1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исхрана од 4 месеци па нагоре

Дискусија во 'Канта' започната од nataliaaa, 2 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Моира не знам дали зборуваме за истата кашичка ,ама еве читам во составот не пишува кравјо млеко. Оваа е од тие органик кашички со АД млеко и ориз,без глутен .
    А инаку АД млекото од што се добива? Не е ова зајадување да се разбереме :) ,туку навистина ме интересира. Јас мислам дека е кравјо ,преработено па дехидрирано млеко :x
     
  2. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Не бре АИТ, какво зајадување, па мораме да размениме искуства, секој со своето нели :)

    Јас зборам за ова:

    [​IMG]

    И, верувале или не, оваа слика ја најдов забутана во еден македонски форум од Бог знае кога. Значи, на нет не може да се најде буквално НИШТО за овој производ, што најверојатно значи дека го повлекле и престанале да го произведуваат.

    А во однос на начинот на производство на бебешките формули - повеќе има на линков

    http://www.ehow.com/about_6594338_cow-milk-vs_-infant-formula.html

    Кравјо млеко е, ама адаптирано и преработено за мали деца, зошто нивниот организам не може да го свари чистото кравјо...

    п.с. Морам да редактирам, оти сега не сум сигурна дека АД млекото се добива од кравјото. Мислам дека си е вештачки создадена формула, независна од никое постоечко млеко, со карактеристики кои би биле најблиски до мајчиното млеко. Така да, мислам дека горната реченица не ми е баш точна :lol:
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ferhunde-87sk

    Ferhunde-87sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    41
    Се надевам дека е скок во развој...... Не знам друго како да го опишам периодот.... Само што ќе го види шишето со млеко нејќе ни до уста да му го допрам, а заспан ќе го начекам и пие... проблемот е што не можам 4 пати дневно да го заспивам за да пие млеко од проста причина што нејќе да спие толку често.... И ете така си се нервирам....
    АИТ ми напишала со лажиче да му давам... Е колку би испил со лажиче, кога и така пробав и се откажав зашто е невозможна мисија да му дадам млеко со било што а и многу споро оди, па не е маче мало од 5 голтки да се најаде........ И јас упорно се обидувам со млекото и не му давам кашички сеуште, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите....
     
  4. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Не е оваа жолто со зелено е мојата ;)Јас некако најмногу им верувам на Хипп .Пред неколку години на одмор запознавме еден човек кој работеше во оделот за контрола на квалитет на Хипп производите и ми објаснуваше колку всушност се води грижа за овие производи. Еднаш во месец од 10 продавници се зимаат примероци од храна и се испитуваат за да се види како средината делува на нив,како производите се испраќаат и во други лаборатории,се со цел да се избегнат местени резултати и ред други работи.Е сега колку вистински работите се оригинални и не содржат конзерванси :x Јас млечниве кашички ги давав заради АД млекото ,а другиве во тегличка се трудам да ги избегнувам .

    Ферхунде сум давала јас и со лажиче :) и тоа на поголемо бебе. Мајка трпи еден ден ,ама вториот веќе :x За некоја година ќе се чудиш какви се работи ти текнувале и си правела за детето .Мајка е светско чудо :lol:
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ferhunde-87sk

    Ferhunde-87sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    41
    Ферхунде сум давала јас и со лажиче :) и тоа на поголемо бебе. Мајка трпи еден ден ,ама вториот веќе :x За некоја година ќе се чудиш какви се работи ти текнувале и си правела за детето .Мајка е светско чудо :lol:[/quote]

    Не се работи тука за мајка или не АИТ, значи по не знам кој пат објаснувам дека му давав и со лажиче, ама не сака, едноставно го плука и не го пие, не ја отвара ни устата, не знам како да ти објаснам... Таман работа ако мене ми е проблем да се трудам да му дадам да јаде на моето дете.... Не знам зашто муабетов се врти како јас да не сум доволно упорна или ми е тешко да се потрудам за бебето.... Ама па не можам на сила да му ја отворам устата и да му бутам за да бидам супер мајка......

    Инаку, за сите заинтересирани, само што јадеше малата ѕверка.... му дадов 160 мл млеко за да не го прејадам сега одеднаш а беше повеќе време гладен, па ќе надоплниме после.... не знам дали правилно постапив, може требаше повеќе, ама не сакав да го прејадам
     
  6. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Не се работи тука за мајка или не АИТ, значи по не знам кој пат објаснувам дека му давав и со лажиче, ама не сака, едноставно го плука и не го пие, не ја отвара ни устата, не знам како да ти објаснам... Таман работа ако мене ми е проблем да се трудам да му дадам да јаде на моето дете.... Не знам зашто муабетов се врти како јас да не сум доволно упорна или ми е тешко да се потрудам за бебето.... Ама па не можам на сила да му ја отворам устата и да му бутам за да бидам супер мајка......

    Инаку, за сите заинтересирани, само што јадеше малата ѕверка.... му дадов 160 мл млеко за да не го прејадам сега одеднаш а беше повеќе време гладен, па ќе надоплниме после.... не знам дали правилно постапив, може требаше повеќе, ама не сакав да го прејадам[/quote]

    Не сме се разбрале добро не мислев на тоа која е поголема мајка или не ,туку на тоа какви се работи ни текнуваат се со цел да ги задоволиме нашите бебенца/дечиња.Ти се извинувам ако сум те навредила,но верувај ни најмалку немав таква намера.
     
  7. Ferhunde-87sk

    Ferhunde-87sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    41
    Не сме се разбрале добро не мислев на тоа која е поголема мајка или не ,туку на тоа какви се работи ни текнуваат се со цел да ги задоволиме нашите бебенца/дечиња.Ти се извинувам ако сум те навредила,но верувај ни најмалку немав таква намера.[/quote]

    ОК е, и јас малку бев нервозна па може малку грешка сум го сфатила.......
     
  8. Ferhunde-87sk

    Ferhunde-87sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    41
    Ништо, останавме ние на тоа едно јадење...Детево нејќе и нејќе, не знам веќе што не пробав....... Дефинитивно со докторката заклучивме дека забите се проблемот! Му дадов ефералган, го избањав и заспа... Сега чекам прилика да му дадам заспан да јаде.....Не знам дали да му дадам поголема доза дека не е јаден или па нормална за да не го прејадам....... Се пореметив......
    Инаку сум сама дома, маж ми мораше да замине на пат.......Не знам како ќе издржам....
     
  9. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Ние редовно го имаме Baby's First Pap на HIPP дома во кујната. Дали со овошка, дали со некое бисквитче во денот обично имаме еден оброк со ова, обично појадокот. Кај нас го снема еден период и мислев дека е повлечено. Но, сега секаде го има повторно но овојпат е збогатено со Пребиорици (претходното беше со пробиотици) и баш на кутијата е назначено New како нов производ.

    [​IMG]
     
  10. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.605
    Допаѓања:
    250.863
    Пол:
    Женски
    Кога може да се почне со воведување на грашак, грав, боранија, леќа?
    И само моево дете ли е лудо по леб и бисквити? Само тоа јаде самоиницијатвно и без молење, почнав лебот да го кријам да не и е во видно поле кога јаде.
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.650
    Пол:
    Женски
    Јас од седми месец воведов грашок и боранија, со месо ги давам најчесто. Како манџички. Леќа воведов нешто покасно, после 9 месеци, а грав некаде околу 11 месеци.
    Мојов обожава грашок и грав, а боранија и леќа не ги сака нешто особено, иако ги јаде (со кисело млеко му ги давам). А во тоа се метнал на татко му :D

    Инаку, и син ми обожава леб и бисквити, особено бисквитите. Штом ги види, одма вика пазма (плазма) и си бара. А лебот порано повеќе го сакаше, сега не толку. Давај и леб со зеленчуковите манџички, сигурно и нив ќе ги јаде покрај лебот. Може и како попара со леб да ги направиш, ама не ставај многу леб, јас така му правам некогаш на син ми ако ми забушава.
     
    На DeMelo и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  12. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Изгледа во погрешна категорија го поставив постот па да го префрлам ,добро би ми дошле вашите совети бидејќи педијатар не дозволува дохрана под 6 месеци ,малиот и после изедени 180 мл млеко уште ми е гладен и тоа 3 саати да издржи е премија затоа се одлучив да почнам со дохрана.

    Јас може подранив со дохрана имаме 4 месеци и 10 дена и почнав да му давам првин да пробува сокче по некоја лажичка а сега и кашичка од јаболко .
    Незнам колку да му давам дали секој ден или не?
    До сега му дадав по пола кашичка од малите и на секој втор ден ,ама мислам ако му ја дадам и цела ке ја изеде ,кога престанувам да му давам се тресе од нервоза и бара уште и устата ја отвара и ми го трга лажичето смешки е.
    Е сега покрај јаболко што да му дадам друго да проба ,морковче или првин друго овошје.
     
  13. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    јас почнав со јаболко, па јаболко и морков па банана па праска кајсија ( се сокчиња) после почнав кашички пр јаболко со праска па сок од круша и сл. нови вкусови му воведував со сок по 4-5 дена па после кашичка.со овошје поцнав на 4 месечи кашички на 4.5 а зеленчук на полни 5.
    кога почнав зеленчук иста кашичка му давав по 3-4 дена копмир па итн.....
    е чудна работа син ми зеленчук јади поќе од овошје
     
    На leo-n-tina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Фала многу за советот,од следната недела ке пробаме со морковче како ке оди .
    Е сега сакам да прашам за Милупа кашичка од кога ке почне да се дава некои ја мешаат со овошје и зеленчук ,и дури имам прочидано дека житарките треба први да се внесат како дохрана ,па зеленчук па овошје .
     
  15. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049
    leo-n-tina еве една табела која ја имам зачувано
     

    Прикачени фајлови:

  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.650
    Пол:
    Женски
    Леонтина, од житарки можеш да дадеш ориз, пченка, овес, просо - тие не содржат глутен. Не знам додуша колкави сте, ама ако сте помали од 6 месеци, не брзај многу со житарици, само пробувајте вкусови.

    МеУ, од каде ти е табелава? Доста погрешни информации има за воведувањето на одредени продукти.
     
  17. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049
    Ја најдов на српски сајт :?:
    Па ајде вие по искусните мамички ставете некој табела по која се водите. Да си знаеме за во иднина. :)
     
  18. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    И јас се согласувам со Меу дајте помагајте оти мав ни е работава.
    И ако знаете некој добар педијатар приватно пишете ми зошто ништо не ми објаснува оваа мојава а и премногу гужва има и нема време да се посвети .
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.650
    Пол:
    Женски
    Немам време да правам табела, ама ќе одам по ред со продуктите. Не се водете по табела, водете се според инстинктот и вашето дете. Ама вака е отприлика.

    Значи прво е млекото како основна храна: до година дена детето треба да пие мајчино или адаптирано млеко (зависно од случајот). Ако не пие никакво, може да се проба со кравјо, а уште подобро, козјо млеко. Ама тоа во краен случај, ако не сака да пие друго млеко.

    Млечни производи: според табелата јогурт и кисело млеко се препорачуваат од 9 месеци, со нив може и од 7 месеци (јас почнав од 6). Бидејќи јогуртот и киселото млеко се корисни за малото бебе, полни со добри бактерии кои помагаат во развојот на цревната флора и допринесуваат во имунитетот. Кравјо младо (несолено) сирење може исто од 7 месеци, ама младо, фабрички произведено, од пастеризирано млеко. Ако ви е солено, може да го оставите да постои во вода, да го отсолите малку. Може да дадете и АБЦ крем сирење, изварка или урда.
    Овошен јогурт исто може, направен дома по можност. Има јогуртчиња на Нестле и Хумана, па тие ви се добра опција, ако не можете да правите сами.
    Кашкавал, зденка, павлака и млечни намази не давајте барем до годинка, оти тие ви се чиста хемија, содржат сè, само не млеко.

    Овошје: ако почнувате со пробување вкусови пред полни 6 месеци (без замена на млечен оброк), се почнува со јаболко - сокче (рендано јаболко, процедено низ цедалка, растворено со малку вода). Други овошја кои може да се дадат (пробување) од 4 месеци - слива, круша, банана, тиква, нешто подоцна кајсија, праска (лупени), нектарина, цреши, вишни. После 6 месеци може да ги давате како кашички, за замена на оброк, со житарки како додаток. На 7 месеци може да се даде лубеница, диња, грозје (може и порано овие), дуња, боровинки, аронија, рибизли, јапонско јаболко, калинка. Цитруси (лимон, портокал, мандарина, грејпфрут), смокви, киви, јагоди, малини и капини се препорачуваат после навршена година, поради тоа што се изразено алергени. Цитрусите скоро сите ги даваат пред година, па би рекла може околу 9-10 месеци. Е сега, што се однесува до егзотичниве овошја (манго, папаја, авокадо), може даги дадете од 6 месеци, ама бидејќи не сме во поднебје во кое успеваат тие овошја, може да се почека некој месец. Сушено овошје може околу година, а јаткастите нешто подоцна, иако мелени можете да ги давате во кашички сите освен кикириките.

    Зеленчук: се почнува со морков (може да даде реакција, ама брзо поминува и не е опасна). После 6 полни може да се даде целер, пашканат, келераба, зелена тиквичка, цвекло. Нешто подоцна (7 месеци) може да се почне со лук и кромид во јадењата (јас почнав од 6 месеци), компир, спанаќ, блитва, брокула, карфиол, грашок. После 8 месеци може и боранија, леќа, праз, зелка, домат, пиперка, а нешто подоцна и грав.

    Житарки: се почнува со безглутенски - ориз, пченка, овес, просо. Кога ќе воведете житарки со глутен е ваш избор, сите оние кои не ги спомнав претходно, содржат глутен. Кога ќе воведете глутен, може слободно на децата да им дадете леб, бисквити и тестенини без јајца. Може да дадете чисти, експандирани житарки, или пак комбинациите на Нестле, Хип и други производители. Може да се мешаат со млеко, со јогурт, со овошје, со зеленчук.

    Риба: се почнува со бела риба, ослиќ или пастрмка, а подоцна и риба со црвено месо (лосос). Јас воведов од 10 месец по препорака на педијатар, поради можност за алергија, инаку може од 8 месец.

    Јајца: жолчка може од 7 месец, прво се дава осминка жолчка две недели, после се наголемува на четвртинка (исто две недели), па половинка (две недели) и на крај цела жолчка. Белка се препорачува после годинка, ама поради МРП вакцината на годинка, може да ја дадете и порано, прво во тестенини со јајца, пецива, омлети... а после на годинка и чиста белка ако претходно кај детето немало реакција.

    Месо: од 6 месец во зеленчуковите каши можете да додавате вода во која се варело месо (телешко, пилешко, мисиркино). Од 7 месеци (или порано) може да се почне со месо - пилешко или мисиркино, или пак телешко. Тоа по избор. Исто, може и зајачко месо, оти не е мрсно многу. Свинско месо после година и пол, па и повеќе, исто и за јагнешко (многу препорачуваат јагнешко и порано, ама лично мене ми е многу мрсно, па не би му дала на дете толку рано). Во оброк месо треба да има 20-50г максимум. Не повеќе.

    Масти и зачини: кашите може да ги зачинувате со путер или маслиново масло, по избор. Исто, може да користите тревки (оригано, босилек, рузмарин, нане) во мали количини, колку да не е блуткаво јадењето. Сол може после 10-11 месеци, некои и порано даваат. Црн и црвен пипер барем до годинка не.

    Сувомеснато: ако се може, поштедете го детето барем до три години. Нема потреба, подобро дајте му месо, или вариво со месо.

    Слатки: бисквити - штом се воведе глутен. Пудинг, овошен јогурт - домашни најдобро, после 7 месеци (јогуртот), а нешто подоцна пудингот. Не од ќесичка, туку оние специјални бебешки пудинзи или пак, уште подобро, домашни кремови. Чоколадо може да се проба после 8 месеци, ама реално, нема потреба. Домашно направени слатки како овесни колачиња и слично, може, само скратете малку повеќе на шеќер кога ќе ги правите :) или пак, користете кафеав шеќер.
    Мед - после годинка, поради можна алергија.

    Ако нешто сум испуштила, или нешто сум погрешила, слободно поправете ме :)
     
    На a.c.k.a, Asja, janickaskopje и 11 други им се допаѓа ова.
  20. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Анах фала за исцрпниот одговор ,од денес нема да имам потреба од педијатар кога си ти тука ;)
    Те прогласувам за педијатар на фемина :clap:
     
    На maja.mitrova, meU и AIT им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.