Како го прославивте 1виот роденден на вашето детенце?? На нас уште скоро 3месеци ни е 1виот роденден и сакаме по малку да почнеме да го планираме...Кажете ни ги вашите идеи и искуства!!!
1виот роденден....??? Искуство немам Ама идеа можам да ти дадам. Каде ќе славите,сакаш нешто посебно?Идеа за торти,декорации, уникатни детали?
Дома го славевме , и тоа само најблиските , моите родители и родителите на мм 1 ден по роденденот дојдоа и едни наши пријатели па ги почастивме торта. За послужување имаше кифлички и торта кои што јас ги спремив , руска салата , скара и торта Инаку мислам дека е претеризам да се организира толку многу поготово за први роденден , па леле каде ке се слави , па покани , пд незнам по ресторани ора , танци.. во врска со ова мислам дека убаво е детето да разбира па да се радува на тоа што ке организираат родителите , нели ке си игра со другарчиња па може да се организира забава во игротека, ама ова од 3 години па нагоре.Ова е мое мислење сепак, секој според можностите и кој како си сака си организира
Јас сакам да организирам нешто убаво сепак прв роденден на моето дете и сакам убаво да го поминеме заедно со гостите а ќе имаме повеќе гости бидејќи од страна на мм е поголема фамилија и мојата а башка и пријатели па едно 50тина ке се соберат...планирам во кафана дека нема да ги собере на друго место.роденден му е на 22 февруари па неможеме да го искористиме дворот Идеа за тоа што нешто интересно да направам...??? На пример планирам некој аниматор да повикаме...покани ќе направиме сигурно а ваљда ќе ги правиме на истото место каде ги направивме за крштевка бидејќи тогаш многу убави ни ги направија...тортата од прилика имам идеја ама ако имате и вие нешто пратете некоја слика и така....
Можеш да направиш од тие бебешки бонбончиња со мини картичка на нив и датата. Пример: Името на син ти: фала што дојдовте на мојот прв роденден 22.02.2013.
Работава: малиот слави една година, ама сите други повеќе се радуваат од него Славењево на првиот роденден стана натпревар меѓу родителите кој ќе му направи поубава забава на детето, а сите знаеме дека истото ќе заспие на пола забава и нема да види пола од работите кои мајка му и татко му ги подготвувале, наводно ЗА НЕГО. Не би да се мешам некому во штипки, ама поубаво е дома да се соберат само најблиските, по примерот на Коритсаки. Ставете се на местото на вашето дете и размислете кој се‘ сакате да ви дојде на роденден.
Да ама работава е што сме многу така поблиски роднини и само роднини ни се собираат 40души а каде се и некои пријатели?? Така да се на се 50тина души ќе се соберат.
Леле ние го правевме кај Злате у Трговски,абе како свадба беше со 50 души,јадење пиење,порции нарачувавме и го шашардисавме детето од раце на раце ,така и втората година ја прославивме,викавме се живо и диво ,а потоа во игротеки. Мислам дека треба добро да размислите и да ги сведете трошоците на минимум и лугето,зашто кога ке одминат годините ке видите колку сте се труделе и вложувале непотребно! Сепак радост е и ви посакувам се најубаво!
Првиот роденден на ќерками почнувам уште сега да го планирам и сум многу возбудена Знам дека нема многу да види од роденденот , ама па радост е ке има слики и ке гледа кога ке порасне Ке го правиме дома , гости само семејството , се надевам ке дојдат и моите од Мк да биде радоста целосна ете Snow ни е тука да ни помогне за идеи Баш убава ми е идејата за бонбони со мини картичка .... постирај слики и давај идеи За торти исто свекрвами е експерт .. неа ја задолжувам !
За првиот роденден организирав(ме) забава во нашиот двор. Си одбрав тема - циркус, се фатив за работа и по цели ноќи не спиев Многу демотивирачки влијаеше фактот што не можев да најдам кукла кловн, па камоли нешто друго што би асоцирало на циркус. Затоа се погрижив за деталите и со малку импровизација го постигнав саканиот ефект. Со железна конструкција која беше обложена со материјал која ги имаше карактеристичните циркуски бои направив шаторче кое го ставив врз маси на кои беше поставена детската храна. Приборот за јадење беше книжен со мотиви од циркус, ставив лижалчиња - бастунчиња и во форма на кловн, направив многу интересни пакувања за пуканки...Неколку вида бонбони - харибо гумени со вообичаените форми и плус форми на визитарски колачи, киндер мали бонбончиња во форма на јајце и други чоколадни бонбони кои се разликуваа по боја, големина и вкус. Сето ова беше поставено во соодветни стаклени садови, дури и изнајмив еден сад од продавница кој работеше по принцип на навивање и паѓаше бонбона. Какво изненадување беше тоа за дечињата! Имавме во детскиот дел и пици, кифлички и сокчиња. Тортата беше многу убава, ја дотераа - вистински циркус, порачав и мафини - кловнови. Кај возрасните беше малку досадно - мешана скара, 3/4 вида салати, кифлички и пијалоците... Дворот беше украсен со многу балони, знаменца, натписи со среќен роденден и едни смајлиња направени од балони. На роденденот имаше 10 деца и најблиските од семејството. Кловн не викнавме (се сомневавме во изведбите), а најголемото дете го облековме во кловновски костум...За дувањето на свеќите и песничката кога ја пеевме ставивме карневалски капи Имав голем мерак и многу сакав да направам нешто по што ќе го паметиме првиот роденден, бев ептен возбудена и многу убаво си поминавме. Ако имате идеи, ако можите да ги реализирате и ако имате желба да прославувате на големо за првиот роденден - направете го тоа! Ќе се памети засекогаш! Еве еден колаж од слики како изгледаше, многу ми е криво што не се долови амбиентот како навистина што игледаше, ама кој да слика - сите растрчани наваму - натаму
Епа ви се погодило убаво времето а нас ни е во зима на 22.02. и неможеме во двор а идејата ти е баш супер! Епа ако ги има во џамбо ќе земам од таму бидејќи ми се свиѓаат баш се убави!
Ние се спремаме за првиот роденден поинтензивно. Ќе правиме во стилот на мини маус. На неа мнооогу се радува. Торта одбрав но ми треба да ми кажете совет од каде да ја нарачам? Се мислам за cake boutique, има ли некоја искуство со нив? Инаку оваа форма одамна ја одбрав Сега разгледувам декорации во тој стил... Ве молам кажете ми совет за торта!
Јас познавам еден дечко кој прави феноменални торти, 60 парчиња е околу 3 000 денари, имам јадено и е феноменален, ако се сеќавате на онаа торта со која ги пречекаа кошаркарите на аеродром беше правена од него. Во спојлер ќе ви ставам линк од неговата страна на ФБ и слободно погледнете си, за контакт ќе добиете и по желба. Спојлер http://www.facebook.com/pages/Torti-Kolaci/130009187054671?fref=ts Од искуство, немојте да ги барате Карамела, ниту плавата Канела, а ништо подобри не се ни Слатка Улица и Cake Boutique. За на внука ми роденденот прв во тортата имаше парче од ќесичка некоја хартиена, многу лушпи од ореви и вкус никаков, тоа е Крамела, башка што и беше згрешено името и годините, а тортата беше и смачкана ко некој да седнал врз неа, од парчиња одвај да имаше 30 а нарачана беше за 50. За вториот роденден од Канела црвената нарачавме и не беше лоша, но не беше сјајна, пак 50 парчиња немаше и имаше лушпи од ореви, башка што беше со сладолед а се знае дека е торта за деца. На други мајки за роденден им се десило да најдат нокт со убава големина во торта, од плавата Канела, цела најлон ќеса од оние тенките најлони во боја што се, во Слатка улица тоа, вишни со семки, лушпи од ореви и лешници, влакна, ама врв на се е мислам најлонот. Од Шарлота викаат дека се и вкусни и убави, ама па не се многу лесни за соработка, многу се нефлексибилни, не соработуваат како што треба, немаат испорака, не работат некои денови. Јас дечково не го менувам, за ништо на свет, предобар е.