ТЕМА: Помош после породување

Мислење 11 Дек 2011, 01:53

Дали имавте помош од некого после породувањето? Некоја блиска роднина, најмена жена?

Јас најголема помош имав од золва ми бидејќи е најблиску до мене и од нејзината ќерка.И од мајка ми секако. Од свекрва ми немав речиси никаква помош (ајде да речеме некоја си минимална). Исто е и ден денес така.
И да не го заборавам и маж ми, ми помагаше понекогаш повеќе, понекогаш помалку :lol:
Аватар на корисникот
blond

Жолто цветче
 
33443178
Мислења: 1923
Зачленет: 24 Сеп 2010, 10:11
Слика

Мислење 11 Дек 2011, 10:01

Јас и незнам колку помош ке имам кога ке се породам, пошто моите се далеку , Свекрвами :^) може ке помага ама познавајки ја и нема нешто многу .. Највеке од сопругот :lol:

Планирам кога ке се породам мама да си ја викнам кај мене Највеке пошто нејзината работа е токму работа со бебиња и ке ми биде најсоодветна помош :) :)
За другите ке видиме :)
Аватар на корисникот
MacenceEna

Сино цветче
 
588700
Мислења: 295
Зачленет: 08 Дек 2010, 22:48
Слика

Мислење 11 Дек 2011, 15:50

Помош ке добијам само ако ја барам :(
Свекрвата не ги видела внуците не па да помага, мајка ми од проклета скромност мисли дека ако дојде, ке пречи :^)
Пред породување се си купив и подготвив бидејки знаев дека немам помош. Првата вечер кога дојдовме од болница со керкичката, самите ја капевме, а јас царски рез породена пред 4 дена :@ Утредента ја повикав мајка ми.... Oд тогаш доаѓа и помага неколку пати во неделта по неколку часа, дури и остана во пензија (наследна од татко ми) кога се породив со синчето после 18 месеци.
Аватар на корисникот
Shana

Зелено цветче
 
12231049
Мислења: 742
Зачленет: 27 Јан 2011, 17:03
Локација: Дома
I'm not weird, I'm gifted.

Lord, grant me the strenght to change the things I can, courage to accept the things I can't and the wisdom to know the difference.

Мислење 11 Дек 2011, 16:17

Јас не би советувала да се ослонувате многу на помошта од другите. Бабите помагаат, но и одмагаат. Ако сте со нормален пораѓај (без цезареа), брзо ќе се вратите во нормала и ќе можете да си ги превземете обрските. Во почетокот е тешко, но ќе си го фатите редот, ќе се организирате и ќе биде полесно. А колу повеќе луѓе се мешаат толку полошо, а и детето станува пораздразливо кога има она - земи го еден, земи го друг.
Доволно е првите денови да ви покажат широк повој или помош околу бањањето. Плус тоа кога има толку луѓе околу вас, мажот обично се трга на страна. Значи тој треба да ви биде главната помош и поддршка.
Помошта на бабите треба да се состои од помош низ домот, ручек, пеглање, а не да се врткаат околу вас и кажуваат теории како било во нивно време, па бабини деветини.

Во мојата ситуација, доаѓаа и двете баби, една кажува едно, другата друго, хаос. Само што заплакало бебето, тие трчаат како на крос, која попрва ќе го земе. Тие околу него цел ден бу, бу, а јас низ дома, пелени, јадење и сл. И еден ден кога ми дојде преку глава, и ај гитла и двете. (сега не баш така културно им кажав).

Значи помош во почетокот кога е најнеопходно, потоа кога ќе бидете спремни психички и физички сами да си ги вршите работите, јасно и гласно ќе им ставите до знаење дека си превземате се околу детето, а тие можат да си доаѓаат само на гости.
Аватар на корисникот
Peppermint

Сино цветче
 
418481
Мислења: 323
Зачленет: 17 Јан 2011, 19:56
Локација: Во мојот топол дом
The grand essentials of happiness are: something to do, something to love, and something to hope for.

Мислење 11 Дек 2011, 20:54

Јас имав помош од маж ми , иако бев во добра состојба и не ми требаше некоја помош. :) Свекрва ми првите 2-3 дена ни даваше јадење ( за да не готвам јас ) и секогаш ми викаше јави ми се ако ти треба некоја помош. А мајка ми и да сакаше да помогне нешто - заради далечината не можеше. :(
Аватар на корисникот
koritsaki

Жолто цветче
 
717596
Мислења: 1302
Зачленет: 01 Мар 2010, 02:25
Локација: Greece
Слика
Слика

Мислење 11 Дек 2011, 21:44

Се породив со царски рез, но веќе третиот ден од породувањето се чувствував одлично. Осум дена лежев во болница и кога не пуштија дома и моите и неговите ни се „вселија“. Седеа по цел ден и навечер си одеа.Бебето спиеше дење, а ноќе цело време беше будно. Уште не се разденило мајка ми и свекрва ми ѕвонат на врата, една понела доручек, друга тенџере со ручек и ми викаат:
-Ти легни спиј, одмори, ние ќе го чуваме бебето! :angel:

Таман сум склолпила око, ќе ја слушнам едната како се провикнува со намонтирани високотонци како да голтнала појачало:
-Миииилллооооо, бабино роденоооо внучеее! Глеј сваќе, глеј какво е! |(

Пааа, нема нема, еве ја сега другата се јавува:
- Бабиииии, мала мојаааа принцезаааааа!!! |(

Ништо од моето одмарање, шанса нема око да склопам, а знам дека навечер ме чека уште една долга ноќ.
И така ги толерирав неколку дена, ајде знам дека им е мерак за внучето,бев се поуморна и поуморна, ама еден ден ептен ме извадија од такт и тоа мајка ми:
- Сине, па ти ја пушташ машината за садови три пати дневно.
И нешто во мене зовре:
- Па вие поседете уште малку кај нас, па и 5 пати ќе ја пуштам. А сега слушајте ме и двете, од утре - РАЗЛАЗ!!! Нема потреба да доаѓате ни едната ни другата, од вас неможам да одморам. Кога бебето спие, ќе спијам и јас, кога е будно, ќе сум будна и јас, а вака, преку ден неможам око да склопам од вас, навечер од бебето, капнав од умор. Ќе доаѓате само по најмногу 2 саати во тек на денот или ако ве повикаме. Вака више не бива.

Фаците им беа замрзнати едно 2-3 минути, а потоа,една по една станаа, со носевите напрчени до плафон и си заминаа. Се навредиле.По два дена дојдоа и двете, размислиле и сфатиле дека сум била во право и се си беше ок.
Како и да е, секоја помош е добредојдена, но само во исклучително нужни моменти. Но најубаво е сам, па како знам!
Аватар на корисникот
Gea

Зелено цветче
 
36001525
Мислења: 747
Зачленет: 07 Јан 2011, 01:54
Слика

Мислење 11 Дек 2011, 22:50

Не ја добивав а и не ја барав.
Мајка ми небеше во можност да ми помага (тераше хемотерапии), свекрвата уште првиот ден ми кажа дека и е страв да го бања (сконтав дека е повеќе таа збунета што се случило отколку јас како тазе мама :) ), а мажот :D после 3 дена фати света :D :D се зезам, отиде на работа во туѓина.
Почнаа да ми висат на врат свекрвата и золвата додека го бањав, менував памперс, цица...а навечер кога плачеше по цела ноќ никој никаде немаше.
Колку пати само јадев набрзинка на маса додека тој цицаше (зашто беше голем плачко) или пак земав чаша со корн флекс и со едната рака јадев а со друга го заспивав на рамо.
И сватив, сама сум, ок, и играме по мои правила. Така е и ден денес ;)
После породување незнам која помош треба на една мајка. Тоа е сепак бебе и освен мама и цицката не сака ништо друго. Доволно е некогаш помош да ти спреми јадење иако 2-3 жени во кујна се гужва и избива куршлус, најобично :) или пак да го причува набрзинка колку да се заврши некоја работа (чистење, пазарување,,,,)
И на крај следува шлагот на тортата и легендарната изјава ,,внуците ги чував,, :D Кога бре жено, кога барав помош да одам да какам :D
Секоја чест на исклучоците ама каде има баби таму има и проблеми и алења на малите ;)
Аватар на корисникот
slavica999

Жолто цветче
 
1172496
Мислења: 2325
Зачленет: 27 Дек 2009, 01:31

Мислење 12 Дек 2011, 11:23

Јас да си признаам, малку се плашам...... Мајка ми е далеку и може да дојде само кога ќе се породам некое време да земе одмор пошто сеуште е во редовен работен однос, а свекрва ми исто работи, ама и да не работи, на нејзината помош не можам баш да сметам.....Сопругот ќе ми помага кога нема да е на работа, ама некако целава ситуација ме плаши....А и јас после породилно, ќе морам да тргнам на работа, а на свекрва ми не можам на чување да го оставам......Мора да иде во градинка........
Аватар на корисникот
Ferhunde-87sk

Сино цветче
 
3247
Мислења: 132
Зачленет: 18 Сеп 2010, 23:26
Слика

Мислење 12 Дек 2011, 11:29

Со првото дете живеевме кај моите, па помошта секако беше таму. Затоа и се преселивме, ми требаше помош затоа што требаше да тргнам на работа бебето кога имаше 3 месеци, па моите требаше да го чуваат.

Моите многу ми помагаа, башка тогаш нешто бев во криза, па помошта од мајка ми посебно ми беше добредојдена, и за бањање, и за домашни обврски.

Тогаш колку и да ми помагаа, мислев дека не е доволно. Со второто кога бев сама и не сакав помош, сфатив колкава помош сум добивала првиот пат.

Сепак, помошта е меч со две острици, и кога би имала можност, би избрала да бидам сама, со сопругот без помош. Додека јас и мајка ми ги вршевме најголемиот дел од обврските, тој некако се тргна на страна, а мојата замисла како треба да изгледа одгледување бебе беше поинаква.
Од друга страна можеби и подобро, зошто со бебиња ептен е нервозен. На почеток ми беше чудно, ама кога пораснаа малку сфатив дека не се вади од обврски, туку едноставно таков си е.
Аватар на корисникот
Ariel

Жолто цветче
 
1831748
Мислења: 2217
Зачленет: 07 Дек 2009, 01:23
Локација: Малку појужно од таму каде што би сакала да бидам!

Мислење 27 Јан 2012, 01:02

Морам да кажам дека некои луѓе не се свесни дека ти одмагаат а не ти помагаат, посебно кога детето уште нема ни 40 дена а секој ден ти висат над глава наместо да те остават на мира да се воспостави нормална врска -мајка -бебе....неможам само да сфатам кај им е умот??? А посебно уште ако ти се прават памени и ти кажуваат ова вака ова така ТРЕБА!!!! Уффффф!!! :@ Ако им се спротивставиш тогаш си едноставно лоша..........катастрофа!!!!
Аватар на корисникот
ANGEL1

Сино цветче
 
3268
Мислења: 155
Зачленет: 21 Дек 2011, 23:44
Локација: Vo cetvrtata dimenzija na mojata fantazija
Слика
OSTAVETE TRAGA....NAJDLABOKIOT KOPNEZ NA COVEKOVOTO SRCE E POTREBATA DA ZIVEE ZA CEL POGOLEMA OD SEBE.

Врати се на Бебе

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: rak11 и 3 гости

Site Meter