1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работа во Германија

Дискусија во 'Барање работа' започната од happygirl, 3 ноември 2011.

  1. carazoreli

    carazoreli Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    10
    Девојки, сакам да ве прашам оние кои сте биле во Германија колкава е заработката месечно, на пример во Mc Donald's и дали се исплати да се работи два месеци? Како се снајдовте за сместување и слично? Благодарам однапред :)
     
  2. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    21.647
    Пол:
    Женски
    Вчера имав состанок со луѓето од Контекст, им ги предадов пополнетите документи, уплатив 1000 ден. за апликативни трошоци, и сега ми останува да чекам март-април да ми стигне договорот за работа. Аплицирав за чистеше на канцеларии, во Минхен. Се надевам дека се ќе биде како што треба :) Други трошоци сега за сега нема, дури откако ќе стигне договорот се плаќа 100 евра за два месеци работа, а 150 евра за 3 месеци. Плус по 1000 ден. здравствено и патничко осигурување. Картата до таму, како и смештајот сама треба да го најдам, тие само ќе ми дадат неколку адреси. И тоа е тоа. :)
     
  3. Ger23

    Ger23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    12
    а да те прашам дали ова ти е прв пат или имаш досега аплицирано? и дали знаеш дали дали ке стигнуваат уште понуди посебно за штутгарт..?
     
  4. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    21.647
    Пол:
    Женски
    Прв пат аплицирам. А за понуди за во Штутгарт, појма немам.
     
  5. Tajnaotrovna

    Tajnaotrovna Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    3.071
    Допаѓања:
    33.623
    Пол:
    Женски
    А зошто одите преку посредници кога можете сето тоа да го добиете и бесплатно ( барем така беше до пред 1 год. ) преку германска агенција за вработување на студенти од странство. Ако знаете германски нема да имате проблем сами да се снајдете, прочитајте повеќе на странава околу тоа http://www.arbeitsagentur.de/nn_29928/N ... V-Nav.html.
    Додека студирав многу мои колеги заминаа на овој начин. Се што требаше беше да се напише mail до ZAV во кој ќе им кажете дека сте заинтересирани за работа во Германија и ќе им дадете своја адреса на која ќе ви испратат формулари кои треба да ги пополните и дел од нив да ви бидат заверени на факултет со печат, потпис, дека сте студенти. Ќе си прашате дополнително да не е потребно уште нешто од факултетот ( потврда за редовен студент, потврда за познавање на герм.јазик или сл.) Откако ќе ги пополните формуларите без грешки ги праќате на нивна адреса, потоа добивате потврда дека ги примиле и ако е се во ред ќе ви се јават за понуда за работа ( зависно од полето што сте го избрале, а може да се одберат повеќе опции). Порано знам дека најдоцна можеше да се пријавиш до крај на декември и во јануари ги испраќаа формуларите на домашна адреса. Јас се имав пријавено во декември 2009 и ми стасаа формуларите, но не ги пополнив и не ги испратив бидејќи заминав како Au pair за Германија. :)
    Поздрав до сите што планираат да одат и многу среќа.
     
  6. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    До кога најдоцна може да се аплицира?? :?:

    Прашувам за преку агенција, ова сама да организирам малку потешко. :D

    Ааа, готово, најдов.
    Значи најдоцна може да се пријавиш до 30 април.

    Баш супер, а германскиот со ова темпо, ќе го пеам до март. :D
     
  7. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Го знам ова и најубаво е вака бидејќи ништо не плаќаш. Али е заебано ако одиш со другарка, пошто можат да ве разделат во различни градови да сте.
    А ако некој оди сам, преку овој начин е најубаво да аплицира. :)
     
  8. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    21.647
    Пол:
    Женски
    Викендов ме исконтактираа од агенцијата, ми кажаа дека после 9ти јануари пак ќе дојдат во Штип за да потпишам некаков договор со нив. Не таков за работа туку да го дефинираме односот кандидат-агенција. После тоа следува интервјуто на германски јазик :)
     
  9. aquarius34

    aquarius34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    99
    девојки, тие што сте биле или тие што аплициравте за годинава, ќе сакате да ми пишете лп за тоа како, каде аплициравте, услови, искуства... и сл? однапред ви благодарам :*
     
  10. Trajche

    Trajche Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    9
    Па имаш на предходните 2 страни читај.
     
  11. puflaa

    puflaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    23
    Happygirl аплицираше заедно со некој или сама ќе одиш во Германија? За во кој град аплицираше и дали потребно е да се знае германски..

    Јас сум заинтересирана за работа во Германија ама оваа година немам со кој да одам. Доколку некој сака да работи може да пише да се искомбинираме. :) Лани еден другар беше да работи во фабрика, без знаење на германски јазик па ако не најдам нешто подобро ќе одам таму..
     
  12. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    21.647
    Пол:
    Женски
    Аплицирав заедно со дечко ми, заедно ќе одиме, здравје. Инаку, за во Минхен се пријавивме па ќе видиме како ќе излезе. Треба некое познавање од јазикот, јас го имам учено 4 години во средно, ама не го владеам добро. Затоа има една страна на нет, од таму читкам по нешто.
     
  13. tinatinatina

    tinatinatina Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Zdravo na site!
    Ve molam da mi kazete druga agencija osven kontex, bidejki ne primaat aplikanti sto ne zboruvaat germanski...ja najdov JK od bitola, dali nekoj slusnal i znae nesto za ovaa agencija? Help :D
    [mod-kirilica:1mo73afy][/mod-kirilica:1mo73afy]
     
  14. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски

    Извини вака, не сакам погрешно да ме разбереш, само едно прашање до тебе: како планираш да работиш во Германија, а не знаеш ништо од јазикот? :( Еве, нека не биде само Германија, мислам дека во ниедна земја не би се снашла доколку немаш барем основни познавања од јазикот. Треба да можеш да се разбереш и со работодавецот, и со клиентите (ако ти е таква работата), и со колегите..... Посебно па ако работиш со пари :x Не е за џабе тоа што не примаат апликанти кои немаат познавања од јазикот.

    Имаш доволно време до тогаш, научи нешто барем, основните работи. Не за друго, за да можеш да се снајдеш, да не наидеш на проблеми кога ќе отидеш.
     
    На Lacrimosa и Doozy им се допаѓа ова.
  15. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.481
    Пол:
    Женски
    ПОзнавам луѓе кои се снајдоа за работа и без да знаат да пекнат германски. Ама многу полесно се поминува ако имаш некоја основа. Ако веќе планираш да одиш можеш да се запишеш на основен степен германски ич да не е ке научиш некои основни поими.

    Ке се снајдеш и без јазик ама потешко. Плус ако имаш познавање од јазикот можеш подобри работни места да добиеш.

    Внимателно избирајте понуди. Има луѓе кои се задоволни од Контекс но има и такви што биле со работно време од два саати едвај за кирија извадиле.
     
  16. skinny

    skinny Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Машки
    Баш сакав да идам на работа во Германија ама ова со јазикот ептен ме демотивира. Од тие што биле веќе и спомнаа дека некои работеле без знаење на германски ај нека пишат на лп која работа точно и нивно мислење дали да најдам некој да збори на германски место мене по скајп на Контекст?
     
  17. butterflyyy

    butterflyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    59
    Еден мој другар планира летово да оди во Германија. Мислам преку Контекст дека ќе оди. Нема појма германски јазик, но затоа сега од февруари ќе се запише на убрзан курс, за барем некои основни познавања да има. Но како и да е ќе бара да работи на некоја позиција каде што и нема да му треба многу јазикот.
     
  18. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Може некоја што правела интервју преку скајп да ми каже подетално како оди, што прашуваат?
     
  19. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    21.647
    Пол:
    Женски
    Јас денес имав интервју преку скајп, и супер поминав, дури се предомислив да работам во МекДоналдс, наместо да чистам. Овде има предност што имам и храна, иако саатот е 7.5 евра. Како и да е, се радувам, и јас и дечко ми, поминавме, сега ќе чекаме понуди.
    Инаку, не знам која праша овде некој друг да збори место неа на интервјуто, па како така? Во Контекст имаат слика од тебе знаат како изгледаш, не се будали :) Не знам како би го извела ова со друга личност.
     
  20. deluxxx

    deluxxx Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    4
    Може да кажеш што те прашаа на интервјуто? Оти и јас треба да правам за некој ден али тапа сум германски, па да читнам нешто. позз
     
    На Tajnaotrovna му/ѝ се допаѓа ова.