Смоките се голем алергенс за детскиот организам, освен што имаат пченкарно и пченично брашно кое е пржено во зејтин има и конзерванси кои се претерано штетни за младиот организам. Наместо тоа ако толку сакате дајте му обична палента на бебушот разматена со јогурт.
Се е ствар до навика. Ние бидејќи како мали имавме аутопичен дерматитис и за да го нормализирам колку можам не сум давала ни смоки ни грицки, ништо од тоа. И ден денеска не купувам тоа по дома и тој не ни знае што е тоа, па нешто да се тегли по смоки. Кога одиме на родендени гледам дека не ги ни приметува грицките.
За разлика од мене, на една пријателка малиот само тоа јадеше со јогурт. Живи маки беше, ама се тешеше дека бар јогурт ќе се напиеше, али затоа имунитет 0.
Кога ќе порасне и ако сака нека јаде, ама кога веќ ги јаде ќе ги јаде после оброк. Уште од мали сме научени дека ако сака чоколадо, сокче, ужинка само после оброк (и до ден денес не му попуштам во тоа, ако треба само пола чинија нека изеде ама потоа десерт-поголем инат сум од него

)