Девојки, сакам да ве прашам оние кои сте биле во Германија колкава е заработката месечно, на пример во Mc Donald's и дали се исплати да се работи два месеци? Како се снајдовте за сместување и слично? Благодарам однапред
Вчера имав состанок со луѓето од Контекст, им ги предадов пополнетите документи, уплатив 1000 ден. за апликативни трошоци, и сега ми останува да чекам март-април да ми стигне договорот за работа. Аплицирав за чистеше на канцеларии, во Минхен. Се надевам дека се ќе биде како што треба Други трошоци сега за сега нема, дури откако ќе стигне договорот се плаќа 100 евра за два месеци работа, а 150 евра за 3 месеци. Плус по 1000 ден. здравствено и патничко осигурување. Картата до таму, како и смештајот сама треба да го најдам, тие само ќе ми дадат неколку адреси. И тоа е тоа.
а да те прашам дали ова ти е прв пат или имаш досега аплицирано? и дали знаеш дали дали ке стигнуваат уште понуди посебно за штутгарт..?
А зошто одите преку посредници кога можете сето тоа да го добиете и бесплатно ( барем така беше до пред 1 год. ) преку германска агенција за вработување на студенти од странство. Ако знаете германски нема да имате проблем сами да се снајдете, прочитајте повеќе на странава околу тоа http://www.arbeitsagentur.de/nn_29928/N ... V-Nav.html. Додека студирав многу мои колеги заминаа на овој начин. Се што требаше беше да се напише mail до ZAV во кој ќе им кажете дека сте заинтересирани за работа во Германија и ќе им дадете своја адреса на која ќе ви испратат формулари кои треба да ги пополните и дел од нив да ви бидат заверени на факултет со печат, потпис, дека сте студенти. Ќе си прашате дополнително да не е потребно уште нешто од факултетот ( потврда за редовен студент, потврда за познавање на герм.јазик или сл.) Откако ќе ги пополните формуларите без грешки ги праќате на нивна адреса, потоа добивате потврда дека ги примиле и ако е се во ред ќе ви се јават за понуда за работа ( зависно од полето што сте го избрале, а може да се одберат повеќе опции). Порано знам дека најдоцна можеше да се пријавиш до крај на декември и во јануари ги испраќаа формуларите на домашна адреса. Јас се имав пријавено во декември 2009 и ми стасаа формуларите, но не ги пополнив и не ги испратив бидејќи заминав како Au pair за Германија. Поздрав до сите што планираат да одат и многу среќа.
До кога најдоцна може да се аплицира?? Прашувам за преку агенција, ова сама да организирам малку потешко. Ааа, готово, најдов. Значи најдоцна може да се пријавиш до 30 април. Баш супер, а германскиот со ова темпо, ќе го пеам до март.
Го знам ова и најубаво е вака бидејќи ништо не плаќаш. Али е заебано ако одиш со другарка, пошто можат да ве разделат во различни градови да сте. А ако некој оди сам, преку овој начин е најубаво да аплицира.
Викендов ме исконтактираа од агенцијата, ми кажаа дека после 9ти јануари пак ќе дојдат во Штип за да потпишам некаков договор со нив. Не таков за работа туку да го дефинираме односот кандидат-агенција. После тоа следува интервјуто на германски јазик
девојки, тие што сте биле или тие што аплициравте за годинава, ќе сакате да ми пишете лп за тоа како, каде аплициравте, услови, искуства... и сл? однапред ви благодарам
Happygirl аплицираше заедно со некој или сама ќе одиш во Германија? За во кој град аплицираше и дали потребно е да се знае германски.. Јас сум заинтересирана за работа во Германија ама оваа година немам со кој да одам. Доколку некој сака да работи може да пише да се искомбинираме. Лани еден другар беше да работи во фабрика, без знаење на германски јазик па ако не најдам нешто подобро ќе одам таму..
Аплицирав заедно со дечко ми, заедно ќе одиме, здравје. Инаку, за во Минхен се пријавивме па ќе видиме како ќе излезе. Треба некое познавање од јазикот, јас го имам учено 4 години во средно, ама не го владеам добро. Затоа има една страна на нет, од таму читкам по нешто.
Zdravo na site! Ve molam da mi kazete druga agencija osven kontex, bidejki ne primaat aplikanti sto ne zboruvaat germanski...ja najdov JK od bitola, dali nekoj slusnal i znae nesto za ovaa agencija? Help [mod-kirilica:1mo73afy][/mod-kirilica:1mo73afy]
Извини вака, не сакам погрешно да ме разбереш, само едно прашање до тебе: како планираш да работиш во Германија, а не знаеш ништо од јазикот? Еве, нека не биде само Германија, мислам дека во ниедна земја не би се снашла доколку немаш барем основни познавања од јазикот. Треба да можеш да се разбереш и со работодавецот, и со клиентите (ако ти е таква работата), и со колегите..... Посебно па ако работиш со пари Не е за џабе тоа што не примаат апликанти кои немаат познавања од јазикот. Имаш доволно време до тогаш, научи нешто барем, основните работи. Не за друго, за да можеш да се снајдеш, да не наидеш на проблеми кога ќе отидеш.
ПОзнавам луѓе кои се снајдоа за работа и без да знаат да пекнат германски. Ама многу полесно се поминува ако имаш некоја основа. Ако веќе планираш да одиш можеш да се запишеш на основен степен германски ич да не е ке научиш некои основни поими. Ке се снајдеш и без јазик ама потешко. Плус ако имаш познавање од јазикот можеш подобри работни места да добиеш. Внимателно избирајте понуди. Има луѓе кои се задоволни од Контекс но има и такви што биле со работно време од два саати едвај за кирија извадиле.
Баш сакав да идам на работа во Германија ама ова со јазикот ептен ме демотивира. Од тие што биле веќе и спомнаа дека некои работеле без знаење на германски ај нека пишат на лп која работа точно и нивно мислење дали да најдам некој да збори на германски место мене по скајп на Контекст?
Еден мој другар планира летово да оди во Германија. Мислам преку Контекст дека ќе оди. Нема појма германски јазик, но затоа сега од февруари ќе се запише на убрзан курс, за барем некои основни познавања да има. Но како и да е ќе бара да работи на некоја позиција каде што и нема да му треба многу јазикот.
Јас денес имав интервју преку скајп, и супер поминав, дури се предомислив да работам во МекДоналдс, наместо да чистам. Овде има предност што имам и храна, иако саатот е 7.5 евра. Како и да е, се радувам, и јас и дечко ми, поминавме, сега ќе чекаме понуди. Инаку, не знам која праша овде некој друг да збори место неа на интервјуто, па како така? Во Контекст имаат слика од тебе знаат како изгледаш, не се будали Не знам како би го извела ова со друга личност.
Може да кажеш што те прашаа на интервјуто? Оти и јас треба да правам за некој ден али тапа сум германски, па да читнам нешто. позз