драги феминкни бремена сум 2 месец и пријавена во фирмата 6 години на иста плата 12000 ден. Ме интересира дали ако си плаќам сама придонеси на 20.000 ден. ќе ми земат просек од последните 12 месеци или од последните 6 и колку би ми било породилното. Поздрав до сите
аа феминки јас да прашам колку време треба да сум осигурана за да добијам породилно дали некој знае???
ахам фала... а сега на пример јас ке сум 6 мееци осигуранадо 1 март од септември и сегаа крајниов термин ми е на 13 март за да се породам со ке се случи ако се породам февруари тоа значи дека нема да земам....
Во фондот за здравство ги рачунаат по работни саати. Треба да исполниш 6 месеци работен стаж сметано по работни саати. Сметај дека во некои месеци има неработни денови и мислам дека тие се минусираат (не сум сигурна за тоа ама мене така ми кажаа) Да ве прашам за колку време ви стигна решението дека ви е одобрено породилно боледување. Јас ги однесов документите пред една недела и сеуште нема дојдено решение, а ми рекоа дека за 2-3 дена обично стига решението, а за 1 месец ги префрлаат парите.
Мене решението ми стигна за отрилика месец дена. Инаку сеуште ми немаат пуштено пари за Септември, сега проверив
На трансакциската која е поднесена во фондот. Joy мислам дека до крајот на месецот треба да ти пуштат, нас минатиот месец ни пуштија на 30.09 и не очекував сега на 17.10, искрено се изненадив.