Здраво. Јас сум мајка на дете со посебни потреби и ми треба работа од дома. Пробав со интернет кликање на реклами, но не ме исплатија.За жал само во Македонија нема таква работа која би ни помогнала да се осамостоиме. Ако најдете нешто слободно пратете ми и контактирајте ме. Благодарам.
дајте ми некоја идеја Феминки ми треба помош.. во последно време некако сум ептен слаба со финансиии... па размислувам да почнам со некоја работа... но тука има еден проблем... поради моето здравје не смеам да работам никаде во фирма, конфекција и сл. мозам да работам само од дома дајте ми некоја идеја што мозам да правам... фала ви...
Ми треба работа итно ама проблемот е што не смеам да работам во фирма, конфекција.... да работам нешто од дома дајте некоја идеја фала
Прашајте во конфекциите дали имаат некои кошули за везење. На почетокот ќе ви оди потешко, но постепено ќе напредувате. И плус, нема потреба од никаква инвестиција. Тие ти даваат конци, игли, монистри и се што е потребно. Нема никој да ти виси над глава, дома ќе си работиш. Јас за месец дена заработив 7000 и нешто. Ќе заработев и повеќе да немав обврски. Ама школо, излегувње, навака, натака...
Во странство одат од врата на врата по домови и прашуваат дали имаат потреба од направени слатки и нудат. Значи дома припремаат јадења, слатки, колачи(мафини), солени работи во огромни количини и после ги продаваат. Исто домашна изработка на накит, некои украси и тоа се смета за работа. А друга работа да ја работиш преку нет не знам, не сум запознаена, налетав на едни страници на нет, кај што некоја демек заработила 1000 евра месечно, да имаше повеќе информации за ова не ќе беше лошо. Не знам со блоговите и видеата преку јутјуб како може да се заработува, нешто со рекламирање, ама како оди појма немам.
Еве и јас сум една од тие кои заработуваат од дома Конкретно, работам графички дизајн и тоа исклучително со странци. Арно ама не секој може да го работи ова, бидејќи како прво и основно треба да се поседува талент т.е чувство за естетика, а потоа треба убаво да се "загрее" столчето за да се научат програмите со кои се работи и постојано да се следат новите трендови. За сите останати кои не се "уметнички" настроени имам примери од некои луѓе кои работат средување на книги т.е припрема на книгите за печатење и сл. работи. Единствен услов е добро да се познава англискиот јазик и граматика (бидејќи најчесто се работи со американци). Исто така многу работа има и за програмери. Сигурно има и други работи кои можат да се работат преку интернет. Можете да пребарате на google "freelancer jobs".
И јас студирам за графички дизајнер,па планирам исто приватно даа си работам од дома,и многу ми е мило што можам сама да го работам ова....
Слушнав за некоја фирма, барала луѓе кои ќе продаваат енциклопедии (енциклопедиите биле скапи), се земало процент од продажбата. Слично како Орифлеим и Авон. Кој сака нека се распраша, јас немам подетални информации...
И, како оди работата со ова? И јас сум заинтересирана. Ама се двоумам, пак за цена на тоа, да не се трошат повеќе гига и мегабајти, па на крај огромна сметка за интернет? Како што разбрав, се што треба е само да го имаш отворено прграмот и да имаш интернет конекција?
ете јас ке ти кажам , незнам дали се работи за истата фирма,јас имам пробано конктретно во младинска книга, пред некоја година,ама не ми одеше неможам јас така. треба да одиш особено по фирми, од врата на врата,бидејки енциклопедиите се многу скапи, неможеш да им ги нудиш на обични луѓе, се е над 3000денари до кај 10000-на мислам беа,и да се продаваат на рати и ти имаш процент... треба да си таков човек, да не тие срам да тропаш од врата на врата, од фирма до фирма... жената која мене ме подучуваше да речам, добро го имаше разбработено бизнисот
Жива превара ова Ќе се мачат луѓе само, ќе се трудат да собираат реферали и слично за на крај (извинете на израз) да им го спопикаат кај што не треба Земете малку прогуглајте, прочитајте искуства со ова "cash fiesta", сите коментари се негативни, луѓето пара не виделе од нив... Мое беше да ви кажам, ваше е дали ќе се излажете
Мене ме информираа роднини, но не сум била на презентациите. Го кажаа истово, веројатно за истото се работи. Енциклопедиите биле претежно околу 6000ден. и треба да одиш по училишта, фирми..., т.е. кај некој кому би му биле потребни, ем да има пари да ги плати. Што за кај нас, во оваа беспарица, кога луѓето леб немаат е тешко да продаваш вакви книги.
Јас работев во Bux.to .. премногу бавно оде работата и треба да имаш поголем круг на луѓе кои ке кликаат за тебе.. Требе да имаш нерви пред се
Луге ај ве молам некој да ми објасни околу исплакањето. јас се регистрирав bux.to и сеа кликам на тие сајтовите ама како за исплакање, си направив само сметка на alertpay.com и само на тоа остана, ни број од картичка во некоја од банките ни ништо. Како се исплакаат парите?