ТЕМА: Првите запчиња

Мислење 06 Мај 2013, 15:46

здраво мамички. имаме еден проблем..ќерка ми има 1 година и 7 месеци :D , и на забчињата има како кафеави флеки и (шо би рекол мажми) дупчиња на горните предни заби. пие многу чај од Хип, јаде чоколадо до душа се си јади уште од 5 месеци али досега немавме забележано кафеаво на забчињата. На стоматолог не мојме да ојм зш коси кубат и вриштит кога ќе го видит па некој нека дај било каков совет, помош, идеа....се е од косист. :)
p.s Hristos Voskrese za mnogu godinin da ni e!
Moni-monice

Фем почетничка
 
02
Мислења: 1
Зачленет: 06 Мај 2013, 15:16

Мислење 11 Јун 2013, 22:46

Девојки дали знаете од каде можам да купам ланче од килибар за првите запчиња..? Во Прилеп каде поточно можам да најдам? :) Ве молам побрзо итно ми е...
Аватар на корисникот
the.child

Сино цветче
 
31159
Мислења: 179
Зачленет: 02 Јан 2013, 19:10
СликаСликаСликаСликаСликаСликаСликаСликаСликаСликаСликаСликаСлика

Мислење 11 Јун 2013, 23:06

the.child напиша:Девојки дали знаете од каде можам да купам ланче од килибар за првите запчиња..? Во Прилеп каде поточно можам да најдам? :) Ве молам побрзо итно ми е...

bebe/kilibarno-gerdance-t12693/30.html

Побарај во аптеки треба да има.
Ние го купивме од Beauty shop, исконтактирај ги, може имаат претставници во Прилеп.
http://www.beautyshop.com.mk/
Аватар на корисникот
Mayyya

Зелено цветче
 
17112054
Мислења: 843
Зачленет: 23 Сеп 2010, 23:51
Локација: Во еден чудесен свет...
Трофеи: 1
Слика
Слика
Everyone thinks of changing the world, but no one thinks of changing himself.

Мислење 12 Јун 2013, 09:38

Ima vo aptekite na Zegin :)
Аватар на корисникот
katalina

Жолто цветче
 
388256
Мислења: 1261
Зачленет: 13 Окт 2010, 23:12
Локација: somewhere in heaven :)

Мислење 29 Јул 2013, 09:19

Еве и ние да се пријавиме со нашите први забчиња, веќе една цела недела како ни никнаа првите забчиња долу :clap: Немавме некоја тешкотија освен малку кенкавост која и уште ја имаме и гризаме се што ни дојде при рака :D
Аватар на корисникот
kallias

Жолто цветче
 
911372
Мислења: 1849
Зачленет: 22 Ное 2010, 13:14
Локација: Greece
[url=http://www.ticker.7910.org/eng]Слика[/url

Слика

Мислење 30 Јул 2013, 02:33

Честито Калиас, да и бидат сите здрави и бели како бисерчиња.
И нас ни никнаа двете доле, па исти сме, без проблеми помина целата работа, само малце шмрчкање со носето и проливче.
Да си прашам...одкога ќе избијат запчињата колку време поминува додека да пораснат цели...?

Редактирав и ова за да прашам...прочитав поназад во темава Annath напишала за четкички за заби,кои се користат уште од првото запче. Да ми помогнете од каде се купуваат овие четки (ваљда од аптека ама ај да прашам), и како да ги барам, по возраст или...какви се гумени или...? Лелел еден куп прашања поставив :$
Аватар на корисникот
silk

Зелено цветче
 
622754
Мислења: 852
Зачленет: 15 Ное 2011, 15:24
Слика

Мислење 30 Јул 2013, 12:45

Имаш четкички во сите аптеки и поголеми маркети. Си пишува на нив за која возраст се, обично се малечки, со меки влакненца. Има и четкички кои се комбинирани, т.е од едната страна е четкичка, од другата страна е глодалка и е многу корисна после никнењето на првите запчиња, ем да се мијат, ем да си ги чешка непцата.
Annath

Црвено цветче
 
549110414
Мислења: 5334
Зачленет: 09 Јан 2010, 16:01

Мислење 30 Јул 2013, 13:08

Фала ти Анатх, оваа вторава ептен ми фаќа око,ем четкичка ем глодалка. Ќе побарам дефинитивно. Позз
Аватар на корисникот
silk

Зелено цветче
 
622754
Мислења: 852
Зачленет: 15 Ное 2011, 15:24
Слика

Мислење 30 Јул 2013, 16:09

Silk фала , исто и на вас нека им се здрави,прави и цврсти само.
Инаку прв пат читам сега од вас дека уште од првите забчиња се купуваат четкички за заби, па нели се мали и како што треба не им се изникнати забчињата? :?: И со какава паста за заби има ли и посебна паста за бебиња за миење?

А да прашам во всрка со забите, да не одам во друга тема сега, за гел за жлебинките за ублажување на болките кој и каков користите и има ли фајде? Мене деновиве ми беше кенкав така на моменти и гризеше се пред него и го болеа се гледаше и не знам дали да му купам некој гел ама да не е само моментално дејството и после пак старата песна? Вчера прашав во аптека тука во Гр.има еден гел 8 евра е, па не знам во Мк колку се движат? Ако знаете и препорачајте ми некој ќе порачам да ми донесат...
Аватар на корисникот
kallias

Жолто цветче
 
911372
Мислења: 1849
Зачленет: 22 Ное 2010, 13:14
Локација: Greece
[url=http://www.ticker.7910.org/eng]Слика[/url

Слика

Мислење 30 Јул 2013, 16:56

Калиас па викаат дека треба да се мијат запчињата уште од првото запче за да не се расипат нели...а плус и со самото четкање се пробиваат и другите запчиња полесно. За паста не се користи никаква, само со четка.Прочитав некои и само со газичка замотана на прст и натопена со вода им ги миеле запчињата.

За гел ние имаме земено Dentinox-Gel N и јас сум презадоволна, баш убаво и делува на малата, така е како ментол, лади и воедно ги ублажува болките,па кога ќе и намачкам како препородена е. Гледам дека е германски гелов па сигурно и во Грција го има. Иначе кај нас е 260 денари, е таму незнам колку би бил...ако не нека ти го пратат од овде.
Аватар на корисникот
silk

Зелено цветче
 
622754
Мислења: 852
Зачленет: 15 Ное 2011, 15:24
Слика

Врати се на Бебе

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 9 гости