Мекици (прослава и подароци)

Дискусија во 'Бебе' започната од Snow-Queen, 28 ноември 2011.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Што купувате кога одите на мекици кај близок роднина, или кај познаник-пријател? Дали постои некој обичај за самиот ден? Кој всушност треба да ги прави мекиците кога е второ,трето... дете?

    Секогаш носам бонбоњера и вино, практикувам и честитка, а за поблиските приредувам нешто поинтересно. Пред точно 3 години кога дечко ми стана чичо кога се породи жената на брат му, наместо бонбоњера го направив ова, чоколадца со 21 различна кукличка (бидејќи е родена на 21.12, и на лентата пишуваше It's a girl )

    Еве неколку сликички (ги имам сите куклички сликано посебно):
     

    Прикачени фајлови:

    • SUC50068.jpg
      SUC50068.jpg
      Големина на фајлот:
      7,3 KB
      Прегледи:
      1.940
    • SUC50085.jpg
      SUC50085.jpg
      Големина на фајлот:
      245,6 KB
      Прегледи:
      1.924
    • SUC50094.jpg
      SUC50094.jpg
      Големина на фајлот:
      257,9 KB
      Прегледи:
      1.928
    • SUC50112.jpg
      SUC50112.jpg
      Големина на фајлот:
      275,8 KB
      Прегледи:
      1.925
    • SUC50102.jpg
      SUC50102.jpg
      Големина на фајлот:
      276 KB
      Прегледи:
      1.917
    На cresa-jagoda, Sweetheart87, cherry-pie и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Сега од телефон ги префрлив сликте, еве лани во декември, што однесов за мекици

    Букет со бонбони


    И штрк плишана играчка со хелиум балони
     

    Прикачени фајлови:

    На Sunshine_1979, cresa-jagoda, SimonaTino и 6 други им се допаѓа ова.
  3. ElenaRbd

    ElenaRbd Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    161
    Леле...Snow-Queen, од каде го најде штркот ?? Многу ми се допаѓа а и јас треба да одам на лулајка уште малку, а плус бебенцето ќе биде машко таман како што пишува на штркот :D Фала однапред :)
     
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    штркот го купив од JUMBO ама искрено не се сеќавам на цената.
     
  5. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    2.358
    Јас кога одам на мекици кај блиски носам торта, радосница и цвеќе. Додека ако не ми се многу блиски бонбониера :)
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Јас знам дека на мекици одат исклучиво жени, барем така правевме порано, а сега и мажи, сите на куп, па прослави по кафани, музика, малтене свадба |( , мене ненормално ме живцира ова помодарство, и дури ми се одмилуваат мекиците.

    Инаку кога одиме, носиме благо и цвеќе, евентуално некое привезоче златно ако ни е поблизок бебушот или од оние убави радосници.
    Еднаш по моја иницијатива, врамив слика од бебето штотуку сликано после раѓањето, во една многу слатка рамка.
    :P

    Лани на внуката од мојата најдобра другарка, навистина немав поим што и како, се роди на 23 декември, и за мекиците и' однесов еден огромен лампион за елката и честитка во форма на цвет, а внатре напишав посветена песничка за бебето. ^_^
     
    На cresa-jagoda, girl.23, nesa и 2 други им се допаѓа ова.
  7. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Јас па откаго памтам мекици знам дека сме оделе цела фамилија, сите заедно и мајка ми и татко ми.
    Сега на мекици ако не` поканат, пак одиме сите заедно, со мене се и маж ми и ќерка ми.
    Ги сакам овие прослави, некако ми се најмили и баш тогаш ми се најслатки мекиците.
    Да, личат на свадби, ама па убаво е.
    Оние кои чекаат гости по ресторани не ги осудувам, туку напротив баш им е добра идеја со оглед на тоа дека дома не ти се прави гужва, ниту пак пушница (во ресторани не се пуши, а дома се` ќе ти се шчури, 3 дена нема да можеш да излуфтираш). :tmi:
    Сепак секој си прави како и каде што сака, но и нормално колку му е длабок џебот. ;)

    Еве баш пред некој ден со мм дискутиравме каде (во кое ресторанче) би правеле мекици, со оглед на тоа дека куќава и не ни е толку голема, кругот на пријатели ни е зголемен, а плус имаме и мало дете кое не би сакале да спие во затруена (не доволно излуфтирана) соба.....ама ќе видиме, има време, може ќе оди кај моите.....сепак ќе видиме и со финансии до кај сме, што сме.....ај малку забегав од темава :lol:

    Што се однесува до поклони секогаш носиме благо (бонбониера) обавезно, а ако се работи за ептен блиски тогаш и цвеќе за бабите па и некој пијалок за дедовците, а радосници и др. поклони сум носела кога сум одела ма повојница, а не на мекици.

    Инаку ми се допаѓаат идеиве и сликичкиве на СноуКвин и во иднина може и ќе и украдам некоја :wasntme:
     
    На vickyy90, Sweetheart87 и maca99 им се допаѓа ова.
  8. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    На мекици не сум била добри 5-6 години дури и не се сеќавам што сум носела. Со ова модерново време маж ми е по мекиците :rofl: а тој носи обично вино и благо
     
  9. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Досега сум носела бонбоњера и вино за машките.Некогаш и цвеќе.
    Пред некој месец,за другарка ми,роди девојче однесов бонбоњера,цвеќе и розево перниче за бебчето ,случајно го најдов и сите го бендисаа :)
     
  10. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Вечер сме на мекици, јас мислам секако да носиме вино за таткото, од тука добив идеја наместо бонбониера и цвеќе да купам бонбониера во форма на букет.
    Е сега ме интересира за бебчето дали се носи нешто сега и што?
    Инаку да напоменам дека ние сме кумови на бебчето. :!:
     
  11. rak11

    rak11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    77
    pa se nosi kako ne a plus si kuma kupi mu nekoe odelce ili nesto slicno
     
    На Polumaturantite му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Поклон имаме спремено ама за повојница, само се двоумам некои викаат дека за бебето не се носи ништо на мекици некои викаат дека се носи.
    Сепак може да земам Радосница или некоја поголема плишана играчка.
     
  13. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Одлична идеа. Ние за мекици собравме доста играчки, а за повојница претежно алишта(среќа сите се за 1 година, мразам кога носат поголеми :devil: , а и едно комплетче од баба ми за 6 години 8) ). Радосница е навистина одличен подарок. Ние не добивме, па се мислам да си купиме една, имам видено во Веро :)
     
    На pepita82 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Читам кума си....се` е индивидуално, за нашите мекици нашите кумови само благо донеле, а на повојница си донесоа тоа што си сакаа за бебето. ;)
    А некои други гости покрај благо имаа донесено плишани играчки.
    Како си сакаш, нема правило.
     
  15. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Јас за мекиците не добив ништо. Освен од мајка ми алиштенца.
    Сепак мислам дека кум треба да однесе нешто. Еве Радосница е добра идеја. Но би можела и подлога за играње, пресоблекување, кадичка и сл.
     
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Еве идеи:
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
     
    На cresa-jagoda, ikame и L-a-r-a22 им се допаѓа ова.
  17. sarah.key

    sarah.key Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2010
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    23
    Знам дека темата е само за прослави и подароци, но не можев да најдам посоодветно место да прашам :) од каде порачавте мекици, од која фирма, пошто има некои што се многу мрсни, исто битна ми е и цената пошто мене здравје би ми требале околу 300 :D
     
  18. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.732
    Допаѓања:
    145.121
    Гледам во секој крај различни обичаи за мекици. Во нашиот крај ги дават свекрвата и мајката на невестата. Одат само жени, поклон не се носи освен благо (симболично), а на маса има мекици, локум, шеќер и сирење. Родилката воопшто не е засегнета со тоа, бабите си ги канат гостите.
     
    На okcenzi и Buterfly2576 им се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.052
    Пол:
    Женски
    Кога одиме на мекици носиме бонбониера. Кога се породив, маж ми дома викаше гости за мекици. На маса го имаше стандардното - сирење, салама и пијалоци. Ги викна најблиските. Од нив доби бонбнониери. Според мене, на мекици треба да се викнат најблиските. Забележувам дека има и такви што не прават мекици.
     
  20. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    321
    За мекици кај нас се носи нешто како цвеќе, бомбоњера. После 40дена се оди на гости кај бебето (повојница) и тогаш се носат подароци за бебчето, најчесто облека и играчки и нешто конкретно што им треба на родителите.
    Ја морам сега да промрчам тука малце. Што се дешава со модава у последно време да се праат мекици у кафана? Па мора посебно датум леле леле, детево ќе наполни една година луѓево не можат мекици да направат од што се кафаните зафатени, пошто нели треба да се истакнат кој у која кафана ќе праи и што ќе почасти.
    Мекиците се праат кај мајката на мажот после 1-2 од кога жена му ќе се породи. Има мекици, сиренце, нешто саламкасто и за пиење. Одиш да честиташ, да видиш некоја слика од бебчето и тоа е се. Не знам ја шо им стана на луѓево со кафаниве и славјето! Не дека не е за славење, него ми нема поента кафанското во ситуацијава.
     
    На tarantula и H.e.L.e.N им се допаѓа ова.