1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Адаптирано млеко

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 12 јануари 2013.

  1. book

    book Активен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    7
    Мамички, дали некоја знае колку млеко отприлика е потребно на едномесечно бебе со тежина околу 3600гр. бидејќи моментално сме на комбинирано, малку цица од мене, малку се молзам и на крај и давам адаптирано Аптамил 1 но бидејќи секогаш различно ми цица и различно успевам да измолзам сакам да знам колку АД да и приготвам на крај за да не биде гладна. Засега отприлика и давам од 80-100мл на оброк (вкупно мајчино и Ад) ама незнам дали и се малку или многу бидејќи има денови кога знае да се покака 2-3 пати но има денови кога ич не кака и незнам дали од што е гладна или не.
     
  2. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505

    Ние почнавме со хипп па го заменивме со лактовит. Но, колку и да не се препорачува менување на млекото-принудена сум и лактовитот да го сменам поради начинот на подготовка. Сите останати горе-долу слично се подготвуваат само лактовитот бара многу повеќе вода. Ако за хумана 1 со 3 лажички се става 90 мл вода за лактовит се става 110 мл. Исто и за 4 лажички - хумана со 120 мл , лактовит со 150 мл (припремен оброк излегува 170 мл)...
    На кутијата лактовит пушува 4 лажички од втор месец, што според мене е премногу. 170 мл за бебе од втор месец??? Тоа ми дава до знаење дека млекото е слабо а само ќе му се дува стомачето.
     
  3. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.043
    Допаѓања:
    1.125
    Дали е слабо млекото се чита составот, не е битен соодносот ако има се во него доволно.
     
  4. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    На секое ад млеко пишува отприлика колку треба да испие бебушот во зависност на воздраста. Не дека е строго определена граница (секое бебе за себе), ама горре долу тука некаде е потребата од млеко. Доколку цица и додаваш ад (и ние правиме така) нема теоретски шанси да погодиш колку да направиш млеко. Некогаш ќе испие повеќе некогаш помалце. Јас на таа воздраст правев по 60 мл од кои се случуваше да фрлиме половина, а некогаш го пиеше цело шишенце. Во однос на столицата ќерка ми кака на два дена и тоа зелено а и да и давам повеќе ад нема да пие што значи дека е сита. Ако е мирно бебувчето тогаш нема потреба за паника.
     
  5. book

    book Активен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    7
    Ти благодарам АНИНА , и јас исто мислам како тебе ама сепак реков да прашам некој поискусен Ч). Иначе баш денес бевме на преглед и според тежината супер си напредува (3860гр) , па ни рекоа да продолжиме вака, ни повеќе ни помалку, а тоа значи околу 80-100мл според мои проценки , како што викаш секој оброк е различен така да кога воопшто несака да цица почнав да и правам 75мл. од АД да не ја мислам дека е гладна а во упатството пишува и по 90гр за нејзината возраст ама сепак си викам да не и е многу бидејќе АД е потешко за варење. Иначе откако ќе ја нахранам си спие како топче ама сега гледам има поголем апетит и се буди на пократки интервали отколку претходно. Порано со маки ја будев за да јади а сега таа ме буди мене Ч)
     
  6. devojce321

    devojce321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    37
    Ве молам за мислење доколку некоја мајка имала вакво искуство.Моето бебе е три месеци, се роди 3300 и сега е 5250 , треба да пие АД млеко, пробавме со хипп комбиотик се изнафрли направи алергија , сеа го пробав и со аптамил 1 ,пак се изнафрли, детето е алергично на некоја состојка во АД млекото ,сеа треба само да цица ,ама некако малку качува не знам што да правам
     
  7. macy28102012

    macy28102012 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2012
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Јас би ти препорачала ова прашање да го поставиш на една група на ФБ, групата се вика соба за доење, а на прашањата одговара Др Јулија Илиевска и многу корисни совети дава во врска со доењето. Инаку мојата ќеркичка сега има 16 месеци, а тежи само 9 500гр, но сеуште цица. Јас го имав истиот проблем со ненапредување ама некако издржав, а сега едноставо не сака да јаде и нема друго решение. На 3 месеци тежеше 6 100 и после тоа напредуваше ептен слабо, но никогаш не ја понудив со АД. Прашај ја Др Јулија и верувај дека подобар совет од неа нема да можеш никаде да добиеш. Не се секирај за тежината, колку време трае еден подој?
     
  8. Melinara

    Melinara Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    304
    Според мене твоето бебе супер напредува. Бебето треба да ја удвои родилната тежина на 6 месеци ,а твоето веќе има 5250 што е супер. Продолжете да цицате и уживајте, ако си е весело бебето значи се е во ред.Следи ги пелените боја на каката, нивната тежина. Мој предлог и да се консултираш и со докторката од соба за доење на фб.
     
  9. devojce321

    devojce321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    37
    Некако ме утреши, но испага дека напредува по 600 гр месечно,мислам дека е малце ,кратко цица 6-7 минути ,некогаш плаче мислам не се дојадува ,млеко имам ,а пијам и хипп мама за доилки ,сепак Мелинара Ви благодарам за убавите зборови и совети,Поздрав
     
  10. Super-Mama

    Super-Mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2014
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    13
    На моето бебе му давам Хип Комбиотик досега супер беше се,но еве веќе 3 ден како ми повраќа значи повеќе повраќа и тоа се случува еднаш во денот.Одкако ке му дадам млеко го почекувам да ждригне,но ми се има случено и кога ке ждригни да ми поврати.Во што е проблемот да не знае некој? :?:
     
  11. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Па само 3дена се,почекај уште некој ден па ако прави пак така или смени го млекото или разговарај со педијатрата ама првин почекај нека помине една недела да не е до млекото.
     
    На Super-Mama му/ѝ се допаѓа ова.
  12. RHS

    RHS Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    60

    Ако повраќа малку, тоа е само вишикот го повраќа ама ако повраќа повеќе тогаш не го прима тоа млеко. Јас на син ми на почеток по препорака на лекарот му давав Новалак млеко, на почеток си пиеше без проблеми но после недела две на неколку пати ми поврати многу, и јас му сменив со Хумана и му се смири повраќањето.
     
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    За 5 дена правиме 7 месеци.
    На АД млеко сме само пред легнување, ноќниот оброк...и евентуално сабајле (а може и овошна каша)значи не секогаш тој утринскиот.
    После преку ден одиме солени благи домашно правени каши, фрутолино...битолско-несквик.

    Вие како сте со АД млекото на оваа возраст?
     
  14. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.043
    Допаѓања:
    1.125
    3 пати по 180 и три цврсти оброка.
     
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    ^да да по 180мл.
     
  16. sonce6

    sonce6 Нов член

    Се зачлени на:
    25 август 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    majki ve molam za sovet imame 2 meseci i edna nedela od pred eden mesec sme na adaptirano mleko ja pieme humana 1 ama povejke od 70 do 90 ml nemame ispieno rodeni sme so 3040 gr a pred edna nedela imavme 4230 gr. inace imame strasen problem so grcevi koga gi ima voopsto ne saka ni da jade so sila ke jade 30 ml mleko zagrizena sum zosto sega bi trebalo da pie po 120 ml melko ve molam za sovet
     
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.903
    Допаѓања:
    32.478
    Пол:
    Женски
    Немој да се водиш според табелата на пакувањето на млекото. Син ми никогаш не пиеше млеко како што пишуваше на табелата. Штом има грчеви, смени го млекото. Јас на син ми му давав Хип и немаше никаков проблем од млекото. Еднаш пробавме да го смениме млекото. Му дававме Лактовит Плус, ама од него почна да има грчеви, па пак се вративме на Хип.
     
  18. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Најчесто 3пати ад млеко во 24ч се случува и 4пати,повекето 180 а некој пат 150мл.
     
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.382
    Допаѓања:
    34.171
    Пол:
    Женски
    Ми треба совет од вас кое АД млеко да и го давам на бебушка. Јас ќе продолжам да ја дојам, ама заради недоволно млеко принудена сум да ја дохранувам. Со кое млеко да почнам? Јас по препорака зедов Нан1, почнав да и давам 2-3 пати во денот и како за почеток добро го прифати. Ми требаат ваши мислења за тоа кое млеко е најдобро т.е со најмалку штетни состојки.
     
  20. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Јас АД млеко го земам ХИП-ОРГАНИК и сум задоволна, и давам од него само во ноќните часови бидејќи навечер слабо имам млеко.
    А сонце6 не се владеј по дозата на кутијата. Тука пишува од 3-4 месеци треб по 180 мл да се пие млеко, а ние по 60-70 мл пиеме и горе-доле добро напредуваме. Секое дете различно е.
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.