Можеш, но само ако имаш над 15 години(или пак 15). Според правилата таа работа не смее да трае повеќе од 4 часа дневно, али тоа не се почитува баш. Така да може
Баш тргнав да ја направам темава.. И мене ме интересира. Стварно ми требаат пари, моите не се баш при пари деновиве.. :/ А лето иде. Дали знаете каде можам да најдам?
И јас барам ваква работа ама овде во Македнија нема Сакам да кажам не е легално,не си осигурен,за разлика во странство децата одат на школо и на работа а овде не е така Па тие што сакаат вакво нешто бараат работа за време на летниот распуст Треба да се направи и такво нешто за да може и децата под 18 год. да работат Ако грешам дека не е легално изгледа не сум доволно информирана...Па ако некој има повеќе информации за работа за лица под 18 години нека каже Надополнето:Барав на гугл за работа за лица под 18 години.Еве што најдов: ПОКРАЈ ЗАДОЛЖИТЕЛНОТО СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ Меѓу невработените и млади на 16 години Светлана Вукчевиќ Млади луѓе на возраст меѓу 15 и 18 години работат, бараат работа и се пријавуваат како невработени, иако средното образование е задолжително и тие би требало да се во училишните клупи. Задолжителното образование годинава го заврши втората генерација средношколци и во евиденцијата на невработени би требало да нема лица на возраст од 15 и од 16 години. Но, поради неусогласената законска регулатива за образование и за работа, статистиката на Агенцијата за вработување во мај покажува бројка од речиси седум илјади невработени луѓе на возраст меѓу 15 и 19 години. Во Агенцијата велат дека немаат регистрирано невработени на 15 години, а на возраст од 16 години се евидентирани 24 лица. Оттаму информираат дека го почитуваат Законот за работни односи, кој забранува вработување лица под 15-годишна возраст. Во моментов во собраниска процедура се измени на Законот за работни односи, но најниската граница за вработување ќе остане 15 години. Законот само се усогласува со европските директиви и меѓународни конвенции од кои дел се однесуваат на младите од 15 до 18 години и ако се усвои како што е предложен, токму поради прифаќањето на тие европски документи, ќе биде во расчекор со нашето задолжително средно образование. Со измените се воведува категорија „млади лица“, која се однесува на младите од 15 до 18 години, кои не се опфатени со задолжително образование. Ним им е овозможено да склучуваат договори за работа иако од пред две години, кога се направени измени Законот за средното образование, такви во државата, практично, не би требало да има. Законот за средното образование дозволува да работат само тие што учат вонредно. Стојан Трајанов, државен советник во Министерството за труд и за социјална политика вели дека измените на Законот за работни односи го поминале првото читање во Собранието и дека се очекува наскоро да бидат донесени. - Не можеме да ја менуваме временската рамка зашто таа произлегува од меѓународни документи што сме ги прифатиле. Но, со измените во Законот се вградуваат европски директиви што се однесуваат и на вработување на младите лица, како што со овој Закон се нарекуваат граѓаните од 15 до 18 години. Исто така, при измените се почитуваат и две конвенции на Меѓународната организација на трудот што ги усвоивме пред две години, а кои се однесуваат токму на заштита на детскиот труд од злоупотреба. Меѓу другото, во Законот се наведува и тоа дека образованието има предност во однос на вработувањето, односно дека образованието не смее да се спречува - објаснува Трајанов. Со новопредложените измени на Законот за работни односи со посебно поглавје се регулира како можат да работат лицата меѓу 15 и 18 години. Во него се наведува дека договор за вработување може да склучи младо лице под 18 години возраст, кое има општа здравствена способност. Работодавецот не смее да го експлоатира или да му дава работа што може на некој начин да му наштети на здравјето или да му го загрози образованието. Со измените на Законот под такви услови се дозволува работа со надомест и за деца под 15 години, но таа е ограничена само на учество во културни, артистички и рекламни активности, како и спортски настани. Млади под 16 години во една недела ќе можат да работат најмногу 32 часа, а од 16 до 18 години 37 часови и 45 минути. Работодавецот што ги вработува ќе мора да обезбеди посебна дозвола од надлежната трудова инспекција, која ќе изврши контрола на работното место, а законскиот застапник на детето ќе треба да даде дозвола. Како работа, со измените на Законот ќе се смета и теоретската и практичната работа во рамки на образованието. Значи можело од 15 години до 18 год Супер не знаев за ова Морав и ова да го напишам: http://www.mtsp.gov.mk/WBStorage/Files/4Izves_ESP.pdf
http://signup.wazzub.info/?lrRef=4248a976 Еве јас да пратам линкче, па кој сака, нека се зачлени преку линков. А инаку се заработува преку праќање на покани за зачленување на сајтот преку линк кој ќе си го добиете со зачленувањето, а сајтот, односно мрежата официјално се отвара на 9. април и ќе биде објаснето на кој начин ќе се исплаќаат парите и за се останато пишува на сајтот... Ако има потреба, пишете во лп.
Јас сум за работа,имам 16 години па ако некој бара вреден работник без искуство нека ми прати ЛП. Сега најсериозно,барам работа!
Кај нас нема работа за тие со 18 и над 18,а не па за под 18. Освен у кафич. Секој глеа да те искористи на секој можен начин и уште ако може и да не ти плати на крај. Тоа е нашата држава. Нормална работа никако не може да се најде. Инаку не сум слушнала до сеа за работа за лица под 18.
Во Австралија, работна способност децата имаат од денот кога наполнат 13 години. Таму работат по бутиците. И сега пример понеделник,среда и петок од сабајле 4-6 саата, а вторник и четврток од попладне до вечер. Неделно зимаат околу 7-8 долари, абе за дете од 13 години пара е тоа, нели. Ама кај нас нема закон, оно немо=ат да се вработат оние со диплома, не па ние малецките, али тоа е.
Јас сакам да соберам пари за ексукурзијаа и професорката по информатика ни кажа дека смееме да работиме летово и ни помна за некоја работа на лозје или нива у драчево или таквите места..знае некој нештоо?
Работа за тинејџери Девојки имам 16 години и ова лето би сакала да побарам некоја тин работа и да заработам пари, на пример во некој бутик или слично. Што мислите, дали мојава идеја е добра? Би сакала и вие да ми дадете некое мислење каде би можела да се обратам за работа. Ви благодарам однапред
тинејџерска работа Јас секогаш си имав по некоја парт тајм џоб! Еднаш бев келнерка, во цвеќата работев, во продавница, парфимерија и мислам дека толку беа! Тоа е убаво да сакаш да си заработиш уште од сега!
Моја блиска личност работеше во McDonald's, легално. Има 16 години. Додуше имаше и врски, но битно беше легално, отиде само на нешто како систематски, затоа што работеше со храна, тоа си го плати и потоа си зеде 2 или 3 плати не сум сигурна по 5 илјадарчиња за летниот распуст и супер и беше, си беше при пари во секое време.
nenna.girl си отворила нова тема на која си пишала дека во април правиш 15, а овде пишуваш 16.. Па за работа се збори биди малку реална.. Да не бидам офф и јас сакам да работам летово, ама имам 14 Смеам ли да работам?
Сакам за време на летниот распуст да се вработам некаде, само незнам дали лесно би нашла работа и колку би ми била платата што ќе ми ја дадат, дали некој од вас може да ми каже како полесно да најдам работа и ако некој има работено колку е отприлика платата што ја даваат сите работодавачи на лица под 18 години.
Јас сум заинтересирана за работа. Би можела да почнам и сега, немора за распуст,зашто одам само прва смена на школо, и можам втора смена да работам. Ако некој има или знае некој кој има потреба од работничка (инаку имам 15 години) нека ми пише лп. Би работела во бутик, кафиќ, цвеќара,трафика,било што... Ви благодарам.
Исто и јас со 16 ипол години како веќе работоспособна барам работа летово. Комуникативна сум, познавам англиски, волонтер сум на невладини организации, пишувам и цртам. Доколку некој знае за било што, би ви била благодарна доколку ми пишете ЛП.