ТЕМА: Воведување на цврста храна кај бебињата

Мислење 26 Јан 2012, 18:11

Имам едно прашање во врска со зачините. Вчера кога бевме на педијатар ми кажа дека можам полека полека да почнам да и давам на бебишка од нашиот ручек.Ме интересира од кога ке можам да и ставам во јадењето црн пипер, црвен пипер итн..сега за сега и ставам само маслиново масло.
Аватар на корисникот
koritsaki

Жолто цветче
 
717596
Мислења: 1302
Зачленет: 01 Мар 2010, 02:25
Локација: Greece
Слика
Слика

Мислење 26 Јан 2012, 20:39

Такви зачини како пипер, оцет и вегета ќе ставаш подоцна - рано е за нив. Сега можеш со сол да почнеш, исто и со зачини од типот на оригано, босилек, мајчина душичка - значи некои такви миризливи зачини, ама не претерувај, оти децата не сакаат многу јаки мириси - барем по мојов гледам. Јас скоро се му давам што јадеме ние, ама се' уште посебно му спремам, баш поради пиперот, оцетот и вегетата. Ако веќе си ги вовела сите продукти во исхраната, нема да има проблем. И слободно можеш да даваш тестенини со јајца, јас веќе почнав :)
Аватар на корисникот
Annath

Жолто цветче
 
21643422
Мислења: 3529
Зачленет: 09 Јан 2010, 17:01
Go confidently in the direction of your dreams. Live the life you have imagined.
Слика

Мислење 08 Фев 2012, 10:17

Баш за тестенините ме интересираше како им ги давате. Јас уште немам почнато, ама време е веќе. Ги пасирате или како ?Мене уште ми е страв храна во парчиња да и дадам мислам ќе и залетене че се поддави :(
Анатх мислам нашите бебиња се тука некаде врсници, јајце му имаш дадено, жолчка, на синчето? Јас како мала бев алергична на јајца, и сега страв ми е....
И каква сол да употребувам во нејзината храна?
Аватар на корисникот
d.Darla

Зелено цветче
 
78295
Мислења: 501
Зачленет: 01 Сеп 2010, 12:12

Мислење 08 Фев 2012, 11:02

Јас му ги давам тестенините издробени со виљушка, ама претходно убаво сварени. Инаку, мојов си џвака уште од 6 месеци, да не го подречам, пу пу, и повеќе сака да џвака отколку да јаде лапни-голтни храна (каши).
Што се однесува до јајце - веќе имам воведено цела жолчка, а во неделата му дадов и белка да проба (имаме скоро 11 месеци, па морам да му воведам и белка, за да може да ја прими MRP вкацината што се дава одма после првиот роденден). Досега нема никаква реакција, ни на жолчката, ни на белката - ама не ги сака баш многу, многу. Инаку, сум му дала тестенини со јајца, домашни кифли и други пецива со јајца.

Е сега, ако некој од родителите е алергичен на некој продукт, се чека обично до година за да се воведе во исхраната на детето (сопругот мој бил алергичен на јагоди како мал, па јас ќе си почекам со јагодите до година и пол). Јас би те советувала да си прашаш педијатар за јајцето, види што ќе ти каже. Можеби да пробаш малку жолчка да дадеш, ептен малку, само да проба, и следи ја ситуацијата. Само да биде добро термички обработена - јајцето да врие најмалку три минути (јас и по 10 минути го оставам да врие).
За сол - му ставам морска сол со Б9 витамин, онаа зелената од храна и вино што е... ама по малку, ептен малку, повеќе користам други зачини, од типот на оригано и босилек... повкусно е така.
Аватар на корисникот
Annath

Жолто цветче
 
21643422
Мислења: 3529
Зачленет: 09 Јан 2010, 17:01
Go confidently in the direction of your dreams. Live the life you have imagined.
Слика

Мислење 08 Фев 2012, 11:17

Annath сакам да те прашам за крем сирењето како му даваш оти прочитав несолено дека си му давала па кога отидов да купам рекоа дека немало такво? мамкички што им давате на децата со навшени 6 мес. јас почнав веке со млечниве произвооди
Аватар на корисникот
Milla9479

Бело цветче
 
1615
Мислења: 61
Зачленет: 24 Сеп 2011, 23:49

Мислење 08 Фев 2012, 11:19

Јас му давам АБЦ крем сирење, тоа е најмалку солено од сите. Ама почнав после 8 полни месеци, не порано. Шест месеци е рано за сирење, почни со јогурт и кисело млеко :)
Аватар на корисникот
Annath

Жолто цветче
 
21643422
Мислења: 3529
Зачленет: 09 Јан 2010, 17:01
Go confidently in the direction of your dreams. Live the life you have imagined.
Слика

Мислење 09 Фев 2012, 13:08

Нашата нова омилена ноќна каша е исто на Хип, само таа со банана и гриз. И да и се спие , таа кемка и јаде :))Денес ќе кумап АБЦ сирење да пробаме , а лепчето вистина треба посуво да биде? Нели од топол може мешето да ја боли и се прави како тесто живо...Сакам и тестенини да пробаме ама веќе не знам што побрзо, дали жолчка , тестенини или сирење прво да воведам. Сите ќе бидат за прв пати и ќе треба ден-два да почекам да не има реакција.....
Аватар на корисникот
d.Darla

Зелено цветче
 
78295
Мислења: 501
Зачленет: 01 Сеп 2010, 12:12

Мислење 09 Фев 2012, 13:21

d.Darla напиша:Нашата нова омилена ноќна каша е исто на Хип, само таа со банана и гриз. И да и се спие , таа кемка и јаде :))Денес ќе кумап АБЦ сирење да пробаме , а лепчето вистина треба посуво да биде? Нели од топол може мешето да ја боли и се прави како тесто живо...Сакам и тестенини да пробаме ама веќе не знам што побрзо, дали жолчка , тестенини или сирење прво да воведам. Сите ќе бидат за прв пати и ќе треба ден-два да почекам да не има реакција.....

Пробај со малку жолчка, па почекај два-три дена. Сирењето и тестенините може наеднаш да ги воведеш, посебно ако се тестенините без јајца, бидејќи веќе имате пробано глутен. И точно е дека лебот треба да е постар, односно посув малку, оти полесен е за варење. Јас практикувам да му дадам на малиот постар леб, ама кога свекрва ми ќе меси лепче, секако дека ќе му дадам и тазе. Домашното лепче најчесто сам си го јаде, како бисквитче му е (свекрва ми меси мали топчиња специјално за него), за разлика од овој што го купуваме за кој што ми е страв да му дадам сам да јаде, оти многу е жилав некако и тежок за џвакање.

Инаку што се однесува до пробувањето на нови продукти, мислам дека после 8-9 месеци не важи тоа да се чека два-три дена, па да се даде нешто ново. Освен ако се работи за некој изразено алерген продукт. Јас така чекам со белката од јајце. Му дадов во неделата, сега ќе чекам до наредната недела пак.
Аватар на корисникот
Annath

Жолто цветче
 
21643422
Мислења: 3529
Зачленет: 09 Јан 2010, 17:01
Go confidently in the direction of your dreams. Live the life you have imagined.
Слика

Мислење 09 Фев 2012, 13:26

Да, за белката посебно, треба да се чека. А за некои од работите и јас некако секој ден ми се погоди ново да и давам, ни останаа мн нови работи не пробани поради тоа што еден период , од прилика еден мессец, се беше настината, па со кандида, па не знаев дали е кандида или алергија итн. итн.
Инаку ме радува што многу јаде брокула, а месо многу ете не јадеме и компирот мора да и го маскирам, па резултатие од крванта слика се добри, не и е намалено железото...
Аватар на корисникот
d.Darla

Зелено цветче
 
78295
Мислења: 501
Зачленет: 01 Сеп 2010, 12:12

Мислење 09 Фев 2012, 14:03

Навистина е проблематично кога е детето настинато, па не знаеш што му е, дали е алергија, дали нешто друго, па треба да пазиш. Месото можеш да го замаскираш така што ќе го вариш со кромид, морков и пашканат, може и ловоров лист, ама тој е малку јак за толку мало дете, не секој го сака мирисот. Јас задолжително ставам кромид во секое јадење за малиов, за имунитетот е добро. Почнав по малку и лук да ставам, ама поретко, зависи од јадењето. И повеќе ми јаде вака, отколку кога месото го варам чисто. Добро е што на малата железото и е супер, нека си јаде брокула сега, оти после кога ќе порасне ќепочне да пребира :D Јас морам млечни производи да давам многу, поради тоа што син ми не пие никакво млеко, освен ова што го цица, а почнав да го одвикнувам.
Аватар на корисникот
Annath

Жолто цветче
 
21643422
Мислења: 3529
Зачленет: 09 Јан 2010, 17:01
Go confidently in the direction of your dreams. Live the life you have imagined.
Слика

Врати се на Бебе

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 4 гости

Site Meter