1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Јас давав некој период од месец- месец и пол по препорака на сестрата од болница бидејќи имавме жолтица па со внесување на повеќе течности побрзо се чистела, а исто така и патронажната ми препорача од причина плус- за промивање на устичето да не се појави Соор. Но бидејќи педијатриве не препорачуваат вода до 6 месеци, некако престанав да се замарам плус мачење ми беше со лажичка бидејќи несака да пие од шише со цуцла.
     
  2. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Не, не сум давала зошто млекото 88% вода. Само џабе да се полни мешето.
     
  3. Rabbit

    Rabbit Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    2.252
    Допаѓања:
    45.675
    Пол:
    Женски
    Ја прашав и докторката од соба за доење и она ми рече фаза е. Се надевам дека е така зошто многу се плашам да не ми се одбие :|
     
  4. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    И ние поминавме низ таква фаза, ќе помине, немај гајле.
     
  5. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.547
    Davav po nekoja lazicka vodicka.
     
  6. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.424
    Допаѓања:
    2.587
    Пол:
    Женски
    Мами многу ми надојде млеκо κажете неκоја добρа пумпа за измолзување,имам ρачна ама не сум задоволна ич фала ви :)
     
  7. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Ако се молзеш со пумпа уште повеќе ќе ти надојде. Млекото колку повеќе излегува од градите толку повеќе надоаѓа. Одмолзи се малку колку да ти олесни и за некое време ќе се стабилизираат. Ставај ладни облоги и внимавај грутки да не ти се направат.
     
    На TIGARCE86 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е за овде прашањето, ако не е се извинувам. Мамички имаме 20 дена, за жал се храниме и со доење и со АД млеко. Многу сакаме да цицаме но по 2-3 мин цицање почува да плаче, не и доага млеко валда. Пијам чај од ХИП, чај од болна аптека за лактација на млеко, јадам овошје, благо, пијам боза, многу вода, млеко. И пак има млеко за 2-3 доења дневно со кои што не се најадува сепак. Ве молам кажете од што друго надоага млеко? Сеуште имам надеж дека ке ми надојде и дека ке го отфрлиме Ад :(
     
  9. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.368
    Допаѓања:
    317.535
    Пол:
    Женски
    Кога се стискаш имаш ли млеко? Можеби не е добро наместена затоа плаче или грчеви имате.од млеко што пиеш може грчеви да и се појават.
     
  10. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Кога не ја дојам 5-6 часа и потоа се молзам искача млеко максимум 20 мл. А по доење скоро ич. Со електрична пумпа исто така скоро ништо нема. :( фала за информацијата, млеко веќе нема да пијам затоа што има и грчеви. А дали истото важи и за јогурт?
     
  11. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.368
    Допаѓања:
    317.535
    Пол:
    Женски
    Па мене софијанова ми рече млечни производи да исфрлам.и јас ако се молзам повеке од 30 мл не вадам а она убаво напреднува мн.ти ставај ја што почесто на града можеби ке потикнеш така лактација.
     
  12. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Ја ставам јас но проблемот е што несака да цица на празно :(
     
  13. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Мајка јас никогаш не сум измолзела повеќе од 5 мл. Да ми ги видиш градите ќе речеш нема шанси оваа да дои, меки се нон стоп, не ги осеќам тешки а бебето си цица и расте. Дали кога цица од едната од др.тече макар и капка млеко?
    Дали ако не цица 5-6 саати натежнуваат барем малку?
    Исфрли благо и млечни производи за да не влијаат на грчевите или миним.конзумирај ги.
    Единствено стимулација на градите ќе ја подобри лактацијата, а тоа е што почесто на града бебе. Ако ја ставаш на 5-6 саати да цица а сте 20 дена и тоа млеко што го имаш ќе го снема.
    Или друго, дај 30 мл ад па одма дај и да цица.
     
    На chocolade му/ѝ се допаѓа ова.
  14. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Јас па јадам благо со сила затоа што правело млеко???? Ок исфрлив млечни производи, пијам чаеви и боза. А дали обична вода помага за лактација на млеко?? Ќе пробам и така прво со адаптирано после на града. Иначе и тоа што го молзам и го давам со шприц. Колку толку бар 3 месеци да доиме :(
     
  15. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Течности пиј колку што ти бара душата. А зошто се молзеш? Никогаш не можеш да измолзиш колку што може бебето да исцица.
     
  16. Melinara

    Melinara Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    304
    Нема потреба да пиеш боза, само ке качуваш на килажа. Значи треба да јадеш балансирана храна јаглехидрати , масти , белковини се по ред. Внесувај овесни снегулки повеќе од нив се зголемува лактација, гледај да пиеш 2 литра течности во текот на денот, и најбитна работа што повеќе на града. Колку повеќе бебето е на града толку повеќе млеко се стимулира.
     
    На chocolade му/ѝ се допаѓа ова.
  17. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Се молзам затоа што малава се привикнува на шише и се почесто ме одбива. Само кога е поспана цица од мене. Или кога ќе уклучам фен па ќе фати града. За да не ми тече џабе млекото, молзам и и го давам со шприц.

    И еден совет до сите кои што дојат или се пред породување. Немојте НИКОГО да слушате. Мене од што ме фати пост породила депресија па неможев да се замарам многу со доење, мислам дека не бев доволно упорна. Цело време на глава свекрва ми ми викаше НЕМАШ МЛЕКО, НЕМАШ МЛЕКО, па во таква состојба попуштив и и дадов АД. Ми го стави во глава тоа дека немам млеко. Ех да можам да го вратам времето... Памет за друг пат !
     
  18. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.368
    Допаѓања:
    317.535
    Пол:
    Женски
    Чоколадке нека тече млекото.ново ке се создаде.На овој начин го буниш бебето :цице,шише,шприц.Од шише и е полесно само и тече и не се мачи да влече ко од града затоа ти се одбива полека и од цицање.
     
    На chocolade му/ѝ се допаѓа ова.
  19. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Е па во тој случај ок, само ако треба нека прегори фенот ама нека биде на цице:) мала е, не се откажувај, нема полесно одтоа секој момент да е спремна храната, а да не зборам и за останатата корист од доењето.
     
    На chocolade му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Rabbit

    Rabbit Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    2.252
    Допаѓања:
    45.675
    Пол:
    Женски
    Chocolade убаво те советуваат мајките, бебчето нека ти биде што почесто на цице и батали ги шприцевите, шишињата и АД ако не сакаш да ти се одбие, а и тебе да ти се намали млекото. Ставај го малешкото на секој саат-два на града и со уборност се надевам дека ќе успеете уште долго време да си се доите ;)
     
    На chocolade и leona83 им се допаѓа ова.