Da, da vo Mk. Sea tie denovi pazaruvam se sto mi treba. Kumovite mi se mladi i moderni i znam deka na kerka mi go spremat najubavoto, pa nemozam i jas tuku taka da gi pretepam, pak da im zemam nesto ubavo treba.
Јас велам се си зависи од тоа какви личности се кумовите,со што се занимаваат какви типови на карактер се.штом се кумови верувам блиски сте па изборот не би бил тежок.На пример джабе ке купиш манжетни или кравата на спортски тип мене искрено подароците како парфем,часовник ептен клише ми станаа може мн поинтересни раб да се најдат
Искрено, јас ги прашав кумовите што сакаат. Многу сме блиски, и им кажавме колку пари имаме (тоа јас со кумата, нормално, маж ми и кумот не ги бригаат тие муабети ама ич), им понудивме неколку варијанти што ни текнаа, нив им се допадна едната и тоа ги дарувавме. За кумчето имавме посебен подарок, детенце да се израдува. Они задоволни, ние задоволни. Сепак, се зависи од тоа колку сте блиски.
Ние ја крстивме малата на 27 ми, правевме во ресторант имав 60 души. Многу сум среќна. Ќерка ми доби многу подароци. Веќе е Христијанче
Мамички што му правите на свејките после крштевката. ние после црквата ги запаливме за време на ручекот во ресторанот ама не изгореа целите
Во недела ќе требад а го однесите бебето на литургија и причест, а потоа да ги запалите свеките во црква и да ги оставите таму да догорат.
Ние ги однесовме на манастир и таму ги оставивме да си горат. Е сега дали изгореле не знам или ги фрлике монахинките.
Мамички ми треба совет. Што би можеле да купиме како подарок за крштевка и прв роденден (заедно) за малата на пријатели? Што ви носеа на вас пријателите? Што би предложиле вие?
Можеш да ги прашаш, ем да не дуплирате поклон ем да им го погодите. Плус зависи колку сте блиски со пријателите. Јас би препорачала убави анатомски кондурчиња ( есен па зима се ближи и најверојатно штотуку проодело или ќе прооди), точак со опција родителите да управуваат ( секаде ги има окожу 1500 мкд).....
Ох мојот манастир. ко еден ден се венчам и правам крштевка за дете, тоа сигурно би било тамо. Е сега, знам дека за крштевка пари не се зема, туку ако оставиш, но за венчавка незнам. Ајде кажи ми дали плативте и колку одприлика.
жив и здрав да е сноу.вечно да му е името на никола.браво за креативноста. инаку и ние правиме крштевка на 28ми ке ставам сликчинја потоа.
Може некој да ми пише кога се даваат бовчи на кумовите или поточно редоследот на крстевање?? И дали прво дома се собираме сите гости па потоа во црква за на крај во ресторан.??
во бт носиме бовчи кај кумот кога го каниме-една недела пред крштевката. за тоа дали сакаш гостите од дома или не е работа на договор-јас и за двете деца ги викам дома после крштевката -на кафе и торта .а се чекаме со сите гости пред црква.