Ете денеска си го испратив моето ценето пдф СВ дури четири пати. Ниту еднаш за некоја работа поврзана за она коешто го студирав. И чинам палциве ќе ми исчурат од стискање веќе цела година.
Zacleneta sum na vrabotuvanje, aber nema ,prebaruvam po oglasi nema nisto "pametno" se nekoi kafici,inaku momentalno rabotam no sakam da napustam pa nekoj sovet od vas tuka ne bi mi doslo loso!! pozdrav i srekno na site nevraboteni .
Да но тоа е платата сосе осигурувањето, зашто пишува Бруто плата дека е толку. Што значи ако те пријават на 8 саати од тие пари 5 илјади плаќаат за осигуувањата, а ти добиваш само 8. Ако не сум во право поправете ме
Девојки во Скопје по може да се најде работа во споредба со помалите градови. Јас сум од мал град што се смета за еден од најсиромашните градови на ниво на Македонија. Навистина нема работа, или пак ако има се примаат со врски. Јас имам дипломирано 2011 год и сеуште не можам да најдам работа. Пракам цв молба,конкурирам за било каква работа но не оди едноставно. Верувајте во малите градови поготово во Источна Македонија е далеку многу многу потешко за работа,јас не само што сум разочарана туку сум и гневна и бесна на сите негативности што се случуваат во државата наречена Македонија. Да имам прилика уште од денес пакувам куфери и заминувам. Нема иднина во Македонија за нас младите
Во право си девојче,дека се е партиски и со врски.Ретки се они кои се вработени по струка-заради одредени квалификации и вештини. Инаку дека и јас сум од Источна Македонија,потполно те разбирам. Но тоа не е причина за ваква негативност.Според напишаното-за молби,цв,очигледно конкурираш за работни места во рамките на областа за која си образувана. Но,има и други работни места за почеток ,како работа во конфекција,продавница,хотел и сл. Знам како и останатите ќе речеш дека не си учела за да работеш во конфекција,ама тоа е што е.За почеток колку да не седеш дома,и да не бараш пари од твоите може и тоа да се работе.Секако во меѓувреме,ти пак конкурирај за друго работно место.
Незнам дали е за овде прашањево ама ми треба совет итно. На еден разговор за работа се договоривме да волонтирам еден месец па да видиме за натаму. Ми рекоа ќе ме побараат за дали да почнам од 1ви или од 10ти, денес е втори но сеуште не се имаат јавено. Незнам дали е во ред јас да звонам да видам да не ме имаат заборавено или незнам...некои ми велат јависе ти некои немој...незнам како е редот. Совет?
Девојче,тие ти определиле 2 термини нели,1-ви и 10-ти.Сеа е 2-ри,значи можеби на нив повеќе им одговара вториот термин.Не знам колку се сериозни,ама не би требало да те заборават.Почекај уште некој ден,ако ги нема,тогаш барај ги.
Ги сфаќам луѓето од малите градови и таму навистина работа е невозможна мисија, па што сакаш имај завршено. Општо не сакам мали градови. Јас сум во еден од поголемите градови каде што не е сјајно,ама ако се сака може да се најде некоја работа и да се живее солидно. Во мал град и во трафика да работиш или во бутик на крај ќе ти дадат 3-4000, или во конфекција, мизерија е исто, плус тешка работа. Кога ќе сумираш повеќе си потрошил одејќи на работа, отколку што си земал. Малите места се затворени и стварно треба Владата да се погрижи да донесе некои инвестиции, нешто да се отвори, да живне. Инаку за таму не вреди ни факултет, ни богато цв, ни трудољубивост, нема каде тоа да го покажеш.
еве ти линк од еуро пас таму се прави најдобро св , само оди на креате св и потполнувај http://europass.cedefop.europa.eu/en/home
LibertaGia! За подобро да се информираат луѓето од Македонија, сите иформации во врска со компанијата (нивните заработувачки,услови,дејности,итн) ги склопивме на едно место уредени и разбирливи за секој да може да се информира и нормално ако сака да почне да работи. http://www.libertagiamk.com/
Би сакала да најдам работа во Скопје нешто по трговскиот центар или во City Mall или на некое друго место...би сакала совет и помош од вас
леле девојки колку било тешко да се најде работа, само што завршив со факултет и сега барам работа, ама ништо не можам да најдам... конкурирав на некои места, и тоа не по мојата струка, ама ништо, не ме ни викнаа на интервју јас си замислував дека штом ќе завршам ќе се вработам одма, ама грешка сум била а тие интернет страните за вработување, немаат ништо, само за скопје има, за помалите градови, нема ништо
Имам завршено факултет. Знам Англиски и Француски. Единствена работа што сум ја работела е како келнерка и продавачка во маркет! Многу сум разочарана. Не знам зошто воопшто завршив факултет. Не сум во партија, а и немам врски. Катастрофа! Не знам што да правам повеќе! А и каде и да одам на разговор, без разлика на видот на работа, платата е 8800. Добро што е работата со нашиот систем?
Не си единствената верувај,и јас се соочувам со истиот проблем години наназад....и ако потрае ова вака уште некое време пакувам куферот и збогум
не те разбирам сакаш да ни кажеш дека на оваа страна има информации за сите фирми што постојат во македонија . Можеш да ни дадеш пример .... Да знаеме дали да се регистрираме ако си регистрирана. Зошто вака на страната нема ништо ,или јас неможам да се снајдам
Оваа држава е тотална утка, хаос невиден, ужас, со еден збор мизерија . Толку многу сум изреволтирана од сето она што го гледам, какви луге дојдоа на позиции, што не знаат да читаат, јас ги истрошив и моите со факултетот, капак и постдипломски, тоа уште поголем трошок, и сега не можам никаква работа да најдам и тоа не по струка, било што. На овие години од дома да чекам . А какви се не завршуваат факултет, страшно
Ниту никаква не се наоѓа, единствено ако имаш човек, ќе си се вработиш, ако не, ништо од бизнисот, така оди тоа денес, а од друга страна, се кажуваат други приказни, демек по чиста случајност, среќа е најдена работа.Нема случајност, нема потреба од камуфлажи.Ова прави човек да се налути, убаво, да собере парталите и да го нема од тука, додека не било доцна после.Страшно е по кој терк се движат работите за наоѓање работа во државава, нема реална проценка за тоа, ни ред, ни редослед има во државава.