јас како тебе на почеток незнам колку време се немав напијано кафе од страв како тебе ,потоа почнав по едно денот на сабајле одкако ке се нацицавме а сега знам поручек да се напијам уште едно ама не цел филџан бидејки поручек ме фајка криза са спијање и така се подрасонувам и немам заприметено дека му штети еден до два филџани кафе
Незнам од каде но ми се јави внатрешна Т.И ладно ми е.Се туширав јадев супа лимон но слабо помага.Дали може при доење да се пие еден парацентамол(тоа имам дома). И мн сд плашам ако е настинка да не и пренесам преку доењето нешто.Мада мислам дека се ова ми се појави ради страшен замор наеднаш
Смееш парацетамоли и неможеш да и пренесеш настинка преку млекото. Инаку температурата да не ти е можеби од запушен млечен канал?
Денеска сум фала богу добро нокеска сврзав 4 часа спиење и одморив малце.Инаку ништо чудно и од градите да ми идеше Т.Се зезнав два дена по ред пиев чај за доилки иако имам доволно млеко.И отогаш почнаа да ме болат мн.Вчера ставив ладни облоги на градите и Т се симна одма
Иако др.од соба за доење вика дека чајот нема многу ефект за поголема лактација, и кај мене имаше. Или па си испила поголема количина течности или оти бебето спиело повеќе.
Искуства со доење за време на менструален циклус? Синко некако нервозен е, а и млекото како да ми се намали.
Да, два три дена ќе биде како демек намалено млекото, а бебе ќе треба повеќе да влече, односно ќе го нема јакиот млаз. Ама пак кај секој е индивидуално. Тоа не значи дека немаш млеко или бебето дека ќе биде гладно.
дали 3 лажици ленено семе на ден може да наштети на лактација на млеко? И јас за прв пат добив пред 13дена но не осетив некоја промена во доењето
Мислам дека др.од соба за доење рече дека не штети ама може да предизвика пролив кај тебе. Дури имаше и линк за безбедна диета при доење од некои мајки. Не е диета туку се јаде лен пред јадење.
Може ли да земам Ампицилин за време на доење? Некаде имам читнато дека можам, ама сепак да прашам. И ме интересира исто за Бенил капките за нос дали можам да ги користам. Старшно сум затната, малаксана и со болно грло
За антибиотик треба на доктор да појдиш, а др Јулија на страната на фб има линк дадено за сите лекарства можеш и за други лекови да си провериш http://e-lactancia.org/search?q=Ampicilline
здраво, ќе ве замолам да ми каже некоја од вас како до повеќе млеко,јас досега имав многу секогаш ми течеше ама од вчера кога ќе го стиснам градата многу малку млеко излегува.пијам чај за доилки од хип и еве преска пиев магнезиум форте и б6 вит ми рекоа дека помага ама не гледам некој резултат. синот плаче кога го ставам на града изгледа дека не му тече млеко.
сега се воспоставува лактацијата и би трбало со самото ставање на бебето на града млекото да надоајга барем кај мене е така ане како првите недели да тече млекото самото,затоа биди упорна колку повејке ке трга млекото ке надојди синко беше упорен ке тргаше на празно додека му надојде млекото јас пијам и чај од коприва бидејки имав прочитано дека е добар за лактацијата па пробај не губиш ништо
кај нас тоа е проблемот кога го ставам на града веднаш ќе почне да плаче се нервира и го остава. ти благодарM за советите ќе пробам све.
Дали може бебето да се одбие наеднаш од цицање последното цицање ни беше денес во 11 часот послем тоа не сака да фати само што ке го наместам плаче и не сака да фати само малку кај 16 часот цицна и толку од тогаш нема ништо јадено а не сака ни да цица. Ве молам за совет јас сум избезумена а толку сакам да си го дојам тоа ми е најубавото нешто