И јас мислам дека ве мачат грчеви, затоа е плачлив. Ние имавме силни грчеви, мислам страшно беше, плачење без глас, се залисуваше. Сите околу мене ми велеа дека такво плачење и толку силни грчеви немаат видено, и тие коментари дополнително ме плашеа. Си мислев што не е во ред со моето бебе. По 2 ипол месеци мислам дека поминаа грчевите. Ако ти е за утеха, еве ти кажувам дека во повеќето случаеви грчевите поминуваат околу третиот месец, барем нема да го слушаш тоа беспомошно плачење толку често. Од чаеви и капки не очекувај многу ефект, ние речиси и воопшто немавме ефект од никои капки а пробавме три-четири вида, ниту пак од чаевите имавме некое подобрување. Затоа биди трпелива, издржете ги првите три месеци а потоа е малце полесно. Спојлер Ама малце само, не очекувај чудо
ти благодарам за советите снегулка, и јас сум во иста ситуација кога тој почнува да плаче и стегнува толку силно и мене исто така ми доаѓа да плачам со него. сум пробал све што ми кажаа ама нема некој ефект. добро имам надеж дека уште малку ни останаа па после ќе поминат. поздрав
И јас имам едно прашање... Цицаме ексклузивно кога сака и колку сака, но еве веќе два дена како сме дома дојдени, бебуш само мочка, до сега не е покакан, па сношти имаше грчеви во стомачето. Мислев дека малку му е млеко, но смирен е, спие и цица, која би била причината што не се кака, искуство?
LaDyDoLl честитки! Да ти е живо и здраво бебенцето, уживај во мајчинството! Ексклузивно доени бебиња нормално е да имаат нередовна столица, за недела дена очекувај по повеќе какани пелени во денот. Мислам дека тоа што се нема искакано 2 дена не е некој проблем (има бебиња што не какаат и по 10 дена) но сепак јас би те советувала да ја прашаш докторката во "Соба за доење" групата на фејсбук. Ако не си член на групата топло ти ја препорачувам, бидејќи со советите од мајките и докторките верувам дека ќе имаш МНОГУ успешно доење.
Само надополнување на јагода ( се што кажа е така), доколку штотуку родено бебе не почне да кака во рок од 14 дена одма на педијатар, а ако почне да кака златно жолта кака и потоа да не кака по 10 дена не е страшно. После исфрлање на мекониумот ( зелената кака) би требало да почне да си кака. Штом не плаче и е мирно значи не е гладно. Честитки и од мене.
Eve bas sega koga menuvavme pampers mu istece kolicina na vodena tecnost od gazeto. Se izbezimiv,sto moze da e?
лејди,црно-зелената кака помина кај бебушот?се исчисти? сега веке треба накај жолто да ви оди столицата.следи го денес утре .мислам дека треба да имате барем една какана пелена на почеток.рано е за да нема столици и по неколку дена.
прво честитки за синот нека е жив и здрав кај нас на почетокот какаше темба боја како црна па после почна жолта боја.некаде после првата недела какашE нон стоп во секој памперс ама тоа траешE кратко накај десет дена и јас бев загрижена и го однесов синот кај педијатар ама рече оваа е сосемо нормално. и ти почекај до утре па после однеси го на контрола за да бидеш посмирена. поздрав
zdravo imam edno prasanje ..Maloto ima 2 meseci i nekontrolirano pocnuva da place bas navecer ?Nekoj sovet? Citav iskustva da se duvnelo vo lice ,ama ne pomaga ni toa ?........
На 2 месеци, на 6. И ми рекоа следно кога ќе прооди Јас во такви моменти сум го изнесувала надвор, го кревав во раце и се смируваше