1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење во јавност

Дискусија во 'Бебе' започната од BoaVista, 26 септември 2010.

?

Дали го поддржувате доењето во јавност?

  1. Да, но само доколку е дискретно

    167 глас(а)
    53,2%
  2. Да, не е важно дали е дискретно или не

    99 глас(а)
    31,5%
  3. Не го поддржувам воопшто

    34 глас(а)
    10,8%
  4. Сеедно ми е

    14 глас(а)
    4,5%
  1. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    :bow: (симнувам капа)

    П.С: За нормално се смета нешто што е масовно, се друго е ненормално. Без разлика дали е позитивно или не.
     
    На Ethrnity му/ѝ се допаѓа ова.
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.196
    Допаѓања:
    235.267
    Babyblond, ме спомна со примерот во трговскиот, не се работи за Скопје и за ГТЦ, се работи за друг град.
    И што разлика има во кој град сум доела во јавност? :^)
    Исти луѓе со исти сфаќања, исти менталитет, сеедно дали си во Скопје или друг град.
    Во Македонија си, таму каде што другите знаат се за другите, и каде што срамно и дегутантно да се дои во јавност.
    Таму каде што мајките ги советуваат дека адаптираното млеко е подобро од мајчиното и каде што мајките немаат никаква подршка за доење. Ете темата сведочи за тоа.
    Неможе ако си мајка да се затвореш дома и да не излегуваш ако детето го доеш. Има милион ситуации кога мора да се излезе, што секако отвара ситуација за доење во јавност. Со ваквото осудување и напреку гледање само ги демотиворате мајките кои дојат.
    Не секој издржува на притисокот од околината и од коментарите за слабо млеко |( .
    Затоа и толкав е проценот на доени деца кај нас.
    А и помодарство, доењето воопшто не е лесно, треба да си спремен на болки во грбот, рагади, виснати гради кои незнам дали некогаш ќе се вратат во правобитната состојба.
    И фали и ова. Ама кој да сфати.
     
    На Gockica, Mama25, Beautiful-Princess и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Погрешно се гледа на споредбата со тинејџерките.

    Муабетот е, како едно девојче (или девојка) оправдува и не и пречи кога оди во јавност со минич до в пич, стегнати гради, уште брадавиците што не скокнале надвор, или се стегнала во фармерки до в пич, каде срамните усни и се оцртани (се изнагледавме и такви), пушат, пијат (а, нели е забрането на малолетни барем), се сексаат со знајни и незнајни.
    Но, им е незгодно и не го оправдуваат тоа кога мајка си го дои детето на прибран начин !!??

    Како на истите, првово им е оправдано и нормално, но второво не им е во ред ? :swear:
     
  4. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Точно и јас тоа се прашувам????
    А како одговор на тоа добивам извртување на муабетот ,како мајките се тие кои се желни и патат за внимание, кое го предизвикуваат со доењето во јавност.Апсолутно не се согласувам со ова!Не можат да разберат дека тоа се посветени МАЈКИ кои се грижат за здравјето и иднината на своето дете а,не збеснати тинејџерки на кои хормоните им лупаат во глава!
     
    На Lolo5, butterfly.mk и SimonaTino им се допаѓа ова.
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.684
    Допаѓања:
    97.984
    Пол:
    Женски
    Во што се претворила темава!
    Значи темата е доење во јавност или не.Причини и за и против.И толку.Што мешате миничи и телефони и не знам веќе што.
    И не знам зошто администраторите не реагираат,се употребуваат погрдни зборови,клетви...половина од постовите се [​IMG].
     
    На Lolo5, mimiiiii, SimonaTino и 5 други им се допаѓа ова.
  6. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.832
    Ова веќе е невкусно за читање..
    Ок досега разбравме дека мајките треба да ги гледаме како светици и да си ја свртиме главата кога ќе поминуваат,оти нели ние сме тие кои сме "помалку'' важните бидејќи сме немајќи и во овој случај треба да го почитуваме и со восхит прифатиме секој избор на мајката,а мајките ич уво да не ги боли,па дури и на пиедестал да ги качиме,оти решиле дека цицките се за јавност промовирање..
    И да,сум се изнагледала многу примери на несовесни мајки кои во среде кафичи и ресторани во толпа луѓе апла си ги вадат дојките,без да се потсетат на општествените норми..
     
    На Daydream, andromedae, butterfly.mk и 2 други им се допаѓа ова.
  7. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Дури на ф.б стасала темава :lol: Инаку нема потреба од препукување, колку луѓе толку мислења. А јас се сложувам со повеќето што рекоа дека не е грев да си го доиш детето во јавност, ама напрај го тоа дискретно , кога знаеш дека детето може ќе ти огладни додека сте излезени и ќе треба да го доиш, ќе си земеш фино лепо марама, кебенце и сл. Иако сум мајка, непријатно ми беше кога чекав ред во Козле со ќерка ми, а една мајка детето и плачеше она си ја извади цицката и му ја тутна на детето , иако ова не беше гладно и ја влечеше на сите страни.
     
    На Glasna и tessie им се допаѓа ова.
  8. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Многу не сакам да цитирам други постови, прости мила JuLleE што те земам за пример (бидејќи беше твојот пост тука при рака), но ќе наведам само еден цитат од нејзиниот пост.
    Нешто подвлеков, но со болдираното убаво е нагласено. И КОЈ во ситуацијава е понекултурен?! Мајката или „набљудувачките’’ ?
    Еден конечен заклучок:
    Да направиме една ваква анализа на сите изминати постови на мајките кои се за доење во јавност:
    -Дали може некој/а да ми посочи (цитира од нечиј пост) некоја мајка која буквално кажала, дека ќе го дои бебето во јавност, НО :!: буквално ќе ја извади градата за сите да и ја видат и тоа ќе го направи без срам :?: ?!
    И јас сум доела и многу други доеле и никаде и никоја не рече дека тоа го направила јавно за сите да ја видат, туку напротив, сите кажаа дека доеле ДИСКРЕТНО.
    Значи, да бидам покристално јасна, ние овде дикутираме, полемизираме, НО :!: зборуваме за себе, како ние би постапиле во таков случај на потреба. Јасно си ги искажавме своите ставиви како мајки, дека првенствено ќе ни биде важно детенцето, а потоа коментарите на другите. Ама никаде не споменавме и не нагласивме дека тоа ќе го направиме за да бидеме забележливи или видени од сите. Па да може потоа секој да не коментира (простете на израз), на неа градите и беа поголеми, на другата средни, а на третата најголеми :x .
    Сега како некој друг го сфатил тоа доење, тоа е негова работа. И затоа не разбирам зошто се крена толку голема прашина, заради некоја Х особа (една, две, пет... која тоа го направила недискретно). Не можам да разберам, дали мајките со доењето направија некое кривично дело, против законско? Излезе работава дека доењто е некоја девијантна појава :x .

    Едно е очигледно, заклучокот што го напоменав од минатиот пост. Ние повеќе ги гледаме другите, отколку себе. Што ни е работа да се заморуваме со другите (?!), кога ние самите во одредени случаеви (не зборувам за конкретната тема) сме и дури и побесрамни со своите дела во животот?!

    Секој си знае најдобро за себе. Го разбирам сечиј став и тука не се противам, ама, ако некој не сака да дои во јавност ( во иднина) нека не дои, прост заклучок. Нема тука ништо страшно, ама пак и не може да им каже на другите и да им го промени ставот за и тие да не дојат и тоа само затоа што нив им пречи. Тука ние се разединуваме со мислењата. Па советите дека не треба да излегуваме од дома, 6месеци, година (го нагласувам ова иако некој ќе рече дека никој вакво нешто не споменал, бидејќи со самото негирање на фактот на доење во јавност, автоматски излегува овој заклучок, да не се излегува од дома), зашто доењето е некое срамно дело во туѓите очи. И што некој упорно сака да ни докаже дека нашиот став е погрешен ( бидејќи ни заплакале децата за храна), а неговиот е коректен и точен. Можеби пак некој и затоа живее. Да му го среди животот на другиот, а не на себе си. Којзнае |( :tmi: !
     
    На Mama25, bittersweet, green.eyes и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Вие тука нешто нервозни, па сте дошле да се празните, а темата толку концизна. Ама кога човек сака да се кара, ве видов и по други места ве постирале за сеир.
    Ако е во небрано, нека се покрие, има начин. Кога си мајка која дои и знае дека може ќе треба да дои, треба да си совесна и да си носиш нешто за припокривање. Е тоа е мајка.

    Изговори од типот на посебни услови и исклучоци, не постојат. Извини, ти си мајка како што знаеш дека доењето е важно за твоето дете, треба да знаеш дека и треба да си создадеш услови за истото и да си ја носиш одговорноста за истото,а не што чудно те гледале.

    Извинете ама имав неколку ситуации каде што сериозно ми беше незгодно.
    И прво, што ве чуди што луѓето гледаат, прво експлицитно е и невообичаено затоа влече поглед. Импресионирани се како мува не ве лази.

    Значи ситуацииве. Прво, се качувам во автобус, значи АВТОБУС и гледам града и бебе кое цица. Во најголемата гужва, во период кога сите се враќаат од работа... добро мајко, си можела во парк да седнеш да го надоиш пред да се качиш во автобус. И тоа беше автобус со куса дестинација, па да се возела од прва до последна, можела да се стрпи. И се разбира, беше преполн и имаше еден куп мажи кои се чувствуваа непријатно, броеа чафки, гледаа во плафон, гледаа во под, гледаа на страна, како што и треба нели, ама очигледно беше дека на СИТЕ им е непријатно.

    Втора ситуација, авионче паркот, кафичите. Мајка, вади ДВЕТЕ надвор и ЗАСТАНУВА и се шета по пола кафич, го нунка и дои... ни срам ни перде деранжира цел кафич. И сега као треба сите ние да ја разбереме?
    И сакате да ми кажете дека ова е нормално и во ред?

    Ви ја разбирам емотивноста околу ова прашање, ама веќе не станува збор за емоции, туку за вкусност и осет. Нели ќе речете, ќе бидете мајки ќе сфатите, да, ќе бидам и ќе мислам освен други потребни работи да си понесам и марама за во итни ситуации и ќе се погрижам да размислам порано пред да одам некаде каде ќе го изведам овој чин ако има потреба.


    Покријте се забога. Ја разбирам важноста на потребата на детето, итноста на моментот, ама кога веќе знаете дека имате бебе кое се дои, ЗОШТО не испаднете НАЈДОБРИ МАЈКИ У СВЕТ и не мислите на време да понесете нешто со кое ќе се припокриете и стратешки да размислите како ќе го изведете тоа. Мајчинството ви носи одговорност, а не само разгаленост и разбирање од околината.

    И да, морам да го искоментирам статусот или што и да беше што шеташе по фб - мајка дои дете во јавност, па и дечко ми има потреба, па не му го пушам во јавност или нешто така. Кој дебил го пишал тоа, би му заврзала 5-6 шамари, мртва ладна. Вулгарно и глупо.
     
    На Nausicaa, stilas7, Mishela и 13 други им се допаѓа ова.
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.196
    Допаѓања:
    235.267
    Што поглед влече мајка која пред се носи облека која и овозможува да дои дискретно и притоа е покриена?
    Ете во таква ситуација бев и пишав на што наидов. Ај да извадив дојката на мегдан, да не бев покриена, да сфатам, ама вака нема оправдување.
    И сфатете веќе еднаш, некогаш неможеш да претпоставиш кога детето ќе поска да цица.
    Значи дете цица кога сака и колку сака, не се гледа на време, па затоа постојат такви ситуации и исклучоци.
    Реков веќе исклучиво носам облега погодна за доење, сеедно дали сум дома и излезена, така да во никој случај неможе да ми биде дојката на мегдан, ама се случува да се заборави марамата или покривката. Ете мене ми се има случено да ги заборавам пелените на малиот и сега тоа ме прави лоша мајка.
    Малиот кога се спремаме за излегување е немирен, кенкав, нетрпелив и се случува да заборавам нешто, ете ги имам заборавено памперс пелените, можеби некој мајка ќе ја заборави марамата и слично.
    Ситуациите кои ги спомна Лилит, ќе се согласам дека не се во ред, особено онаа втората, се шетала мајката гола со двете гради, за автобусот, пак ќе кажам може и немала друг избор бидејќи бебе кога бара да цица не сака да чека ни минута, и ако не му дадеш да цица, ќе плаче, зајдуваат, може да остане без воздух, па потоа ќе се лути и нема да сака да цица. Епа кога ќе бидете мајки и кога детево ваше ќе плаче до зајдување за да цица ќе бидете принудени да му дадете и во автобус со еден куп мажи околу вас.
    Вака може да се дообјаснуваме до бескрај, и јас пред да родам би рекла дека има начини, ама ете видов и некогаш ситуациите налагаат и вакви работи, дури да доеш и во јавен превоз.
     
    На Abeja, Mama25, Serafima и 3 други им се допаѓа ова.
  11. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.832
    Дегутантна е одбраната на мајките кои ги избенуваат сите мерки кои можат да се превземат при таков итен случај во јавност.
    Значи никој не рече дека сме против доење,туку сме против вулгарзмиот и арогантноста кои многу мајки го покажуваат во јавност и притоа се потпираат на фактот што ним како мајки се им е дозволено..
    Јас разбирам дека бебе има потреба да цица,но не по цена мајката да ја вади цицката на сред кафич или во сред ресторан со изговор дека ја мрзи да стани од преполните маси,па сите погледи се насочени кон необичната и несекојдневна глетка..
    Многу примери сум видела и ниту една ситуација не ми била пријатна за гледање..
    И не може мајките да очекуваат дека кога тие ќе посакаат да си ги ивадат апла цицките,сите останати дали било во кафич или во ресторан ќе си ги вртат главите или ќе заминат од местото..
    Не може некоја да прави што сака,а притоа да очекува дека сите се должни да ја сватат и разберат..
     
    На calliope, zalosna, Glasna и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Од сесрце ви посакувам еден ден во иднина да не се најдете во слична ситуација. Никогаш да не се удават во вода сите ставови кои сте ги оформиле во себе, туку да останат непроменети. Тогаш по една, две, пет години... здрави и живи, да ја отвориме истава тема и да подискутираме поискрено и пореално.
    -Да можете секогаш да бидете подготвени (во секој миг) и заштитени 100%но и никој да не ве види дека доите ( тука го вклучувам фактот, да можете со марама да покриете 6, 7... месечно бебе кое се’ разбира и не сака да биде покриено ).
    -Да можете да му речете на бебенцето ( и тоа да ве разбере) да се воздржи уште една минутка, додека автобусот стигне на дестинацијата каде сте тргнале и никогаш да не бидете мета за нечие озборување.
    Не ги оправдувам 100%но некои мајки, но размислете дали и тие би сакале да бидат мета на нечие озборување?!
    Бидејќи ако сакале да бидат вулгарни, жедни за внимание и разбирање од сите и кога ништо не би му било важно, немало да стават ни градник ни облека, па така слободно и би се шетале за да можат во секој миг да го надојат бебето.
    Мислата ми беше дека, не секогаш нештото изгледа онака како што ние го гледаме. Понекогаш човек прави нешто што никогаш не би го направил во јавност. Затоа и тука го вклучуваме доењето, како случај на итност во дадена ситуација, зашто кога нема некој искусено како е бебето да вришти на цел глас, да помодрува и позеленува во устето, а потоа цел ден да биде нервозно и да не може да спие и јаде и тоа само затоа што мајката во моментот не му дала да цица, верувајте ми, дека тогаш нема никој да ви биде важен освен вашето чедо. И затоа ќе си го надоите секаде и нема да ви биде важно дали за миг паднала марамата или не ќе можете целосно да се покриете.

    Дискусијата навистина е бесполезна, што на крај навистина нема да резултира со заеднички заклучок и тоа од аспект на тоа што авионски се гледа во случајот кои се двете страни кои имаат различни мислења, а тоа се 100 % мајки и 100 % девојки. Што значи, во дискусија се само искуството и теоријата, па затоа и не можеме да се согласиме целосно :) .
    Секој со својот став, не ме сфаќајте погрешно ;) .
     
    На Gockica, galapce, bittersweet и 3 други им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Не е точно дека се 100 посто мајки со истиот став, на пример Луничка и Анина се изјаснија поинаку. Имаше и други, не ми текнува во моментов, ама очигледно нивниот став не се зема во обзир зашто не е во склоп со вашиот. Ете, некои мајки размислуваат поинаку. Што значи дека вашето "Кога ќе станете мајка ќе видите" пропаѓа во вода. Не секоја мајка размислува како вас тука што се декларирате. :)
     
    На darcy, zalosna, Daydream и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.387
    Допаѓања:
    34.203
    Пол:
    Женски
    Исто како што не секоја "немајка" размислува како вас ;) Вака можеме до бескрај.
    А тоа "Кога ќе станете мајка ќе видите" држи вода и тоа како. Не за друго, ние во вашите чевли сме оделе, вие во нашите не :)
     
  15. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Точно е дека не размислуваат сите исто, од секоја „категорија“ (мајки или девојки) како што е кажано. Меѓутоа, она што се гледа од цела оваа непотребна дискусија е дека:

    1. Мајка која дои во јавност (небитно дали е покриена или не) е „неодговорна мајка“, која не знае да си го организира времето |( и на која не и' е гајле кај ќе ја затекне ситуацијата нејзиното малечко да е гладно, битно нели она да си го испие кафето, или да заврши некоја друга своја „себична“ обврска;

    2. Мајка на која бебето и' вришти бидејќи е гладно, а таа упорно не му дава да цица зашто нели е страшно некултурно да дои во јавност :!: е „неодговорна мајка“, за која веднаш сите би рекле „види ја, бебето и' вришти, она гајле нема, место да го смири, ги мери улиците со количка и бебе што вреска“.

    И сега? :D

    Дајте секој нека си постапува како му одговара во моментот, џабе се уште милиони страници докажувања овде. Многу е лесно да судиме вака од страна кога се гледа :^) Апсолутно нема потреба од толку многу осудувања и така генерално сфаќање на работите.
     
    На Gockica, galapce, bittersweet и 4 други им се допаѓа ова.
  16. junacinamama

    junacinamama Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2014
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    15
    ...јас сум "несовесна мајка " која го дои детето кај ке стигне, на кеј, во парк, во кафиќ, во ресторант и сл. не се замарам кој ме гледа или не ме гледа...на кој му се гледа нека гледа, на кој не му се гледа нека не гледа....а и да гледа нема што многу, многу да види...само дел од цицка, според мене ништо страшно
    поддржувам доење во јавност..... :rock:
     
    На irenna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    babyblond не ти е срам да кажеш дека ти се гади од млекото со кое што патем ти си израснала и тебе некој те доел. Ти дали си нормално бре дете??
    Оди лупни си ја главата 10пати од ѕид ... и сите што делите исто мислење.
    Дојде време да се правдаме на дечиштава дали доиме и каде доиме.
    Земете фатете книги читајте и образовајте се а не да дремете по категории од форуми кои вас не треба да ве засегаат.

    Гадно и било цицка да гледа кога мајка дои дете, а не ви е гадно кога искачате со цицките на послужавник и минич до пич.

    Срамота еј освестете се утре ден и вие ќе станете мајки.

    Едит: И да држи вода тоа дека додека не осетите на своја кожа никогаш нема да знаете како е. Јас не ја доев малата уствари се трудев 1-2 месеци ама ништо од тоа.Небитно.
    Пред некој ден бевме излезени со пријателки од кои 2 со помали бебиња кои немале на кому да ги остават и ги земале, или сеуште цицаат. Едната мајка 2 пати си го доеше малото и никој не ја ни примети.

    Можам да ве замислам сите вие што овде коментирате како вас ви се гади, како ви било ова ви било она. Излегувате во град да видите нешто па да има за што да коментирате со ДЕНОВИ. И потоа на нас мајките ни бил животот досаден.
    Си земате за право да кажувате кој каде да оди и што да прави, а самите не се погледнувате што правите. И да жена што дои во јавност е каде каде подобра од вас што се лапате и драпате кај стигнете,се е*ете на клупи во парк,се дрогирате. А за тоа како во последно време се облекуваат не сакам да коментирам.
    И не сакам да споредувам ама како што кажа битер разголеноста е избор а доењето не.
    И јас изгледа многу луксуз терам секој ден сум излезена во град... :lol: :rofl: :D
     
    На bittersweet, mamma, Sky-butterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Добро, нека не бидат 100%, туку 98-97 % :) , па затоа им се извинувам. Значи идиме на некој заклучок ^_^ .
    Како што постојат тука мамички кои делимично или не се согласуваат со чинот на доење во јавност и тие се искучоци, па тоа е тоа. Еурека!
    Така и во јавноста постојат личности на кои не им е важно како ќе си го дојат бебето, дискретно или не.

    Само премногу се генерализираше, што сите мајки овде како што кажа green.eyes, на крај излегуваме дека сме несовесни мајки. Не знаеме да се организираме, не знаеме да се покриеме, не знаеме да се заштитиме од озборувања... во суштина, „несовесни, неодговорни’’ ништо друго.

    И да, она за што се водеше толку голема дискусија е фактот дека овде и нас не направија како некои кои си ги извадиле „апла’’ градите за сите да им ги видат (намерно). Само не знам зошто не се размислува на фактот дека ако се жедни за внимание, мајките ќе се шетаат скоро голи, како што и денес во ова современо и модерно општество, тоа е добро, тоа е нормално, тоа е „секси’’.

    Секој си знае, тоа е ;) . Затоа се надевам дека еден ден нема некој да зборува за нив како овде што се дискутира за некој друг. Бидејќи никој не знае што ќе им донесе животот, тркало, еднаш сме горе, еднаш долу :) .

    п.с. Она за кое цело време целев во оваа тема е само цитатот:
    - Не судете, за да не бидете судени.
    -Оти со каква мерка мерите, со таква и ќе ви се мери.

    Не дека се цитати од Евангелието, туку ова е една голема секојдневна вистина што не опкружува.
    :hai:
     
    На galapce, bittersweet, artemidis и 2 други им се допаѓа ова.
  19. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.684
    Допаѓања:
    97.984
    Пол:
    Женски
    Ве читам и не можам да си поверувам што се читам.
    Значи раскрстете со ова,доење да,која мајка е во можност обавезно треба да си го дои бебето.Во јавност да ,ама настрана.Од лична причина или од причина да не им биде непријатно на другите,покривајте се.Или барем завртете се со грб.
    И тоа е темата жени.Се распославме на страниве,лути,настрвени,секоја со своја теорија а нема причина за кавга.
    И за крај ве молам,не ги поистоветувајте миничите и деколтеата со доењето.Врска немаат со мајчинството.
    Каква потреба има од групирање и процентуално пресметување?И не мислам дека некоја мајка која го храни своето дете со вештачко млеко е помала мајка од таа што дои.Причините се друга тема за разгледување.Секоја мајка си е одговорна за своето дете и тоа е тоа.
    Мислам наместо да оди темава во правец да се подржува доењето,да се пронајдат мислења од стручни лица ,да се едуцираат младите мајки,ние во темава се вртиме околу доењето како „киша око Крагујевца“.
    Ај сега за мир по едно кафе и лимонада за нас кои не доиме во моментов и по чаша боза за доилките.
     
    На Nausicaa, calliope, Rusi и 5 други им се допаѓа ова.
  20. mamma

    mamma Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    браво.ми ги зема зборовите од уста.ја доев големата а сега и малата керка,нема ништо поубаво на свет.и ја дојам секаде а од градите ништо не ми се гледа.и да ми казе некоја девојка вулгарна сум била а на денешно време баш голи излегуваат и се и сешто прават а ние сме биле неодговорни зошто му давам да јаде или го заспивам на града!!!!!! :swear: :swear: ]:) ]:) ]:)