Наидов на промоција во Тинекс маркетите за Памперс пелениве, ќе ве замолам за ваше мислење дали се исплатливи? И јас како и останатите нови мамички имам тотална збунка во глава околу овие работи
Па секако се исплати, само кадичката во Џамбо е некои 500мкд мислам. А и пелените се одлични ние ги користевме на почетокот за бебуш.
Мамички некој совет кој пелени да ги купам скоро сите ми пропуштаат,почнав со памперс премиум само тие ми беа супер ама малку ми се скапи,потоа купив кан-бебе полоши пелени немам видено,ептен ми пропуштаа па дури и целото се нафрла,потоа ги купив памперс зелените и тие ми пропуштаа,и сега ги зедов виолета ок се,не ми пропуштаат како претходниве иако се случува и од нив да ми пропуштат. Да ми препорачате некој други пелени кои нема да пропуштаат стварно веќе незнам кој да ги купам.
И ние сме на уште на пампер премиум иако е скоро 7 месеци. Скапи се, многу се скапи! Ама земав памперс од зелените, за еден саат од вратот беше измочана од што прета без престан. Кан бебе катастрофа, Бекутан исфрли уште од првата пелена и се изнервирав и не пробав со други.
Уф не памтам векје како одеа со бројчиња но цената им беше околу 555 ден големо пакување.Порано во кам ги имаше.од бекутан и јас не бев задоволна ко картон крути беа
Уште ги има во кам и најевтини се таму 555ден, ние ги користиме и ок се. Почнуваат од 3ка ама нема шанси да најдеш. 4ка и 5 ка имаш скоро секаде иако еден период во грчка не можев да ги најдам, а камоли тука.
Јас сум задоволна од дајперс, ама поскапи се од памперсот. Исто ок кан бебе сум задоволна, моментално такви и купувам
Јас засега не би ги менувала Памперс Премиум. Стварно се изгор скапи ака ниту еднаш не ми пропуштиле, и газето и после 6-7 часа да не е сменета пелената ( најчесто навечер) е суво. Имав Вип купено ама воопшто не сум задоволна, пропуштаат и газете е водено.
Да тие се многу добри,додека ги користевме тие ниеднаш немаше попуштено сега земав драј ама за разлика од премиум се помалце добри.
Супер мама, а случајно да не не ги стегаш-лепиш доволно? И мене ми се има случено да ми протечат кај грбот но само ако ја оставам полабава, нестегната убаво. Јас уште од почеток ги користам Џан бебе (така се читаат), и пробав едно пакетче Памперс но не осетив никаква разлика. Дајперс ми ги фалат па во план ми е да ги пробам.
Ги стегнувам доволно лепенките ги поклопувам и секое мочање менуваме алишта цело измочано е кај грбот,со овие виолета ми пропуштаат и тие ама не толку како со претходниве,и стварно веќе незнам кој да ги земам,вака само ги перам/пеглам алиштата по 100 пати на ден. И јас си мислев да не е грешката до мене пробав секако да го наместам памперсот,постегнато,полабаво и ништо,единствено само од Памперс Премиум не ми пропуштаа,ама мн ми се скапи,сега уште дајперс да ги пробам и ако не ке морам да ги земам памперсот бидејќи вака не можам повеќе.
и ние користиме памперс на почеток премиум после купив актив и сега еве последен пат зедов памперс слеп плау и сум задоволна не пуштат и подобри се од актив зелените и поевтини се 699ден во рамстор ги зедов и има 64 комада.со цената с. блиску со бекутан и џан бебе а овие се подобри и побезбедни за кожата од тие.
ne bidi tolku sigurna vo pampers.mene i dvete deca mi razvija silen osip od pampers posle podolgo koristenje.
До 04 08. Ние веќе ги земавме, коритцето е македонско производство (нема мирис на кинеска пластика) и е баш убавко
Здрaвo мaјки! Имaм еднo прaшaње дo вaс. Кoристaм пaмперс 1 нo веќе ни се дoстa мaли a имaме 5 500 кг. И сегa незнaм дaли дa купaм пaмперс 2 или 3 бидејќи нa 2 пишувa дo 6 кг a ние уште мaлку и ќе бидеме 6. Пa сaкaм мислење дaли дa преминaмдиректнo нa 3?