1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење во јавност

Дискусија во 'Бебе' започната од BoaVista, 26 септември 2010.

?

Дали го поддржувате доењето во јавност?

  1. Да, но само доколку е дискретно

    167 глас(а)
    53,5%
  2. Да, не е важно дали е дискретно или не

    97 глас(а)
    31,1%
  3. Не го поддржувам воопшто

    34 глас(а)
    10,9%
  4. Сеедно ми е

    14 глас(а)
    4,5%
  1. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Се гледа дека знаеш да читаш ама не и дека го разбираш прочитаното. Тешко на тој што ти направил дете и тешко на детето со толку неразбрана мајка како тебе. Никогаш не сум се облекувала непристојно ниту сум се однесувала непристојно во јавност и ако кажав кое било однесувањето на тинејџерите и мислењето на моите пријатели не значи дека и јас мислам така. Јас поназад убаво си кажав дека се најде една паметна и се молзеше пред мене на сред ресторан дури јадев и дека и покрај тоа не ми смета ако дои некоја мајка пред мене покриена и дека пред се постојат јавни места каде што ни вие мајките не би сакале да ги доите вашите деца. И ден денес пијам млеко купечко од продавница два пати на ден ама ми е гадно некој да земи пред мене дури јадам да се молзи исто како што би ми било гадно некоја да врши нужда пред мене дури јадам. На крајот на краиштата немаше потреба да ти се објаснувам ама имам грам повеќе култура и овде доаѓам да дискутирам, за разлика од тебе што доаѓаш да ги истуриш нервите оти не си можела повеќе од два месеци да го доиш твоето бебе, што на толкав гнев и безобразлук не е ни чудно тоа си е и на нервна база. И кога ќе станиме мајки ќе ни биде срам да се споредуваме со тинејџерки, не за нешто друго , туку оти ќе бидеме МАЈКИ и ЖЕНИ, а не тинејџерки ќе ни биди испод ниво на интелигенција да се споредуваме со нив. И мајката ако е тинејџерка не е на место да се споредува со останатите, камоли ние што не сме и нема да бидеме тнејџерки. И не се секирај знам мајка ми како ме доела си прашав, ме доела ДИСКРЕТНО, без разлика дали било тоа дома или надвор.
     
    На andromedae и baby-star им се допаѓа ова.
  2. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    Ако веке си го изјаснила својот став зошто 20 страници зборуваш едно исто ??
    Самата се дрзна да навредиш некој што се труди и мачи за своето дете, не мислам јас дека сум светица ако сум родила дете ама не може некој што ниту има искуство ниту пак знае што зборува да се дрзне да навредува и ред други работи.
    Ниту ние немаме потреба никому да се правдаме зошто излегуваме и зошто ги доиме децата во јавност.
    Зошто во првиот твој пост не кажа дека ти сметало зошто некоја мајка и капнало млеко пред твоите очи ококорени за да доловат некој момент и да имаат што да зборуваат со месеци.
    Види сега и психијатар стана ми утврди дијагноза дека јас сум една безобразна мајка/жена па уште и на нервна база сум била.. Ауу а лекарства нешто нема да ми препишеш??
    Не сум јас миличка ни малку исфрустирана ниту истурам нервоза на дечишта како тебе, ако ти имаш право да си го кажеш твоето мислење имам и јас.
    Има луѓе кои патат од комплекс да бидат во центарот на вниманието знаеш ? А ти си една од нив.

    Крај на крај 20 страни испиша како ти било гадно ШТО СИ ВИДЕЛА МАЈКА КАКО СЕ МОЛЗЕ И ШТО СЕГА НИЕ ДА ПРАВИМЕ ??? Ајде најди ја мајката да ја обесиме на сред плоштад ... Господе мили што све држи земјаваа..
     
    На zalosna, gluvarche и bittersweet им се допаѓа ова.
  3. gluvarche

    gluvarche Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    113
    мамички што се нервирате и си трошите зборови на дечиња кои незнаат што значи зборот МАЈКА и што значи да се има бебенце? имаше една паметна реченица негде ја прочитав а гласи
    "тој што му е гадно да гледа мајка која дои премногу (предолго) гледа"
    во превод, кој се гади нека не гледа, те не зјапа, толку едноставно нели?

    немам намера да се објаснувам ниту да убедувам некого, си ја дојам малата каде и кога има потреба така да на кој му е срам или гад фино лепо нека си ја сврти главата и чао пријатно ;)

    девојчиња жално е што сте толку љубоморни на мајките, но не се секирајте ќе дојде и вашето време, само бидете трпеливи треба да пораснете 8)
     
  4. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Ај врати се погоре и прво види ти како мене ми се обрати. ТИ прва ми се обрати мене, ниту ти се обратив тебе лично ниту ништо јас како и сите останати си го кажав мислењето. Види како ти ми се обрати мене. Ти беше безобразна со мене, не јас со тебе. Да те потсетам?

    Јас стварно не знам како фактот што сте мајки ве прави привилегирани вие да бидите некултурни и безобразни со останатите луѓе, во случајов со мене, а ние да мораме да бидеме културни со вас?!!

    И јас не сакам да сум центар на внимание, ме немаше подолго време на тема дури ти не ми се обрати. Да има безобразни мајки кои откако родиле дете се збогувале и со култура и со морал. И како ти си привлегирана сите што не сме мајки да не генерализираш со распуштени тинејчерки кои се облекуваат курвински. Ако не сме мајки не значи одма дека сме раскурвани тинејџерки! И уште една не фер генерализација што ја правите е дека сите тинејџерки се раскурвани, а не се има прекрасни скромни прибрани девкојчиња посветени на училиштето кои се облакуваат пристојно.

    Да лекот е не се нервирај за работи што не мораш да се нервираш. Не се обраќај и не напаѓај луѓе кои не ти се обратиле. И како што вие мајките се дрзнувате сите што не сме мајки да не генерализирате како ракурвани тинејџерки, ајде да ги обесиме сите кои сте ги виделе курвински облечени тинејџерки и да ги обесиме на плоштад и да се надеваме дека ќерка ти нема да е една од нив во иднина.

    Кога вие генерализирате оти јас да не генерализирам според тоа што го видов? Која ми брани?? И ако ти си безобразна со мене, зошто јас да не сум со тебе?! Тоа што си мајка не те оправдува ни тебе ни било која од тие накои им се допаднало твоето мислење ни на останатите мајки кои го делат твоето мислење, да бидат некултурни, неморални, безобразни, да се акнуваат на која што не им се обратила ќе стигнат по форуми и да генерализираат!! Можев да бидам културна, ама ти беше првата која ја премина границата за да бидам културна со тебе!

    П.С. Срам да ви е на сите мајки што се дрзнувате да се споредувате со курвински облечени тинејџерки! (И во ваш стил) Ќе ве видиме ако и вашите ќерки во иднина се едни од нив!
     
    На baby-star, Valerin, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    РАЗКУРВАНИ хахахахаха ... леле мајко моја мајчице :)

    Ова е последен пат да ти се обратам. ЗНАЧИ ... за мене е неприфатливо на некој да му се гади од МЛЕКО СО КОЕ ШТО СЕ ХРАНИ Б Е Б Е !

    Неприфатливо е да испишеш 20 страници за МАЈКА КОЈА СЕ МОЛЗЕЛА.
    Си го кажа својот став и мислење и толку. Значи и ти и неколку форумџики се дрзнавте да зборувате па зашто сме морале да ги носиме бебињата со нас, па зошто да излегуваме итн итн...

    Јас убаво ти реков и уште некој пред мене рече како од се ви се гади а да одите голи по град не ви се гади и тогаш ви е убаво да сте во центарот на вниманието - Оуу да следува уште една анализа - тоа сигурно ќе биде дека сум ти/ви љубоморна.

    Не миличка не те правам јас РАСКУРВАНА туку во истиот случај се работи за ЦИЦКА во едниот случај МАЈКА ХРАНИ ДЕТЕ во другиот девојката сама избира да се облече така и да биде центар пажња.
    Додека ниедна МАЈКА не го прави тоа намерно. Кога ке станеш мајка ке сватиш дека детето е епицентарот и се што е потребно за него ќе се направи.

    И да во врска со ќерками, децата се бел лист хартија а од нас зависи што ќе испишеме на нив. Каква ќе биде ќерками се зависи од тоа како јас ке ја воспитам ..

    Едит: Свативме дека целта на твоите постови беше да привлечеш внимание , да си направиш да ти биде интересно итн. Го постигна тоа и чувај си ги мислењата за кога ќе станеш мајка да си ги прочиташ...
    Затоа што ние вашиот пат веќе сме го изоделе а вие нашиот допрва.

    Едит2: Ако ти се точни годиниве па и не си била баш тинејџерка :rofl: :rofl: :lol:
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    До кај стасавте со темава бре луѓенца? :)
    Онака најдобронамерно, ама многу се напнавте. ;) Ги читам претходните страници, и најинтересни ми се оние оправдувања од новопечените мајки, кои ги даваат на 15 годишните клинки. :D
    Не знам како очекувате тинејџерка балавица да сфати дека доењето на јавно место не е одвратно туку е природна и нормална појава.
    Па, онака искрено? Ни јас тогаш не ја гледав стварта од таа перспектива, може до некаде и зошто не се замарав за воља на вистината, ама сепак...

    Инаку, не ми пречи кога ќе видам доилка во јавност. :!:
    Но, ми пречи тоа што некои немаат ептен усул, дојат и во ексклузивни ресторани каде се јаде. :|
    Значи не е етички едноставно, може некој има слаб желудник како јас во случајот.
    Еве на пример пред некое време бев на вечера со другар во ресторанот ,,Дел Фуфо'' и пазете што се случува!
    Седнуваме, и гледаме на масата спроти нас мајка со бебе. И порачаа, бидна што бидна, и само што им стаса храната мајкава ја извади градата и почна да го дои малечкото.
    Не е дека ми пречеше, ама не знам зошто, немојте да ме сфатите погрешно, одненадеж изгубив апетит. :|
    Мислам, чинот е прекрасен, благослов е да се биде мајка, но сметам дека кога станува збор за вака деликатни случаи, и кога веќе се наканувате да одите на поспецифични јавни места да припазувате малку.
    Пресметајте кога треба да го нахраните вашето малечко. Не е дека секогаш проценките ќе бидат гаранција, ама бар обидете се.
    Како и да е, да се вратам на збиднувањето...Јаготка на шлагот беше еден господин кој седеше пред нас и гледајќи мајкава како го дои малечково под маса почна да
    мастурбира. :o
    Бев шокирана луѓе, ова беше екстремен случај бидејќи човеков изгледаше мошне солидно и културно за свои години. Малку постар, ама дотеран среден, со сите перипетии.
    А најтрагично од се е што ,,партнерката'' или пријателката што седеше до него, забележа и само се насмевна.
    Со другаров не знаевме дали да се смееме или да плачеме.
    Искоментиравм накратко, дискретно си се потргнавме и фативме друга маса уџум подалеку.
    Ама тоа е, секогаш имало и ќе има вакви избацени џентлмени имбецили со патлакот пред нос. |(
    Како и да е, навистина не ми пречи, само понекогаш сепак сметам дека би требало да се повнимава.

    П.С. Потајно се надевав дека мајкава ќе го забележи тоа и ќе избие кушлус, ама си останав на таа надеж. :rofl:
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Оф мори мајко.
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.546
    A koj masturbira vo sred restorant :lol:
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    И тоа во дал фуфо ејјјјјјјјјјј!!!!!!!!! :fubar:
     
  10. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271

    Се надевам овој ендемски вид како чичево е во фаза на истребување. :)
    Ако не е, сме го
    ебале
    ежот. |(
     
  11. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.546
    Ama pod masa se slucuval cinot :!: i sigurno bilo mnogu "diskretno"
     
  12. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    2.036
    Сум била и јас сведок на вакви ситуации.

    Бебето си има потреба од грижа и внимание нормално. Навистина има мајки кои се приморани да го носат детето со себе и воедно да извршуваат други должности. Би разбрала да се дои во јавност доколку се почитува некоја граница на дискреција или едноставно се одбере некое помирно место додека го нахрани детето.

    Но сум се сретнала и со случаи кога ете така млади новопечени мајки седнале на кафе во прв ред во кафич и го дојат детето. Едноставно поминуваш покрај нив и стварно ти е непријатно, се изложува на едно стотици луѓе кои поминуват. Невозможно е да се испушти градска шетња и кафе, па макар и со мало бебе кое си има свои потреби и по мое мислење треба да се припази на нив пред да се излезе од дома и да се брка сопствен ќеф знаејќи дека имаш дете кое нема да бира време и место за да се расплаче на пример.
     
    На Lovely93 и babyblond им се допаѓа ова.
  13. auroraa

    auroraa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    843
    Јас до сега малата ја имам два пати доено во јавност но покриена со марама на почетокот ми беше непријатно но што да правам кога детето немав на кого да го оставам и морав со мене да го земам а и сигурно нема да го оставам да плаче или да трчам до дома за да го надојам.
    Исто така имам видено многу мајки кои ги дојат по паркови, кафичи и воопшто не е лоша сликата и не е ништо срамно дур сето тоа се прави дискретно.
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lavander

    Lavander Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    91
  15. NewBeginning

    NewBeginning Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2013
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    23
    Анкетата што е објавена периодов на странава ме поттикна да ве прашам - Зошто сте во толку голем процент против доење во јавност? Многу голем процент не се сложуваат, па ме интересира зошто е тоа така.
     
  16. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.501
    Пол:
    Женски
    Јас не сум против, шо има тука толку страшно... слатко бебенце и цицки на мегдан!
     
  17. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.648
    Допаѓања:
    20.898
    Пол:
    Женски
    Не сум против доење во јавност, се додека мајката си е културно покриена, без ци*ка на изволте.
    Јес да, незгодно е, а оние кои на тоа гледаат сексуално се стварно за на лекар.
    Али, случкава која ја видов пред некој ден навистина ми беше необична, ептен глупава.Шетаме удолу, и жена си го доеше бебчето буквално во одење.Го држеше во раце и шеташе.Па жено златна, широк сокак врие од ресторанчиња и клупи, надој си го малото таму.Боже свашта. :x
     
  18. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Седевме во парк едно претпладне кога мајката му даде на бебето да цица (иначе ја познавам мајката, а бебето има 6 месеци). На соседната клупа имаше две девојчиња (со ранците од на школа валда, ама со фармерките пикнати в пич битно) и толку изнаправија фаци на грдење, неверување кон самиот чин на цицање. Се испонашаа како невидени.
    А, морам да напоменам дека во ниту еден момент на мајката не и ѕирна градата, таа си имаше марама во која го носеше бебчето, па само главата му ја стави подолу, а марамата погоре, значи нималку не ѕирна ништо, ништо не се виде.
    Ама младиве очите ги испревртија и дозркнаа со зјапање без осет култура.
     
    На zalosna и SimonaTino им се допаѓа ова.
  19. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.014
    Пол:
    Женски
    Врати се 67 страни наназад, прочитај ги и може ќе ти се разјасни :) Јас не успеав да сфатам :D

    Како и да е во овие месец и 3 дена како е роден синко јас веќе успеав да го дојам во јавност и тоа дури 3 пати. Абе шампион сум ниедна ама ниедна од вас го нема доено детето во полициска станица :rofl: сега треба да ме прогласат тука за ненормална ама мене баш ми е гајле. Додека чекавме ред да се сликаме за лична карта синко се разбуди и сакаше да јаде, нормално дека нема да го оставам гладен а не се сетив да прашам дали има некој од присутните нешто против а и искрено воопшто не ни приметив дали некој ме гледа гадливо или како и да е - нивни проблем :lol: Кога сме дома и имаме гости си влегувам со малиот во спална и го дојам, ама кога морам да излезам до дома сигурно нема да си го оставам детето гладно затоа што некој нема попаметна работа и гледа кој што прави 8)
     
    На SimonaTino, zuto и leona83 им се допаѓа ова.
  20. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Тоа е тоа срцка
    Се си кажа ,само ќе те повторам :без осет и култура
    А потоа од мравка ќе направат слон....како мајката била некултурна,цицките ги вади кај ќе стигне и тако даље