1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Огласи за вработување

Дискусија во 'Барање работа' започната од Artemission, 7 октомври 2011.

  1. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.199
    Допаѓања:
    10.842
    Пол:
    Женски
    Девојки од Гевгелија, потребни се промотерки за викендов. Заинтересираните да се пријават со порака на фб на профилот https://www.facebook.com/promoteam.mkd

    Ако немате профил на фејсбук случајно, пишете ми лп на мене, ќе ве пријавам јас.
     
  2. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.539
    Пол:
    Женски
    Држам приватни часови за деца од одделенска настава, помош при учење. Се однесува за Скопје. Доколку имате потреба пишете во ЛП.
     
  3. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
  4. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    5.849
    Мене не ми е јасно како луѓето наоѓаат пат излез од оваа држава..како се снаоѓаат во страна држава... Искуства?
     
  5. donnalia

    donnalia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски

    Немам инфорнации плус за ова но би пратила CV. Макар и така кога би одела. Еден вид искуство. Ако си заинтересирана можеме да пратиме и двете. Па ако има некоја од нас повеќе среќа да биде избрана ќе си раскажеме како е било. :)
     
  6. Marijankata

    Marijankata Нов член

    Се зачлени на:
    3 септември 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Дали сте слушнале за Базаро досега како се задоволни? Мене ми се јавија да почнам утре со работа, 10 иљади плата.. Мислите дека е навистина толку? И плус одма ќе ме пријават :?:
     
  7. eli-sk

    eli-sk Нов член

    Се зачлени на:
    4 септември 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Се бараат 2 девојки за работа во
    Фотокопир & Дигитален Принт Центар
    Населба Аеродром, Скопје
    работа во две смени (09-17) и ( 15-23) час.
    Основно познавање на работа со компјутер, како и работа со Фотокопир и Скенер ке се смета за предност.
    информации на email: klikprintcentar@gmail.com

    Платата мислам дека е околу 9000+ придонеси и здраствено
     
  8. blueteacher

    blueteacher Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Дали некоја аплицирала за во Call Center или пак имала искуство со нив? Ме повикаа на интервју па ме интересира.. ?
     
  9. InstantGirl

    InstantGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    За кој кол центар станува збор? Ако е во прашање Call Line, јас имам искуство со нив :) Никако не ти препорачувам да одиш на интервју, за да не си губиш време :)
     
  10. blueteacher

    blueteacher Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    http://www.vrabotuvanje.com.mk/job-adve ... ents/16192

    За овој оглас поточно..
     
  11. 1slavjanka

    1slavjanka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2014
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    503
    Пол:
    Женски
    Некој да има било каква информација во врска со условите за работата на штанд за младинска книга? :^)
    Гледам дека се вртат огласи во последно време зарем никој не се пријавува? :?:
     
  12. kataleja1

    kataleja1 Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2014
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    13
    Што направи те примија?
     
  13. kataleja1

    kataleja1 Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2014
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    13
    И јас се прашувам истото.Бев и на саемот и аплицирав онлине и сеуште немам никаков одговор.Доколку имаш било каква информација пиши ми баш ме интересира и јас исто.поздрав
     
  14. Cvekjence

    Cvekjence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    201
    Младинска книга цело време пуштаат огласи - зошто ако не си работел за МК исто како да не си работел :D

    Мала шала... моја другарка почна да работи ама на процент. Едвај издржа месец. Продаваше енциклопедии од 7, 8.000 денари и нормално никој не беше заинтересиран. Одеше од врата на врата, во фирми ама џабе. На крај она немаше никаков ќар, никаков надоместок ни за времето...а газда ко газда си пушти нов оглас - :puke:
     
  15. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    И јас работев во младинска книга и да ти кажам најискрено ако не сакаш да напредуваш и да си го губиш времето залудно слободно оди да работиш. Тотално изгубено време. Ќе ти треба доста време додека да си најдеш потенцијални клиенти кои ќе ти купуваат а додека ги најдеш поминала година и што си направила? Си потрошила поеќе пари отколку што ќе заработиш и тоа е тоа.
     
  16. jagodka.18

    jagodka.18 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    607
    Девојки, дали имате информација некаде да бараат девојки за делење на флаери или за промоции по маркети ? Имено, ми треба работа со скратено работно време , заради обврски со факултет, секоја информација е добредојдена и фала ви однапред (само за Скопје) :)
     
  17. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Кога аплицирате за работа и ви треба доказ за искуство, како ги пријавувате договорите на дело бидејќи за нив освен самиот договор нема друг доказ? :?:
     
  18. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    ^^ Кога работиш на договор на дело ти си пријавена, ти тече стаж и осигурана си здравствено и пензиски.
    Потврда можеш да земеш од Агенција за вработување или од ФЗОМ да ти дадат извештај како си пријавувана.
    А како доказ можеш да го наведеш и Договорот, тоа е официјален документ кој е заверен архивски од страна на фирмата (одн.агецијата за привремени вработувања).
     
  19. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Немам стаж, не бев пријавена, затоа и прашувам. Помислив дека можам Договорот, но не знам дали е фер спрема фирмата да го покажувам...
     
  20. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    секако дека е фер. Кога тие ти дале договор дека си обавувала некаква работа за нив слободно можеш да си го впишеш во CV и да го доставиш договорот. Договорот ти е потврдата. Сигурно ти го воделе тоа како волонтерство или нешто слично. А и парите што ти стигнувале на сметка ти се доказот. Нив и онака морат да ги пријават поради регулацијата за данок на приходи.
    Слободно пиши ги и прати фотокопија од договорот како доказ.
     
    На femina90 му/ѝ се допаѓа ова.