1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Полагање на испит за државен службеник

Дискусија во 'Барање работа' започната од elygj, 17 септември 2010.

  1. Goodgoodgirl

    Goodgoodgirl Нов член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Во ред си е одговорот значи секако треба да имаш завршено студии. Зошто јас сум на студии со четири години и моментално имам 227 ектс сеуште не сум дипломирана, па го сватив огласот дека можам да аплицирам доколку исполнувам 180 ектс.
     
  2. Anna85

    Anna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Сеуште неможеш да аплицираш (освен на огласи кои како квалификации бараат ССС), мораш да го имаш оформено своето образование со стекнување на диплома па да можеш да се јавиш на огласот.
     
  3. little.black.dress

    little.black.dress Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Најискрено, дали некој ќе сака да ни ги прати одговорите на прашањата за испитот за државен службеник, по можност некој од оние кои веќе пишаа на форумов дека положиле со максимум поени??? Кога веќе сме станале дел од форумов и споделуваме проблеми треба и да си помагаме, не гледам зошто некој не би ги споделил кога веќе бил и положил...Да учиме од најдобрите :)
    поздрав!!!
     
  4. Anna85

    Anna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    На 22-ра страна од форумов ги имаш одговорите, ilipili ги сподели и девојката положи со максимум бодови :)
     
  5. little.black.dress

    little.black.dress Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ги имам видено тие одговори но повеќето што полагале имаа пишано дека голем дел од одговорите биле погрешни...како и да е, фала ти, јас ќе ги проверам и споредам па ќе видиме што ќе излезе 8)
     
  6. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Илипили, супер ти се одговорите, биле-не биле скрос точни, алал за трудот. :up:

    Прашањата се дадени, одговорите се видни, дури и посочено е каде да се бараат. Што ви треба повеќе?

    Еве ви посаглам упатство за одговарање на прашањата за Европска Унија.
    http://eeas.europa.eu/delegations/the_f ... rks_mk.pdf
     
  7. kitty.m

    kitty.m Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2012
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    1.903
    Пол:
    Женски
    Да споделам дека другарка ми ја примија на работа. Конечно и мене ми се врати малку надежта, девојчето нема партиска книшка, бев во тек на целиот процес колку беше потресена и колку многу учеше (и за испитот и за интервјуто и за психолошкиот тест) и зашто и каснеа со известувањето веќе имаше изгубено надеж и тогаш за 2 дена шок, позитивен секако. Инаку на интервјуто доста ја испрашувале од областа на ревизија и сметководство. :) поздрав
     
    На Irena888 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lady2013

    lady2013 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    21
    За оние што скоро го полагале испитот се сеќавате кои прашања ви се паднаа?Јас треба да полагам за една недела,па ако сака некој што има полагано нека ги пише прашањата што паднале.Ако повеќе ви одговара пишете ми и ЛП,би ви била многу благодарна.
     
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    :rofl: :rofl: А ти се зачлени на форумот истиот ден кога се повика на твоето чекорење во светот на најдобрите, баш во моментот кога ти беа неопходни одговорите на прашањата?
    Ај да се зачленеше малку поодамна па сега да побараш таква УСЛУГА ама ти бре одма на користење се фрли :rofl:
    Не знам зошто илипили ви ги дала сите одговори и мислам дека е малку себично да бараш од некој да ти ги даде сите одговори, зашто тој се изнамачил да ги бара по закони и по материјали и на крај да ти ги сервира на тацна? :o |( А ти зар не можеш малку да се потрудиш сама да ги научиш одговорите? Инаку, џабе одиш на испит зашто на интервју баш од тие прашања ќе те прашуваат и нема да бидат само да или не или да ти понуди одговори па ти да бираш туку сами треба да одговорите и да ги поврзувате работите што ќе ве потпрашаат.
    Ако немате врски а сакате да ве вработат, подобро загрејте го столот малку и научете, зашто тоа знаење и те како ќе ви биде потребно не само на интервју туку и за работа.
    Ако веќе имате врски не ни мора да ги учите прашањата, или најдете ги на готово или врската нека се потруди да ви дадат потврда со максимум поени ама и да ви осигура сигурен премин на интервјуто.
    Отсекогаш сум го сметала барањето на готови одговори како нешто излишно и многу погрешно за нечие образование или знаење. Го лишуваш мозокот од функционирање, не му даваш да се развива.
    Сватете ме како сакате, јас знам дека сум потполно во право а знае и тој што се потрудил да научи сам па ако му се појави потешкотија да бара појаснување.
     
    На anggell и awl им се допаѓа ова.
  10. Anna85

    Anna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Испитот се полага електронски и на секој кандидат компјутерот му исфрла различна комбинација од прашања така да и да ти ја кажам мојата комбинација од прашања не би ти било од помош. Ако полагаш за една недела имаш време добро да се спремиш и да си бидеш сигурна дека нема да ти се падне прашање на кое не би го знаела одговорот. Со среќа на испитот и да си положиш со мах. бодови.
     
  11. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Јас тргнав да ги одговарам прашањава, ама заглавив кај Лисабонскиот договор :wasntme:
    Не за друго, туку интересно ми стана да си читкам, цел Прирачник го прочитав. Се навратив на предавањата по Право на ЕУ, ама за некое чудо - многу од информациите сум запамтила.
    Туку, друго сакав да кажам - проверувајте си ги одговорите на прашањата, баш ги зачитав овие што ги испратила ilipili и некои од нив не се точни. Можно е да се ставени сега со друг редослед, па каша попара да направите.
     
  12. little.black.dress

    little.black.dress Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Прво, да, јас се зачленив на форумот баш поради тоа бидејќи сметам дека е добро место каде може да се разменат мислења, да се дознае нешто што не интересира, па некој има искуство и несебично го споделил, нема тука скриени намери или слично. Затоа и најискрено си прашав, па кој сака нека изреагира, кој не, нема врска, не се работи за живот или смрт. Како второ, не знам зошто одма се оди на критикување. Јас наидов на одреден проблем и побарав помош доколку некој сака да одговоир на истиот, ако не никому ништо. не гледам што има лошо да си прашаш. Изгледа најубаво е да седиш дома и да чекаш некој да направи нешто што според тебе не е ок и да го искритикуваш. И како трето, доколку моето барање за тебе е безврска, едноставно е, не одговарај на истото и потроши го твоето скапоцено време на нешто попаметно.
    Јас, еве, веќе жалам што потрошив 2 мин и ти одговарам на провокацијата, но знам дека ќе биде последна.
     
  13. ivanovaivana

    ivanovaivana Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    4
    Женски, дали некој досега ги купил оние одговори за 300 денари, и дали кога го полагал испитот го положил со максимум поени? јас еве, ги купив, и сега кога ги читам одговорите гледам дека голем дел од нив се грешни, барем од првата област веќе најдов повеќе од 20 грешни одговори. Дали знаете дали другите области се грешни, или точно одговорени? Дека јас си ги барам одговорите, меѓутоа многу време се губи. И уште нешто, ако полагам за 6 дена, мислите ли дека ќе имам време сама да си ги одговорам сите прашања?
     
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    ^ Пишав и погоре - можно е да е сменет редоследот на прашањата или на одговорите.
    Најсигурно е самите да си ги одговорите. Ако се многу прашања, брзо оди.
    Не знам што имаш студирано, ама ако си работела со закони, лесно ќе се снајдеш бидејќи ќе знаеш каде што да бараш. Освен тоа, ако си правник верувам дека многу од информациите ќе ти бидат познати.
     
  15. mishulence

    mishulence Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    16
    Девојки, на меил ми стигнаа неколку пораки со датум и време кога да полагам за државен службеник,претпоставувам бидејќи аплицирав за повеќе места, е сеа прашањето ми е: ми стигна наредниот ден уште еден меил, но со друг датум за полагање, е сеа нема врска кој ден јас ќе отидам ?
     
  16. AniAngie

    AniAngie Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    15
    Дали се паѓаат прашања само од оние што ги има на страната на аа или знаат да ги сменат? Кога полагав за јавен службеник ми се паднаа други, јас сама си ги одговарав. Прашањето ми е дали се тие прашања, па од нив прават комбинации или знаат да ги сменат?
     
  17. ivanovaivana

    ivanovaivana Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    4
    јас до сега не сум полагала, но другар што полагаше ми кажа дека се паѓаат само од тие што се на страната
     
  18. AniAngie

    AniAngie Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    15
    Да, ама знаат да ги ажурираат со нови во 12 по полноќ баш на денот на полагањето, така ми направиле кога полагав за јавен службеник и ДА кратат од поените, ама на практичниот дел бев 1000000 посто сигурна дека точно одговорив, и пак скратиле 1.5!
    Ако некој се двоуми за некое прашање нека го постави овде ќе го одговориме, денес овде ќе дежурам :geek:
     
  19. ivanovaivana

    ivanovaivana Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    4
    13. Кои се конкретни управни акти на органите на државната управа?

    a) Одлуките;
    b) Решенијата;
    c) Наредбите;

    5. Своите права и должности Владата на Република Македонија ги врши...

    a) Врз основа на деловникорт за работа на Владата на Република Македонија;
    b) Независно и самостојно;
    c) Врз основа на уставот и законите;

    (ова второво во законот го пиша и а и ц, така да не знам во што грешам)
     
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Под c) Врз основа на уставот и законите;

    Не знам зошто прееска сум пишала под а), по грешка :tmi:
    Со деловникот се уредува внатрешната организација на Владата, а правата и обврските со Уставот и законите.