
EnnieFabulous напиша:Воспалението обично се лечи со земање една доза антибиотици. Еден од најпознатите алтернативни лекови (растенија) што се користат при воспаленија на мочните патишта е мечкиното грозје (Arctostaphylos uva ursi). Тоа е зимзелена, многугодишна, разгранета грмушка, висока 20 до 50 cm, која расте на планински места со песоклива и каменлива почва. Исто така како лек против воспалението се користат билните таблети "рентил", составени од неколку билки со диуретично, уроантисептично и спазмолитично дејство (против болки). Тие покажуваат голема ефикасност при воспаленија на мочниот меур, мочните патишта и на бубрезите. Таблетите можат да ги исчитат мочните патишта од бактерии што се отпорни на современата терапија со антибиотици. Moже да се пие и чај од брусница, кој многу помага и при разни воспаленија и инфекции на уринарниот тракт.
kakvi cisti seViiiiip напиша:Имам слушнато дека постои некои микс од чаеви кој помага при цисти на јајници... Ако некој з нае нека ми пише плс, ми треба за мајка миБлагодарам однапред
cvet957 напиша:Не знам колку ке помогне, јас имав раничка и цисти на јајниците.Гинекологот ми препорача контрацептивни таблети бидејки имав и нередовен циклус.Од природните препарати ставав секоја вечер тампон оние што се користат при мензис натопен предходно во кантарионово масло,значи убаво натопено се става вагинално навечер пред легнување.Ова ми се имаше случено одамна но еве сега сум во менопауза и немам ни цисти а раничката одамна ја нема.Нека проба мајкати нема да има никаква штета но само корист, ако не друго барем кантаринот прочистува.Сабајле кога ке го извади тампонот ке види што се има внатре.А инаку цистите ако се водени како ги викаат тие пукаат при мензис и еве јас сум пример навистина ги немам.Пожелно е да може сама да си направи кантарионово масло.Се става само цветот од кантарионот кога е свеж во едно шише од 1,5 л.значи се полни шишето до горе и во него се става литро по можност маслиново ама јас ставив во обичното сончогледово масло се чува 40 дена на потемно место да не биде изложено директно на сонце, се процедува и се користи за се.
Врати се на Алтернативна медицина
Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 7 гости