ТЕМА: Исхрана од 4 месеци па нагоре

Мислење 12 Дек 2012, 20:48

Не драга не сакам ни да јаде чоколадо , не сум и дала вака чоколадо да јаде , него овие кашичкиве како Чоколино и др ама ги нејке
Повеќе си сака бананче и др овошки
Јогурти овошни ептен сака домашни посебно , исто као мене :lol:
Аватар на корисникот
MacenceEna

Жолто цветче
 
40453417
Мислења: 1271
Зачленет: 08 Дек 2010, 21:48
Слика
Слика

Мислење 12 Дек 2012, 20:56

И јас на моето му давам овошни јогурти,и овошје од кива,портокал,мандаринка,јапонско јаболко,бананки значи ги обожава ,чоколатце давам си сака мојот благарче си е ,ги јадеше и тие чоколино,медолино ,млекце сака со несквик ,ама гледам да ги избегнувам кога се може
Eleonorastrumica

Сино цветче
 
158263
Мислења: 392
Зачленет: 23 Фев 2010, 12:39

Мислење 19 Дек 2012, 14:47

мами4ки јас имам мака....бебушот мој е 4 месеци и 20 дена и в4ера му дадов домашно сок4е од мандарина, ама денеска го приметувам дека повраќаницата не му е течна како обично туку како балгами да поврака и тоа ме плаши зошто му се повтори истото неколку пати. иначе да споменам дека е сосема здраво вчера сабајлето бевме на вакцина и се беше во ред. Ве молам кажете ми некое ваше искусто и ако знае некој некоја шема по месеци што треба да им се дава ??? фала однапред
anuHka

Бело цветче
 
814
Мислења: 54
Зачленет: 18 Ное 2011, 14:35

Мислење 19 Дек 2012, 16:29

Ne mi se slicilo nesto slicno no sepak mislam deka povrakaneto ne bi trebalo da e od sokceto ako nemase dr reakcija crvenilo po usta prolivce ili sl a velis od vcera si go dala sokceto kako i da e mandarina mislam deka se dava malku pokasno jas pocnav na 3 i pol meseci so sok od jabolko go davav 10 dena samo toa pa sok od morkov pa crna sliva kruska praska pa na 5 i pol babana kajsja i koristam od hipp ne sum probala so domasni sokcina a kasicki pravam i doma od jabolko kruska banana morkov biskvita i dr a sega i zelencukovi
angeliane

Фем почетничка
 
10
Мислења: 13
Зачленет: 05 Дек 2012, 11:30

Мислење 19 Дек 2012, 16:35

inaku za tabela za ishrana ima malku ponazad vo ovaa tema
angeliane

Фем почетничка
 
10
Мислења: 13
Зачленет: 05 Дек 2012, 11:30

Мислење 20 Дек 2012, 00:03

Се препорачува бебето да е на ексклузивно доење 6 месеци особено ако добро си напредува.
Мене така ми рече педијатарот, ама јас не ја послушав. :wasntme:
Кога наполни син ми полни 5 месеци и некој ден му дадов сокче од јаболко, со сокчето се почнува дохраната колку јас што знам.
Потоа се дава кашичка од јаболче или пак житарки.
Син ми не ги сака сокчињата, ги плука и се мршти.
Досега му имам дадено кашичка од банана и од јаболче и двете не ги сакаше, едвај некако со молење и буткање 5-6 лажички и тоа на врвчето. |(
Ама ме фати некој инает дека ништо не сакаше освен да цица, а јас сакам да почнам и со дохрана, па затоа купив од Хумана млечните каши од гриз и ванила. За чудо му се допаднаа и еве утре ќе биде трет ден како му давам од таа храна. :clap:

Инаку треба полека да се воведува дохраната, да има неколку денови растојание при менувањето на кашичките т.е. различната храна за да се види дали детето ќе покаже некаква реакција пр. алергија (така мислам беше :?: ).
Син ми уште нема 6 полни месеци и уште немаме целосно заменет еден оброк, повеќе сме на доење, ама не се брзам, целта ми беше да видам дали ќе ја прифати дохраната и малку да експериментираме со вкусови.

Следно планирам да му дадам кашичка од морковче и од Милупа млечната каша со ориз и пченка....ама тоа отом потом.

До сега му давам само од кашичките на Хипп затоа што само тие се за 4 месеци, Фрутек се за 6 мес., исто и на Бебевита.
Планирам и дома да му правам ама тоа најверојатно ќе биде од следниот месец, ако воопшто успеам да му заменам барем еден подој со кашичка.
Аватар на корисникот
lolyta777

Жолто цветче
 
66277383
Мислења: 2339
Зачленет: 12 Јан 2011, 19:54

Мислење 20 Дек 2012, 10:21

Само морав да пишам во однос на кашите - Лолитке, истите се, значи и на Фрутек што пишува за 6+ се всушност оние од 4+. Тие порано беа 4+, ама поради новата кампања за ексклузивно доење до 6 месеци, сите производители освен Хип, ги сменија амбалажите и напишаа дека се 6+ на амбалажата. Не знам зошто од Хип не ги сменија, не знам која им е политиката, ама знам дека сè се прави да се добие поголема заработка.

Деновиве на интернет налетав на список на ГринПис со фирми чии производи се наводно отровни - меѓу нив и детската храна на Нестле (Алете и житарките :( ) - не знам дали е вистина, ама сега шубе ми е, оти син ми ги обожава житариците, со нив пораснавме...
Annath

Црвено цветче
 
549310414
Мислења: 5334
Зачленет: 09 Јан 2010, 16:01

Мислење 20 Дек 2012, 14:41

Annath напиша:Деновиве на интернет налетав на список на ГринПис со фирми чии производи се наводно отровни - меѓу нив и детската храна на Нестле (Алете и житарките :( ) - не знам дали е вистина, ама сега шубе ми е, оти син ми ги обожава житариците, со нив пораснавме...

од стално некогаш ќе се налета дека некоја било која детска храна е штетна
јас до сега имам слушнато дека од бебивита биле штетно па од хип биле канцерогени и сега ова од тебе.јас баш денес му купив на син ми 8+ со 8 жита и какао од нескле.
ама не вервам дека нешто од ова е точно.
конкуренција голема има мора вакви работи да се измислуваат
Аватар на корисникот
stefi23m

Зелено цветче
 
583396
Мислења: 911
Зачленет: 06 Авг 2012, 18:29
Слика

Слика

Мислење 20 Дек 2012, 18:11

Annath напиша:Само морав да пишам во однос на кашите - Лолитке, истите се, значи и на Фрутек што пишува за 6+ се всушност оние од 4+. Тие порано беа 4+, ама поради новата кампања за ексклузивно доење до 6 месеци, сите производители освен Хип, ги сменија амбалажите и напишаа дека се 6+ на амбалажата. Не знам зошто од Хип не ги сменија, не знам која им е политиката, ама знам дека сè се прави да се добие поголема заработка.

Деновиве на интернет налетав на список на ГринПис со фирми чии производи се наводно отровни - меѓу нив и детската храна на Нестле (Алете и житарките :( ) - не знам дали е вистина, ама сега шубе ми е, оти син ми ги обожава житариците, со нив пораснавме...

А убаво му викав јас на мм дека малата со Фрутек јаболко ја заранив. :!:
Туку дали ова значи дека можам и од Фрутек 6+ да му давам на малиот или не :?:
Аватар на корисникот
lolyta777

Жолто цветче
 
66277383
Мислења: 2339
Зачленет: 12 Јан 2011, 19:54

Мислење 20 Дек 2012, 18:57

Лолита, можеш да му даваш, ама секако првенствено водејќи се од оние продукти соодветни за возраста. Само ќе си ги преповеруваш амбалажите што содржат за да си 100% сигурна и нема гајле, ако пишува на каша со јаболче и морков 6 плус зошто не би можела тек и со полни 4 месеци на пр да се проба да му се даде.
Аватар на корисникот
NoellePage

Зелено цветче
 
16012465
Мислења: 886
Зачленет: 01 Јун 2011, 14:26
Локација: Where the sun always shines

Врати се на Бебе

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: ubavka1 и 18 гости