ТЕМА: Полагање на испит за државен службеник

Мислење 14 Ное 2013, 23:13

AniAngie напиша:. Со какво мнозинство Собранието го донесува буџетот?

ДЕЛОВНИК НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ)(„СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА" БРОЈ 130/2010)

http://www.sobranie.mk/?ItemID=72D87D12D74B454FA2C28948BD83AA44

15. Постапка за донесување на Буџет на Република Македонија и Завршна сметка на Буџетот

Член 179

Предлогот на Буџетот на Република Македонија го поднесува Владата со потребната документација, согласно со закон.

Член 180

По предлогот на Буџетот на Република Македонија се води претрес како по предлог на закон во второ читање, со тоа што е задолжителен општ претрес.

Претресот по предлогот на Буџетот трае најмногу пет дена.

Пратеникот во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 20 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 30 минути.

Дополнетиот предлог по претресот во матичното работно тело и Законодавно-правната комисија го подготвува Владата.

Дополнетиот предлог на Буџетот претставува нов интегрален текст во кој Владата ги вградила амандманите со кои се согласила и потребните изменувања и дополнувања на предлог на Буџетот. Кон дополнетиот предлог на Буџетот се доставува и образложение.

Член 181

Одредбите на овој деловник што се однесуваат на постапката за донесување на закон, соодветно се применуваат и во постапката за донесување на Буџетот на Република Македонија и на Завршната сметка на Буџетот.

обично (просто) мнозинство– потребно е за законот (и за Буџетот) позитивно да се изјасни мнозинството од присутните пратеници во Собранието, но најмалку една третина од вкупниот број на пратеници.

Li0ness напиша:
ratka11 напиша:ова се само мал дел од прашањата ги има многу поке само јас ги барам одговорите а никој не сака да ми ги даде ;(

Читај во темата, луѓето бараат со денови низ закони за да ги најдат одговорите, а потоа со денови ги учат... нормално дека си го ценат трудот! Ако ги сакаш одговорите, барај низ понудените закони, сите ги има.

Е зошто да комплицираат кога можат да го решат тоа на попрост и поедноставен начин. |(
ratka11-ако се потрудиш да ги побараш одговорите низ законите, сигурна сум дека тие нема да го сокријат одговорот од тебе. Ама треба малку активирање на мозокот и малку да се испотиш, џабе ти е ако ти ги даде некој на готово одговорите, биди сигурна дека така никогаш нема да ги научиш, бидејќи нема да знаеш што учиш.
Аватар на корисникот
Abeja

Жолто цветче
 
44892978
Мислења: 2555
Зачленет: 24 Мар 2011, 01:01
Локација: Скопје
Слика

Мислење 14 Ное 2013, 23:42

Јас мислам дека на Абеја и должите сите по едно чоколадо, ама најозбилно ви кажувам.
Зашто ништо у животов не е најдено на тацна и никој нема да ти ги прати сите одговори за 0 денари.
Јас знам дека се продаваат одговорени некаде, со право, сакаат работа во државна админстрација, кај пола се се партиски пикнати, па уште и одговорите соџвакани, нема смисла. Испотете малку гуза.
Не планирав да се мешам, ама ужасно ме нервира кога кај некој помага тука и одвојува голем дел од своето време да одговара на прашања, па уште и одозгора не чини зашто биле малку, платете си ги и добијти си ги сите на готово.
Зашто ништо не е бесплатно, посебно кога некој сака да му биде соџвакано уште да одите некој друг и да ви го реши тестот ако не |(
Аватар на корисникот
Hipster

Жолто цветче
 
1237512756
Мислења: 4658
Зачленет: 08 Јул 2011, 19:21
Локација: Childhood...
If you don't get why by now, pal, you ain't ever gonna get it.
Frank Sinatra
:music:

Мислење 15 Ное 2013, 01:02

И после малата кавга на форумот, јас би сакала да ве замолам доколку некој би можел да ми каже кој е одговорот на ова прашање, дека стварно не ми се јасно.
10. Лице кое првпат се вработува, односно државен службеник кој се унапредува, по завршување на пробната работа ...

a) полага приправнички испит
b) полага стручен испит
c) не полага испит

Мислам дека е не полага, бидејќи нели полагаш пред да те вработат. Но некаде во законот прочитав дека полага 15 дена пред крајот на пробна работа. И сега стварно не знам што да одговорам. Не сакам да ве искористам, бидејќи барав, но не можев да најдам. Многу ќе ви благодарам доколку ми помогнете. Фала.
milanajmila

Фем почетничка
 
00
Мислења: 4
Зачленет: 13 Ное 2013, 18:14

Мислење 15 Ное 2013, 01:17

milanajmila напиша:И после малата кавга на форумот, јас би сакала да ве замолам доколку некој би можел да ми каже кој е одговорот на ова прашање, дека стварно не ми се јасно.
10. Лице кое првпат се вработува, односно државен службеник кој се унапредува, по завршување на пробната работа ...

a) полага приправнички испит
b) полага стручен испит
c) не полага испит

Мислам дека е не полага, бидејќи нели полагаш пред да те вработат. Но некаде во законот прочитав дека полага 15 дена пред крајот на пробна работа. И сега стварно не знам што да одговорам. Не сакам да ве искористам, бидејќи барав, но не можев да најдам. Многу ќе ви благодарам доколку ми помогнете. Фала.

Точен одговор е b) полага стручен испит.

Ако се вработиш сега по положување на овој испит, ќе бидеш приправник со 80% плата.
Пред да ти заврши приправничкиот стаж, пак полагаш испит. Ако го положиш, добиваш статус државен службеник и почнуваш да земаш целосна плата.
Аватар на корисникот
AnaKarenina

Жолто цветче
 
182458231
Мислења: 3365
Зачленет: 06 Окт 2011, 21:16
Локација: The Moon
When life gives you a hundred reasons to cry, show life that you have a thousand reasons to smile!

Мислење 15 Ное 2013, 01:55

Јас кога ве читам на темава кои глупави прашања не знаете да ги одговорите и ви треба помош, сериозно сфаќам зошто сме во септичка јама.
Се ова сака да се вработи во државни институции...и да јаде леб од мојот данок. Се ова необразувано, основно необразувано.
Добро бе, вие општо образивани сте? Што факултети имате завршено? Тоа скриптите ги имате развртено? Ако ништо друго каде ви е ПРОСТАТА логика? Сте пуштиле едни вести во животот, сте пролистале некој весник? Освен дремење по штабови, правите нешто друго?
Ај по некое...ама кога ќе видам некое ко она со испитон погоре, ми оди да повратам од мака...

Ц ц ц ц ц ц ц ц...
Последна редакција: Lilit на 15 Ное 2013, 01:57; редактирано еднаш.
Аватар на корисникот
Lilit

Црвено цветче
 
221332812
Мислења: 5593
Зачленет: 25 Ное 2009, 22:51
Локација: Зрно грашок

Мислење 15 Ное 2013, 01:56

Мене ми е навистина мило што вака работи темава, што си помагаме меѓусебно, без размислување дека може баш тој на кој сум му помагала со одговори ќе ми го земе работното место, што е мое ќе си дојде... Тие што се со врски воопшто и ги нема на форумов и темава, така е за жал, некој се мачи, крати од спиење, очи го болат од компјутерот и пак за џабе, Феминки со среќа, Благодарам на помошта малку паузирам од закониве и прашањава, Абејче фала, Ана Каренина и сите што ми помогнавте! Ако ми притекне нешто пак ќе прашам! :* :* :*
Аватар на корисникот
AniAngie

Бело цветче
 
1319
Мислења: 97
Зачленет: 01 Дек 2012, 17:32

Мислење 15 Ное 2013, 01:58

Абе секако, зошто работа е колективна ствар. Кој се вработи се вработи, после со сите дели...ептен мило ќе ви биде зошто заедно сте си ги делеле маките,иако не се познавате.
Оскар за ова!

Леле и ова за електронски потпис и за изгласување на буџет...леле мајчице мила, преслатка Маријо и Исусе Христе, Алах и Харе Кришња...
Затоа од вакви на сто места ќе влезам и ќе ми речат, не знам кај колешката, колешката ќе ме врати кај колешка и, па јас ќе си отворам весникот на Академик, па барам прочистени закони сама и се чудам дали е сепак така... зошто нели така треба, на друг да му ја работам работата!!!!!

Леле и за локалната самоуправа... ќе станам верник после темава, мајке ми. Само тоа ќе ме однесе во лудост и ќе ме извади ван реалност.

Абеја... за ќотек си. Убаво е да се помага...ама си ни одмогнала со ова. Така фино некој бара готови прашања,скоцкани, ко за на колоквиум во прва година. Ќе си отиде на готово, молим лепо. И после он добил работно место, некој што учел, прст у уста.
Чудесна земјо!

Јас сфаќам дека не може секој да знае се, ама глупостине...и толку едноставни и основни работи кои лесно се наоѓаат и пред се ФАКТИ кои брзо се памтат и нема ништо двосмислено, сериозно не разбирам, воопшто не разбирам и не можам. Се што разбирам е посветено време, загреано столче и желба.
Аватар на корисникот
Lilit

Црвено цветче
 
221332812
Мислења: 5593
Зачленет: 25 Ное 2009, 22:51
Локација: Зрно грашок

Мислење 15 Ное 2013, 07:36

А се, буквално секое прашање го има одговорено во законите, дури нема ниту потреба да поврзуваш прв со последен член туку го има одговорот во еден одреден член и тоа напишан потполно идентично од а до ш.
Само треба некој да се уклучи на интернет и наместо да дреме по цел ден на фејсбук или да слуша музика, ќе треба да си ги симнува законите и да си ги бара одговорите.
Треба да не размислуваш за да нешто ти биде нејасно, нема тука се двоумиш ова она.
Еве сега последново прашање, дали треба да се полага испит после пробната работа? Абе ви се молам, како може да не треба, па на 2 години се полага испит, ако сте го прочитале законот за државни службеници ќе ви биде потполно јасно што ви зборувам.
И тоа за донесување на буџет, ако го нема одговорот во законот барај во Деловник на Собранието, ако пишува дека се изгласува исто како законите па врати се на донесување закони, таму барај.
Јас немам против да му одговорам на некој, ама многу повеќе би сакала кога младинава сама доаѓа до одговорот а не да се откажува уште од старт.
Абе јас еднаш пробав да препишувам на колоквиум и ме фатија и ми се чини од тогаш ми се разбистри дека лошо си правам ако препишувам и баш тој предмет ќе беше штета да не го научам туку да го препишам на готово.
Аватар на корисникот
Abeja

Жолто цветче
 
44892978
Мислења: 2555
Зачленет: 24 Мар 2011, 01:01
Локација: Скопје
Слика

Мислење 15 Ное 2013, 15:27

Да се надоврзам и јас на муабетов,претходно пишев како би можеле да си ги бараат прашањата,но никој нејќе да се мачи па прашуваат прашања што само да го разгледаат законот ќе ги најдат.И како нели,сите се надеваме ќе освоиме макс. поени и ќе не викнат на интервју е тогаш ќе мумљате,затоа што нема да ги има прашањава туку што им текне ќе ве прашуваат и ќе треба да раскажете,а тоа е со прашања од некој друг одговорени ...малку тешко...
Аватар на корисникот
mishulence

Сино цветче
 
1317
Мислења: 115
Зачленет: 29 Сеп 2010, 13:04

Мислење 15 Ное 2013, 16:07

Не бе, има куп такви што завршија факултети со кликање, со а б в одговори, ова вие ке им го решите, они ке научат на памет, и на интервју ке се фалат дека се на фом со десетки, и оп...колешки....и кога ке им кажам после што има за работа, одма на боледување одат.
АКо не можете ова да го научите, ич не работете у администрација
Аватар на корисникот
Cka

Зелено цветче
 
1650634
Мислења: 868
Зачленет: 23 Сеп 2010, 12:15
Слика Слика

Врати се на Барање работа

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 6 гости