1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Полагање на испит за државен службеник

Дискусија во 'Барање работа' започната од elygj, 17 септември 2010.

  1. ivanovaivana

    ivanovaivana Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    4
    Хахахахха верувај, ни нас утре ќе не нема. Јас заглавив со одговарање цела недела, не сум излегла од дома 3-4 дена, само пред компјутер :) Не ми се чека утре да полагам, и дим да ме њама шо викаат бугарите :)
     
    На AniAngie му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    A резултати има одма, или?
     
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Си реков само да не ми се падне тоа со комесарите, ама пусти малер... :devil:
    И нормално, во понуденото немаше точен одговор, па кликнав дека има 18 (со надеж дека наместо двојка пишале единица). 20 не се, 22 уште помалку, па кликнав на 18.
    Кај мене имаше прашања за ЕУ, а системов веројатно е ист како оној на правен, така што - нема правила од кои прашања ќе ти се паднат, а од кои не. Лотарија е тоа, како ќе ти ги одбере компјутерот - така.
    Инаку да кажам дека не почнавме на време, јас стигнав пола саат пред мојот термин, а влегов 45 минути покасно од терминот |( Преку саат време чекав.

    После испитот додека чекав за потврдата, видов дека има многу паднати... Не знам дали јас се погодив во таква група, ама помалку од пола бевме ние што положивме.
    Како и да е, со среќа на сите што ќе полагате утре и задутре :)
     
    На ivanovaivana му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ivanovaivana

    ivanovaivana Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    4
    Честитки за положувањето. Смеам да прашам со колку поени положи? Мислиш ли дека е точно тоа со 18? Онака според одговорите на другите прашања, најверојатно веќе имаш претстава.
     
  5. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    сакам да прашам дали може да полагаш наредниот ден, поради спреченост поради болест со прилог на здравствена белешка? ако знае некој да ми каже
     
  6. ivanovaivana

    ivanovaivana Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    4
    не можеш. жалам. можеш да не отидеш да полагаш, и да полагаш кога ќе се пријавиш за друг оглас, меѓутоа овој сега го прошушташ и немаш право на работо место.
     
  7. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    но ако приложиз медицински документ, 24 часа се во прашање :(
     
  8. ivanovaivana

    ivanovaivana Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    4
    е па пробај, што да ти кажам. :)
     
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Нема тука ништо нејасно, 1951 е.

    НО:

    24. Од кои членови е составен Европскиот суд на правдата?

    a) 15 судии и 8 правобранители;
    b) 15 судии;
    c) 15 судии и 8 јавни обвинители;

    Ниедно од понудените не е точно, бидејќи после договорот во Ница е одлучено од секоја земја членка да има по еден судија, значи наместо 15 ќе бидат 28 и 8 правобранители-помошници

    Потоа
    26. Кога е основан Европскиот суд на ревизори и кој ги именува?

    a) Во 1977 година, а ги именува Европскиот Совет;
    b) Во 1956 година, а ги именува Европскиот Парламент;
    c) 01 јануари 1999 година, а ги именува Европскиот Совет;

    Овде е комплетно утнато и годината и органот кој именува,а точниот одговор е:
    Основан е 1975 год а ревизорите ги именува Советот на ЕУ.

    Не знам кој талентиран државен службеник ги составувал прашањата.
    Синојка највеке време ми одзедоа овие прашања за ЕУ,морав да препрочитувам од разни веб страни и да проверувам.
     
  10. Taja.N

    Taja.N Нов член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    НО:

    24. Од кои членови е составен Европскиот суд на правдата?

    a) 15 судии и 8 правобранители;
    b) 15 судии;
    c) 15 судии и 8 јавни обвинители;

    Ниедно од понудените не е точно, бидејќи после договорот во Ница е одлучено од секоја земја членка да има по еден судија, значи наместо 15 ќе бидат 28 и 8 правобранители-помошници

    Потоа
    26. Кога е основан Европскиот суд на ревизори и кој ги именува?

    a) Во 1977 година, а ги именува Европскиот Совет;
    b) Во 1956 година, а ги именува Европскиот Парламент;
    c) 01 јануари 1999 година, а ги именува Европскиот Совет;

    Овде е комплетно утнато и годината и органот кој именува,а точниот одговор е:
    Основан е 1975 год а ревизорите ги именува Советот на ЕУ.

    Не знам кој талентиран државен службеник ги составувал прашањата.
    Синојка највеке време ми одзедоа овие прашања за ЕУ,морав да препрочитувам од разни веб страни и да проверувам.[/quote]


    Првото е сигурно под а,така го одговорив а добив 30 од општиот дел шо значи го сметаат за точно.А дали некој може да ме информира за нареден оглас дали се приложува потврдата или автоматски компјутерот те смета со останатите пријавени?
     
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Па тие го ставиле тоа да е точно, но не мора да значи дека нивниот одговор е точен. Тие и за комесарите имаат ставено некој одговор за точен ама ниеден од понудените не е точен, туку е 28 комесари.
    Под а го ставиле точно зашто пред договорот во Ница било така-15 судии, а бидејќи има и 8 правобранители логично е зошто е под а.
     
  12. Taja.N

    Taja.N Нов член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1

    Мислам дека бројот на комесарите е зголемен за една третина,односно претходно бил 18,е сеа непрофесионалноста на тие што ги изготвувале прашањата колку и да е очигледна,ќе си ја трпиме.А за прашањето што го поставив има ли некој информација?
     
  13. ratka11

    ratka11 Нов член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    ke ve molam dali nekoj ke saka da kazi od tie sto polagaa kkavi prasnaj davaat dali istite so se na stranata ili drugi i koi prasanja se od prakticen del fala
     
  14. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Ако имаш положено а се пријавиш на оглас, не мора пак да полагаш испит, не можеш ти да полагаш 10 пати ако се пријавиш на 10 огласи. Ама тоа колку се остварува ова пак е прашање на ажурноста од страна на агенцијата. А не знам дали постои можност да видиш дали кога ја прават листата од 5 најуспешни те внеле и тебе во списокот.
    Дали имаш максимум поени?

    Ме интересира како одговоривте на прашањево:

    14. Колкупати годишно се состанува Европскиот Совет?

    a) најмалку двапати годишно;
    b) најмалку еднаш годишно;
    c) најмалку четирипати годишно;

    Порано било најмалку два пати годишно, ама сега е два пати на 6 месеци, одн. 4 пати годишно.

    ratka11 прашањата се тие од страната на агенцијата, таму ги имаш и од практичен дел
     
    На Taja.N му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Фала Ивана :)
    Јас положив со 27 поени од општиот и 28,5 од посебниот дел. 2 прашања имав згрешено од општиот дел, едно од посебниот. Тоа од посебниот дел стварно не знам кое е, после тоа ги проверував прашањата што ми текнуваа дека ги имам, за две не бев сигурна, ама и тие ми се точни.
    А од општиот бев несигурна за едно прашање (нешто беше со некоја дирекција, кој го именува директорот, нешто такво) и ова со комесариве. И изгледа прашањето за комесарите не ми е точно.

    Abeja, јас тоа прашање го немав на испитот, не ми се падна, ама дома кога ги одговарав заокружив 4 пати годишно. До душа, не знам дали е точно, затоа што не им се ажурирани прашањата за ЕУ, многу стари податоци има.
     
    На revoltmk и perimir28 им се допаѓа ова.
  16. perimir28

    perimir28 Нов член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Кој ке полага утре испит за државен службеник нека ми каже во која населба е седиштето на агенцијата за администрација ја мислам дека е во капиштец или сум грешка
     
  17. Taja.N

    Taja.N Нов член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Ако имаш положено а се пријавиш на оглас, не мора пак да полагаш испит, не можеш ти да полагаш 10 пати ако се пријавиш на 10 огласи. Ама тоа колку се остварува ова пак е прашање на ажурноста од страна на агенцијата. А не знам дали постои можност да видиш дали кога ја прават листата од 5 најуспешни те внеле и тебе во списокот.
    Дали имаш максимум поени?

    Ме интересира како одговоривте на прашањево:

    14. Колкупати годишно се состанува Европскиот Совет?

    a) најмалку двапати годишно;
    b) најмалку еднаш годишно;
    c) најмалку четирипати годишно;

    Порано било најмалку два пати годишно, ама сега е два пати на 6 месеци, одн. 4 пати годишно.

    ratka11 прашањата се тие од страната на агенцијата, таму ги имаш и од практичен дел[/quote]




    Максимум од општиот дел и 28.5 од посебниот.Мој совет е да ги одговарате старите правила,оти полагав пред месец време а сеуште важеа тие.Инаку може да се полага колку пати сакаш се додека не постигнеш максимум,ама да бидат изминето 90 дена од последното полагање.
     
    На perimir28 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. perimir28

    perimir28 Нов член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Немам положено утре прв пат полагам затоа прашав во која населба се наоѓа Агенцијата за администрација
     
  19. perimir28

    perimir28 Нов член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    А инаку незнам некако немам желба за одење знам дека е наместено ама ајде да си ја пробам среќата ништо не губам
     
  20. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Дечки како иде селекцијата понатаму? За позицијата која аплицирав јас се бараат 31 извршител и некако ме буни постапката објаснета во законот за државни службеници. Како иде рангирањето понатаму некој поупатен да образложи?