Мене ваквата патолошка приврзаност ми е малку чудна. Ама јас сум екстремен случај, силом прилике.
Првото излегување од дома ми беше кога детето имаше некои 3 недели - значи јас во болница бев 10-тина дена, плус дома уште десет... Тогаш живеевме кај моите, затоа што имав потреба од помош за чување. Се сеќавам убаво - беше сабота, сончев октомвриски ден, завршив со доење, излегувам од соба, и мајка ми ми вика „ајде оди на кафе, и три саати да не те видам дома!“. Којзнае колку страшно сум и изгледала
Не чекав два пати да ми каже, се облеков и излегов

Малку се мислев дали ќе плаче - многу плачеше тој период, страшни грчеви имаше. Ама знаев дека ако има проблем - ќе ми се јават, па тоа ме успокојуваше.
Почнав да одам на работа кога ќерка ми имаше 3 месеци и една недела.
Детето ми го чуваа моите - на смени работеа, па главно имаше некој дома, а ако се преклопуваа меѓу смени тогаш доаѓаа моите другарки, братот на муж ми... кој стигне
И така си тргнав на работа, одам прв ден (излегував по 2 пати во тек на работното време за доење), и по примерот на другите мајки - колешки од работа, се јавувам дома, пошто нели кога имаш дете треба да се јавуваш дома по 100 пати дневно. Ми крева слушалка мајка ми. Ја прашувам што прават, и ми вика, еве си играм со внука ми. Ми вика, а тебе што ти треба? Викам, ништо, онака да чујам што правите. А по телефон партал ме направи, како сум и сметала, она си ја чувала внуката, јас што има да се јавувам, бла бла... Истото ми се случи со татко ми, кога он беше на смена за чување, и од тогаш на крај памет не ми падна да се јавам, освен ако се болни, па да прашам како се.
После почнаа жени да ги чуваат, една, друга, трета... никогаш не сум се јавувала. Знаат дека ако треба нешто може да ме добијат на телефон, и толку.
Ги носев да преспиваат кај баби и дедовци навечер од околу една година - до една година ги доев двајцата, па не можев претходно да ги оставам. Ги оставав на по некој саат, ама не на преспивање или цел ден. И до скоро ги оставав секој викенд - мислам едно преспивање и следниот ден пола ден, време кога јас излегував, чистев дома, одев на кафе, се средував...
И работата ми е таква што често сум надвор од дома, или се враќам касно, или не спијам дома, па навикнати се дека мама е на работа. Знам дека се дома со сопругот, и нема за што да се грижам.
Некако во последниот период повеќе ми фалат, одат на доста активности, па не ми останува многу време со нив, и некако не ми се оставаат толку... и знам дека за некоја година ќе ме откачат, па сега користам можност да поминам повеќе време со нив додека се помали
За зборување на децата, ептен ако има некој бисер ќе кажам, ама тоа е да речеме еднаш неделно, па и поретко... и морам да признаам дека ваквото однесување е топло прифатено од околината - особено што на работа во канцеларијава никој нема деца, па можам да замислам колку би им било досадно да ги гушам.