Девојки,дали некој има искуство или барем некакви сознанија за оваа тема?Јас аплицирав за неколку позиции за економист и ми дојде известување по маил за полагање на испит за државен службеник.Кажете ми дали воопшто има смисла да се оди на испитот,односно дали веќе се знае кој ги држи тие позиции или има шанси навистина испитот да биде критериум?Прочитав дека се полагаат 2 дела, општ и посебен ама не разбрав дали во ист ден.Дали веднаш се знаат резултатите?Пишете ако знаете нешто во врска со ова
оф леле....ќе ти дадам ако сакаш и материјал за полагање, сакаш испечатен, сакаш во пдф формат...општиот дел ти е уствари книгата т.е. испитот за државни службеници плус информатичкиот дел, додека посебниот се прашањата кои ги составуваат од институцијата каде аплицираш за работното место и ги предаваат во АДС. Ама се` е тоа џабе. Ќе научиш ти се, ќе имаш по 30 поени, ама пуст посебен дел прашањата со се одговорите ќе им ги дадат на врскаџиите и ништо од се....за жал, така е. Кој има спротивно мнение или искуство нека се јави. Таков/таква нема!!! и на разговор ќе бидат повикани првите 5, значи според освоените поени, а веќе се знае кој е и ,,најдобар,,....жалам што и ако те разочарав ама ....
Бубе фала за одговорот и не ме разочара туку само го потврди мојот став ,познати ми се таквите работи Само сеуште се двоумам дали да одам да го полагам онака колку за потврда на сама себе дека може да осовјам доволно поени и пак да не бидам меѓу избраните Ај те молам само уште кажи ми како да го најдам материјалот за посебен дел,би требало личнно во Министерство за финансии или може некако преку нет?
99 % дека посебниот дел се зема од институцијата каде се полага. Утре штом отидам на работа (бидејќи работам во државна институција) ќе ти пишам одма од каде да го најдеш посебниот дел, ама мислам дека во случајов ќе биде Мин. за финансии. Материјал за општиот и информатичкиот дел како што сфатив и имаш и го знаеш, така? Е знаеш уште што треба да имаш......паметна си, знаеш за што ти зборувам...така е....кој што сака може да каже, ама така е.... А за тоа дали да полагаш, не губиш ништо. Оди полагај.
Фала ти Бубе што единствено ти ми одговараш на темава Само уште ако можам некако да најдам материјал без да доаѓам во Скопје
За општиот и информатичкиот дел имаш материјал, така?? Ако немаш ќе ти дадам јас! А за посебниот можеби ќе можам јас да ти помогнам, да го земам и да ти го пратам (поим немам само каде живееш) ама мора да ми кажеш за кое место си конкурирала, ваљда под број на оглас е тоа....?
Па од Куманово сум.Општиот дел го имам од страната на АДС,а за посебниот би ти била многу благодарна ако можеш да ми го пратиш.А инаку аплицирав за повеќе позиции така да може да ти ги пратам во порака,само да не те замарам многу ??
Ај ве молам мене некој нека ми го прати општиот дел, а и посебниот ако го има, бидејки и мене ми стигна меил за полаганјепа не можам да го најдам материјалот.
Дај ми е-маил за да ти го пратам општиот дел, додека за посебниот мораш прво да имаш аплицирано за некоја позиција и после тоа се зема материјал од институцијата...
мојот маил е h.gorgievska@yahoo.com А јас колку со разбрав од оние упатствата за полагање тие што се пријавуваат на места без работно искуство полагаат само општи дел.посебниот дел го полагаат тие со работно искуство за местото каде што аплицирале. поздрав однапрет ти блегодарам
Koj ти кажал такво нешто? Не е така. Нема врска со искуство без искуство, тоа зависи од позицијата за која аплицираш. За секоја позиција се полага и посебен дел кој се однесува на проблематиката на која би работела ти во иднина. А за општиот дел сега ќе ти го пратам на е-маилот.
И јас исто имам аплицирано за огласот за Мин. за финансии и го побарав прирачникот за посебниот дел од локалното министерство и вработените не се запознаени со огласот и не знаат кои материјали треба да ми ги дадат. ако знае некој да ми каже кои материјали треба да ги најдам за да можам да го полагам испитот.
И ја истотака аплицирав и добив меил за полагање на тој стручен испит и Кике е во право тие што се без работно искуство го полагаат само општиот дел..ја се јавив у агенција и прашав и они ми кажаа..
Вака значи. Прееска се јавив и ми кажаа ова- имало измени во однос на полагањата 1. Компјутерскиот дел е изваден од материјалот и веќе не се полага. 2. за позициите помлад соработник и за сите оние кои се без искуство НЕ се полага посебен дел, точно е!!! 3. во Мин. немале податоци што требало да се знае за посебиот дел ...... ама ако имаат ( ќе се подигнува лист од архива со список на Закони кои треба да се познаваат..) А јас јавно и` се извинувам на Кики што уште не и го пратив материјалот... УСБ-во на кој ми е ми беше оставено на работа, а од работа не можам да праќам бидејќи немаме ACROBAT READER...гррррррррр ВЕДНАШ штом стигнам дома го добиваш на маилот, извини уште еднаш!
primeno izvinuvanje pa jas sum od bitola i planiram da odam ova so kompjuterskiot del deka e izvaden SIGURNO e? i me interesira dali nekoj voopsto znaj za nekoj slucaj sto po cista slucajnos e vrabopten samo so gospod do sega dali nekoj poznava nekoj takov za na vakvi rabotni mesta mislam