Каде да најдам по ефтин релаксатор до кај 3500-4000 ден ? Гледав во енци менци но по 8000 беа ептен ми се скапи тие
Ефтин релаксатор 4000 ден? Тоа мене ми е прескап релаксатор, но секој според можностите. Има во џамбо ако си од Ск околу 1800-2000 ден братучед мој зедоа пред 1 месец задоволни се. Јас за син ми го купив од Бит пазар 1300 ден, ама нема ни музика, ни вибрации ништо. Се исценкавме за 1000-ка
Ние пред некој ден си купивме релаксатор кој вибрира и има музика. Го купивме од бебесупермаркет.мк и кошташе околу 4500 денари, го има и без музика мислам дека е 1000 денари помалку. Битно е детето да сака да седи во него, мојава е ептен малецка, има само три недели и не сака, се надевам дека кога ќе попорасне ке си седи и ужива во него..
Joy 1 ѕирни на фб во оваа продавница. Од Прилеп е, но вршат достава низ цела Македонија. https://www.facebook.com/alf.kids?ref=ts&fref=ts
Првиот мини шопинг за моето бебенце joy1 има нова колекција во extreme intimo и тоа на 10% попуст, ова е од таму
Joy има една продавница на бит пазар на главната улица (карши зегин му доага) имаат мн убави бебешка опрема(и гардероба) која што НЕ Е кинеска. Опремата ја зимаат од бебе супер маркет и др. Денес објавиле попуст на релаксатори, 2200 денари пишува. Имаат ФБ страна, повели линк види си https://www.facebook.com/bebeski.proizvodi.7 А имаш и во бебе супер маркет 2250 денари. Може да е истиот http://bebesupermarket.mk/?p=14550
ааааах истиот кафен комплет го купивме и ние, тој за од болница го зедовме многу миии е модерноо то комплетчее
Конечно почнавме и ние да купуваме за бебе Почнавме од кадичка за бањање Многу е практична, се расклопува, не фаќа простор, освен тоа има регулатор за температурата на водата кој ја менува бојата ако таа е претопла Се надевам дека ќе ни биде од голема корист. На првата слика е склопено, на втората е расклопено и спремно за бањање Веќе знаеме отприлика и за креветче и транспортер, останува во текот на неделата да дефинираме и да ги земеме викендот.