Јас користам
eco-biodegradable пелени, мој мал придонес за зачувување на планетата.

Во Мк можеби сеуште не преставува проблем отпадот од комерцијалните пелени, меѓутоа тука веќе преставува огромен проблем.Годишно во отпадите завршуваат над билион пелени на кој им треба неколку векови да се распаднат, а во процесот на распаѓање испуштаат отрови кои ја контаминираат земјата а со тоа и подземните води.
Пелените кој што ги користам за син ми се распаѓаат сами во рок од 6 месеци, не се избелувани како комерцијалните пелени, не се користи хлор во нивната изработка и се правени од 40% рециклиран материјал.
Негативната работа е што не се достапни во секој супермаркет ги има само на неколку продажни места во градот (а градот е голем колку пола Мк) и цената им е за 20-30% поскапа од комерцијалните пелени.