Додека си будна може така да лежи ама ако многу ти се спие не ти препорачувам....мислам мене ми е страв.
И ние сме исти. Само така се држиме на стомак, ама не јас кога заспивам, иако површно спијам. Таа ни е најкомотна позиција и за подждригнување и за какање...Само ние малку мака мачиме со ждригањето. Кога е буден одма ждрига во таа позиција откако ќе се најаде, а кога ќе заспие додека цица колку сакаш држи го, нема шанси. Откако ќе го легнам во креветче чекам да закенка и одма го кревам. Тогаш си се олеснува. Полека полека си ги откриваме цаките.
здраво мамицки, мојот син има многу грцеви нон стоп плаце и кака во памперсот секој пат сто г. менувам.тој сеусте е многу мал се роди пред 4 дена и ми рекоа дека пред еден месец не смее да с. употребува нисто ни капки ниту некој цај?ве молам казете ми васе искуство како се справувавте во тоа време со васето бебе овој најмногу плаце навецер. поздрав
кој ти кажа дека не смее ништо да се употребува? баш напротив мене педијатарот ми кажа да му давам капки, пробав јас и со чај од бекутан но тој повеќе му ствараше гасови а вака со еспумисан л капките 3пати на ден спасени сме нема ни грчеви ниту плаче, а тоа што нонстоп кака и синми е така јас досега не сум му сменила ниту еден памперс чист а често му ги менувам на 2-3часа и сите му се покакани ама и тоа не е страшно се додека кака жолто нормално е, држи го на стомаче да му го топлиш стомачето така полесно ќе му биде
Јас од 2 недела му давам чај бекутан и еспумисан капки, ама само кога спие на стомак кај мене е мирен инаку вреска цел ден и по цела ноќ.
Мене за грчеви ме спасија Колиеф капките. Му давав и Еспумисан имаше ефект неколку дена, но после ништо. Малата се виткаше и плачеше од грчевите, жално да ја гледаш. Ги зедов Колиеф по препорака од една братучетка и стварно многу ми помогнаа. И давам на секое второ јадење по 4 капки. Скапи се 700 ден. за една недела отприлика ама вредат за парите
Ние ги пиеме скоро 10 дена и малата и да нема грчеви или многу слаби. Топло ти ги препорачувам, скапи се ама вредат за парите. На ден и давам 4-5 пати пред секое јадење.
Како му ги давате капките Еспумисан,дали после секој оброк или...?Бидејќи на упатството пишува да се даваат после секој оброк но мислам да не е премногу или...?
Многу е, почни преку еден или два оброка па види има ли ефект, ако се смирува окж ако не зачести. Јас давав три пати на ден по 15 капки.
исто и ние векје два дена поцнавме со еспумисан капките три пати на ден по 15 капки ам. да ви казам искрено не гледам некоја промена нон стоп само н. раце и да се лулка од грцевите има болки се свиткува поцрнува од болката и плаце нон стоп н. гледам спас нигде. инаку имаме три недели до колку е овој критицен период маммицки казете ми? поздрав
Јас кога и давав по 15 капки немаше никаков ефект, со по 25 капки имаше нешто минимално колку еден саат да земе сила пак за плачење.
Јас му давав 5Х15 капки и бев задоволна од ефектот. Педијатарот ми рече 3Х25 пробав и така ама бебуш беше повознемирен.
На упатството пишува да се даваат по 25 капки,јас му давам 3 пати на ден, најмногу можи до 5 пати на ден ама се мислам да не е многу,па покасно да нема ефект,засега има ефект.
Тие што сте давале чај од ким...колку зрнца ким во колку вода ставате? И количински колку да се даде да испие?