Мојата беше зимско бебе, па малку повеќе ја облекував да не настине-памперс, тетра и осмица пелени, бенкица или боди, чорапчиња, бебешки ѕиврички, шпикознички и капче, а на рачињата за да не се гребе со ноктињата-ракавички.
Кога потпорасна и` облекував врз памперсот холахопки, боди, тренерчиња или панталончиња со блузичка. Ако е поладно и елече врз блузичката.
Кога излегувавме ја облекував во скафандерче (ако има снег), или јакна, капче, шалче, ракавички.