ќе се направи сето ова се остава густото од варта да спадне доле и потпа водата се прецедува двапати переку газа и се собира во шише и болниот треба да го пие секој ден два саати пред да јаде и после одкако ќе го испие несмее да јаде исто така 2 саати. Доколку несака да го пие чисто може да го измеша со јогурт. Инаку да напоменам се пие 200мл чаша а доколку е мешано 100мл јогурт 100 мл вар. И верувале или не за 4 месеци нема да има ништо мојата комшика беше пред умирање а сега е здрава и жива
     
  19. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Дали витаминот Б 17 се продава во Македонија?
     
  20. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Витамин Б17 или Амигдалин НЕ ЛЕКУВА РАК. Испитувано е 30 години и не е докажано дека лекува рак, напротив ОТРОВЕН Е.
    Во Америка дури и го забраниле да се продава ова затоа што го користеле разни трчи лажи бајачи, профитери и надрилекари за да земат пари од очајни луѓе на кои им треба помош.
    Еве прочитајте:

    http://en.wikipedia.org/wiki/Amygdalin
    Не е добро вака да препорачувате нешто ако не сте сигурни дека навистина е така. Ова го имав слушнато повеќе пати, ама не сум побарала повеќе за тоа.
    Пред неколку години кога татко ми беше многу болен, му правевме една течност со лушпи од јајца, лимони, и не се сеќавам што стававме друго, ама ова со варта, што е калциумова вода ме потсети дека можеби има некоја врска. Инаку од тоа со лушпите од јајца немаше подобрување.

    Оваа варова вода на српски се вика vapnena voda, а на англиски limewater, и никаде на интернетов не можам да најдам дека некој ја препорачува за лекување рак, никаде. Дури велат дека може да предизвика реакции и иритации.
    Затоа си помислив дека можеби некој лошо преведил од англиски, lime water исто е и лимонова вода, вода со исцеден лимон, а тоа го промовираат како здрав и освежувачки напиток, и можеби така дошло до таа препорака со грешка во преводот, да се пие варова вода.

    Инаку не гледам некој резон како би се користела таа варова вода за да излечи рак. Доколку тоа би било вистина сега таа би се користела секојдневно, или можеби ете барем ќе имаше напишано нешто и на англиски за ова, ама нема ништо.

    Затоа апелирам да не правите секакви непроверени работи кои може да ви штетат на задравјето.

    Инаку ние дома правиме слатко од тиква со варова вода.

    Ако можеш да кажеш нешто повеќе за таа комшивката што се излечила со варова вода. Каков рак имала, дали направила операција, што друго пиела?
     
    На kameron21 му/ѝ се допаѓа ова.