1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до појако мајчино млеко?

Дискусија во 'Бебе' започната од Viiiiip, 1 март 2011.

  1. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    399
    Една многу блиска личност има проблем со тоа што има доволно млеко, но и е слабо, како може да го "ојача", ми треба совет од вас мамички... Навистина е загрижена, прво бебе и е и незнае што да јаде или да пие за да има појако млеко... Ви благодарам однапред за одговорите и се надевам дека ова ќе биде корисна тема за многуте идни мајки :D
     
  2. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    88
    Исто така била и мајка ми кога ме родила мене имала млеко но и било слабо.Таа тогас престанала да ми дава да цицам и ме хранеле со лактовит.Нека проба твојата пријателка нека јаде повеке течна храна,нека пие повеке јогурт,млеко и да јаде здрава храна.Барем ова помогна кај мене.
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.001
    Пол:
    Женски
    Постарите велат дека треба да се пие боза за да има млеко (ама бозата дебелее). Исто така, и свеж кромид препорачуваат, навистина е ефикасен, ама млекото мириса.
    Освен тоа, имало специјален чај за доилки, се продава во Билна аптека во Скопје (од пет вида чај мислам дека беше) и бил исто така ефикасен. Мислам дека содржи меѓу другото анасон или пак ким, кој помага против грчеви кај бебињата.
    Се надевам дека нешто од ова ќе помогне. Секако дека треба што повеќе течности да се внесуваат, млеко, јогурт, природни сокови, и здрава храна, да се избегнува тешка храна од типот на грав и зелка, затоа што кај бебето може да се јават грчеви (иако не мора да значи).
     
  4. Mikako

    Mikako Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    152
    Пол:
    Женски
    Za kvalitetno i jako mleko se preporacuva vnesuvanje na sto poveke zitarici.Ima edni ubavi na vitalija so razni vidovi zitarici.A so pienje boza se dobiva kolicinski poveke mleko no ne i kvalitetno.
     
  5. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Не постои такво нешто како слабо млеко,или има млеко или нема.Со постојано доење се добива и повеќе млеко,а јачината на млекото е таа.Првото млеко што го цица бебето е воденкасто во него се сите витамини,минерали и протеини после 2-3 минути цицање се доаѓа до белото/кремаво млеко кое содржи само масленост и со кое добива на тежина бебето.
     
    На Nikajana, irenadaniel, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.899
    Допаѓања:
    103.029
    Пол:
    Женски
    Јас знам дека мајката треба да пие за време на доењето чај од коприва , тоа придонесува за подобро млеко :)
     
    На mace89 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Здраво феминки! Најдов малце информации за “Како до појако мајчино млеко?„
    Како за почеток, да разбереме од што зависи појавата на мајчиното млеко и неговото лачење од млечните жлезди. Врз производството на млеко влијае хормонот пролактин, чие формирање зависи од цицањето. Тој ги тера клетките на млечните жлезди да го создаваат млекото. Детето почнува да цица и по неколку минути количеството пролактин почнува да се зголемува. (Сите го имаат хормонот пролактин, дури мажите, но во мали количини).
    Кај жените пролактинот се создава во периодот од 3-8 часот наутро (со цицање). Пролактинот што се појавува веднаш после почетокот на доењето, го стимулира создавањето на млекото само неколку часа по неговото ослободување во крвотокот. Со други зборови, додека се дои бебето, се троши млекото кое е создадено од претходно ослободениот пролактин, а се стимулира создавањето на нови резерви од овој хормон за следните оброци. Целосното стимулирање на градите за доволно производство на пролактин е можно само ако детето правилно цица

    Според ова, количеството на млеко зависи од три работи:

    * правилната положба
    * фреквенција на доењето
    * ноќно доење

    Лачењето на мајчиното млеко зависи од дејството на друг хормон - окситоцин. Тој се ослободува обично неколку секунди по почетокот на доењето и се изразува во намалување на контракцииите на клетките на мазната мускулатура околу алвеолите на дојката, што води до ослободување на веќе создаденото млеко и неговото движење во каналите.
    Истекот на мајчиното млеко како одговор на цицање на детето се вика рефлекс на окситоцинот и жените често го чувствуваат како набабрување на градите, и се нарекува прилив на мајчиното млеко. Дејството на хормонот многу зависи од емоционалната состојба на жената. За создавањето на окситоцин придонесува не само цицањето, туку и глетката, мирисот, карактеристичното шмркање, дури и мислата за гладното дете. Тој може да почне да се создава непосредно пред доењето, и мајката го забележува тоа така што има чувство на полнење на градите, или пак, при течењето на мајчиното млеко. Течењето на млеко од другата дојка кај доење, исто така е резултат на дејството на окситоцинот. Со други зборови, окситоцинот се создава пред и за време на доењето и дејствува токму во моментот на создавањето, значи веднаш. Ако мајката е исплашена, силно изморена, не може да отпушти млеко за време на доењето, окситоцинот нема да се формира во соодветни количини и никој не може да ги натера мускулните клетки околу алвеолите на жлездите да се опуштат и да овозможат мајчиното млеко да истече во каналите. Ниту детето, ниту пумпичката ќе можат да го добијат оттаму, и мајката ќе каже дека од нервоза и стрес и' секнало млекото.
    Тоа значи дека на доилката и' се потребни мир, сигурност во силите, мирна атмосфера за време на доењето, можност да префрли и да се опушти пред да го земе детето, за да биде целосна лактацијата. Лактацијата може да се зголеми само како се зголеми производството на соодветните хормони. Влијание на создавањето на пролактинот има правилното држење на брадавицата, фреквенцијата на доењето и присуството на ноќно доење. Емоционалната состојба на жената ќе влијае на изработката на окситоцин. Меѓу мајките доилки се многу популарни различни рецепти напивки кои стимулираат создавањето на млекото, тие навистина имаат некаков ефект, особено ако мајката, почнувајќи да ги пие, го зголеми и бројот на доењето од 6 на 8 пати, и е цврсто уверена дека тоа средство ќе и' помогне. Воопшто секоја мајка, почитувајки елементарните правила за успешно доење, е во состојба да го дои детето колку сака, дури и без да испие некое специјално средство за повеќе млеко и без да прави никакви специјални постапки. Повеќето вакви напивки имаат пред се' психолошки ефект (докажано со истражувања на Светската здравствена организација). Притоа, кај некои мајки најмногу помагаат вкусните средства (значи оние кои предизвикуваат кај нив прилив на позитивни емоции, затоа се зголемува производството на окситоцин, односно самото истекување на мајчиното млеко, а не нејзиното количество), кај други само оние за чие подготвување е потребно премногу да се потрудат, на пример, да се исчистат ореви, да се прелијат со зовриено млеко, долго да киснат, да се земаат топли (значи мајката добива задоволство од завршената работа - стимулира пак создавање на окситоцин), и конечно, има мајки, на кои им помагаат многу исклучително непријатни на вкус на рецепти (еден вид: еве како се мачам само и само да имам млеко, каква хероина сум, се зголемува самодовербата, задоволството е огромно, и повторно се стимулира окситоцинот!) . Се разбира, ако мајката има многу слободно време и прави се што е потребно за нејзиното дете, секоја ваква напивка нема да и' наштети, нека се забавува! Но, ако мајката дои 6 пати на ден, не дои во текот на ноќта, детето цица по малку и пие чај и вода, тогаш ниту Лактовит'', ниту лушпа од коприва, ниту Апилак, ниту павлака со Ким или какво и да е друго средство нема да можат да предизвикаат стабилна лактација. Има посилни билни мешавини, влијаат на хормонскиот систем и тие можат да предизвикаат извесно зголемување на количината млеко, но треба да се пијат постојано и со тек на време се развива зависност. Некои лекари препишуваат лекови за стимулирање на мајчиното млеко, но тие имаат несакани ефекти, пред се' зголемување на количините на пролактин. Вишокот пролактин е сериозно хормонално нарушување. Дури и ако мајката се согласува на тоа, не треба да се практикува долго. Стабилна лактација сепак не се добива.
     
    На Bubce_bubi, Peperutkamoja, Mama Maja и 2 други им се допаѓа ова.
  8. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Што треба да се направи, ако мајчиното млеко сепак намалува?
    Пред сè, да се обидете да го дефинирате дали навистина се намалува. По оценки на експертите (бројките се земени од статистичкиот извештај на Московската група за поддршка на доењето) само кај 3% од жените, сомневајќи се во проблеми со лактацијата, се забележува вистински недостаток на млеко, поради што треба да се обратат до соодветниот специјалист. Во 55% од случаите станува збор за привремен недостиг на млеко поради неправилно организирано доење и помош може да им биде секој консултант за доење. А во 42% од случаите се констатира лажен недостиг на млеко, поточно, се работи за недоволно искусна мајка која си умислува дека го има тој проблем.

    1.Дали вашето дете цица во правилна положба?
    Една од најчестите причини за недостиг на мајчиното млеко е можната неправилна положба, кога мајката, без да му дава на бебето цуцли или шишиња, дои секогаш кога детето ќе побара и притоа е уверена дека детето правилно ја држи брадавицата, бидејќи не и предизвикува непријатности, а всушност детето не ја држи правилно, па градите не добиваат добра стимулација. И покрај честото и ноќното доење мајчиното млеко не доаѓа.
    2.Дали вашето дете ја прифаќа цуцлата?
    Ако ја прифаќа, можно е истото да го прави и со градата. Детето не ја држи брадавицата правилно и не ја стимулира градата доволно. Покрај тоа, ако детето користи цуцла, тоа поретко се дои.
    3.Дали му давате на вашето дете вода или чај против грчеви?
    Ако му давате, мајчиното млеко не доаѓа во толкави количини, поради другите течности кои детето ги внесува. Ако вашето дете пие на пример 150 мл чај, тоа значи 150 мл млеко помалку.
    4.Дали на вашето дете му давате некакви лекови или смеси во количина поголема од 10мл на ден?
    Некои мајки по совет на лекар даваат 1-2 пати на ден лековита мешавина против нарушување во цревната флора или недостаток на лактаза. Тоа обично се дава околу 10 дена во количина од 50 мл до 100 мл. Можеби на детето не му се доволни токму овие 50-100мл кои можат да се создадат ако прекинете со дополнителната исхрана. Тоа е можно без поголеми промени во режимот.
    Ако детето е навикнато да се смирува со цуцла или шише со чај, ќе му треба време да се одвикне. Тука е многу важна довербата на мајката. Ако мајката цврсто одлучила дека детето нема да цица ништо повеќе, тоа може многу брзо да се навикне. Кога ја сака цуцлата и се буни затоа што не ја добива, треба да се проба со следново: ако во моментот кога ја нудите дојката, тоа цица два-три пати, а потоа ја пушта брадавицата и почнува да плаче, не треба да се обидувате да го смирите со доење (детето го чека вообичаеното шише со чај). Градата треба да се скрие, детето да се смири и да му се предложи доење повторно, кога е мирно. За да се утврди дали детето правилно ја зема брадавицата и цица, потребна е консултација со специјалист - консултант за доење. Ако таков нема, најдете и замолете за совет искусна доилка која никогаш немала проблем со доењето, го следи квалитетот и количината на млекото.
     
    На Bubce_bubi, Girl-Rabbit, Kaetana и 2 други им се допаѓа ова.
  9. petii

    petii Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    3
    Многу ми се допаѓаат претходните 2 постови. Јас исто така го дојам мојот син кој има 4 и пол месеци, и сакам да продолжам да го дојам, но од едната страна имам повеќе млеко од колку на другата, и тој повеќе сака да цица од таа града, а некогаш успевам да му ја дадам и другата. Сакам да ве прашам дали некој зане зошто тоа е така и дали воопшто има млеко во таа града?
     
  10. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Јас мислам дека често се случува едната града да е „попродуктивна“ од другата. И кај мене е така, па имаме две доења на таа страна што има повеќе и после едно доење на другата страна. Иако една педијатарска сестра кога ме притисна од таа страна така почна да прска млеко и ми вика „Не се занесувај, и од оваа страна си има супер“. Дури и јас се изненадив пред некое време кога пробав да измолзам од таа страна млеко за да и ставам во кашичката колку лесно измолзив... Значи, можно е, ама не мора да значи. И ако се става бебето упорно и на таа страна сигурно ќе се зголеми лактацијата, затоа што таа функционира на принцип понуда-побарувачка. Исто, колку што знам, неопходно е да не се прескокнува доење преку ноќ за да не се намали (или да престане) лактацијата. Моја позната го научи бебето да спие 8-10 часа навечер без доење и многу брзо после тоа и престана млекото. Подобро да си скратиме ние од сонот отколку да му го скратиме мајчиното млеко на бебушот :)
     
    На sunmoonstars му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Во периодот додека го доев моето дете секојдневно јадев павлака (кога пола кога цела ,во еден ден)и сигурна сум дека од нејзе ми се згуснуваше млекото.Тоа го заклучив после вториот месец кога веќе не можев ни да помирисам павлака и си правев истражување со измолзено млеко во ден кога јадев и ден кога не јадев (се со цел да се мотивирам да ја јадам )и навистина имаше голема разлика како во густината ,така и во мирисот. Исто така мислам дека за да имате доволно млеко во почетокот (првиот месец) е многу важно измолзувањето бидејќи со него се стимулираат жлездите да лачат повеќе млеко и тоа измолзување на крај од доењето одкако бебето ќе заврши.Ќе приметите дека на следниот подој ќе имате многу повеќе млеко.
    За мене како и за сите мајки доењето во почеток беше доста тешка работа затоа што како на мене така и на моето дете ни требаше период на прилагодување ,но знаејќи дека со доењето ќе му дадам здравје и почетен имунитет навистина се трудев и експериментирав со разноразни техники како на доење така и на измолзување.Верувам дека секоја од вас ќе си најде своја техника бидејќи универзална не постои. На секоја од вас идни мајки со раѓањето ќе ви се појави мајчинскиот инстинкт ,а верувајте тој најдобро знае што му треба на вашето дете и затоа ПОСЛУШАЈТЕ ГО :) Ви посакувам многу среќа ,и убави мигови со вашите мали бебчиња.
     
    На irenadaniel, joy1, Eli23 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. petii

    petii Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    3
    E баш ќе пробам јас јадам павлака ама не секогаш и не сум забележала ама ќе пробам да видам дали е така. кога мислиш на пола на малечка или од големите паковања
     
  13. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Јас јадев од тие на КРИ КРИ(малите) ,повкусни ми беа .Мислам дека треба да си одбереш некоја која тебе ти се допаѓа ;)
     
  14. infinity

    infinity Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    30
    Кako што и пишуваше погоре, нема слабо или јако млеко - финтата е или имаш млеко или го немаш. Во првите 2-3 минути млекото е прозирно, следните неколку минути е погусто, за на крајот последните 4-5 мин.од целокупното 15-20 минутно доење да биде десертот односно најмасното млеко. Затоа бебето треба да го исцица целото млеко од едната града а тоа ке го знаето кога тоа спонтано самото ке се тргни, а потоа ако сака уште да му ја понудите и втората града. За следниот подој треба да му ја понудите втората града да си го доисцица млекото од минатиот подој и ако сака да му ја понудите првата значи доењето треба да се одвива еден подој една града следен подој друга града или ако бебето има повеке апетит по принцип еден подој 1-2града ,следен подој 2-1 града без разлика дали едната града има повеке млеко од другата.
    Извинете за долгиот пост и ако имате прашања слободно прашајте
     
  15. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Дали е вистина дека пресното млеко прави стомачни тегоби кај доенчето? Мене ми дојде патронажна сестра и ми рече да не пијам благо млеко. А мене ми се пиееееееееееееееееееее.
    Малата моја добро цица.Една града еден подој. Ама некогаш, ги бара и двете, посебно кога цица од десната која е помала и мислам дека има помалку млеко во неа.
     
  16. infinity

    infinity Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    30
    Да, вистина е, благото млеко создава грчеви кај бебето ако имаш желба за млеко слободно можеш да го замениш со превриени млечни производи, јогурт, сирење..... кои и мораат да бидат дел од секојднавната исхрана на мајката доилка. Се разбира воздржувањето би требало да трае од прилика до 3-тиот месец, односно дури бебето има грчеви. Позз
     
  17. al4e

    al4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2011
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    11
    При секое доење давај и да цица од двете, прво дај и од таа што има помалку па од онаа што има повеќе млеко.
    инаку еве нешто во врска со доењето:

    Одредена храна ја поттикнува лактацијата, но пред се за доволно млеко да имате најважно е да внесувате многу течности, треба да бидете смирени, да обезбедите мирен сон, како и често доење од двете гради.
    • Коморача и анасон се дел од составот во чаевите за долики, а помага и чајот од коприва.
    • Сусам
    • Житарици, просо, зоб и јачмен
    • Бадеми и останати јаткасто плодови (внимателно со оревите, бидејќи тешко се варат и кај некои бебиња можат да предизвикаат грчеви)
    • Пивски квасец
    За доењето неповолно влијае:
    • Недоволно внесување на храна и течност
    • Стрес, нервоза
    • Пушење
    • Чај од нане
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  18. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    156
    Значи вака ние се доиме и дохрануваме 100 пати ми јапроверија техникатана доење и 100 пати заклучија декае правилна . Некои велеа дека имам доволно млеко некои дека немам . Детето не престанува со цицање т.е самото не ја пушта градата во ниту еден случај јас го прекинувам по 30 тата минута , ако ја понудам и втората дојка истото ќе се случи.Според мене млеко има ама не доволно количински за да ги задоволи потребите на доенчето па затоа се доиме една града + шишенце адаптирано млеко малото не се учи на шишето и не ја одбива градата . имаше некои педијатри кои ми советуваа да биде само на слободно доење и беше првиот ден вечерта во 6 не можеше да се смири урлаше и бараше млеко ( де во едната де водругата града ) кога маж ми отрча по адаптирано и оттогаш се дохрануваме. Цената на таа дохрана се само многу силно изразените грчеви што многу ми е жал ;(
     
  19. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    За новородено станува збор или поголемо бебе?
     
  20. gorda

    gorda Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    76
    И ние бевме така, моравме да се дохрануваме до вештачко, ама јас успеав со голем труд и сега сме само на доење... Може некој ќе ме мисли луда, може нема да се согласи со мене ама еве го моето искуство: Само на доење - првите 2 недели, бебето качи само 30 грама, а цело време беше на гради, потоа месец и нешто цицање со дохрана, 2-3 пати дневно по 60-90мл, па еве цел месец само доење и ставаме доволно килажа, околу 900 гр месечно би дошло некаде...
    Во тој месец и пол кога не му достасуваше млеко вака правевме - ќе исцица се - двете дојки, а ако не му достаса правав и дохрана, а по секој подој иако исцицал јас се домолзував по уште 10-20-30 мл за следниот подој да има повеќе млеко,а по цел ден пиев и вода и сокови и 2 чаши чај за доилки на Хипп и чај за доилки од билна и 2-3 чаши боза и јадев калорична храна... Да се поправив 3-4 кг, ама успеав да призведа доволно и добро млеко па сега синко само цицка и ужива... Психички ме исцрпе тоа, пиј, дој, пиј, молзи се, пиј... ама вредеше! А морам да и се заблагодатам на АIТ за советот за павлаката, еве 3 недели јадам скоро секој ден (никогаш порано во 30 години не сум пробала :o, а ја пројадов за него) и сега забележувам разлика бидејќи сам си ги разретчи подоите, го држи млекото и над 2 часа, а пред тоа саат- саат и пол и бараше да цица!
    Сега ми е рутина 2 чаши боза и 1 павлака дневно и немам гајле, млеко за извоз, а синко 8)
     
    На NoellePage му/ѝ се допаѓа ова.