1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Слаѓана Велков официјално се сели во Македонија

Дискусија во 'Алтернативна медицина' започната од discofilman, 17 февруари 2013.

  1. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Која од вас уствари ги пробала овие техники за да коментира? Ако не сте пробале едноставно шшшш. Гледам многу џева се дигнало околу гледање во сонце. Како прво, оштетување на очите апсолутно не е возможно затоа што се практикува веднаш по изгревање, значи буквално кога изгрева сонцето. Ако случајно станете некогаш порано и го фатите тој момент гледајте некое време ќе видите дека апсолутно не пречи ни малце на очите. Колку има корист не знам, не сум го користела ама ме интересирало и сум пробала баш од таа причина да видам дали е болно, непријатно итн. НЕ Е. Возрасни девојки водат дискусија, а не се докажуваат и се обидуваат една на друга да си пренесат знаење и негативна енергија без искуство. Јас не верувам во ништо додека не осетам на своја кожа. Лично секогаш сум пре за хомеопатија. Не верувам на некој што се дрзнува да одреди на друго суштество колку му останува од животот. Тоа може да го предвиди само виша сила, која дали постои и каква форма има - не знам, нити во моментот ме интересира. Сите оние кои велите дека болен оди на доктор, прашајте дали блискиот на докторот кога ќе заболи од „неизлечива“ болест исто оди на доктор или на акупунктура и во Индија да се лечи со Ајурведа.
    Во однос на гладувањето, нема да тврдам затоа што не сум пробала, нити ќе пробам. Ние сме тоа што внесуваме преку уста, без храна можеби се може, ама зошто кога ја има? За мене важно е што и колку внесувам. И на крај краева за мене број еден водич е умот, затоа што тој раководи со телото, а не обратно. Повторно, сум осетила на своја кожа и тврдам кога вистински во нешто се верува и се насочува умствена енергија кон тоа, ама ригорозно и вистински, а не фушерајски затоа што сте ја прочитале Моќта на потсвеста или сте гледале два клипа од Слаѓана, тогаш да, умот лекува и едноставно оди во насоката кон која сте го насочиле.
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  2. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Не знам вие алтернативците какви аргументи давате.
    Оф леле,единствениот добар ефект од гледање Сонце е Витамин Д.
    И не ме интересира каков и да е протокол,не може да живееш без храна.
    Можеш да живееш дур имаш резерви на масти и мускули од каде ќе се црпи енергијата.
    Без тоа не може да се произведува АТФ(Аденозин три фосфат).
    Немате основно познавање на физиологијата на телото,камоли ли да правите разлика помеѓу човек и растение кој произведува енергија од Сонцето.
    Вашата логика е глупа и треба искрено да си го проверите вашето знаење.
    Не ме интересира што мислите дека сум арогантен или се правам дека знам,сум се едуцирал доволно да знам што е респирација и фотосинтеза...
    И ако била толку голем доктор немала да фалсикува диплома...
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    А ти се потруди ли да го погледнеш документарецот пред да кежеш дека не може да штети на очите?
     
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Работата не е само за очите, туку за тоа што се тврди дека гледањето на сонце лечи тешка болест рак, доколку беше така, немало до сега луѓе да умираат од рак, немало воопшто да се заболуваат од тешка болест.Особено тоа не е надомест на храна, човек не може да егзистира без храна од само гледање во сонце.Гледање во сонце, да, но и здрава исхрана.Вообичаено гледање во сонце, кога изгрева и заоѓа сонцето.
    Само што тука клучна улога нема баш само сонцето, туку храната, водата.Џабе гледање во сонце ако на човек му се слошува ако не јадел долго време.Нека не ве лажат тие наводни приказни од Индија, што логично дека не се точни.Разговарајте со инструктори по јога, кои ги знаат сите техники за неа, дали е можно истите да се практикуваат без храна.Прво и основно што ќе ви речат е невозможно техниките да се практикуваат без храна, второ умерена храна, баланс во исхраната и трето јога или спорт, за здравје.Бидејки тие се упатени во врска со ова.Настрана интернет, на нет се може да пишат.Особено кога се работи за свое здравје и те како треба да биде важно од какви извори се земаат информации за тоа како да се зачува сопственото здравје.
    Не кажувам зш така ми текнало.
     
    На makedonkamak и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  5. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    Ние и ова што го внесуваме со изхрана не ни е доволно за организмот па камоли ич да не јадеме .Ова се тешки филмови со гледање во сонце :D
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Постојат три типа на луѓе: едни кои веруваат и други кои не веруваат. И двете страни не знаат ништо. Само веруваат, т.е не веруваат.
    И трети луѓе, кои знаат.
    Оние кои знаат, го искусиле и виделе нештото, тие немаат потреба од не/верување.

    На оној кој верува во Велков, одете, убедувајте го.
    Но, оној кој самиот доживеал и знае - не можеш во ништо да го убедиш.

    Кој може да ме убеди во штетноста на сонцето, кога јас знам за неговите придобивки.
    Јас лично го искусив тоа, па ти ли со твоите празни зборови ќе ме убедуваш во спротивното???

    **

    Не сум само јас што пишувам овде, јас досега имам добиено еден куп ЛП во кои извесни членови ме молат да престанам да пишувам во оваа тема, зошто не вредело, и самите тие се откажале од пишување.
    Велат немој да пишуваш напразно, ништо не разбираат, намерно само провоцираат. Оди по други форуми, каде се води здрава дискусија.
    И на други форуми, претежно странски, да му е мерак на човек да пишува и чита.
    Овде во теми за нокти се искаравме, не па во вакви теми.

    **

    Ја напаѓате Велков за манипулатор.
    Со тоа ја навредувате неа лично и сите луѓе кои ја сакаат.
    Ве има ли таа вас лично навредено некаде ?
    Дали сте спремни очи во очи да се видите со неа и да подебатирате малку ?
    Или вака пред компјутер сте многу јаки, па ви се може да пишувате сенешто.
    Дали вие нешто од што таа тврди го пробавте, испитавте, докажавте, имате ли некакво лично сознание, контрафакт за да напаѓате ?
    Или онака ја црните ?
    Бидејќи сите позначајни луѓе во целата светска историја се црнети и напаѓани...
    Повеќето од вас водите растурен, несреден, нездрав начин на живот, па сега ви е проблем што не можете да бидете подобри и најлесно ви е да зборувате.
    Бла бла бла...празни зборови.... (со исклучоци, не сакам некој да се навреди).
    Па, и баба Рада не чини, и за неа поинтересно вие да и пишувате вицови во темата, отколку нешто паметно да кажете.

    **

    И кога Велков не чини, ајде некоја од вас, нека каже нешто подобро...дајте подобра идеја, дајте рецепти за здрав живот, начин на живот еве јас прва ќе го прифатам и пробам на себе. Може ?????

    Уште колку пати треба да напишам за да сфатите дека никој не забрани и не ја исклучи храната ?????
    Со сила контра да напишете, сте се фатиле на една сламка и одвај се држите.
    Техника постои луѓе !!!! И никој не забрана храна !!!

    На човек навистина да му се смачи да пишува. На камен да му кажеш повеќе ќе разбере.
    А, и јас не знам што сум се запишала...
     
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Мор Силвер, не се нервирај.

    Ти рече дека може да живее човек без храна и само со помош на техниката да егзистира.Неколку пати тоа го напиша.Затоа збориме цело време.Може да ја кажеш таа техника?
    Убаво напишав претходно.Техниката ја кажав, таа е нема друга.Може да создале нова, затоа те прашувам која е техниката? Секој оној кој што знае за техникава и ја практикува, не рекол може човек да егзистира без храна.

    И прво и основно, ќе те замолам да не збориш за други каков живот имале, бидејки и не знаеш.Слаѓана се истакнала, појавила на телевизија, позната е за тоа што го збори, сосем нормално е да се даде коментар за она што таа го зборува, никој не вели за тоа каков живот имала.
     
  8. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.831
    Силвер добро е да се води дискусија,но од она што ти го пишуваш на оваа и на темата за вакцини,би рекла дека ти не знаеш да водиш нормална дискусија и не покажуваш разумна комуникација,туку веднаш на спротивен став од твојот започнуваш со напади и навреди.
    Со такви напади и навреди нема место,ни желба некој да дискутира со тебе.
     
  9. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Па за разлика од повеќето, јас пробав и повеќе си верувам на себе, него на документарци, да ти кажам право. За техникава имам слушнато уште пред години, братучедка ми се занимаваше со алтернативна медицина и она ја користеше и гледаше во сонце ко будала (што би рекле Вие). Јас не го следев режимот како што е составен, првиот ден толку, вториот толку итн... Неколку пати случајно кога ќе станев наутре и ќе фатев изгрејсонце, 10-15 минути гледав во него и навистина за мене беше пријатно чувство. Нити мене ми беше ништо, а што е поважно и братучедка ми која строго си ја користеше техниката чисто за енергија или што ти ја знам, нема ама баш никаков проблем, тера накај 30ка а видот и е одличен, никогаш не користела диоптер, работи на компјутер, па дури и уште ГЛЕДА ВО СОНЦЕ! Значи ете јас од искуство кажувам дека не штети ако се практикува како што треба. Ако ти гледаш во сонце во 12 на пладне... Па драга, не можам да гарантирам дека и нема да штети. Не за џабе за некои работи има протокол...
    Фино кажано, се согласувам делумно. Меѓутоа никој не може да ме излаже затоа што веќе реков, јас не верувам на Слаѓана затоа што така кажала, или на документарци, верувам само на свое искуство. Дури и на блиски кои ги имам дома кои тврдат дека хемотерапии - цитостатици, стероиди не им помогнале туку ги истоштиле уште толку и дека се каат што воопшто некогаш се дрзнале да прифатат такви јаки терапии, не можам 100% да им верувам или поубаво кажано не го делам нивното искуство. Не сум им во телото, уште поважно не сум им во умот. Не дај Боже, но ако дојде ден јас лично да треба да бирам, би вложила 100% во алтернативна медицина, апсолутно не да исклучам храна и вода, туку да избалансирам. Најважно од се, секој човек е различен организам со различен механизам, не постои нешто што кај двајца делува потполно исто. Јас сум поврзана со медицината, фармакологијата ми е интересна тема, ама колку повеќе ја проучувам, толку помалку и верувам. Дури и самите фармаколошки книги кои ги студирам имаат некои делови кои малце, доколку човек ги познава работите и размисли, се искрено смешни и трагични. Апсолутно не велам дека не постои лек во форма на апче, прашок, емулзија итн произведен во фабрика, а не набран во бавча, кој не е делотворен, но мислам дека во денешно време 80% од лековите се чисто профитарни, дефинитивно не се неопходни, а најчесто не се ни делотворни.
    На крај краева, јас никогаш не би се потрудила некого да убедувам да го дели моето мислење, бидејќи не ми менува ништо во животот ако некој ми рече еј да, во право си, а особено не на форум. Но, конкретно сега и се обраќам на DAngel, водење дискусија врз база на документарци и рекла-казала, кога на другата стана има некој кој го пробал тоа и едноставно споделува, А НЕ УБЕДУВА, едноставно нема смисла!
     
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Ок тоа ќе го сватам како не ни сакам да го гледам. Инаку документарецот ти се врти околу еден човек што гледал со години и стигннал до тоа да не може да јаде, и идот му се изострил и се... Ама на магаре докажи му. Види, и јас сум пред компјутер по цеееееел ден, таква ми е професијата. Видот ми падна, ама одамна уште, наследно, ама ги оставив наочарите, редко ги носам, пак сум по цел ден пред компјутер. Еве, веќе 7 години, видот ми нема трепнато, диоптерот ми се нема променето ни малку, видот ми се нема влошено, викам дека очилата ги носам ко за мода, па немам гледано во сонцето, значи и без него може да ти се случи тоа. Не мора да гледам. И ми кажуваш кога си поминам, си заминам, ќе си погледам, не гледам вака така.... И јас, кога си поминм, си заминам, кога ми текне ќе си повежбам, некогаш ќе си попешачам, и ќе постигнам ли нешто така? НЕ!!! Значи не можеш да ми кажеш дека од што ти текнало така понекогаш да зјапаш дека се чувствуваш подобро, како што јас нема да направам тело ако вежбам како ми текне само така, и нема да положам ако учам кога ми текне само така. Се е тоа исто, наречи го како сакаш, контрола на умот, на телото, на се му треба стимул за да постигне нешто.
    СЛЕПИ СТЕ И СЛЕПИ ЌЕ СИ ОСТАНЕТЕ!!! Затоа што јас се потрудив да ве разберам и да седнам да гледам документарци, да читам по интернет, да видам што е ова што ве привлекува толку. А вие, можам да се кладам дека не пуштивте ни еден од линковите, зато што сте си го затворле умот, сте се оградиле од надорешни влијанија, затоа што никој ништо не знае освен вас. Или тоа, или пак се плашите да не почнете да се сомневате, да не ви го промени некој случајно мислењето. Бидете си среќни, нека ви е убаво така.
     
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Тоа и ми беше зборот, не е само да се верува некому кој лаички знае за медицината, па макар и да била жената медицинско лице, ако не кај еден, кај друг доктор да праша човек, кога не дај Боже ќе му треба лекарска помош.Малце ли има случаеви каде поради лекарска грешка страдаат луѓето? Човек и да не знае медицина, логички да размисли за она што зборува Слаѓања, ќе разбере дека не кажува се како што е.
     
  12. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Сум разговарал со повеќе што гледаат во сонце како терапија или вежба и ефектите се следни:

    Делува смирувачки на психата, помалку се нервираат и им го намалува стресот.

    Делува мотивирачки да се бават со некоја додатна физичка активност, најчесто јога или некој друг спорт.

    Имаат повеќе енергија од претходно. Им делува на дисциплината што е многу позитивно.

    Ги стимулира да се хранат поздраво и да внимаваат на количината односно повеќето почнуваат да јадат помалку или колку што навистина им треба што делува позитивно на здравјето и виталноста.

    Ако со гледањето во сонце се прават и малку вежби за очи во најголем број случаи може и диоптерот да се корегира.

    Сѐ на сѐ убави придобивки, се поврзуваш со природата, си го подобруваш здравјето и живееш во ритамот на изгрејсонцето и зајдисонцето што секако е убава, инспирирачка и корисна активност односно животен стил :).
     
    На Abeja и Silver.E им се допаѓа ова.
  13. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Јас не гледав документарни филмови...не читав книги....
    Само се упатив во техниката и почнав да гледам во сонцето...

    Не сакав некој да ме убедува. Не сакав некој да ми ја полни главата. Не сакав некој да ми наметнува.
    Сакав сама да пробам и да се уверам.

    Како ќе му кажете на некој каков е вкусот на портокалот, кој никогаш не пробал ?
    Ќе се обидувате, но не е тоа-тоа.
    Личното искуство е незаменливо.

    Кога ја започнав постапката, тоа беше табу тема. Нешто непознато за кај нас. Гледав од интимни места, сокриена... И ден денес речиси никој не знае дека јас ја имам обработено.
    Уживав во сонцето....
    Кога почнав да ја правам имав тежок бронхитис.
    Примав цел месец терапии, ништо не ми помогна.
    За кратко време престанав да земам лекарства. Се осеќав отруена во себе.
    Бронхитисот се излечи.
    На факултет учев над книга и дење и ноќе. Почна да ми се мати видот. Ми пронајдоа диоптер. Не сакав да носам очила. Тогаш со техниката веќе имав поминато неколку месеци. Диоптерот исчезна, а сега видот ми е како на сокол.
    Косата која многу бавно ми растеше почна да расти и да се обновува пребрзо.
    Другарките мислат дека наскришно сум купила коњски шампон.
    За сјајност, и да не зборувам.
    Јас не знам што значи да ти се скрши, лупи нокт. Ноктите ми се прецврсти.
    Порано имав неиздржливи болки при менструација. Морав да земам лек.
    Сега немам ни б од болка.
    Трчам, шетам, работам, цел ден може да сум на нозе. Исто како да немам добиено.
    Кожата ми стана како на бебе. Женско како женско, и јас користам козметики, но честопати ме прашуваат каква пудра имам на себе, кога јас немам ама баш никаква пудра.
    Замислете, дури случено ми е да дојдам дома, се гледам во огледало и земам влажно марамче за да ја избришам шминката и уствари ми текнува дека не сум ни нашминкана.
    Кожата на целото тело ми стана многу мека и сјајна.
    На лекар не сум била со години. Не велам не, ме фатила некоја настинка, честопати додека одам на џогинг ме наврнувало дожд и слично, ама немам имано никаков здравствен проблем.
    Крвната слика ми е повеќе од одлична.
    На духовно ниво и да не зборувам. Јас во цело друштво сум најсмирената личност. Никогаш не паничам, немам страв, немам вознемиреност, немам бес, можам многу да се контролирам, трезвено да размислувам, подобро да согледувам, интуицијата наголемо ми работи, итн. Значи многу работи ми тргнале на подобро.
    Низ сето ова исфрлив многу нездрави работи.
    Јадеш чипс и чувствуваш внатрешно како те труе.
    Осеќам дека не добивам ама баш ништо корисно од тоа.
    Па, не сум будала да се трујам со сила !
    Започнав да се хранам многу поздраво. Од тогаш се чувствувам полна со енергија, цврста, флексибилна, исполнета.
    Се чувствувам здраво и исполнето !

    И како може мене некој кој никогаш не го погледнал сонцето, од чист инает, без никаква основа да ме убедува во нешто ?
    Јас лично самата видов и се уверив.
    Тоа е како да си видел ружа во градината, доаѓа некој и те убедува: не, не си ја видел !
    Но, јас ја видов ! Не може никој да ме прави будала.

    **

    Шетавме со една другарка, која ни на крај памет не сакаше да слушне за сонцето.
    Никогаш не ја убедував за нешто, но ниту таа мене не ме провоцирала.
    Шетавме и зајдисонцето беше прекрасно.
    Просто неодоливо.
    Застанав и реков: мммм, колку е прекрасно. Почекај 1 минута да уживам во сонцето.
    Застана и таа и ме праша: колку се гледа првиот пат?
    И реков: 10 секунди.
    И таа спонтано ги одгледа...
    Другиот ден ми се јави на мобилен и ми вика: слушај ме, сакам да гледам сонце, вчера ме опи, душата ми бара, ајде да одиме некаде во природа, немам услови од дома.
    Замислете таа гледаше од јавност, пред цел народ !
    Јас се криев порано, но таа сега гледаше пред цела јавност, без страв за осуда.
    Оваа личност која не сакаше ни да слушне за сонцето.
    После цела година, ми откри дека ова е прва зима да не се разболи, дури ни палома за нос да не искористи. А, порано секоја зима била под лекарства.

    Јас не сум ни будала, ни нетокму да пропагирам нешто што некому би му го расипало здравјето.
    Дури и баба ми на стари години почна да гледа сонце од дворот.
    Кој сака може да проба, само пак ќе повторам строго да се следи процесот. Тоа е нешто што секој ќе ви го каже.
    Како лекот што има упатство и во поголема мера може да е штетен по здравје, така и сонцето. Затоа си има правила, и со нив сте скроз сигурни.

    Тоа е моето лично искуство.
    Го пробав портокалот. А, кој не пробал може однапред да суди за вкусот и да коментира.

    [​IMG]
     
    На Waka-waka, XMaN и Abeja им се допаѓа ова.
  14. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    И јас се согласувам за гледањето во сонце. Ако се практикува во точно определен дел од денот е благопријатно за организмот. Тоа е една од ретките начини да се помогне при воспаление на синуси. Нормално ништо претерано. Зошто и сонцето не е тоа што било. :)
     
  15. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    Silver.E сето ова што го кажа во ред е ,ама бе она дека без храна може да се опстане само со гледање во сонце е тоа :shake:
     
    На Waka-waka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Силвер, тоа се фино, убо.Практикувам гледање во сонце, не од сега, туку од одмна, не го дознав тоа од женава, уште пред да слушнам за неа, ми е позната техникава.Само што реално не може да спаси човек од тешка болест, како што тврдеше некогаш на темава или другата за алтернативната медицина.Бидејки за тоа ни сонце не помага, ниту света јога не помага, луѓето кои имаат тешка болест мака мачат, со какви се не начини пробале да се лечат, а завршиле трагично.Случаеви каде ниту алтернативната медицина не помогнала, мака ми е што тој пусти рак, никако да го снема, се поголем замав има.Го спомнувам бидејки претходно низ темава се збореше.Настрана други причини за појава на рак, тука се и нездравата храна, водата која е катастрофална, а тек плус останати потенцијални предизвикувачи на ракот.Би сакала да можеше гледањето во сонце да помогне, да ги елиминира тешките болести, но се повеќе се убедувам на икс начини во спротивното.Особено пак кога ќе слушнам се повеќе случаеви на рак, а до вчера што се вика сум ја познавала таа личност и сега едно сонце може да спаси некого од тешка болест? Не.

    Далеку од тоа дека те убедувам, но реалноста во врска со ова, сосем друго зборува.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Ееее превртевте причи до триста.
    Никој не рече дека е против гледање во сонце, на изгрејсонце мислам беше, нит госпожава го измисли тоа нит прва го применила, не ја бранете со сила, прво лажеше болни од рак со тоа некои напивки од кои им се влошуваше состојбата, па после излезе тоа дека сите кои јадат месо имаат мензис се болни за на крај да ни пропагира анорексија и да гледаме во сонцето само и да не јадеме.
    Булшит без извинување, зашто тоа е само тоа и ништо друго.
    Кога се дрзнувате да ја браните прочитајте ја до крај што збори и што пишува. Ја следев на фејбук до пред некое време е се крстев на глупостите кои ги пишуваше и луѓето кои и веруваат.
    Јас не сум медицинар ни хемичар и имам елементарни познавања од хемија и биологија до 3та година средно колку се учи во гимназија ама оваа според тоа што го збори нема ни до 8мо изгледа нема слушано на часови.

    Сакам некој да ми каже дали пробал само на тоа да гледа во сонце и ништо да не јаде и не пие а да функционира нормално, 8часа на работа, деца меца што и да има или нема, да вежба и да биде во топ форма и со енергија. Мислам немојте да се лажете да пробувате, само сакам да ја докажам поентата дека е невозможно.
    Башка што не ве сфаќам, еден живот живееме, краток е зашто да се лишуавме од некои задоволства или пороци во умерени количини.
    За оваа и водата е луксуз не па една чаша вино во 3 дена.
    Или ајвар со сирење една неделно во зимските периоди.
    Ете тоа е само зеленчук ама понездраво од варено месо, ама превкусно е бре...
    Сите станаа експерти за здрава исхрана, вежбање преку ноќ и мрсат бубрези по социјалниве мрежи, солат памети и ср удираат у гради. Експерти, евривеар...
     
    На Gea, DAngel, StefChef и 4 други им се допаѓа ова.
  18. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Истото го зборуваме сите тука.
    Не е во прашање што се здрави навики,овошје ,зеленчук,прошетки во природа итн.Ги знаеме бенефитите од нив.
    Во прашање е екстремноста до која се оди.Велков постира клипчиња во кои изнесува информации дека со овие постапки луѓето се лечат од рак, мултиплекс склероза,улцерозен колитис, потоа особа со два мозочни удари и пареза на цела страна ги баталила апчињата(читај 13 дневно) и со копкање по бавчата се излечила целосно итн итн.

    Луѓе,се работи за страшни заболувања,а со ваквите нејзини изјави може да го доведе во прашање нечиј човечки живот.Некои од нас се способни да проценат до каде оди разумноста во сето ова,но за жал постојат и такви кои при самата болка не размислуваат рационално до крај.Греота е да се манипулира на таков начин со нив.А,притоа дали некој сноси одговорност за сето ова?Никому ништо.Јас одговарам во мојата работа,ти во твојата,а овде кој?

    Што е најтрагикомично,под клиповите наведува дека информациите и предавањата и се од образовна природа а болните да побараат помош од лекар.Молим?Од една страна се оградуваме од одговорност,а од друга страна во клипот промовираме лечење на најстрашните болести на денешницата.Види богати.Страшно!
    И сватете еднаш дека се е бизнис,никој не живее од воздух.Нејзината желба “да му помага на народот“,онака чисто без интерес,тие патувања и предавања пари чинат,па вие размислете,големи сте.Убаво рече Хипстер се некои експерти,со Др,без Др,со лиценци,без лиценци .......
     
    На makedonkamak, Hipster, andromedae и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски

    Значи таа тоа го вика, има претходно цел пост...Дека здрава жена не треба да добива менструација....


    Еве го...
    https://www.facebook.com/notes/dr-sladj ... 3875515852

    А што мислите за ова брилјантно откритие
     
    На makedonkamak и StefChef им се допаѓа ова.
  20. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Ова ја преминува секоја граница на разум и нормала. Ваква болна изјава воопшто не треба да се коментира, само да се игнорира. Се прашувам кој би поверувал на ваков исказ, пред се е невистинит и нереален. Во контрадикторност е со медицината и науката. Според тоа не вреди ни да се коментираат секакви баналности и нечии глупости.
    - Kod žene, koja potpuno prijesno-vegetarijanski živi, automatski nestaje krvarenje s izlučivanjem otpadnih tvari, ono se postupno smanjuje i tada posve izostaje. To nije nikakav znak bolesti, nego naprotiv dokaz osnaženog zdravlja. Sto preostane od puknuća jajašaca, tijelo neprimjetno preuzima. A ipak su žene bez menstruacije potpuno sposobne za rađanje.