ТЕМА: Сибирска Аронија - Aronia Melanocarpa

Мислење 05 Јун 2011, 23:53

Сибирската аронија (Aronia Melanocarpa) потекнува од Северна Америка, а покасно е пренесена во Сибир и во северните делови на источна Европа. Индијанците први ги препознале нејзините лековити својства и ја употребувале во исхраната.
Во почетокот на 90-те години на минатиот век, науката се заинтересирала за ова растение и од тогаш почнуваат голем број студии во САД, Русија и Полска за нејзините лековити својства, па така набргу добива статус на лековито растение. Зрелите продови на сибирската аронија содржат големи количини: биофенол, танин, катехин, флавонид, антоцијанин, фолна киселина, витамин А и Ц, Б2, Б6, Б9, Е и многу реткиот витамин П, како и бетакаротин, калиум, калциум, железо, манган молибден, јод и фосфор, огромна количина на танин и флавонид, каде главна улога има антоцијанинот, и ја прави Сибирската аронија најјак досега познат антиоксиданс.

Лековити својства и примена

- Антиканцерогено дејство - ги убива малигните клетки во голем процент, кај туморите на мозок, бели дробови, дебело црево и црн дроб (антоцијанин и проантоцијанидин) .

- Антиоксиданс - го спречува создавањетона слободни радикали и дегенерацијата на здравите клетки во човечкото ткиво и крвната плазма, а со тоа го успорува стареењето на орга
низмот (танини, флавониди, витамин Ц и Е).

- Глава - ја подобрува циркулацијата на крвта во крвните садови на главата и помага кај главоболка и мигрена, го спречува развиваето на атеросклероза и создава силна заштита од појава на деменција и Алцхајмерова болест (антоцијанин, витамин Р).

- Срце - го намалува крвниот притисок, го враќа лошиот холестерол во нормала и го поттикнува зголемувањето на добриот, овозможува брзо опоравување после срцев и мозочен удар, го регенерира артериското мускулно ткиво и ја зголемува еластичноста на артериите, ја подобрува прокрвеноста на миокардот и создава потполна заштита од зачепување(антоцијанин , биофеноли, витамин Р).

-Уринарен тракт - лечи уринарни инфекции и воспаление на простата (5-10 пати поефикасно од канадска брусница).

-Јакнење на имунитетот - спречува бактериски и вирусни инфекции(настинка грип)...(биофеноли, витамин С).

-Ендокрини жлезди - го подобрува лачењето на хормони и ја регулира работата на тироидеата, го го мрегулира нивото на шеќер и хемоглобин во крвта, работата на панкреасот и лечи дијабет. Соржи многу редок овошен шеќер СОРБИТОЛ со што ја помага диететската исхрана.(сорбитол, антоцијанин)

-Крв и крвни садови - ја чисти крвта, ја подобрува крвната слика, го намалува притисокот, го намалува холестеролот и го регулира шеќерот, ја зголемува еластичноста на крвните садови и спречува стварање на емболија, атеросклероза и ги намалува тегобите кај проширени вени. (флавониди, витамин Р, проантоцијанидин, биофеноли)

-Желудник - ги смирува грчевите и болките во желудникот, го смирува воспалението на слузницата и помага кај чир на желудник.(антоцијанин)

-Црева - ги смирува грчевите и болките во цревата, воспалението на слузницата и спречува проливи.

-Црн дроб и жолчка - ја подобрува работата на црниот дроб и излачувањето на жолчката, го чисти црниот дроб од маснотии ,го лечи ирегенерира воспалението на жолчната кеса и жолчните патишта, жолтица, песок и камења во жолчката. (феноли, флавониди)

-Очи - го подобрува видот, ги лечи дегенеративните промени на макулата, ги штити очите од UV зрачење, спречува катаракта. (антоцијанин, витамин Р, бетакаротин)

-Кожа - ја зголемува еластичноста и го намалува присуството на брчки и стрии, ги отклонува темните флеки од сонцето и пукнатите капилари, ја освежува кожата и го забавува стареењето. (витамин Е, бетакаротин, флавониди)

-Чистење на организмот - се врзува за тешките метали и радиоактивните елементи и го овозможува нивното излачување, што е од најголема корист после изложувањето на зрачење и радиотерпија.(масовно користење после несреќата во Чернобил за намалување на тегобите на најизложените службени лица)

-Го намалува времето на зарастување на рани и врши дезинфекција вo во постоперативниот период. (биофеноли, витамин Р, С, Е)


Освен ова, истражувањето на руските научници покажува дека тоа овошје го активира излачувањето на тешките метали и некои радиоактивни елементи од телото. Поради превентивното и лековитото дејство на зрелите плодови на аронијата, руските научници аронијата ја вбројуваат меѓу лековитите билки. Познато е дека после нуклеарната катастрофа во Чернобил, плодовите на аронијата биле користени за ублажување на здравствените тешкотии на озрачените. Секако сокот, односно чајот од аронијата е многу лековит и закрепнувачки напиток, што се препорачува на старите, исто така и на младите. Нема негативни ефекти, во секој случај поволно делува на имунолошкиот систем, на отпорноста на организмот и подобрување на крвната слика.
Освен сокот и чајот, од овие скапоцени плодови се подготвуваат и вкусни мармалади, компоти, овошни каши,желе, сирупи и разни овошни слатки работи, а кај мешењето со друго овошје добиваме богата арома и убава темна боја. Зрелите, слаткасто киселкасти плодови на аронијата можат да се јадат свежи без ограничувања,а можат да се замрзнат. Плодовите се многу вкусни и кога ќе се вмешаат со јогурт, свежо сирење и други млечни продукти. Поради големото количество на пектин кој што лесно желира, плодовите на аронијата посебно се вкусни подготвени како мешана мармалада со круши, рибизли и кајсии. Плодовите можат да се исушат и да се сомелат и како брашно да се додадат за леб, печива и колачи. Од плодовите на аронијата можат да се подготвуваат овошни напитоци, ракија, ликер, вино и оцет, а може да се употреби и како прехрамбена боја за жиговите на месо.

Важност на ОРАК-антиоксидантниот капацитет.

ОРАК (антиоксидантен капацитет е единица за мерење на вредностите на антиоксидантите во храната). Секоја секунда, во човечкиот организам, секоја келија е нападната со илјадници слободни радикали. Оштетувањата кои што настануваат со текот на времето поттикнуваат и создаваат подлога за развој на многу хронични болести, како што се невродегенеративни и канцерогени заболувања. Слободните радикали се создаваат како резултат на процесот на оксидација на клетките. Поточно антиоксидансите се тие што ја спречуваат оксидацијата на клетките во организмот и создавање на слободни радикали, а оние што веќе постојат ги неутрализираат.
УСДА-министерството за земјоделство на САД објавило дека 100 гр.плод од аронијата содржи 16100 ОРАК единици, а препорачаната дневна доза е 3000-5000 ОРАК единици за да се обезбеди оптимална антиоксидативна заштита на човековото ткиво и плазмата, што одговара на 0,1-0,2 дл концентрата на сибирската аронија.
Во научните студии е објавено дека вкупниот антоцијанин (најважниот антиоксиданс) што го содржи аронијата изнесува 1480 мг.на 100 гр.свеж плод и 664 мг.проантоцијанидин на 100 гр. што е многу висока концентрација. Докажано е дека проантоцијанидинот што го содржи аронијата помогнал во спречувањето на развитокот на малигни клетки при тумор на белите дробови, на дебелото црево и кај леукемијата, без да ги оштети здравите клетки.
Пилкингтон, Ропаи и другите соработници на Универзитетот во Мериленд, во својата студија покажале дека кога се користи екстракт на плодот на аронијата во лекувањето при високо развиен тумор на мозокот, за 24 часа биле неутрализирани 60% малигни клетки.

ЛИЧНО ИСКУСТВО

Џон Сејлор, стар 50 години, земал лекови против многу висок крвен притисок,дијабетес,а исто така имал и хепатитис С. Најлошо било кога му рекле дека има малигни тумор на црниот дроб, поради што му е отстранет дел на дробот.После операцијата,дробот не функционирал нормално.Му сугерирале да изврши трансплантација, како единствено можно решение. Изгубил 32 кг. во болницата.Се вратил дома со тежина од 44 кг. Имал асцит, состојба кога во стомачната празнина се собира течност, па поради тоа морал редовно да оди на дренажа.Бил многу слаб, со чувство дека при секое вдишување воздух тоа му е последно. Немал веќе ни енергија и бил сигурен дека нема да може да ја преживее трансплантацијата на црниот дроб.Поради слабата здравствена состојба, се чинело дека му гасне животот, со што се согласувале сите луѓе околу него.
Тогаш се појавил некој пријател и му раскажал за лековитоста на аронијата меланокапа. Му препорачал да зема аронија, бидејќи може да му помогне.Тој мислел дека пријателот го загубил разумот бидејќи сметал дека за него нема лек.
Немал што да изгуби,па почнал да зема по 28 гр.свежи плодови аронија секој ден.Полека почнала да му се враќа снагата и тежината. Се чувствувал се подобро. Кога го видел докторот бил многу изненаден и само му рекол: - „Што и да си земал, продолжи понатаму. Изгледа тоа функционира.“
Црниот дроб започнал да функционира, а асвитесот сосема исчезнал.Крвниот притисок се нормализирал без терапија со лекови, а дијабетесот го снемало. Продолжил со земање на ова моќно зрнесто овошје и се уште зема по 28 гр. секој ден. Сега тежината му е 80 кг.и се чувствува одлично. Негова сугестија е да не се потценува моќта на ова овошје. Таа е вистината. Тој додава дека неговото искуство е доказ за тоа.Исто така тој гарантира дека секој што ќе зема по 28 гр. плодови од аронија секој ден во период од 6 месеци, ќе види каква разлика ќе направи во неговиот живот.
Ова искуство оставило силен впечаток кај него, така што тој продолжил да ги иследува лековитите својства на ова растение. Денес тој е најголемиот одгледувач на сибирска аронија во САД и нејзин преработувач.
Аватар на корисникот
La.Reina.Del.Sur

Жолто цветче
 
18321051
Мислења: 1254
Зачленет: 01 Мај 2011, 23:53
Локација: Во кревет со Jencarlos Canela
Флертот со забранетото не носи до бакнежот на смртта...

Мислење 16 Јун 2011, 15:26

Јас имам засадено во дворот. Многу е лековито тоа овошје а и убаво е за јадење. Нешто како брусница-боровинка такво е бобасто овошје и расте како грмушка не е дрво. Се сади во доцна есен - Октомври и веднаш наредната пролет почнува да раѓа плодови.
Знам дека е многу добар антиоксидант....да не повторувам се убаво е објаснето погоре
Аватар на корисникот
slavica999

Жолто цветче
 
1172496
Мислења: 2325
Зачленет: 27 Дек 2009, 01:31

Мислење 22 Авг 2011, 23:20

slavica999 напиша:Јас имам засадено во дворот. Многу е лековито тоа овошје а и убаво е за јадење. Нешто како брусница-боровинка такво е бобасто овошје и расте како грмушка не е дрво. Се сади во доцна есен - Октомври и веднаш наредната пролет почнува да раѓа плодови.
Знам дека е многу добар антиоксидант....да не повторувам се убаво е објаснето погоре

Tе молам да ми одговориш од каде ја најде, дали ја купи, дали може да се најде во продажба, на пазар? Имам место во дворот за да си посадам.
Однапред благодарам.
Аватар на корисникот
st-el

Бело цветче
 
415
Мислења: 59
Зачленет: 27 Апр 2010, 22:13

Мислење 06 Сеп 2011, 12:06

st-el напиша:
slavica999 напиша:Јас имам засадено во дворот. Многу е лековито тоа овошје а и убаво е за јадење. Нешто како брусница-боровинка такво е бобасто овошје и расте како грмушка не е дрво. Се сади во доцна есен - Октомври и веднаш наредната пролет почнува да раѓа плодови.
Знам дека е многу добар антиоксидант....да не повторувам се убаво е објаснето погоре

Tе молам да ми одговориш од каде ја најде, дали ја купи, дали може да се најде во продажба, на пазар? Имам место во дворот за да си посадам.
Однапред благодарам.

На зелено пазарче во Ск. Има еден чичко што продава такви садници, кого и да прашаш секој ќе ти го каже кој е тој
Аватар на корисникот
slavica999

Жолто цветче
 
1172496
Мислења: 2325
Зачленет: 27 Дек 2009, 01:31

Мислење 06 Сеп 2011, 12:20

ама дали вистина е таа сибирска аронија..... оти има повеќе типови на аронија.....
Аватар на корисникот
Nannaa

Сино цветче
 
242
Мислења: 265
Зачленет: 28 Мар 2010, 21:22
LivE yOur LiFE bECausE iT's oNE And oNLy

Мислење 06 Сеп 2011, 12:32

Nannaa напиша:ама дали вистина е таа сибирска аронија..... оти има повеќе типови на аронија.....

Ваква е http://doktori.mk/element/view/4e569484 ... -borovnica
Др видови јас незнам
Аватар на корисникот
slavica999

Жолто цветче
 
1172496
Мислења: 2325
Зачленет: 27 Дек 2009, 01:31

Мислење 13 Сеп 2011, 12:43

аронијата поцнав да ја конзумирам од пред две години .бев на гости кај едни пријатели во сандански (бугарија).од првин ми беше неубава со многу остар вкус ,но со текот на времето се навикнав.оваа пролет од благоев град си купив една садница и ја засадив во двор па се надевам наредната есен да ги вкусам и првите плодови.ова овошје е многу здраво и се препорачува на луге заболени од тешки болести,слабокрвни ,кај мази постари од 45 год.заради простатата.и за сите жени сто водат рацун за својата убавина.
Аватар на корисникот
silvice

Сино цветче
 
1332
Мислења: 149
Зачленет: 17 Фев 2011, 13:15

Мислење 05 Апр 2012, 21:43

Пронајдов смрзната аронија и започнав да јадам. Продавачот нагласи дека дневно биле доволни по 20 зрна.
Моето искуство од неа додека ја конзумирам е навистина добро.
По цел ден сум со работа, а искрено не се чувствувам изморена.
Засега немам добиено напад на мигрена, иако се очекуваше во секој миг. Успеав да го поминам.
Исто ми го зајакна имунитетот, а особено забележав на херпесите. Од грип секогаш ми се појавуваат херпеси околу носот, што и сега ми се појавија. Кога започнав да јадам аронија, полека полека за 2 - 3 денови целосно ми се повлекоа и заздравија, иако ги направив лом од чепкање од што ми пречеа :lol: .

Се на се, навистина е делотворна :) .
Аватар на корисникот
Serafima

Сино цветче
 
25362534
Мислења: 437
Зачленет: 28 Окт 2010, 13:38
Локација: Во Неговото срце, душа...
... Љубете ги непријателите свои, благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуват и гонат...

Слика

Мислење 05 Апр 2012, 22:00

И јас јадам аронија. Ама по десет зрна. Има читано не е добро да се јаде премногу. Серафима кој ти кажа по 20 зрна да јадеш? Мене тоа ми зигледа некако прменогу.
Инаку мене баш ми е вкусна, а и дава енергија некако. 400 ден. е кило.
Аватар на корисникот
RainBow

Црвено цветче
 
6673901
Мислења: 9797
Зачленет: 03 Дек 2009, 16:27
"Wear the old coat and buy the new book."
Слика

Мислење 05 Апр 2012, 22:05

RainBow напиша:И јас јадам аронија. Ама по десет зрна. Има читано не е добро да се јаде премногу. Серафима кој ти кажа по 20 зрна да јадеш? Мене тоа ми зигледа некако прменогу.
Инаку мене баш ми е вкусна, а и дава енергија некако. 400 ден. е кило.

Можеби се многу не знам, ама така ми кажаа, така правам :?: .
И твојата ја купуваш смрзната, така?
А за информација, јас ја купувам по 200 денари за килограм. Некако многу скапа ја купуваш?
Аватар на корисникот
Serafima

Сино цветче
 
25362534
Мислења: 437
Зачленет: 28 Окт 2010, 13:38
Локација: Во Неговото срце, душа...
... Љубете ги непријателите свои, благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуват и гонат...

Слика

Врати се на Алтернативна медицина

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 4 гости

Site Meter