ТЕМА: Совет за CV

Мислење 11 Сеп 2012, 17:29

Trendafilka напиша:Па да, се жалам за работа, не знаев дека треба да испраќам неписмени сивија.
Но ти благодарам што ми укажа на овој факт, ќе си ја пробам среќата.

Не сакав инаку воопшто да бидам некултурна или да навредувам, работата е што CV-то е на некој начин огледало за вас.
Мора да е перфектно од старт (многу јасно дека ако не сте компетентен за работата, немате убав пристап, став, знаење и сте дудук на интервјуто ќе изгледа дека не ви врши работа перфектно скоцкано CV), арно ама за да стигнете дотаму, на интервју мислам, тоа е почетниот процес на елиминација.

Мене другар ми ми кажува дека за обично место - секретарка во неговата фирма, стигнале околу 600 сивија.
Како биле отфрлени првите 400? Со процес на елиминација.
А како ги елиминирале? Со грешки во cv-то.
При 3 забележани грешки, веднаш го фрлаат, не се ни трудат понатаму со читање. На тоа сакам да укажам.
И тоа е сосем коректно. И нормално.

Затоа се зачудив, реткост е денес да те викнат на интервју со такво просечно сиви преполно грешки.
Тука секако не алудирав на твоите работни способности, фала богу не се ни познаваме лично. :)

ај смир сега,дај да и помогнеме со совет а сите среќата си ја наоѓаме на наш начин , има различни критериуми за оценка а и сепак според мене крајниот резултат е доста важен.И сама знаеш дека може секој да ти направи цв да е скоцкано со сите правописни правила а на дело да те нема никаде.Да им посакаме среќа на оние што си бараат работа а нека научат и нешто од нас макар и грешно :bow:
Последна редакција: Dvolicen на 11 Сеп 2012, 17:37; редактирано еднаш.
Dvolicen

Жолто цветче
 
23172664
Мислења: 1249
Зачленет: 01 Јун 2012, 21:43

Мислење 11 Сеп 2012, 17:30

Еленушка

ги прочитав твоите постови за пишување на цв па да ти објаснам од тоа што на факс не учеа
ЦВто ги содржи твоите податоци-која си, што си, од кај си, образование, работни искуства а многу важно е МОТИВАЦИОНОТО ПИСМО-се пишува веднаш под цв-то и во него објаснуваш ЗОШТО баш ТИ сакаш да работиш во таа фирма/компанија и верувај дека многу повеке внимание се обрнува на твоето мотивационо писмо отколку на цвто-користи изрази и фрази со кои би можела да ги наведеш на вработување твоите идни работодавци :)
и да знаеш дека речиси секаде бараат ЕВРОПСКИ курикулум вите т.н. цв :)
и да :!: многу е важно фонтот, и да НЕМА грешки
Аватар на корисникот
srcekrsacka

Жолто цветче
 
14665975
Мислења: 2799
Зачленет: 26 Ное 2010, 17:13

Мислење 11 Сеп 2012, 18:32

Знам дека зтанав досадна ама сакам да си знам дали
Copy of eli mat.jpg
Copy of eli mat.jpg (4.38 KiB) Разгледано 631 пати

ова големина на слика е доволна за на CV-то
Аватар на корисникот
Elenuskaa

Жолто цветче
 
19711420
Мислења: 1873
Зачленет: 11 Сеп 2011, 20:23

Мислење 07 Ное 2012, 01:37

И така почнав да си куцам CV... ми иде да си ја ѕвекнам главата од ѕид кога ќе видам скроз празна дупка кај "работно искуство" Слика
Паралелно го средував CV-то на vrabotuvanje.com.mk па (незнев на која тема, се надевам дека ова е соодветно место) да прашам дали некој што има профил има проблеми со внесување на податоци за образование? На пример кога ќе внесеш "типот на образование" го снемува полето за "факултет" или "образовна институција" ?? :?:

Уште две прашања :geek:
1) Кај полето за работни искуство што да напишам? Да го рипнам, да напишам дека немам претходно работно искуство???
2) Кај делот за образование, дали се пишуваат моменталните студии? Пример постдипломски студии, почнати годинава, сеуште во тек...
(нормално се културно скоцкано :!: )
Аватар на корисникот
EmGreen

Сино цветче
 
176244
Мислења: 336
Зачленет: 07 Авг 2011, 15:47
Слика

Мислење 02 Дек 2012, 16:38

Дали некој мoжи да ми кажи како се пиши CV, некој линк нешто било шо, итно ми требаа
Аватар на корисникот
femina91

Фем почетничка
 
912
Мислења: 29
Зачленет: 30 Јул 2011, 21:20

Мислење 02 Дек 2012, 17:20

Најгоре од лево или десно прикачуваш твоја слика,а на средина пишуваш со големи букви CV.
Потоа одоздола лични податоди (Име,Презиме,Дата на раѓање,адреса на живеење,телефон,маил...)
Под тоа образование : (Основно,средно,факултет...)
Под тоа лични особини(Комуникативна,одговорна,тимска работа,позитивна...),учество во проекти (се мисли на пракса,волонтирање,работа во странство),моментална позиција (студент,вработен,невработен...),познавање на јазици,итн.
Сите овие стапки што ти ги набројав под образовие ги редиш една под друга.(Се надевам малку од малку ти помогнав)
Можеш да го направиш во Word ili Pdf format .
Аватар на корисникот
Maya3112

Сино цветче
 
448824
Мислења: 473
Зачленет: 03 Окт 2012, 10:54
Локација: На сигурно ...
Слика

Мислење 22 Јан 2013, 18:40

Кога пишуваш сиви за работа(CV-curriculum vitae) дали може внатре во него да се спомне учество во некое истражување кое се вршело на твојот факултет и отприлика како би гласело?
Не дека сега ќе пишувам, но за кога ќе ми треба, да имам во предвид дали може да спомнам или не.
Аватар на корисникот
Lux

Црвено цветче
 
51985262
Мислења: 7015
Зачленет: 27 Ное 2009, 15:41
Локација: Право па криво...
Чуваш ли ти еден куфер со сни
Mалку сјај за утре?

Слика

Мислење 22 Јан 2013, 20:37

Lux напиша:Кога пишуваш сиви за работа(CV-curriculum vitae) дали може внатре во него да се спомне учество во некое истражување кое се вршело на твојот факултет и отприлика како би гласело?
Не дека сега ќе пишувам, но за кога ќе ми треба, да имам во предвид дали може да спомнам или не.

па би требало да може зашто да не, стави го во нешто како волонтерство, незнам дали бланко ќе го изработуваш или по темплејт, ако го изработуваш според темплејт сигурно ќе најдеш каде да го вметнеш тоа
Аватар на корисникот
TheGirlNextDoor

Сино цветче
 
68163
Мислења: 179
Зачленет: 10 Мар 2011, 23:16
it's never too late for a coffee. after all it's always morning somewhere in the world :D

Мислење 22 Јан 2013, 21:12

TheGirlNextDoor напиша:па би требало да може зашто да не, стави го во нешто како волонтерство, незнам дали бланко ќе го изработуваш или по темплејт, ако го изработуваш според темплејт сигурно ќе најдеш каде да го вметнеш тоа

Фала ти за одговорот, инаку рано ми е мене за правење сиви, ама да си бидам информирана пред време не е лошо, инаку појма немам тоа што ми зборуваш за бланко и темплејт, засрамота :$
Аватар на корисникот
Lux

Црвено цветче
 
51985262
Мислења: 7015
Зачленет: 27 Ное 2009, 15:41
Локација: Право па криво...
Чуваш ли ти еден куфер со сни
Mалку сјај за утре?

Слика

Мислење 23 Јан 2013, 02:28

Lux напиша:Фала ти за одговорот, инаку рано ми е мене за правење сиви, ама да си бидам информирана пред време не е лошо, инаку појма немам тоа што ми зборуваш за бланко и темплејт, засрамота :$

има по интернетот како примери т.е. скелет на CV само да го пополниш, а бланко сама да си го составуваш скелетот, јас имам искуство само со CV според темплејт т.е. си беше напишано што треба да внесиш и само си внесував мои податоци, има доста добри такви најчесто на англиски се меѓутоа можеш да се снајдеш кога ќе ти затреба, за одговорот нема на што, за тоа сме тука :*
Аватар на корисникот
TheGirlNextDoor

Сино цветче
 
68163
Мислења: 179
Зачленет: 10 Мар 2011, 23:16
it's never too late for a coffee. after all it's always morning somewhere in the world :D

Врати се на Барање работа

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: AudreyH, bile29, leona83, Lide.1879, pretendmemories и 15 гости