Денес прв пат ми беа префрлени средства ама само за еден месец, на породилно сум од април... Сакав да прашам ги префрлаат заостанатите плати на два пати?
Отприлика за пола месец ќе ти пуштат и за мај, барем кај мене така беше и за двете деца, па потоа ќе добиваш редовно ( на месец дена ) со заостанување од еден месец. Додека да добиеш првиот пат е финтата
Da ve prasam mami4ki - po stiganjeto na pismoto deka vi e odobreno porodilnoto posle kolku vreme dobivte nadomestok?
Јас никогаш не добив писмо ама сега со второто дете добив после месец и пол, ама знам дека зависи од тоа дали фирмата редовно ги плаќа придонесите.
Ако си вра ботена тоа е должност на фирмата. Сега има многу варијанти, палаќано/неплаќано придонеси, не пријавена и да не набројувам. Породилното боледување го носиш во фирмата и тие си ја тераат работата.
Не ми се верува дека толку може да доцни кај мене до сега редовно си земам секој месец и тоа веднаш почнав да земам без доцнење без врски без ништо, проблемот е мислам до фирмата во која работиш ако не ги однесат на време документите може да се случи и вакво нешто, плус за тие што остануваат на породилно порано, може да им доцнат парите бидејќи документите се носат одкога ќе се роди беебто со се изводот за бебето нели, јас имав среќа останав на породилно ден пред да се породам и веднаш се среди документацијата така да немавме проблем со чекање.