1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Полагање на испит за државен службеник

Дискусија во 'Барање работа' започната од elygj, 17 септември 2010.

  1. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    девојки дали за да се полага овај испит потребен е факултет ?
    кој се условите за пријавување?прашувам за мојата тетка би сакала да се обиде...
     
  2. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Не е потребен факултет.
    Мајка ми ќе оди сега на наредното полагање да полага и преку оглас за работа (на кој таа аплицираше) и стина на маил дека ќе треба да го полага испитот за државен службеник, па потоа од тие што ќе покажат најдобри резултати ќе примаат некој на работа итн инт.
    Инаку, не знам на друг начин како може да се пријави.

    Ај оние што имаат полагано, пооширно да споделат информации. Може и по ЛП :)
     
  3. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    и јас сум заинтересирана за подетални информации,ајде кажувајте кој знае ;)
     
  4. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    епа вака, за државен службеник знам нешто повеќе за работа во некои од министерствата, е сеа нз ако ти треба за во собрание??
    знам дека излегува оглас за потреба на нови вработени во некои од министерствата, конкурирас со си ви па ако ги задоволуваш потребите (има места за со и без потребно искуство) потоа чекаш повратна информација, преку меил дали можеш да полагаш или не, па ту даваат материјал за учење од 2 дела(за многу краток период од некои се неполни 2 недели)
    1 дел цел уставен поредок, акти, значи уставно право, има за локална самоуправа,буџет,еу и многу мнгоу друг материјал, казнениот законик го има... (ова го полагаш без разлика за кое министерство конкурираш, може и за здравство да си) околу 500 страници е материјалот
    2 дел е информатика 300 страници се општо се за компјутери!
    потоа одиш на закажаниот термин за полагање, со лична карта има многуу многууу што полагаат со тебе, тестот е со заокружување на повеќе понудени одговори и првиот и вториот дел!!
    потоа , веднаш има резултати, електронско оценување, најдобрите 5 мислам одат на разговор па вработуваат само 2 или 3ца во време од 1 годна без решение,потоа пак се полага и подобриот останува на работа со решение
    иначе конкурсот за нови вработувања мислам дека заврши минатата недела, сега се полага овие денови
     
  5. mila85

    mila85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    50
    Да не живеете во заблуда, сите тие од огласите за државни службеници се ВЕЌЕ ПРИМЕНИИИ....бадијала одите, учите, полагате и трошите пари, време и нерви.....Ако немате врски или партија или пари да потплатите, подобро седете си домаааа - како мене :lol:
     
    На zbuneta2 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Џабе ќе полагате испит за државни службеници, кога кај нас прво те вработуваат за државен службеник преку партија или јаки партиски врски па потоа ти го бараат овој испит.

    Јас на оние интервјуа за работа во државната администрација сретнав луѓе што пред 5-10 една жена и 20 години го положиле испитот и уште се маткаат по тие интервјуа со надеж дека ќе ги вработат. Алал да им е, јас откажав после 2-3 месеци маткања на овие интервјуа.

    Јес да надежта последна умира, ама нивната надеж е умрена ако мислат дека испитот без партија ќе им помогне да се вработат.
     
    На ljubicicaa и mila85 им се допаѓа ова.
  7. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    Колку што знам за општиот дел ќе има 10 прашања, само незнам дали се сите со заокружување. Резултатите се веднаш готови??? Ако знај некој нека одговори
     
  8. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    ќе има 20 прашања од општ дел и 20 информатика,од по 1 ипол поен резултати одма, тоачно е тоа дека вработуват партиски,еве јас лично знам 2 кои се запослија без никакви партиски книшки ниту се пак на некои познати родители и блиски,беа само супер студенти и одговорни личности,едниот доби решение другиот мислам дека не го положи вториот испит кој се полага после 1 години!така да зошто да не пробаш кога имаш шанса?? било за учење е ќе биде неможе така од дома да те викнат,е сеа тоа што знаеме дека некој ќе влезе со врски боли,ама никој не ни е крив што не се познати нашите мама и тато! :?:
     
  9. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    Во право си Lina24 зошто да не се проба, така од дома седење никој нема да те викни :)
     
  10. GooDLife

    GooDLife Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Мене ме интересира дали се плаќа за полагање на државниот испит? Дали има некои трошоци?
     
  11. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    не се плаќа ништо, сигурна сум дека заврши испитот за полагање вчера,заврши и огласот! добив таква информација и дека треба да имаш 30 поени од општ дел и 30 поени од информатика!!па тие што полагале со среќа нека им е!нека чекаат да ги викнат на разговор за една недела!
     
  12. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    на колку време од пилика излегува огласот :?:
     
  13. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    ^^ во зависност кога требаат нови вработувања, на една година до година и пол! сега имаше потреба за во мин за транспорт и врски, мин за здравство и мин за образование! другата год може за некое друго место ќе има потреба!
     
  14. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека кога има активен оглас тогаш се полага и испитот, не мора да значи ако има сега дека за два три месеци нема да има. Моментално има активни огласи за во 9 државни органи.

    СЕ ОКОЛУ ПОЛАГАЊЕТО НА ИСПИТ ЗА ДРЖАВЕН СЛУЖБЕНИК

    ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

    ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ИСПИТ ЗА ДРЖАВЕН СЛУЖБЕНИК

    Јас уште чекам да ме известат по e-mail за полагањето за тоа работно место за кое се пријавив.

    p.s. во новите огласи во мин за финансии последниот оглас гласи вака :
    23. Помлад соработник за првостепена управна постапка, Подрачно одделение за првостепена управна постапка - Чаир, Управа за имотно-правни работи (3 извршители)

    Е како тоа во другите општини бараат по еден тука тројца.
    А погледнете ги и исправките на огласите, какви се муќки прават, какви местенки, па по објавен оглас ги менуваат огласите, според тоа како им одговара за наместениот новопримен.
     
  15. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    кога го прати меилот?? братучедка ми п арти сега пред две три недели и една пријателка исто, братуцедка ми ја викнаа а неа не! кога се јави и кажаа дека огласот завршил и дека немала соодветно образование за бараното место за помлад референт,овие другите полагаа во средата во три групи и им кажале дека ќе ги викнат на разговор во текот на наредната недела,ако не ги викнат може пак да одат да полагат кога ќе излезе друг конкурс! од таму ги знам овие инфо! можеби има и друго полагање ако не јави се види што е како е!
     
  16. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    зошто воопшто си губите време и нерви на овие работи???нормално ако имате врски или познати,веке ке бидете вработени ;)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  17. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски

    ако другарката твоја има магистратура и кога конкурирала за огласот навела дека е со мастер, затоа и не влегла на интервју, затоа што за оглас со високо образование викаат само луѓе со високо образование ... не им треба повеќе. А и да се согласувам со коментарот пред мојов, џабе веслате на овие огласи. Листата вработени е веќе пополнета уште пред да го дадат огласот ! Огласот е само формалност, нешто што мораат да го направат според закон :)
     
  18. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    За референт се бара средно образование, и кога аплицираш, кога го внесуваш полето за образование ти нагласува дека ако вашето образование е повисоко од баранато апликацијата нема да ви се земе во предвид, одприлика нешто така.
     
  19. Nice.girl

    Nice.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Доколку во скоро време некој/а го има полагано испитот за држ. службеник дали може да ме информира дали со сигурност е тргнат делот за информатика и да ми даде насока како одат прашањата?
     
  20. hrizantema007

    hrizantema007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    42
    срцка,,,само општиот дел се полага доколку си аплицирала за некои од конкурсите од Агенцијата,а посебен дел се полага доколку те примат и по одреден приправнички стаж те повикаат да полагфас стручен дел.тоа епосебниот дел..но да напоменам дека функцинмоираат само партиските врски,јака политичка позадина,,во спротивно,ако сакас имај максимум поени џабе е се,кажувам од иксуство