1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како го прославивте првиот роденден?

Дискусија во 'Бебе' започната од 17mart, 4 ноември 2012.

  1. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Како го прославивте 1виот роденден на вашето детенце?? На нас уште скоро 3месеци ни е 1виот роденден и сакаме по малку да почнеме да го планираме...Кажете ни ги вашите идеи и искуства!!!
     
    На Kallias2 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    1виот роденден....???

    Искуство немам :wasntme:
    Ама идеа можам да ти дадам. Каде ќе славите,сакаш нешто посебно?Идеа за торти,декорации, уникатни детали?
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.879
    Допаѓања:
    102.905
    Пол:
    Женски
    Дома го славевме , и тоа само најблиските , моите родители и родителите на мм :) 1 ден по роденденот дојдоа и едни наши пријатели па ги почастивме торта. За послужување имаше кифлички и торта кои што јас ги спремив , руска салата , скара и торта

    Инаку мислам дека е претеризам да се организира толку многу поготово за први роденден , па леле каде ке се слави , па покани , пд незнам по ресторани ора , танци.. во врска со ова мислам дека убаво е детето да разбира па да се радува на тоа што ке организираат родителите , нели ке си игра со другарчиња па може да се организира забава во игротека, ама ова од 3 години па нагоре.Ова е мое мислење сепак, секој според можностите и кој како си сака си организира :)
     
    На heart.stealer и napominuvanje им се допаѓа ова.
  4. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Јас сакам да организирам нешто убаво сепак прв роденден на моето дете и сакам убаво да го поминеме заедно со гостите а ќе имаме повеќе гости бидејќи од страна на мм е поголема фамилија и мојата а башка и пријатели па едно 50тина ке се соберат...планирам во кафана дека нема да ги собере на друго место.роденден му е на 22 февруари па неможеме да го искористиме дворот :x

    Идеа за тоа што нешто интересно да направам...??? На пример планирам некој аниматор да повикаме...покани ќе направиме сигурно а ваљда ќе ги правиме на истото место каде ги направивме за крштевка бидејќи тогаш многу убави ни ги направија...тортата од прилика имам идеја ама ако имате и вие нешто пратете некоја слика и така.... :*
     
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Можеш да направиш од тие бебешки бонбончиња со мини картичка на нив и датата.
    Пример: Името на син ти: фала што дојдовте на мојот прв роденден 22.02.2013.
     
    На 17mart му/ѝ се допаѓа ова.
  6. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Убава идеја ама каде можам да ги најдам да не знаеш??
     
  7. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Работава: малиот слави една година, ама сите други повеќе се радуваат од него |( Славењево на првиот роденден стана натпревар меѓу родителите кој ќе му направи поубава забава на детето, а сите знаеме дека истото ќе заспие на пола забава и нема да види пола од работите кои мајка му и татко му ги подготвувале, наводно ЗА НЕГО.
    Не би да се мешам некому во штипки, ама поубаво е дома да се соберат само најблиските, по примерот на Коритсаки. Ставете се на местото на вашето дете и размислете кој се‘ сакате да ви дојде на роденден.
     
    На Sandrin4, heart.stealer, napominuvanje и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Да ама работава е што сме многу така поблиски роднини и само роднини ни се собираат 40души а каде се и некои пријатели?? Така да се на се 50тина души ќе се соберат.
     
  9. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Леле ние го правевме кај Злате у Трговски,абе како свадба беше со 50 души,јадење пиење,порции нарачувавме и го шашардисавме детето од раце на раце :D ,така и втората година ја прославивме,викавме се живо и диво :lol: ,а потоа во игротеки.
    Мислам дека треба добро да размислите и да ги сведете трошоците на минимум и лугето,зашто кога ке одминат годините ке видите колку сте се труделе и вложувале непотребно!
    Сепак радост е и ви посакувам се најубаво!
     
  10. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.442
    Допаѓања:
    34.262
    Пол:
    Женски
    Првиот роденден на ќерками почнувам уште сега да го планирам :D и сум многу возбудена
    Знам дека нема многу да види од роденденот , ама па радост е :) ке има слики и ке гледа кога ке порасне
    Ке го правиме дома , гости само семејството , се надевам ке дојдат и моите од Мк да биде радоста целосна :)
    ете Snow ни е тука да ни помогне за идеи
    Баш убава ми е идејата за бонбони со мини картичка ....
    постирај слики и давај идеи :wasntme:
    За торти исто свекрвами е експерт .. неа ја задолжувам !
     
  11. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Е за торта нека ни е жива Шарлота здравје може од таму а идејата од прилика знам каква да биде. :rofl:
     
  12. imorena

    imorena Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.199
    Пол:
    Женски
    За првиот роденден организирав(ме) забава во нашиот двор. Си одбрав тема - циркус, се фатив за работа и по цели ноќи не спиев :)
    Многу демотивирачки влијаеше фактот што не можев да најдам кукла кловн, па камоли нешто друго што би асоцирало на циркус. Затоа се погрижив за деталите и со малку импровизација го постигнав саканиот ефект.
    Со железна конструкција која беше обложена со материјал која ги имаше карактеристичните циркуски бои направив шаторче кое го ставив врз маси на кои беше поставена детската храна.
    Приборот за јадење беше книжен со мотиви од циркус, ставив лижалчиња - бастунчиња и во форма на кловн, направив многу интересни пакувања за пуканки...Неколку вида бонбони - харибо гумени со вообичаените форми и плус форми на визитарски колачи, киндер мали бонбончиња во форма на јајце и други чоколадни бонбони кои се разликуваа по боја, големина и вкус. Сето ова беше поставено во соодветни стаклени садови, дури и изнајмив еден сад од продавница кој работеше по принцип на навивање и паѓаше бонбона. Какво изненадување беше тоа за дечињата! :)
    Имавме во детскиот дел и пици, кифлички и сокчиња. Тортата беше многу убава, ја дотераа - вистински циркус, порачав и мафини - кловнови.
    Кај возрасните беше малку досадно :) - мешана скара, 3/4 вида салати, кифлички и пијалоците...
    Дворот беше украсен со многу балони, знаменца, натписи со среќен роденден и едни смајлиња направени од балони.
    На роденденот имаше 10 деца и најблиските од семејството.
    Кловн не викнавме (се сомневавме во изведбите), а најголемото дете го облековме во кловновски костум...За дувањето на свеќите и песничката кога ја пеевме ставивме карневалски капи :)
    Имав голем мерак и многу сакав да направам нешто по што ќе го паметиме првиот роденден, бев ептен возбудена и многу убаво си поминавме.
    Ако имате идеи, ако можите да ги реализирате и ако имате желба да прославувате на големо за првиот роденден - направете го тоа! :) Ќе се памети засекогаш!
    Еве еден колаж од слики како изгледаше, многу ми е криво што не се долови амбиентот како навистина што игледаше, ама кој да слика - сите растрчани наваму - натаму :)
     

    Прикачени фајлови:

    • paper.jpg
      paper.jpg
      Големина на фајлот:
      163,9 KB
      Прегледи:
      781
    На LoOnyD, zoketo, anabel-a и 10 други им се допаѓа ова.
  13. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    А кога ви беше роденденот??
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
     
    На 17mart му/ѝ се допаѓа ова.
  15. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Леле преубави се...ама па како ќе успеам да ги направам јас овие тие :@
     
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Се нарачуваат.А тие првите во Jumbo ги имаш
     
  17. imorena

    imorena Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.199
    Пол:
    Женски
    28. 08. 2012 - Сум ја заборавила оваа информација :o
     
  18. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398

    Епа ви се погодило убаво времето а нас ни е во зима на 22.02. :| :| и неможеме во двор а идејата ти е баш супер! :rofl:

    Епа ако ги има во џамбо ќе земам од таму бидејќи ми се свиѓаат баш се убави!
     
  19. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Ние се спремаме за првиот роденден поинтензивно. Ќе правиме во стилот на мини маус. На неа мнооогу се радува. Торта одбрав но ми треба да ми кажете совет од каде да ја нарачам? Се мислам за cake boutique, има ли некоја искуство со нив? Инаку оваа форма одамна ја одбрав

    [​IMG]

    Сега разгледувам декорации во тој стил...

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]


    Ве молам кажете ми совет за торта!
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.703
    Пол:
    Женски
    Јас познавам еден дечко кој прави феноменални торти, 60 парчиња е околу 3 000 денари, имам јадено и е феноменален, ако се сеќавате на онаа торта со која ги пречекаа кошаркарите на аеродром беше правена од него. Во спојлер ќе ви ставам линк од неговата страна на ФБ и слободно погледнете си, за контакт ќе добиете и по желба.
    Од искуство, немојте да ги барате Карамела, ниту плавата Канела, а ништо подобри не се ни Слатка Улица и Cake Boutique. За на внука ми роденденот прв во тортата имаше парче од ќесичка некоја хартиена, многу лушпи од ореви и вкус никаков, тоа е Крамела, башка што и беше згрешено името и годините, а тортата беше и смачкана ко некој да седнал врз неа, од парчиња одвај да имаше 30 а нарачана беше за 50. За вториот роденден од Канела црвената нарачавме и не беше лоша, но не беше сјајна, пак 50 парчиња немаше и имаше лушпи од ореви, башка што беше со сладолед а се знае дека е торта за деца. На други мајки за роденден им се десило да најдат нокт со убава големина во торта, од плавата Канела, цела најлон ќеса од оние тенките најлони во боја што се, во Слатка улица тоа, вишни со семки, лушпи од ореви и лешници, влакна, ама врв на се е мислам најлонот. Од Шарлота викаат дека се и вкусни и убави, ама па не се многу лесни за соработка, многу се нефлексибилни, не соработуваат како што треба, немаат испорака, не работат некои денови. Јас дечково не го менувам, за ништо на свет, предобар е.
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.