ТЕМА: Млеко и млечни производи

Мислење 23 Ное 2011, 18:46

Од кој месец на вашето бебе му давате м.производи?

Педијатарот од 8-ми месец ни кажа да почнеме со кисело млеко и несолено сирење, пред 2 дена јас и дадов и многу и се допадна к.млеко скоро цело канче изеде :clap: , а за јогурт не ми кажа кога да и дадам не ја прашав. |(
Аватар на корисникот
koritsaki

Жолто цветче
 
717596
Мислења: 1302
Зачленет: 01 Мар 2010, 02:25
Локација: Greece
Слика
Слика

Мислење 24 Ное 2011, 00:52

Се даваат по навршени 8 месеци, ама јас им давав адаптирано млеко до година (ни сама не знам зошто), а кисело млеко им мешав со манџички од 8 месеци.
Веќе кога имаа една година почнаа да пијат млеко, а и јогурт и кисело млеко, бидејќи тогаш веќе почнаа да јадат се, па некако повеќе им одеше и јогурт и кисело млеко во комбинација.
Сирење, кашкавал, тоа се осле една година.

Јас не брзав да почнам со млечни производи - веројатно затоа што не очекував да не јадат, тргнувајќи од себе. Многу поважно ми беше да јадат манџи, овошје, салата...
Аватар на корисникот
Ariel

Жолто цветче
 
1831747
Мислења: 2217
Зачленет: 07 Дек 2009, 01:23
Локација: Малку појужно од таму каде што би сакала да бидам!

Мислење 27 Ное 2011, 16:25

Ние почнавме со млечни производи од животински произход. Педиаторот подробно и внимателно ни објасни зашто не треба да се дава непревриено млеко и неразредено млеко. Ќе споделам и со вас. Млекото не се дава непревриено, затоа што 1 крава од Битола (пример) да има туберколоза, ќе се пренесе на човекот. Човекот се вакцинира од бебе против туберколоза, али за туберколоза, која оди по луѓето, а не по животните. Таа по животните е многу по опасна и тешко лечима. Имало дете кај нејзе цело во како кесички по телото. Подуени жлезди од незавриено заразно со туберколоза млеко.
Млекото требало и да се разредува со малце вода. на 200 мл млеко, да се стави (јас ставам на око) 20-30 мл вода. Тоа се правело, затоа што било тешко за преработка во почетокот на животот на човекот и може да увреди трајно бубрезите. Кажувам може, затоа што си зависи колку е зајакнал организмот на бебето.
Ни кажа исто така, дека храни со многу фосфор се убијци на калциумот.
Мартин многу сака да јаде млечни кашички-јогурт со овошје или бисквити или благо млеко со бисквити. Овие се ни фаворит за на ручек :D Штета што некит да пие млеко од шишенце. Не можам да си објаснам зошто. А залагалка цуцла има, ја сака, али шише не! Се мачиме со лажиче...200 мл со лажиче :D можете да замислите како ми е...За тоа повеке наблјагаме на млечните каши...
Аватар на корисникот
J.Ivanoska

Сино цветче
 
1351390
Мислења: 417
Зачленет: 01 Фев 2011, 11:58
Локација: Скопје
Маж, кој што е спремен на се за една жена, значи многу ја сака. Жена, која што е спремна на се за еден маж, значи го родила.
Слика
Се извинувам за правописните грешки. Се уште се учам на македонски јазик Слика

Мислење 29 Ное 2011, 11:17

Јас од 6 месеци му давам кисело млеко на син ми, а кравјо почнав нешто подоцна, разредено 2:1 и задолжително варено да биде, убаво извриено. Арно ама, не сака кравјо да пие, т.е го имаме истиот проблем како Ј.Иваноска (а тука ни се некаде децата по возраст), не сака да пие од шише со цуцла, ниту од шише со клунче. Пие од чаша. Сега не сака ни млеко да примириса, освен тоа што го добива со цицањето (зборам за чисто млеко). А инаку, му ставам кравјо во кашите што ги јаде, со бисквити и слично и на тој начин гледам да му дадам што повеќе млеко. Ама претежно сака кисело млеко и јогурт, да може да јаде само тоа, нема да се буни. Пред некој ден почнав и со несолено крем сирење, и тоа му се допаѓа, ќе видиме за понатаму :)
Аватар на корисникот
Annath

Жолто цветче
 
21643422
Мислења: 3529
Зачленет: 09 Јан 2010, 17:01
Go confidently in the direction of your dreams. Live the life you have imagined.
Слика

Мислење 29 Ное 2011, 15:51

Annath, дали имаш пробано со различни видови цуцли (големина, латекс, гума...) Те прашувам, затоа што золва ми ме посаветува да ја сменам цуцлата со латексна, зашто залагалката е латексна, а цуцлата на шишето не е и му била многу мека. Дали ти го имаш пробано тоа? Исто имам слушнато, дека ако ич ама ич неќа млеко, може да е од тоа што предходно се има изгорено, му е било премногу топло млекото и сега го е страв да пие пак...
Врска немам зошто така се случува. Стварно ако знае некој, нека ни помогне, затоа што дете да расте без млеко си е :x Мартин пие млеко, али само со лајче, а тоа е голема мака, ако го заучам со шише уште од сега, ќе си дојде ред само да си го држи шишето и да си цица млекце од него...
Аватар на корисникот
J.Ivanoska

Сино цветче
 
1351390
Мислења: 417
Зачленет: 01 Фев 2011, 11:58
Локација: Скопје
Маж, кој што е спремен на се за една жена, значи многу ја сака. Жена, која што е спремна на се за еден маж, значи го родила.
Слика
Се извинувам за правописните грешки. Се уште се учам на македонски јазик Слика

Мислење 29 Ное 2011, 16:09

Пробав со секакви цуцли, и латекс и силиконски, пробав и со шише со силиконско клунче, не сака да пие, само ги гризе. А претходно си пиеше адаптирано млеко со шише и цуцла најнормално, се откажа самиот кога вадеше заби. Изгледа му пречеше цуцлата на непцето, не знам, само ја гризеше и плачеше. Па така, го научив со чашка да пие, прво пробувавме со вода, а сега се пие од чашка и тоа од малечки стаклени чашки. Порано ми се засркнуваше, му течеше и вода од страна, ама веќе не. Пробај и ти така, ако нема друго чаре.
Инаку цуцлите од латекс повеќе мирисаат отколку силиконските, па може да ја плука и да се гади. Јас ги киснев во вода со лимон и сода бикарбона, ама џабе, мирисот стои.
Аватар на корисникот
Annath

Жолто цветче
 
21643422
Мислења: 3529
Зачленет: 09 Јан 2010, 17:01
Go confidently in the direction of your dreams. Live the life you have imagined.
Слика

Мислење 14 Дек 2011, 10:12

Јас сеуште и давам адаптирано млеко, а ме интересира дали и покрај тоа што немам почнато со кравјо (благо) млеко, можам да почнам со кисело млеко? И како се почнува со киселото? Колку количински на почеток, и тоа се разредува или како? Треба да се внимава на масленост? За благото знам дека е почнува со најнемасно млеко...
А во врска со цуцилите, мојата лажалка си сакаше и наеднаш, преку вечер почна да и се гади. Нема запче сеуште. Имам едно шиште со цицла од латекс и ништо живо ен ја става во уста Со силиконские досега немаме проблем.
Аватар на корисникот
d.Darla

Зелено цветче
 
78295
Мислења: 501
Зачленет: 01 Сеп 2010, 12:12

Мислење 18 Дек 2011, 16:00

Зависи колкава е малата. Со кисело млеко може од 6 месеци да се почне, можеш да го разредиш ако сакаш, но не мораш. Кравјо млеко не се препорачува до година, но повеќето почнуваат порано - ние почнавме од 6 и пол месеци, тука некаде и со кисело млеко. Слаткото млеко му го давав разредено 2:1, а сега веќе не го разредувам (син ми има 9 месеци). И онака не го пие, го јаде само во каши.

А за најмала масленост - тоа важи за оние тетрапак млека. Јас лично никогаш на син ми досега не сум му дала тетрапак млеко, само свежо варено, подолго да врие. Тетрапак млеката ги преработуваат секој пат кога ќе им помине рокот, и пак го пакуваат тоа млеко - така можело до пет пати. Можеби е дезинформација, ама јас немам оттогаш во уста ставено тетрапак млеко. Не ми е тешко секој ден да варам најмалку по литар млеко, и онака многу пијам, а и кашите на син ми му ги правам со млеко (оние каши како кексолино, ванилино). И брокула и карфиол му варам во млеко, како и палентата.
Аватар на корисникот
Annath

Жолто цветче
 
21643422
Мислења: 3529
Зачленет: 09 Јан 2010, 17:01
Go confidently in the direction of your dreams. Live the life you have imagined.
Слика

Мислење 20 Дек 2011, 12:27

А со какво кисело млеко почнавте? Со кравјо купечко или го подготвувате дома?
Аватар на корисникот
d.Darla

Зелено цветче
 
78295
Мислења: 501
Зачленет: 01 Сеп 2010, 12:12

Мислење 20 Дек 2011, 23:08

d.Darla напиша:А со какво кисело млеко почнавте? Со кравјо купечко или го подготвувате дома?

Го купувам битолското кисело млеко, најубаво ми е некако, не е многу кисело, и син ми го обожава :)
Аватар на корисникот
Annath

Жолто цветче
 
21643422
Мислења: 3529
Зачленет: 09 Јан 2010, 17:01
Go confidently in the direction of your dreams. Live the life you have imagined.
Слика

Врати се на Бебе

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 2 гости

Site Meter