1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Jавен оглас за вработување во Македонски шуми

Дискусија во 'Барање работа' започната од Katiija, 3 јуни 2013.

  1. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4.763
    Допаѓања:
    8.765
    Пол:
    Женски
    Срамота, ова на се личи ама на држава не :puke:
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ang246

    ang246 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    145
    уште на почетокот се знаеше дека ќе биди вака...дечкоми за џабе се надеваше и за џабе уште се надева ова држава ти било... :@
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Katiija

    Katiija Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    10
    вака и јас чекам за овој огласот, дали имате некоја информацја, затоа што со високо образование сум, и ги имам што се вика сите услови, а вчера не сакајќи во едно друштво се подискажа дека наводно шетала комисија дека одела по дома да виделе дали е точко, дали се навистина социјални случаеви, и од мојот град, јас сум од мал град дека имало веќе избрано 7-8 луѓе/ Многу се изнервирав бидејќи сите услови ги имам, и дека се е со врски, дали мате некоја информација повеќе? дали се точни овие муабети? кај мене ни комисија, нити ми се јавија, што значи да си гледам чарето во странство искрено, бидејќи од праќање cv - ја и од интервјуа веќе прекуглава, за во пиљара ми требаа врски бе....држава ипол!
     
  4. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4.763
    Допаѓања:
    8.765
    Пол:
    Женски
    Ниту комисија ниту ништо и кај мене, јас прв пат сега слушам, и јас сум од мал град, до сега не слушнав дека е избран некој, како и да е веројатноста е 99,9 % дека и за ова требаат врски, гајтани и што ти уште не. Тоа е реалноста во Македонија :|
     
  5. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Мене некој ми прати покана на фб, јас па избрзав го прифатив, па ми текна да видам кој е што е, а тоа да ти работел во Македонски шуми и мене инстантно ми текна да не проверува за огласов и одма побрзав да избришам кај што сум напишала кај работам (а јас пустата волонтер) и него опс го снема од моите пријатели, дури после се обидов да му пратам па јас покана за пријателство и не ме прифати. Гарант, бидејќи се многу пријавени, и преку социјалните мрежи проверуваат кој каков е. Можеби некој се јавил на огласот а на фб ставил слики со дебел златен ланец и ново ферари :lol:
    Јас не дека имам кој знае што и не дека имам шетано по светов ама за беља и до соседите што сум отишла сум ставила слика, да се пофалам, нели? :$ Епа ако ми е.
     
  6. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4.763
    Допаѓања:
    8.765
    Пол:
    Женски
    Е и така ако не проверуваат ептен се јаки нема што, кога веќе тргнале така нека ни проверат и сметките во банка за да се уверат ]:) :envy:
     
  7. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Луге ништо не е чудно ако и темава ја проверуваат :wasntme: .Камо така да беше со митото и корупција. :cash: Bие внимавајте оти и sидовите имаат уши.
     
  8. Katiija

    Katiija Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    10
    нека проверааат.... :D :D НЕ ЗБОРИМЕ ништо лошо само се консултираме со тоа кој што има слушнато дали има некои информации бидејќи чекаме сите за работа, бидејќи сме невработени..
     
  9. EMA2

    EMA2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2013
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    33
    Јас ова го знам :lol:
    Направен е потесен избор наводно и има некој си список и тие лица се проверуваат по дома како живеат со кого.Комисија составена од ујп,центар за социјална работа и агенција за вработување.
    Беа кај мене во посета,ама искрено мислам дека и ова е преку врски и само така одат колку да ни ги замачкаат очите ;(
    Само врски,а ништо чудно луѓето и да си работат па само по завршување на огласов да им поделат решенија :x
     
  10. deliza

    deliza Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    11.941
    Во недела ќе се изберат 1.600 социјални случаи кои ќе бидат вработени

    Проектот за вработување на 1.600 граѓани од социјално ранливи категории е во финална фаза,а во недела на 6 октомври на МТВ ќе биде извршено рангирање преку компјутерски електронски софтвер на лицата кои ќе бидат вработени во државните служби.

    Како што информираше портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев, на овој начин се докажува високата транспарентност на целиот процес.

    -Владата од самиот почеток овој процес го води транспарентно и во него можеа да учествуваат сите граѓани кои ги исполнуваат условите. Исто така и другите фази од процесот се вршеа на транспарентен начин, изјави Ѓорѓиев.

    На огласот се пријавија 20.000 кандидати и сите тие ќе бидат вклучени во финалното рангирање коешто исто така ќе биде транспарентно и ќе се изврши директно во живо на МТВ.

    kurir.mk
     
  11. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
  12. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4.763
    Допаѓања:
    8.765
    Пол:
    Женски
    Хммм, дај Боже да е изборот на место, но сепак мислам дека пак е местенка. Што ако јавно се врши изборот, демек ова наградна игра е :^) . Што не кажаа дека имаат кај некои одено по домовите да проверат што, како, со кој живеат. За во мојот град не разбрав дека имаат одено, знам дека во соседниот се посетувале. Се надевам дека тоа се семејства кои во потесниот круг имаат влезено, па затоа се посетени. Време е оваа држава да се потруди подеднакво за сите, и да не бидам избрана свесна сум дека некој и од мене повеќе нема, затоа нека биде ферски :) .
     
  13. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Meне ова сепак не ми е соодветно. Да се разбереме, немам јас конкурирано и не ми е од тој аспект важно, ама бирање најсоодветни луѓе за вработување преку компјутерско извлекување?! Па нели освен социјален статус, образование и сл. би требало да се важни и работните и личните карактеристки на идниот вработен, колку е соодветен за работата, колку е способен да ја извршува? Или и овие треба да бидат во оној куп вработени кои земаат плата не за да работат, туку за да гласаат „како што треба“ на сите избори?! Смешки ми е ова, врска нема, само се купува социјалниот мир, ама на куси патеки...
     
  14. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Претходно подготвен список на лица кои се избрани да работат и го објавуваат на тв дека е изборот електронски.
    Претпоставував дека ќе испадне вака но си молчев до последен момент зошто потајно верував во себе дека можеби ...
    Срамота !
     
  15. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Може да го постира некој линкот од страната на Македонски шуми,каде е списокот?Не можев да го најдам :)
     
  16. AngieVi

    AngieVi Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    На srcekrsacka и vinozito1 им се допаѓа ова.
  17. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Кој мочко рекол дека не исполнувам услови бе или дека немам доволно поени? Ова е партиски список, а плус повеќе од пола беа шиптари. И ова личело на електронско извлекување? Па со ова не прават овци.
    Има ли некој воопшто што се пронајде дека е избран?? Се надевам дека некој што одамна очекувал работа дека ќе се пофали и овде.
    Убаво викаат дека побрзо ќе те изберат на лотарија за зелена карта за Америка отколку за работа овде. Мизерија. Уште повеќе ме мотивираат да побегнам од државата.

    P.S. Проверете некое име од другиве, што се избрани и да видите колку поени имаат, постојат такви што за години невработеност имаат НУЛА поени, значи РАБОТАТ (кај друга националност приметив, а и максимум поени имаат кај број на деца!)! И ме интересира каков софтвер е ова? Не бил едноставен вика Министеров, е каков е бе, со која програма е правен, кого фарба бе нека не се брука, обичен список искуцан и го пуштиле само. Што не правеа да се извлекува како лотарија, огромен бубањ со топчиња со сите имиња, зашто сите од овие пријавени заслужуваат да бидат извлечени, сите ги исполнуваат условите и веќе ако има избор нека биде избор на среќа, а не ИЗБОР НА МЕСТЕНКА.
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ang246

    ang246 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    145
    и јас тоа го заприметив појќе беа од други националности оттколку наши...сето е местено,партиски список...срамота :@
     
  19. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Благодарам :)

    Инаку мислам дека сепак вработувањето не беше транспарентно.
    Мајка ми беше аплицирала за работа,во категоријата самохрани родители..и секако ја нема во список на вработени.
    Потајно имав надеж дека ќе се вработи,и треба работа повеќе од се.Но ете немаше среќа.
    Разочарана сум ептен од државава.
     
  20. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    одбиен поради неисполнување на условите од огласот (2а) ...

    Еве што пишува под името на една личност од моето семејство која аплицираше...
    КОЈА Е ТАА ПРИЧИНА? ЗОШТО НЕМА ОБРАЗЛОЖЕНИЕ?

    Изреволтирана сум. Јас незнам зошто е ова отворено студио на мтв 1.Поголем револт ми создава тоа што упорно повторуваат дека се е по пат на електронско бирање :devil: .Поарно ќе беше како и секој оглас до сега да биде ќутни-бутни работава.
    Е ова е дел од владините проекти.