Син ми на 6 и пол месеци е тежок 6950 гр, има 68 цм (вчера го меревме дома, оти кога го носам на контрола, стално кратат од килажата, поради пелената што ја носи). Се роди 2760гр со 49цм, па фала му на Бога, добро си напредува, иако имаме мал проблем со јадењето, т.е со млекото.
Инаку, 1-1,5кг месечно да напредува до година дена е многу - оптимално е 600-800гр месечно во првите три месеци и после некаде до 600 гр месечно до крајот на првата година, со тоа што до 5 полни месеци бебето треба да ја дуплира родилната тежина, а до година дена да има најмалку трипати од родилната тежина. Ова сепак е некој просек. А инаку, сите деца се различни, па нормално и различно ќе напредуваат. Мене ми е најважно син ми да биде здрав, да си има оптимална тежина, а дали таа ќе задоволува некои „наши македонски стандарди“ (бебето да биде буцко како што сакаат бабите да биде, одвај да го креваш) не ми е важно.