1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Искуство со предвремено родени деца

Дискусија во 'Бебе' започната од eva11, 29 февруари 2012.

  1. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    Барав но не најдов ваква тема а ако ја има слободно оваа бришете ја .
    Ја отворив темава со намера да си ги кажеме нашите искуства со нашите предремено родени деца.

    Имав 19 години кога дознав дека сум бремена.Имав врска од 4 години и со момчето решивме да се земиме.Тој а исто и јас бевме вработени и се зедовме и напавивме свадба но после неполн месец од свадбата добив слабо крварење и веднаш отидов кај мојот гинеколог.По негова препорака (а воопшто не ме прегледа пошто не бил на смена имал слободен ден само телефонски разговараше со акушерката)требаше да си одам да одмарам и да си ставам вагиналетка.Тоа и го сторив се истуширав и си легнав но кога станав целиот кревет беше со една голема мокра лочка.Ми пукна водењакот а бев 33 г. недела.Право пак на болница и тогаш ГОСПОДИНОТ гинеколог дојди ме прегледа кажа дека сум отворена комплетно ,водењакот пукнат и дека сум спремна за порагај.Ме ставија во брза помош и правец за Скопје(пошто сум од друг град)Кога стигав во ск. ме примија ме прегледаа и за 3-4 цаса родив машко бебе тешко 1900г.
    Е тука сега почнаа проблемите.После порагајот го однесија а мене по 2 часа ме однесија во соба.Во соба со 5 мајки и 5 бебиња само јас мајка сама без бебе.Цела нок се будев како во транс од плачот на другите бебиња и сабајлето станав и си го побарав детето.Немав појма кај да одам кај да го барам незнаев ни кај е вц ни каје собата ни кај уствари се наогам.Прашав една мајка и ми кажа да одам во изолацјата таму ги чувале предвреме родените бебиња и отидов но само што се залепив на вратат и на стаклото веднаш почуствував непријателски глас --Еј што бараш таму таму не е дозволено да се влегува кога ке ви текне !!!!!!! И објаснив дека сум породена доцна вецерта и дека си го немам видено бебето и дека сакам да си го видам на кое што таа ми одговори дека од 9 сабајле па до9 навечер на секои 3 часа се влегува кај бебињата.Се вратив во собата и чекав да дојде тоа време .КОНЕЧНО ВЛЕГОВ.........
    Едно мало суштесво замотано со безброј кабли и цевчинја..... само 3минути и реднаш истиот непријателски глас Ајде мајки излевајте!!!!!! Поминаа цели 17 дена каде што не качуваше ни грамче само симнуваше и дојде до 1500гр изгуби 400гр за 17 дена храната не ја примаше ја повракаше.По направените анализи ми соопштија дека наверојатно детето е со проблем на мозокот и ке биде ретардирано и со парализа на двете ножиња.После 17 дена ми дозволија да го чепнам запрв пат си го допрев чедото што го носев 8 месеци во мене.... ;( ;( ;( ;( ;( И почнаа контролите од еден лекар на друг и за жал издржа операција од 3 часа за која што 95%беше дека нема да ја издржи усвари нема да може да се разбуди од анестезијата но само со 1500гр и 3 часа операција се разбуди и се помина добро.После 1 месец не пустија дома ах конечно дома.... после 1 месец бабите и дедовците си го видоа внучето кое го жалеа и плачеа цел месец и после тоа цела година редовни контроли на развојот на детето. После првиот роденден бројни сниманја и анализи и конецно ДЕТЕТО ВИ Е ДОБРО УФФФФФФФФФФФкакво олеснување на душата конецно мир.......
    и еве после 9 години фала му на бога нема нисто ни од ретардацијата ни од парализата си оди на училиште и не се разликува од другите деца.Се е добро и нема никакви проблеми ......

    ПС.Ова е еден апел до сите мајки со ваков и сличен проблем дека некогаш и докторите не знаат точно се и ако има век има и лек
     
    На tina-63, Balerina90, kika.dragan и 87 други им се допаѓа ова.
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.873
    Допаѓања:
    102.864
    Пол:
    Женски
    искуство со предвремено родени деца

    многу ми е жал ева за ова што ви се случило , но ете , има Господ се завршило добро :)
    Инаку и јас сум родена предвреме пред 22 години, сум се родила 1400 и сум била 2 месеци во инкубатор. Јас сум се родила 28 недела. Од болница кога не пуштиле сум била 1200. Мајка ми ми кажуваше дека ми ставиле инекција за созревање на белите дробови. Исто така и брат ми е роден предвреме , 32 недела.
    Мајка ми не родила предвреме а пред јас да се родам мала 1 спонтан , бидејки има дворога матка ( ципа која ја дели матката на 2 дела и не може бебето да расте па затоа и сме излегувале порано..)

    Поздрав :)
     
    На kate21, Serafima и eva11 им се допаѓа ова.
  3. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    искуство со предвремено родени деца

    знам дека има многу случаи на предвремено родени деца а темава ја отворив баш за тоа да си ги кажеме животните патишта и да си јаолесниме душата фала ти на подршката
     
  4. bumbuleya

    bumbuleya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    105
    искуство со предвремено родени деца

    Браво Ева! Сте биле упорно, не сте се откажале како едни мои познаници. Кога им соопштија дека детето ќе биде парализирано и со пореметувања одлучија да го дадат на посвојување. Да не се мачеле ни тие, ни тоа. Е еве го детето 15 години има и нема ни П о пореметување. Кукаат што направиле така ама касно им е.
    Затоа викам, да се сите како тебе и да не губат надеж, секаде има светлина.
    Иначе и јас сум родена на почеток на осмиот месец но не биле спомнати никакви пореметувања. Само првите месеци сум била цела во повој (како мумија :P) зошто сум била премалечка.
    И уште еднаш, мило ми е што вашата приказна имала среќен крај :)
     
    На kuc, Serafima и eva11 им се допаѓа ова.
  5. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    искуство со предвремено родени деца

    Еве да ви ја раскажам и мојата приказна...
    Откако се земавме со сопругот, решивме да не правиме бебе веднаш, туку малку да го почувствуваме сами брачниот живот и така и бидна.После две години јас останав бремена и на радоста и немаше крај, а да не зборувам за неговите и моите родители, бидејќи се работеше за нивно прво внуче.Бев пресреќна, секое сабајле радосно си го гледав стомачето на огледало, постојано со сопругот си правевме муабет како ли ќе изгледа, на кого ли ќе личи, купувавме ситници за приновата, а откако дознавме дека е женско, се ни беше во знакот на розевата боја.Никогаш посреќен не сум го видела мојот сопруг...
    Бевме во Ремедика кај др.Павле Димчев, пусти мераци, ни направија и ЦД од 4D ехото, слики од бебето и воопшто не свртевме внимание кога докторот рече дека нивото на плодова вода е редуцирано, но нема место за паника...
    12 март 2007 година-денот на нашата годишнина во брак.Бев на фризер, се вратив дома и забележав дека долната облека комплетно ми е мокра.Ништо не ми беше јасно, мислев дека не сум забележала и сум се помочкала.Се истуширав, пресоблеков, додека да стигнеме до ресторанот на вечера, јас бев пак лом...и тогаш сфатив дека нешто чудно се случува, а воопшто и не знаев какво патешествие ќе ме чека понатаму...
    Лекарката што ми ја водеше бременоста ја викнаа од дома.Жената дојде и на прегледот забележа дека имам високопрснат водењак, што значи дека водата полека си истекува и не се знае кога може да дојде до раѓање.Беше многу рано за такво нешто, терминот ми беше 10 мај.Таа вечер ме оставија во болница, а утредента итно ме пратија за Скопје.Ме примија на ГАК, ми ставија две инекции за развивање на плуќата на бебето, во случај ако дојде до предвремено раѓање да може да преживее.Мене ништо не ми беше јасно...гледав како изгубена...ме приклучија на 100 апарати, ми изнапишаа долгометражни терапии и ми кажаа никако да не станувам од креветот.
    Вратата беше подотворена, а докторката свртена со грб...Само го видов татко ми како со двете раце се фати за глава, а мајка ми ги стисна рацете како да се моли и заплака.По некое време влезе мажот ми...се познаваше дека плачел...колку ли само му беше тешко во тој момент да глуми дека се е во ред...ме фати за рака и молчевме некое време, тогаш собра сила и ми рече:
    -Знаеш што, не е многу на добро...добро е што уште не си отворена, ама има шанса и тоа да се случи. Докторите кажаа дека и ти и бебето сте со една нога во гроб, така што, ако почне раѓањето, тебе ќе те спасуваат, а бебето ќе го жртвуваат. Знаеш мила, сега ти си ми најбитна, мајката пак ќе може да роди бебе, но бебето тебе не може да те роди.
    Мојот свет се сруши, денот ми стана година, сакав да излезам од кожата што ми стана претесна...Постојано плачев, тивко свртена накај прозорецот и се молев на Бога, малечкото во мене да издржи. Си го стегав стомакот, го гушкав, сакав да ја почувтсвувам мојата малечка, да и раскажам дека не е сама и дека нема да дозволам да не го види светлото на денот...
    Помина една недела, болницата ми беше страшна, го мразев тој пекол, а лекарите крајно нељубезни.Секој ден ме прегледуваа, бев испитно прашање, се случуваа страшни моменти кои никогаш нема да ги заборавам и решив, ќе си одам одовде...Едвај ми дадоа отпусна листа, се вратив во Куманово, отидовме со сопругот кај докторката, морав да имам болничка нега, во Ремедика и Систина не сакаа да слушнат да ме примат, бидејќи не примале високоризични бремености...
    Наредните два месеци лежев во Кумановската болница, подложена на постојани испитувања и терапии.Сопругот доаѓаше секој ден пред и после работа, за викендот по цели денови...Времето поминуваше....
    Секое утро станував од креветот и на прозорецот долетуваа две ластовички кои ги хранев.Веќе тревата мирисаше на пролет и свежа утринска роса, а сонцето ја осветлуваше прво мојата болничка соба свртена на исток.Се будев со страв и со насмевка; страв од незнаење што ми носи денешниот ден, а насмевка поради тоа што малечката успеваше да украде уште еден ден поминат во мојот стомак...Помина и Велигден и уште неколку дена не делеа од деветиот месец и крајот на кошмарот.
    Станав едно утро, меѓутоа бебето воопшто не клоцна ниту утрото, ниту во текот на целиот ден, ни утредента, ни денот потоа.Ме пратија итно за Скопје со амбулантано возило, сирените беа вклучени и завиваа, а мене срцето од гради ми се корнеше.Во болницата во Скопје не ми направија колор доплер, ме вратија за Куманово.Тогаш татко ми, ја зема докторката и мене и со неговата кола се вративме во Скопје, ми направија колор доплер и кажаа дека бебето е во ред, но дека има уште еден џеб со плодова вода и дека тој за ден- два ќе истече.
    На 30 април ги добив првите породилни болки, а на 1 мај во 11.05 ч.со царски рез со спинална анестезија, родив живо и здраво девојче. Мојот борец дојде на свет, мојата единствена М...Кога ми ја покажаа не плачеше, ја стиснаа за ногчето и тогаш за првпат и го слушнав гласот, а од солзите што неконтролирано ми течеа, не можев убаво да ја видам, неможев да и се изнагледам.Кожичката и беше помодрена и целата испукана бидејќи немала доволно вода во водењакот, но тоа беше најмалку битно...Таа беше жива и здрава...мојата ќеркичка...моја најмила...
    Ја добивме битката, но стравот всаден длабоко во мене не ми даваше мир.Секоја вечер стоев над нејзиното креветче да ја слушнам дали дише...
    М... на 1 мај ќе наполни 5 години. Ја имате видено на сликите во темата „Мода за клинци и клинцези“. Таа е целиот мој свет, таа е мојата радост, мојата љубов...
    Таа е се што некогаш сум посакувала...таа е мојот борец...
    И ден денеска солзи на очи ми предизвикува мојата малечка, но солзи радосници.Се радував на секое нејзино забче, на првите чекори, на првите зборови, а уште колку ли први нешта не чекаат заедно во животот да ги поминеме и со радост ги чекам да се случуваат едно по едно.
     
    На Splendor., Balerina90, Karmina1989 и 128 други им се допаѓа ова.
  6. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    искуство со предвремено родени деца

    И пак ке кажам ако има век ке има и лек што и во овој случај е навистина така но пред се мораме ние родителите да бидеме големи борци потресно во секој случај геа да ти е жива и здрава уште 100 години :* :* :*
     
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.774
    Допаѓања:
    131.118
    Со синот имав сосема нормална бременост, се до седмиот месец од бременоста.
    Една вечер во тек на седмиот месец, додека имав односи со сопруг ми, почувствував како нешто да ми се откачи во мене. Не почувствував болка, туку само како нешто да ми се откачи.
    Следниот ден како да имав благо крварење, и душата ми се стегна затоа што имав и со ќерката, искуството ми беше уште свежо, и не сакав пак да помислам да поминувам низ тоа. Сепак некако останав мирна, отидов на работа, и денот ми помина мирно.

    Вечерта пред спиење почнав да крварам обилно, ставив влошка, и правец - болница. Влегов, докторот ми рече да се соблечам, и додека се соблекував почнаа од мене да течат локви крв, без претерување мислам дека половина литар крв ми истече. Веднаш ме хоспитализираа, следуваа инфузии, вагинолети, забрани за станување, диета, се... Следниот ден мојот доктор беше сабајле на смена, и него му ја кажав причината, па ме умреа од зафркавање :D . Лежев една недела, ме пуштија дома, ми кажаа да мирувам, и мирував колку што можев, што воопшто не беше лесно, ама издржав некако. неколку дена подоцна пак прокрварев, и пак во болница. Не се ни сеќавам убаво како се случи, ама знам дека дома бев едвај неколку дена кога се вратив назад во болница. И пак исто, пак инфузии, истите лекари, истите соби се исто.

    Знам само дека кога влегов во болничката соба, имаше една девојка која плачеше, а до неа сопругот ја тешеше. Беше доцна, сигурно подоцна од 22 часот, а тие уште долго разговараа. После тоа ми кажа дека и пукнал водењакот, била околу 33-та недела, зад себе имала две неуспешни вештачки оплодувања, ова и било трето, и и се случува ова. И таа не смееше да станува, водењакот и пукнал вечерта, и не знаеше никој како ќе се одвиваат работите. Со девојкава се зближивме многу брзо, чудно е како со некој одма ти тргнува муабетот, и чувствуваш како да го знаеш со години. Лежевме неколку дена, кога едно поладне ја прегледуваа, докторот нејзин крена паника, и ставија клизма и веднаш ја однесоа да ја породат. Сликата ми остана врежана, сите растрчани, општа паника, носат секакви апарати во соба, а таа не знае што и се случува, тотално збунета, без обид да разбере што ќе се случи, иако воопшто не беше таква. Напротив, многу силна жена е. Детето се роди во 33-34 недела. Веднаш го транспортираа во државна, на детска клиника, а таа остана, мораше да лежи 5 дена во болница, а само еднаш си го виде детето. Иако не беше пракса да ставаат во иста соба породени и тие со патолошка бременост, неа ја вратија пак кај мене во соба, бидејќи сите забележале дека се поддржуваме и убаво си влијаеме. Сопругот секој ден одеше во државна да го види малиот, кој сепак се избори, и доби многу убаво и моќно, симболично име.

    Јас се вратив дома, со препорака да не станувам од кревет, освен за во тоалет. Лежев две недели, се подготвував веќе да тргнам на работа, дури и докторот рече дека ако сум подобра може да одам. Требаше да одам на контрола, се сеќавам убаво, петок беше, а од понеделник планирав да се вратам на работа. Имав закажано преглед во 5, сопругот заглави на работа, па ја замолив мајка ми да ме однесе на преглед, бидејчи јас од седми месец веќе престанав да возам. Требаше да си облечам чорапи, и иако мајка ми се понуди да ми ги облече, сакав да ги облечам сама. Некако се чувствував како да ја губам независноста целосно, веќе еден месец лежев, и не смеев ништо сама да правам. Ужасен период беше тоа. Како и да е, ги облеков чорапите, и уште веднаш знаев дека грешам. Пак почувствував дека нешто се откачи во мене, ама не сакав да паничам, и така одев на преглед, ќе ме средат. Поминувавме од кај улицата пред рамстор, петок, предновогодишна треска, застој невиден. Од три можни ленти, имаше четири колони, а ние на средина. Јас, во кола со мајка ми, чувствувам како крварам, и почнувам да чувствувам предпородилни болки, а се преправам дека ништо не ми е, затоа што не сакав да се секира. И правев муабети за се и сешто, за нова година, за елка, за глупости, за се, само да не забележи дека нешто не е ок. На улицата пред Рамстор окапавме 45 минути, ми изгледаше како цела вечност. Конечно стигнавме до болница, јас во крв до колена, влегов, ме хоспитализираа, и ми рекоа - ти овој пат без бебе не си одиш. Ми изгледаше нереално, беше рано, бев 34-та недела. Ме смирија попладнето, и до вечерта се стабилизирав. Следниот ден една другарка ми беше на посета, баш кога имав ручек, и нели јас од бон тон не јадев пред неа, а умирав за јадење. Кога си отиде пробав да јадам легната, ама ми се чинеше невозможно, ми пукна филм, опцув и болници и се, и се исправив. Пак почувствував нешто во стомакот, тогаш мислам дека беше и болка. До вечерта пак прокрварев. Дојде дежурната докторка, ме прегледа, и ми рече - морам да го викнам твојот лекар, сама не можам да одлучам. Го викна, тој се нацрта за 10 минути, а само што си беше отиден, ме виде на ехо, и почна да пцуе. Им кажа да смпремаат сала, нема време за клизма, плацентата ми била одлепена, морало веднаш да ме породат. Иста сцена како на пријателката со која делевме сова две недели претходно. Де жа ву, како некој одвратен филм што го премотуваш назад и пак го гледаш. Апарати, паника не знаеш што се случува, и малиот мој 34-та недела, исто како нејзиниот. Некако како да знаев што следува, ама не сакав да прифатам дека нешто може да не е ок. За десет минути бев во сала.

    Со оглед на тоа што скапав по болници, ми ставаа убазони или што и да беше тоа за зреење бели дробови, па малиот беше ок. Првата вечер беше превентивно во инкубатор, но утрото констатираа дека нема потреба од инкубатор, добро се држеше, освен што многу го фати бебешка жолтица, помалите секогаш страдале повеќе. Само прашав дали е ок, и дали има се на него, испаничена од претходното породување. И му реков на докторот дека ако ми заборави некоја газа или инструмент во мене ќе го скршам, а он ми рече да не гледам многу дискавери :D .

    Малиот е добар и веќе има пет години. Имаше некои алергии и беше многу болежлив, за волја на вистината белите дробови доста му страдаа, имаше период од две години кога во Козле бевме инвентар, ама последниве година две е супер.
     
    На Vina Nevina_55, LegallyBlonde13, Ninichka и 35 други им се допаѓа ова.
  8. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Син ми го родив 2 дена пред истекот на 40-тата недела,но ќерка ми ја родив дента кога ми започна 36-тата недела ,а народски сметано ми недостасуваа уште 4 дена за да влезам во 9-ти месец. Предходните два дена окапав на клиника за разноразни испитувања бидејќи ме спремаа за породување со царски бидејќи со првото дете имав многу тешко породување па дури и со откажување на моето срце кое на крај резултираше со царски. Тогаш препорака на докторот беше дека доколку се решам за второ дете никако да не помислам на нормално породување ,туку да договорам царски.Значи меѓу испитувањата беа дидимери и некои други крвни анализи и плус тестирање за скриен шеќер. Ги направив сите работи и сите резултати излегоа добри .Последниот резултат го земав во четврток и тој беше добар и јас си викам добро е се е во ред и од утре полека да почнам да подготвувам за бебенцето. Вечерта од сон се разбудив мокра и станав да се пресоблечам ,ама забележувам дека нешто си тече константно.Прво помислив дека сум се преладила и сега немам осет кога мокрам ,но како тоа продолжуваше сватив дека се работи за водењак.По два часа трткање и размислување дали е или не е почнаа и болките.Бидејќи цело време беа на 5 минути по еден час во 4 часот утрото отидов во болница. Сестрата веднаш ме стави на ЦТГ и почна да му ѕвони на дежурниот да се симне на прием,ама од докторот ни трага ни глас цел еден саат. Кога конечно се појави сестрата му вика дека болките ми се 120 и тој ме прати одма горе во родилна. Кога се појави другиов доктор јас му кажав дека сум за царски и му објаснив се ,а тој со повредена суета и его ми рече јас тука одлучувам што и како ќе се прави. Тогаш ми стана јасно дека како знам и умеам морам да издржам и да се молам да не се случи ништо лошо до 7 часот кога ќе дојде смена и кога можеби ќе дојде и докторката со која начелно се договорив за породување. Дојде и 7 часот и дојде смена ,од нигде никаде се појави и една наша позната која ми ја најде и докторкава ,но за беља се појави и некоја шефица која се заинати(стварно не знам зошто) и нареди дека мора да ме породат нормално и тоа за 10 минути. Голготата со 10те минути траеше 3 саати додека госпоѓава не влезе во сала и мене скришно не ме однесоа на породување. Во 10 и 15 се роди мојата малечка која скоро и да немала шеќер во крвта (испровоцирано од тестирањата ,но и од големото одолговлекување) и веднаш на инфузии и терапии,а кај мене комплетно паднале протеините и по она што ми го кажа докторката доколку се почекало уште малку ќе било многу лошо и за двете.
    Мојата малечка и јас сега после три месеци сме добри ,здрави ,прави и добро напредуваме :)
     
    На LegallyBlonde13, mal.ecka, Вини-пу и 20 други им се допаѓа ова.
  9. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Имам пишувано за ова, ама сега пак.

    Мајка ми беше во осмиот месец од бременоста и константно имаше висок притисок во текот на тие 8 месеци, но еден понеделник го достигна врвот. Имаме една комшика медицинска сестра и кога и’ го измери притисокот и’ кажа под итно да оде во болница. Се спремаа и со тато отидеа. Останавме јас и сестра ми сами дома и ни се јавува тато и ни кажува дека се на пат за Скопје и дека мама е добро. Мене срцето ќе ми излезеше, почнав да плачам. Сто пати му ѕвоневме на тато додека беше во Скопје. Ја оставија мама таму и се врати тој, околу полноќ, а ние уште не бевме легнати. Ни кажа дека се’ е добро, но ќе ја задржат таму. Утредента бев на пракса од сабајле, кога се вратив дома, сестра ми ми кажа дека ја направиле мама царски рез и дека бебето е во инкубатор. И’ се јавив на мама, ми кажа дека не знае ништо за бебето, дали е живо и здраво и дали ќе преживее, дека не го видела и дека не може да стане од кревет. Секој божји ден се јавував да ја прашам за бебето и секогаш истиот одговор го добивав. Постојано слушавме приказни дека бебињата родени во 8ми месец не преживуваат, дури и тато се заколна дека ако преживее секоја година на неговиот роденден ќе дава јагне на црквата. После неколку дена една од сестрите и’ кажала на мама дека состојбата на бебето се подобрува. После 10тина дена отидовме во Скопје да си го донесеме бепчето. Беше малечко,но најважно од се’ е што беше живо и здраво. И еве го сега, во мај ќе наполни 2 години.
     
    На LegallyBlonde13, ddevojce, ilipili и 13 други им се допаѓа ова.
  10. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    А мене ме интерисира само едно, зошто децата родени во 7 и 9 месец преживуваат а оние во 8 месец не? Има ли некој овде кој знае да даде одговор на ова? :) Инаку многу ми е мило што се завршило добро во тие моменти тешки за вас и ви посакувам многу здравје и срека. :)
     
  11. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Ни на нас не ни беше јасно тоа, ама и не верувавме во тоа, се сомневавме. Ми нема логика никако, оние деца родени во седми месец да преживеат, а оние во осми не. Можеби некој си го измислил тоа, можеби имало такви случаи кај некои деца, не знам.
     
  12. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    ^ Па не знам, јас за ова сум слушнала дека е така, и сега кога пиша ти се уверив дека има нешто што 8 месец го прави ризичен, и е прашање дали детето ке преживее. Жално. :(
     
  13. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Велат дека подобро е бебето да се роди во 7, отколку во 8 месец. Не знам зошто е тоа така.
    Но знам за неколку мои братучедчиња кои се родени предвреме, со недоразвиени органи, чија состојба се следела од ден на ден во инкубатор, за кои се припишувале разни последици, но ете сите до едно се живи и здрави дечиња денес. Многу се паметни, енергични, дури подобри од нормално родените деца.
    Затоа не треба предавање и грижење. :)
     
  14. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    по мое мислење и по мислење на лекарите мислам дека таа теза ама ич не држи вода ,Зошто?????
    Затоа што со секој минат ден во матката бебето се развива се повеке и нормално е дека бебе родено на 7 месец со 1200гр е по неразвиено од бебе родено на 8 месец од 2000гр мада секогаш тежината не е пресудна за понатаошниот развој на бебето него неговото ниво на развиеност знаци бебињата во 7 месец немаат развиено бели дробови и дисшат со помош на вентилатор со кислород додека бебињата на 8 бесец дишат самостално само што имаат потреба од додатен кислород (некои)Значи се е до тоа колку бебето е разиено имислам дека тоа е застарено мисленје sorry girl23
     
  15. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Само што прочитав на интернет дека во 8 месец било тешко да преживее новороденчето бидејки во 7 месец не се развиени белите дробови и тој процес на развивање може да се направи во инкубатор веднаш по порагајот. Додека во 8 месец белите дробови почнуваат да се развиваат и поопасно е да се прекине тој процес одколку да дојде до порагај пред истиот да почне.
     
  16. capricorn.m.gi

    capricorn.m.gi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    7
    епа сега така...мојот татко е лекар и знам несто во врска со тоа.Тој ми кажува дека..кога плодот минува низ осмиот месец има некои органи отворени или незнам сто кои сеусте се развиваат и ако бебето се роди во осми месец ке остане со отворени органи или недоразвиени,коисто во седмиот се така да кажам затворени
     
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.774
    Допаѓања:
    131.118
    Во осми месец главен проблем се белите дробови - затоа и ми даваа мене урбазони, за да му созреат него белите дробови, а откако се роди и него му даваа, и излезе ок. Порано бебињата родени 8 месец многу ретко преживувале, ама за моја среќа (и за среќа на малиот мој) сега веќе не е така.
     
    На girl-miri и eva11 им се допаѓа ова.
  18. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Не се сеќавам точно на инекциите за развивање на белите дробови, ама мислам дека се викаа Флостерон.
     
  19. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    Se izvinuvam no ne mozam na makedonski da pisam
    Ne daj boze da vlezete vo izolacija i da vidite predvremeno rodeni bebinja.Na eden inkubator na bebe od 7 meseci kolku aparati i masini ima a kolku ima na bebe od 8 meseci.Po moe toa se zastareni mislena no vo denesno vreme so ovaa moderna tehnologija e golem procentot na prezivuvanja i na bebe od 7 i 8 mesec.Nadvor od nasite granici pr V.Britanija ,Slovenija,Anglija i mn.drugi zemji prezivuvaat bebinja od 23-24 nedeli teski po 500gr .prezivuvanjete vazi od toa kolku ke mozat da se izborat od infekciite od sepsiata

    eve vi samo eden primer se izvinuvam ne gi kopira slikite


    Близначе од 385 грама ја добива битката за живот
    38
    1465Препорачај

    Лиз и Џеф Берет биле скршени кога ја загубиле својата ќерка Моли, само два дена откако Лиз се породила предвремено во 23-тата недела.

    Но, родителите биле воодушевени и изненадени кога нејзината помала сестричка близнак Фреја Грејс одбила да се откаже од борбата за опстанок и покрај тоа што при раѓањето тежела само 385 грама.




    Лиз со Фреја Грејс

    За осум месеци, Фреја-Грејс имала девет трансфузии на крв и плазма и деликатна операција на срцевиот залисток.

    Енергичното мало девојче денес е пуштено од болница и е обезбедено со кислород, за да и помогне во зајакнувањето на нејзините бели дробови.

    Многу болници, бебињата кои се родени пред 24 недели, ги оставаат да умрат, бидејќи тие имаат само 2% шанси да преживеат и често пати имаат тешка попреченост. Оваков беше и случајот со ожалостената мајка Трејси Годвин, која не може да се помири со тоа дека лекарите не се обиделе да му помогнат на нејзиното бебе, иако се борело за живот 46 минути.

    Сепак, лекарите се надеваат дека Фреја-Грејс ќе живее нормален живот.


    Г-ѓа Барет вели:



    Ние сме толку горди на неа. Фантастично е што Фреја-Грејс е дома и секојдневно напредува во тежина.

    Таа веќе ни донесе толку многу радост, а нејзиниот борбен дух и помогна да преброди се.





    Лиз со Фреја денес



    Кога се родила Фреја Грејс, можело да ја собере во раката на мајка си. Нејзината кожа била толку прозирна, што некои од нејзините вени биле видливи.


    Лиз вели:



    Во прво време, бевме шокирани дека Фреја преживеа - таа беше помалата од двете девојчиња.

    Мислевме дека лекарите направиле грешка - мислевме дека Моли ќе преживее.

    Кога прв пат ја видов Фреја, таа ме потсети на варено пиле. Беше толку мала. Нејзината кожа беше сјајна, речиси можеше да се гледа низ неа.

    Таа не изгледаше, како што треба да изгледа нормално бебе. Беше ужасно да се гледа како е приклучена на сите тие жици. Сакав да ја прегрнам, но таа беше премногу кревка за да се допре.





    Лиз вели дека нејзиното храбро девојче е жив доказ дека бебињата се одржливи на 23 недели.

    Таа е гневна на водечкиот консултант во В. Британија, која го постави прашањето за тоа дали на бебињата кои се родени пред 24 недели, треба да се направат обиди да им се помогне.

    Д-р Дафне Остин, во документарец изјави дека помагањето на бебиња од 23 недели, прави повеќе штета отколку добро.


    Лиз вели:



    Бев бесна на нејзините коментари.

    Би сакала да ја запознам г-ѓа Остин, да ја замолам да погледне во очите на Фреја-Грејс и потоа да ја прашам дали мисли дека лекувањето на 23-неделни бебиња е губење на пари.


    Лиз и Џеф велат дека секогаш ќе бидат благодарни на лекарите и на персоналот на специјалистичката нео-натална единица во Синглтон болницата, каде што Фреја-Грејс ги помина првите осум месеци.

    Фреја-Грејс сега тежи 4 кг - сеуште помалку од родилната тежина на многу бебиња.


    Лиз вели:



    Таа е одлучно девојче, веќе се исправа и го витка грбот наназад. Таа е толку силна.

    Секој чекор што го достигнува Фреја е малку повеќе среќа, едноставно сме многу благодарни што таа е сеуште тука.
     
  20. MrsH

    MrsH Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    133
    Mojata doktorka mi kaza deka nekoj hormon koj pocnuva da se laci vo 7mi mesec gi pravi belite drobovi posilni a vo 8mi mesec nivoto na toj hormon opaga pa zatoa porano bilo porizicno. No medicinata e tolku naprednata sega sto ako se zabelezi rizik od predvremen poragaj gi dobivas ineksiite i se si e ok.
    Moite deca se rodeni vo 36ta nedela i 34 nedela . Za prvoto (36 Nedela) gi primiv ineksiite zatoa sto znaeja deka ke treba porano da me provociraat a za vtoroto 34 nedela ne gi primiv zasto dojde nenadejno a i dvete nemaa nikakov problem so disenjeto nitu pak potreba od inkubator i sl.
    PS se izvinuvam za latinica nemam kirilica na ovoj kom.
     
    На Mila_dea му/ѝ се допаѓа ова.