По барање на мама Божица

ќе пишам некои рецепти за бебиња од 6-8 месеци.
Каша од јаболко со ориз2 лажици ориз добро се мие и се вари во вода. Откако ќе се свари, се цеди, па се додава едно рендано јаболко во смесата и се чека да зоврие. По желба, може да се стави малку цимет. Може да се направи со било кое овошје (круша, праска, кајсија, слива).
Каша од спанаќСе чистат неколку ливчиња спанаќ, се отстрануваат дршките и се мијат убаво. Се попарува со врела вода да отстои малку, а потоа се цеди и се вари со малку вода на тивок оган. Се додаваат 1-2 кафени лажички измиен и исчистен ориз (може и мелен, ама поубав е обичен ориз) и се вари. Кога ќе се свари се додава едно лажиче путер и малку мајчино/ад млеко.
Каша од тикваТиквата се мие, лупи и сече на мали коцки, се вари убаво, се пасира и се меша со мајчино или ад млеко. Може да се додадат безглутенски житарки по желба.
Каша од морков и тиквичкаМорковот и половина тиквичка се мијат убаво, се чистат и се сецкаат. Се варат во малку вода на умерена температура, па се пасираат. Ако кашата е многу густа, се додава водата во која се вареле, се мешаат со едно лажиче несолен путер.
Чорба со зеленчукЕден морков, пола тиквичка, малку корен од целер се сецкаат и се варат заедно со една лажичка ориз. Кога се наполу сварени, се додаваат неколку листови спанаќ и лист од целер. На крајот се става лажичка ситно сечкан магдонос. Се пасира, се додава една лажица кисело млеко и од водата во која се варел зеленчукот.
Овошен јогурт со овесни снегулкиСе миксира банана, една праска/јаболко/неколку вишни/круша (второто овошје е по избор), со една лажица овесни снегулки и чаша јогурт или кисело млеко. Се остава малку да постои да се згусне од овесните снегулки.
Каша од брокула100г брокула се мие и се вари неколку минути (да омекне убаво), се пасира и се додава малку кисело млеко, а може и жолчка (1/8 жолчка околу 7 месец).